Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.688
    Допаѓања:
    39.784
    Пол:
    Женски
    ^Овој опис воопшто не е од мрзливост...жената треба да се однесе на психијатар, очигледно има психолошки проблем.Членката не спомна други детали, дали се има нешто случено, кога почнала вака да прави, дали работела, сега што прави во текот на деновите...?
     
    На NoirSerpentine и Celltica им се допаѓа ова.
  2. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    6.235
    Да не има проблеми со мочниот меур (бешиката) а да не ти кажала? Доколку има, може да не може да го контролира мокрењето и затоа да мириса. Многу луѓе се срамат да ги признаат овие проблеми. Гледај смирено да разговараш и објасни и дека не секое мирисање значи и дека не одржува хигиена. На тој начин ќе ја убедиш да посети доктор. А тие одкако се ќе испитаат и утврдат што е ќе знаат како да постапат. Доколку излезе дека не е ништо сериозно ќе знаат како да ја препратат на психијатрија. Мој совет е да не настапуваш со тоа дека не се бања тука дека има здравствен проблем што треба да го реши.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Melani3

    Melani3 Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2021
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Има работено некаде до 40 и некоја година, а после тоа ништо друго не се вработи, освен по дома што работеше. Доколку и спомнам за на психијатар нема шанси да прифати, а сигурно и ќе се навреди и развика одма, оти таа е со такви размислувања. Од 10тата година останала без мајка, само со татко и живеела кој бил многу строг. Можно е да имала некој трауми во детството, не знам. Исто така еднаш кога бев помала ја имав видено кај што се моча во кантата за ѓубре ;(:( тоа беше трауматична глетка за мене, таа не ме примети дека ја видов тогаш и беше помлада а сепак правеше некои чудни работи, но не се мочаше во креветот. Во последните две години почна да се моча во спиењето секој ден. Помислив и јас за пелени да купиме ама не знам дали ќе можи самата да си ги става оти сепак е подвижна и функционира, а исто така не знам дали би го прифатила тоа да си става сама секоја вечер пред спиење пелена.
     
  4. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Да пробаш да и препорачаш б витамини и магнезиум сепак се добри за нерви. Можеби имала некои трауми. Јас сум го имала тој проблем како мала на 4-5 години едноставно не можев да се разбудам да одам во тоалет и ете ќе направев беља во кревет после се чуствував виновно. Сега јас мислам дека пиев б витамини иако не сум сигурна.
     
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.688
    Допаѓања:
    39.784
    Пол:
    Женски
    Ме интересира ваше мислење, замислете дека сте имале некој период на добри односи помешани со конфликтни ситуации со блиски личности и после некое време наеднаш се губат...?Онака буквално прекинувате контакт.И сега бидејќи знам дека сум на некој начин оштетената во ситуацијата поради низа случки, истовремено сум и тип на човек што не може да спие ако нешто не е решено до крај и не е објаснето, значи сакам се' да е кристално јасно и се' што е оставено во неизвесност едноставно ми виси над глава.
    Дали мислите дека е добра идеја да повлечам прва разрешување на тој статус кво или едноставно да оставам така како што е, бидејќи од една страна не сакам да испадне да молам некого што скроз неубаво се испонашал со мене, ама од друга страна само сакам објаснувања и некоја разрешница.
     
  6. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.839
    Допаѓања:
    17.693
    Пол:
    Женски
    Изгледа нешто ептен ги погодило во некои од тие конфликтни ситуации. Само е лошо што не кажале, туку вака само прекинале контакт.

    Мислам дека можеш да им пишеш и да прашаш директно што е проблемот. Нема да е молење тоа, само барање некое објаснување. Ако има проблем да кажат за да се реши. Ако не сакаат, тоа е тоа. Знаеш дека е крај и продолжуваш понатаму.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.449
    Допаѓања:
    12.239
    Пол:
    Женски
    Потребно е да се посети психијатар. И да има здравствен проблем психијатарот ќе и укажи да се испита што е. Не е нормално таквото однесување. Можеби се трауми од детство за кои и треба советување па дури и некаква терапија.
     
  8. Ta-mara

    Ta-mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас поназад две-три страни пишував во врска со мојот проблем околу факултетот, како почит спрема сите кои одвоја време да се позанимаваат со мене, сакам да ви кажам дека се префрлив на приватен и ми ги признаа положените испити, со што брзо ќе ги средам тие две години кои ми останаа, било многу лесно само на заокружување, никој не паѓал, меѓувреме се вработив во фирма на еден познаник и воопшто не ме малтретира, работам многу малце за висока плата, знам дека повеќето не ги интересира, но сакам да ве поттикнам на некој начин дека не е секогаш се така црно, секогаш имајте надеж за добри денови, не се откажувајте кога е тешко и немојте да губите надеж, не се знае кога ќе ви се насмевне среќата , ви благодарам уште еднаш на сите:hug:
     
    На NoirSerpentine, SkarletOHara, marchi-cool и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Melani3

    Melani3 Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2021
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Луѓеее, не знам што да правам повеќе. Пред малце се шокирав, јас и мајка ми дома само, јас во вц бев, и приметив иди накај вецето, и затоа и кажав јас сум во вц, за кратко ќе излезам. И одма после тоа слушам звук кај што се моча во дневната или во кујната, ама најверојатно мислам се мочаше во кантата во кујната... значи страшно, излегувам од вц за кратко јас и и велам оди во вц, и вика ќе одам, чекај, што значи не отиде во вц и то ми е уште еден доказ дека се измоча во кујната, дали во кантата или на друго место не сум сигурна... Освен што се моча во креветот, си велев ај несвесно можеби, но сега повторно ова во канта, по скали кај што се има мочано ја имам видено кога бев помала..не знам што да правам веќе со ваква мајка, зато кујната смрдела секогаш, којзнае што прави внатре...
     
  10. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    2.619
    Сигурно има проблеми со бешиката, ти препорачувам да ја однесеш на лекар и на психијатар. Доколку таа не сака да оди на психијатар, најдобро би било да одиш ти и да се советуваш околу ситуацијата.
    Во меѓувреме, разговарај со неа смирено и тивко. На душекот нејзин стави мушама, па постелнина за да не го мокри душекот. До креветот остави и нокшир или некое пластично вангличе. Зборувај со неа за тоа колку е важно да се одржува личната хигиена барем еднаш неделно. Пробај ти да ја искапиш, истриј и го грбчето, измиј и ја косата, направи некако тоа да биде убаво искуство за нејзе.
    Со нервози ништо не се постигнува, само смирено и многу трпение.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Jasmin30_j

    Jasmin30_j Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2021
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Некој да сподели искуство со Кветиапин?
     
  12. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.613
    Допаѓања:
    43.214
    Пол:
    Женски
    Жената веројатно има проблем па не можи да се контролира и верувам дека и неа не и' е сеедно и не и' е лесно да признае. Веројатно веќе преминал и во психолошки проблем. Наместо да ја обвинувате и да се грозите, пробајте да имате разбирање и да ја советувате да побара помош. На смирен и грижлив начин ќе и' објасниш ти или некој повозрасен дека има потреба од доктор за двата проблема.
     
    На NoirSerpentine, SnowWhite8 и bicycle им се допаѓа ова.
  13. Melani3

    Melani3 Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2021
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Не ја обвинувам, имам многу пати разговарано, и имам зборувано ама не сака ни да слуша се дери одма се навредува се срами а и мене ми е незгодно дури...многу лош карактер е, не сака ни да си го реши сопствениот проблем, а и не е од сега ова однесување, уште ко бев дете, не одржуваше хигиена воопшто, ни за себе, ни за куќата, ме капеше еднаш на две недели или еднаш неделно зависи кога како, нечиста одев на училиште, заради тоа и ме задеваа, ме понижуваа:( не е така едноставно со некои луѓе за жал неможиш со разговор да го решиш проблемот, не сакаат ни да слушнат ни да зборуваат.. става таа секоја вечер на душекот нешто и плус кебе уште едно правоаголно свиткано, ама секој ден се моча во креветот и цело време ги пери тие ќебината одоздола што ги става, секој ден по едно пери и ги става на оградата од скалите дома близу до мојата соба и мене ми смрди, тие ќебина колку и да ги периш останува миризбата од мочаното секој ден....Тие што неможи да ги испери одма ги крија под маса во кујна еднаш видов, зато цела кујна смрдела...нз веќе што да се прави, освен таа идеја за да му земам памперси за навечер па да не пери вака цело време ќебиња, само не знам дали ќе можи сама да си го става, што мислите вие?? Јас да и го ставам памперсот ми е срам не сум до толку блиска а сигурно и неа ќе и биди срам и незгодно јас да и го ставам, сепак фала богу сеуште е подвижна и независна за тие работи..
     
  14. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    5.578
    Пол:
    Женски
    Во Медикус плус има и преривки за над душек што оневозможуваат проток на моч да помине на душекот. Има за брачен и за единечен и се користат и за мали деца ( за да не се измокри ноќе) но и за возрасни, па дури и по некои хотели сум сретнала. Постелнина мора да се пере во машина и веднаш да се стави. Ова сево е секако привремено решение и обезбедување, но проблемот мора соодветно медицински да се третира.
     
  15. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.613
    Допаѓања:
    43.214
    Пол:
    Женски
    Во ред и памперси и се'. Но мора да се реши проблемот, а не последиците од истиот. Не знам како да ја натераш да посети доктор, но само тоа е решение.
    Барем да се реши здравствениот проблем кој сигурно го има. За делот со хигиена, штом цел живот е така, тешко дека сега ќе се смени. Хигиената во домот нека биде твоја задача. Знам не е лесно еден да се грижи за се'.
     
  16. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    1.231
    Скоро година време не се чувствувам најдобро.
    Секакви мисли ми доаѓаат, немам цел и немам правец.
    Криво ми е што е вака, а имав многу планови за мене.
    Барам работа, и верувајте ништо не сакам. Одбивно ми е се, не се гледам јас таму. Стварно сакам, пробав на неколку интервјуа отидов само поради мајка ми, мене не ми се прави ништо.
    Се чувствувам демотивирано скрос. Работев лани работа што не ми беше по моја волја и многу полошо ми беше, со плачење одев на работа.
    И многу пати ми надоаѓаат мисли само како би било мене да ме нема.
    Не знам што да мислам, не знам ни дали ми е за пишување тука, само сакав да кажам некому како се чувствувам.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  17. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    1.363
    Пол:
    Женски
    Здраво Мелани, проблемов ми звучи стварно лошо и најискрено не можам да замислам како ти е..... Пробав да се ставам на твое место.. Можеби ако имаш парички закажи сеанса кај некој добар психолог и/или психијатар и кажи им ја маката твоја. Не мора да ја носиш мајкати. Понеси здраствени документи и некои такви слични информации (што лекови пиела итн) и раскажи им какво ти било детството и што те снашло сега... да видиме штп можат тие да кажат... Јас лично и помош и во црква би побарала, да зборам со некој свештеник и на него исто би му ја кажала ситуацијава... ете најискрено јас така би пробала да бев на твое место... ( а ако имам мнг пари би ангажирала некоја жена да ми помага дома со хигиената и мајката и домашна посета од психолог ) иако не е мнг моето мислење можеби ќе ти помогне...
     
    Последна измена: 4 јуни 2021
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.927
    Допаѓања:
    11.498
    Пол:
    Женски
    Дали ви се случило некогаш од сон да се разбудите вознемирени како пред паничен напад?
    Сонував во моментот ама ништо страшно, јас во ПМС кога сум сонувам хорори па не се будам така.
    Затоа што бев видно вознемирена не можев и немаше шанси да презаспијам си најдов работа по дома да растргнам мисли и вознемиреноста ме држеше неколку саати а да ме праша човек зошто и ја не знам.
    Ама грозно е чувството, препотување, грутка во желудник.
    Немам проблеми да речеш или да сум била нервозна, ама ваквата ситуација ме напнува ептен, до сега ми се има случено 2,3 пати се на се во мојте години ама е грозно додека помине, легнеш опуштен да спиеш станеш да не знаеш на каде да кренеш, буквално и јас таква бев, мозокот ми вриштеше од немоќ :doh:
     
  19. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    4.889
    Пол:
    Женски
    Како да разграничам зошто сум вознемирена толку за една ситуација? Значи самата ситуација ме вознемирува премногу до степен што добивам панични напади.. Не знам дали е мојата интуиција или сум премногу сомничава и сѐ е резултат на overthinking? Не знам дали претерувам, ама многу се вознемирувам..
     
  20. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    1.363
    Пол:
    Женски
    Интересен муабет и совет за пријателство