Верувај, распрашај се подетално на темата, работев едно време хонорарно поврзано со деца од дом. Не сакаш да знаеш што се случува (секоја чест на исклучоци). Има многу такви случки (малтретирање, бегање, силување, негрижа, итн). Не велам дека дома е арно, ама нека пријави членката, може со советување, со психијатри, педагози да се реши проблемот подобро отколку во дом.
Жити се? Шо ви е бе на вас, да не сте неарни? Да гледа како тепа дете и и викаш да си ја гледа својата работа?
Секој има свој момент на излив на бес кога стварно не му е до ништо, можеби и период, знам дека не е решение да го тепа детето, ама да и викнеш социјална служба, детето да и го земеле, во дом поубаво за него ќе се грижеле.. Стварно не е во ред, не знаеш кој низ што поминува, ама социјална служба дете да и земе, во дом да го носат..
Како мислиш секој има момент на бес?? Прво, членката нагласи дека неколку пати била сведок.Второ, социјалните служби сигурно нема одма да ѝ го земат детето, не оди тоа туку така, ама во секој случај дефинитивно не постои разумен изговор за физичко малтретирање на мало дете и затоа си постојат служби кои треба да си ја вршат работата.
Ако има „момент“ нека оди на терапија да се научи како да се справува со такви моменти а тоа да не е тепање на сопственото дете. А со гледање на своја работа утре тоа дете ќе има такви моменти па ќе го прави истото на други деца, или на своите. Затоа треба да се прекине тој круг на МОМЕНТИ.
Кога ќе осетиш дека ти смета нешто, значи кога ќе го препознаеш, прво најискрено ќе си признаеш дека не е добро за тебе. Потоа уклучуваш малку повеќе емоции за себе (фокусот од другиот го насочуваш врз себе). Колку и да имаш емоции за другиот, мораш да се заштитиш самиот. Зошто ако не те биде ни за тебе утре, нема да те биде ни за никого. И кажуваш одлучно и кратко не. Ако треба да образложиш зошто ставаш граница не навлегувај во долги и детални објаснувања ама кажи ги реалните причини другиот да има јасна информација до каде може да тера. Кога имаш издржани (пред себе) причини и аргументи за одбивањето отпосле нема да имаш чуство на вина - а тоа е најтешкото што еден емпат го осеќа после одбивање на нечие барање. Вината е непотребен товар. Така да работи си на дефинирање на причините зошто си најбитен од сите, зошто заслужуваш најдобро, зошто не заслужуваш лошо. Малку self-love и self-care.
Тогаш нека ја каже на некој близок, на маж и пример ако секој ден ги гледа значи ги знае кој се, можеби е баба а не мајка на која што и го тупнале детето снаата и синот или пак ќерката и зетот и нема што да прави, па мора да го чува, ако сака да помогне нека проба на друг начин, можеби ќе се смени нешто без да се извести социјалната служба, бидејќи кај нас социјалната служба не е баш функционална, ама ако снима и објави видео од мајката како го тепа детето одма ќе и го земат под притисок на јавноста..
Со многу мал дел ќе се сложам со тебе, НО мислам дека во ваков случај, не само на неа, туку на секој човек треба да му е работата и треба да се меша. Се соочив со слична случка летово, но не помогнав, бидејќи беше цела фамилија и премногу се каам за тоа. Не реков дека не е случај тоа во домовите, но не се толку чести. Пред неколку години, имаше вест во медиумите и на вести дека малолетни девојчиња биле силувани од чуварот во дом за деца. Во ваква ситуација размислуваш само кон каде да го оттргнеш детето од родителот што го малтретира.
Без разлика низ што и да поминува , насилство не е во ред ниту пак решение за проблемот. Твоето "мислење" на темата е многу погрешно. Не е во ред насилство и никогаш нема да биде. Низ што и да поминува може да си побара стручна помош има институции за тоа.
Здраво, дали сум единствена на која дома и коментираат како не треба да се трошат пари по гардероба и сл. да напоменам сите работиме и си зимаме свои пари, јас не зимам голема плата меѓутоа знам и да штедам не е дека се оставам без денар, ама еве пред некој ден си купив многу убави патики 7.000 беа, наместо да ми кажат е, убави се или не се, одма коментари, само трошиш пари, тешко се заработуваат и слични муабети, навистина ми пречи тоа, не можам да кријам работи купени, дали и на вас ви е исто?
Не , искрено.Иако кога нема многу пари секогаш е тешко,но далеку од тоа да немаш да трошиш.Не е убаво тоа ,тоа се твои лични пари и имаш право да трошиш на што сакаш
Зависи од многу работи. Колку члена сте, дали живеете во заедница, колку е семејниот буџет, какви трошоци имате, дали сите подеднакво придонесувате за домот. Нормално е да се штеди, но нема зошто да чувствуваш вина ако трошиш. Јас лично најмногу трошам на чевли, на сѐ друго многу слабо, само неопходните работи. Треба да се биде умерен, апсолутно треба да се штеди и да се планира, ама не гледам зошто да не си ги тераш ќејфовите.
Јас на пример реално не би дала толку пари за патики ама и не би мрчела доколку некој одлучи да си купи. Фала богу, си заработила, си заслужила и си купила. Ќе се сложам со @Abel целосно океј е некогаш да штедиш, не знаеш утре за што ќе ти бидат потребни, но океј е и да се разгалиш сама себе со нешто некогаш. Пари не бараш од дома, независна си и нема што да чувствуваш вина.
Немојте за вакви работи да ќутите. Го слушав пред некој ден Игор Јурич како татко од Србија си ги киднапирал децата и ги однел Австралија мислам беше, некоја девојка едно од децата го видела на железничка со преголем ранец и станало чудно му се доближила и почнала да комуницира со него, ги известила властите, сега децата ќе ги вратат во Србија кај својата мајка. Затоа не се ќути само ние сме таков народ што си велиме остави тоа е нивна работа. Треба да се пријави на социјалните служби
Придонесуваш ли дома за сметки, за јадење? Може сакаат да ти кажат дека место да се разгалуваш себеси, редно време е да почнеш да помагаш и за домашните трошкови. Инаку и мене дома знаат да ми речат некогаш дека трошам многу на работи кои за нив се небитни, ама така ми викаат за да припазувам, да не се опуштам премногу со трошење па да остамам без ич.
Здраво, како си? Јас мислам дека до некаде се во право и не ти мислат лошо. Ако имаш вишок, најдобро е да ги вртиш парите, односно да ги инвестираш во некаков бизнис. Почни со нешто, не мора да е којзнае што.
A denes vo denesno vreme mozime da procenime deka retko koj stedi. I kaj mene se slucva ponekogas zosto tolku zosto onolku, ama poznavam i luge sto trosat samo tugi pari. Zosto za svoi pari da davas opravduvanja i da osejkas vina?
Мое мислење е дека кога се живее во заедница не може да се рече " тоа се мои пари и што сакам ќе правам нема што за мои пари да давам објаснување и оправдување ", бидејќи што доколку сите членови од заедницата започнат така да се однесуваат, секој да си купува што сака, кога сака, колку и да е скапо или ефтино, би настанал хаос. Можеби и другите членови од заедницата сакаат да си купат патики од 7000 денари а доколку вкупните примања не се многу големи како ќе останат пари за сметки, храна, лекарства и се што е потребно за живот ? Не е фер кон останатите да се однесуваме така разгалено, мои пари што сакам ќе правам, треба да се согледаат и околностите, како што кажа една членка погоре колку членови се во фамилијата, кој колку придонесува, каква е состојбата итн. Да се гледа и за другите бидејќи можеби и тие сакаат поскапи патики или нешто друго поскапо но не можат да си дозволат бидејќи имаат трошоци за живот и за заедницата. Доколку живееш сама, и целосно сама се грижиш за сите сметки, храна, сите трошоци, тогаш навистина не треба на некој да му се дава објаснување што и за колку пари си купила и можеш да си правиш што сакаш. И во тој случај најблиските можат да дадат совет, мислење или коментар дека многу трошиш доколку така тие ги согледуваат работите но да остане само на мислење, тогаш немаат право да се мешаат, туку само добронамерен совет да дадат. Има секакви ситуации и состојби, некогаш некој и ќе придонесува доволно колку што треба во заедницата, и ќе заштеди и можеби повторно ќе останат пари за поскапи патики, и во тој случај не би требало да има поплаки и проблеми зошто толку скапи патики. Значи се зависи од околностите. Можеби со право викаат и се жалат, сигурно не мислат ништо лошо, само добронамерно се грижат.