Некој за лп? Знам дека можеби не е дозволено тоа да се прашува овде, но не би сакала јавно да споделам
Ќе живееш, затоа што мајка ти ти го подарила овој живот. Сакала да се родиш, да живееш покрај неа. Да ги гледа твоите насмевки. Да се смее на твоите палавости. Тоа што го оставила зад себе, тоа убаво наследство си ти, нејзината среќа. Недозволувај нејзината среќа да биде тажна, најди ја својата среќа и продолжи го нејзиното наследство.
Ми треба совет за малку чудна реакција и ситуација во близок круг .. ако некој можи да ми напише во ЛП
Mnogu me utesi so ova..... Mnogu Fala ti.. Samo uste mi e cudno. Mislam ke se pojavi, mislam ke mi kaze lele kolku si najubava. Mislam ke mi se javi i ke mi rece kako si mi mila. Ke me gusne najsilno i ke me prasa a imas decko? I ke se raspravame za gluposti, ke vikame i ke se smirime. Gi oblekuvam pernicite vo nejzini maici i gi guskam. Mozebi e ludo, no mi olesnuva....
3 години од како не збориме, ама ете не сме се избришале од фб иг , објавуваше стори со девојка му не сум ги отварала ни ништо ама знам дека има девојка, сега пред 10мин ми пишува, здраво, како си, дали ти сметам значи, не знам што да кажам, има девојка ми пишува, подобро да не ми пишеше ме остави тогаш ми рече да го заборавам а сега што мајка бара да ми пишува а има девојка??? Што мислите да му вратам ли нешто или ништо? Од една страна ме копка што сака и што воопшто се сетил на мене а од друга само сеен и заслужува.
Спојлер Буквално АМА БУКВАЛНО исто како да е од мене пишано. Толку не сум се пронајдела во ничие мислење. Јас цело време ова го мислев, а не знаев како да си ги опишам мислите... Толку сум начитана затоа. Сакам да дадете критика за мене, не пофалба. Кажете што мислите дека ми е проблемот? Еве на сите теми што сум искоментирала, најискрено сум искоментирала. Кажете што не ви се допаѓа во моето однесување што толку многу сум досадна? Што сум глупа или наивна - точно е, но можеби ќе се "излечам" од тие особини. Уште од мала сите врсници за мене велеа: еве ја глупавата *моето име*, ај да одиме да ја заебаваме. Ај тоа помина, тоа беше кога бевме помали, додуша повеќе немам ни контакт со нив. Но сега други луѓе има и тие сигурно го мислат истото за мене, но тоа не го кажуваат туку само ме отфрлаат од себе. Пријатели кога имам кога немам... Кога имаат корист од мене - тогаш ги имам, кога немаат корист од мене - тогаш ги немам. Сама како затвореник во самица помеѓу четири ѕида подивеав дома, како изолирана сум... Дури и размислувам да одам во планина и таму да живеам со животните Сакам искрено мислење од возрасна личност што има критика за мене, критиките од вас за мене се повеќе од добредојдени. Сакам да знам каде сум за никаде со некои мои карактеристики. Сите критики што ги имате за моето однесување кажете ги, АМА СИТЕ, ве молам Летово што го поминав дома го поминав, барем есента да не ја поминам дома. Каде сакате пишете ми критика, лп, овде на темата, на четот што е на форумов, било каде само пишете ми. Мислењата што ги пишувам на форумов ги пишувам од што сакам да се "издишам" бидејќи во реалност ако ме чекаш прва муабет да ти правам, мојот муабет ти е само здраво/чао и толку. Никогаш мое мислење не кажувам во реалност дури и кога ќе ме прашат одговорувам само со `не знам`. Што е проблемот со моето однесување не знам кое е што не знам да се прилагодам со околината... Си мислев дека најдов пријателка која е иста како мене, но и нејзе и здосадив, доколку сакате подетално ќе објаснам за нејзе во ЛП бидејќи овде таа сигурно чита и ќе ме препознае и готова сум после... таа денес приметив ме отстранува од пријатели на Фејсбук, сакам да знам што мислење имате за нејзе по нејзините постапки за мене. Можеби кажав непотребни работи, АМА... тоа е кога очајнички молиш за совет или како на пример јас во моментов што молам за да ми дадете и совет и критика. Било која возрасна личност (над 25 години) нека ми пише, секако доколку сака, нека ми пише критика за мене. Се извинувам доколку изнервирав некого со моето барање, не ми е целта да изнервирам некого. Спојлер @cresa-jagoda, ако мојов коментар не е во соодветната тема, премести во соодветната, те молам.
@calm-girl Колку години имаш? Не знам на што се должи твојот последен коментар, многу е детинест и непотребен ако толкувам правилно. Не знам каде живееш, со кого живееш и како живееш, ама ти можеш да си најдеш околина слична на себе, без да мораш секогаш да се прилагодуваш на другите, тоа не е добро, и не е твојот карактер. Колку повеќе си меѓу луѓе (школо, факултет, работа, курс, фамилија поширока) толку повеќе ќе го совладуваш стравот и ќе учиш како да разговараш а да не се сведе на здраво и чао. Пандемијава можеби не е идеална, но ако си млада девојка, уште па и од Скопје, имаш опции по градов, 24 саати да не се прибереш. Во однос на пријателствата, не знам што да кажам, општо постот ти е многу хаотично напишан и не се разбира многу. Немаш пријатели, тие што ги имаш не те сакаат? Еден човек верувам дека од некаде можеш да го ископаш. Ако не можеш, ќе смениш средина во која циркулираш. Најубаво некој курс, ќе научиш некоја нова вештина или некој тимски спорт, планинарења групни организираат сите клубови во државава. Дома и на фејсбук нема никого да сретнеш.
Ха... Па јас така сум родена, детинеста... Сите (од околината) така ме третираат. А тој коментарот што пишав, тоа е од што ги позамарав членовите и затоа така.... Се гледа дека веќе станав досадна, но веќе немам друг избор за жал... И мене ми текна на ова, но како што подивеав дома, заборавив и како да се понашам. Само еднаш треба да треснам некоја глупост несвесно и толку, сите ќе ме одбегнуваат после. Каде и да одам на журки некои кај братучеди, кај комшии до било кои и да седнам сите почнуваат да ме третираат како глупа. Еден братучед ми рече кога и да ме викне на гости кај што има повеќе луѓе, јас се делам, седам на страна и не сакам да зборувам со никого. Ми вика: Сите откачуваме, ти така на страна се повлекувам. Ако правам муабет - празна воденица сум. Ако не правам - премногу повлечена сум. И јас веќе не знам што да правам.
Не ми кажа колку години имаш и што правиш со животот, и евентуално дали си стационирана во Скопје. Нема потреба од сарказам и од самосожалување ако навистина сакаш да се промениш. Ако не сакаш да се промениш затоа што чувствуваш дека околината не ти прија, смени ја околината. И исто нема потреба за сенешто да се извинуваш, прашуваш за совет, кој може ќе ти пише, нема место за извинување. Не ја префрлај топката секогаш на другата страна, не ме сакаат, така ме третираат, што ѝ да направам не чини... Не е здраво. Однесувај се така како ти што чувствуваш, само на тој начин ќе си ја отвориш вратата кон искрени пријателства. Мораш да си најдеш занимација, веруј ми, тоа е првиот чекор. Работа, школо, факс, курс, волонтирање...
Не знам дали е за овде прашањево, другарка сега треба да се породи, па ми ги побара алиштата од бебето на сестра ми, не е проблем никаков ние и онака повеќе не ги користиме, ќе и ги дадеме, но ме зачуди некако, прво дете и е, зарем не и е мерак да купи нови? (Знам дека многу добро стојат финанскиски) кое е вашето мислење? Само мене ли ме зачуди ова, во ред е да немаш па да побараш, ама вака што знам..