Зошто да не? Секако тие алишта најчесто ќе се облечат неколку пати, ако и толку. Познавам родители кои стојат одлично финансиски, подобро од повеќето во Мк и позајмуваа алишта. А познавам и други кои крпеа крај со крај, и не сакаа да земат ниту едно старо алиштенце зошто им било навредливо, а им даваа. Се е до мајндсетот.
И јас користев за првата ќерка облека од децата на братучед ми. Си купив и нови, нормално. Не гледам ништо лошо во тоа. И така бебињата бргу ги надраснуваат алиштата, а во денот може и неколку пати да се пресоблече бебето, па така подобро да има повеќе алишта, отколку секој втор ден машината за алишта да пере. Сигурно ве смета за поблиски и ви побарала. Јас не би зела од било кој
@franca Ок да земеш ако ти даде не е проблем ама да побараш? И мене ми е чудно и би ми било срам да барам.
Сите во моја околина стојат одлично финансиски и си разменуваат облека за деца сигурно докај 10-12 години затоа што облеката се надраснува многу брзо и многу малку се носи. Така и треба да биде, а не да се трошат пари на непотребни работи. Стереотипот дека облека бараат само оние кои немаат е надминат одамна. Очигледно дека не е.
Многу се срамам да зборувам и да го искажам своето мислење пред поголем број на луѓе. Секогаш мислам дека ќе ми се смеат, дека ќе имаат лошо мислење за мене или дека ќе ме навредат. На друго решение, освен, да кажам нешто без разлика колку се срамам во моментот не ми текнува, но уште полошо ми станува кога го правам ова. Се препотувам, си велам дека подобро ќе беше да ќутам, дека не знам да разговарам, ја уништувам целата атмосфера и дека без мене сѐ ќе беше поинтересно. Совет?
Да работиш на самодовербата. Треба да почнеш од коренот, од почетокот на проблемот, можеби детството. Психолог би ти помогнал. За почеток треба да глумиш самодоверба па со тек на време ќе ја стекнеш. Можеби си само интровертен тип и немаш потреба едноставно да зборуваш пред други и ако си случајно тогаш треба да се прифатиш како таков тип. Не можеме сите исти да бидеме ама на самодовербата треба да се работи доколку ја немаш. А луѓето секогаш ќе се смеат, ќе озборувааг, ќе имаат лошо мислење на некој, ама ти ако имаш самодоверба гајле ќе ти биде.
Ова мислење е во твојата потсвест од одредени причини, можеби ти се случило некогаш низ животот некој да те посрамотил поради тоа што си го кажала, ти била кажана некоја непријатност. Но, да знаеш дека не ја отсликува РЕАЛНОСТА. Сигурна сум дека луѓето околу тебе не размислуваат на тој начин за тебе. И можеби ќе звучи банално, невистинито, наивно, како да ти кажувам клише или те тешам, ама стварно не се сите луѓе исти, не сакаат сите да трачаат и да кењаат за другите. Ќе си ги ревидираш контактите, пријателствата, ќе сведеш на минимум луѓе што предизвикуваат да се чувствуваш така неубаво кога си во нивно друштво и ќе видиш дека и твоето внатрешно чувство ќе се смени. А, ако се најдеш во таква ситуација, некој да ти искоментира нешто од ова што ти мислиш дека другите го мислат, најпаметно е гласно да ја вербализираш непријатноста, да дадеш до знаење дека не си се почувствувала убаво поради одреден коментар. Некогаш и ненамерно кажуваме работи кои не сме свесни дека влијаат на тие околу нас.
Добродојде во клубот. Па уште ко ќе каже некој "многу си тивка, кажи нешто" ти иде да се прободиш со вилушка. Разликата е дали сакаш навистина да кажеш нешто или чувствуваш дека мораш. Ако чувствуваш дека мораш, не се замарај. Сосема е во ред повеќе да слушаш без да кажеш нешто. И колку поголема група, толку поголема веројатноста да се развијат 2-3 разговора паралелно. Приклучи се на тој што ти е поблиску. Ако имаш нешто што сакаш да кажеш, кажи го слободно. Знам дека лесно е вака теоретски, ама пробај размисли вака. Дали ти би се смеела на некој поради кажано мислење? Најверојатно не. Дали мислиш дека е во ред тоа? Пак најверојатно не. Према тоа зошто би се замарала да даваш значење толку на такви луѓе? Не сакам да кажам дека се такви во друштвото, туку дека некогаш само малку поинаква перцепција може многу промени да донесе. Како се чувствуваш кога комуницираш 1 на 1 со нив? Дали пак имаш страв да споделуваш мислење?
Зависи од нивниот карактер, доколку се срамежливи немам страв бидејќи сигурна сум дека нема да ме исмејуваат
Иста сум. Ама,научив да не покажувам дека се срамам. Не молчи,зборувај. И да се смеат,нека не те погодува тоа. Смеењето не ги прави попаметни од тебе.
Ми треба стручно лице со кое би можела да поразговарам, психијатар мислам ми треба, не се срамам да кажам, имам вечен проблем со самодоверба без некој посебна причина, мислите ли дека би можел да ми помогне? Вака не живеам нормален живот, не знам повеќе каде да се обратам,ако знаете некој предложете ми, не ми е важна цената ако е стварно добар.
Подобро психолог според мене, сакаш за разговор така? За совети и насоки најдобро со психолог, ретки се психијатри што даваат совети без терапија, а за самодоверба мислам дека не ти воопшто требаат. Ѕирни во темата за психолог може ќе најдеш нешто има искуства таму споделено. Секако дека може да ти помогне, само мора и ти да внесуваш свој труд, со срекичка
Со една другарка динамиката на односот ни' е многу чудна. Зборувам околу делот за договарање кога излегуваме. Имам забележано секогаш кога ја викам прво ми дава некои банални изговори дека не може баш тогаш или ќе размисли па ќе каже. Па после тоа или ќе се премисли дека може или ќе оставам да ме викне таа за нареден пат. И пак истото во круг. Не знам зашто вака ни како да го сменам ова.
Откачи ја за век и векови, може грубо звучи ама ме нервира некој кога мисли дека светот се врти околу нив. Јас имав една што кога се договаравме за излегување разговорот од нејзина страна беше,, па незнааамм, лелеее па стварно не знааамм, па грлото ме боли, уште да се расплаче, на телефон размислува 15 мин и на крај за да каже не излегувам. Тоа ни на дете од 5 год не личи. Како па да нема да функционирам за нечиј кеиф, ај на закачалка сум јас и ќе ме разнесуваат кога и каде им е кеиф, важи секако!
И имам кажано и баш свесна е за тоа и ми има дадено солидно објаснување ама пак почнува со истото. Ми доаѓа без збор да си заминам!
Мене вакви ми ја цицаат енергијата, разбирам секогаш не може кога јас сакам ама постојано вака некој да ми цмиздри нема шанси да толерирам.
Да ти кажам и моја ( поранешна другарка) слично се понашаше. А и се јавам секад чекај да видам да не има нешто, чекај да прашам да не и требам на мајка ми, ќе чистам не можам, некои толку дебилни сра** . Ок , коа стварно не можеш ама она сеа сфаќам дека ме мафтала, само она коа ќе е слободна тогаш ок, а ја коа сум тогаш не може зафатена е. Кој дебил па сум се нервирала , me now би и рекла слушај или прифати и ти исто понашај се, со тоа не се нервираш и ете ќе имаш некад некој за лабаво кафе, ако генерално не ја поднесуваш kick her to the curb. Ќе најдеш пријател шо ќе те заслужи, башка ако си седнала и кажала тоа и тоа ми смета , сметам дека нњ ти е ок понашање и пак исто? Не е во ред, нема оправдување
Што мислите, од каде доаѓаат црните мисли? Дали се последица на нешто? Година ипол се мачам со ова, не секој ден ама доста често. Сценарија во глава, смртни исходи, болести. Тешко ми е да живеам со ова, преживувам нечија тешка смрт и плачам за жив човек. Кој ми е проблемот?