Се сложувам и со ова апсолутно. Јас си претпоставив дека е млада девојка што живее со нејзините и нормално е дека можеби и не може да придонесува исто колку родителите. Нормално ми е повеќе да ја интересира гардероба, искачанка отколку сметки Тоа е сасвим ок, до одреден степен. Се почастила, супер. Сигурно не купува секој месец скапи работи. Ама да, у право си, во заедница нема мое твое, и сите трошоци се исто така подеднакви за сите.
Да да, затоа јас реков зависи дали живее во заедница, дали живее сама, а можеби е и млада девојка која живее со родителите, но и во тој случај доколку состојбата со парите не е најдобра во заедницата, или другите членови доста се трудат, многу се мачат да заработат и одвај да стигне за се според мене и во тој случај би требало да им помогне на родителите и таа да придонесе и да купи поефтини патики. Има секакви ситуации, не можам јас или било кој друг од надвор да знаеме што е каква им е состојбата, но искрено мислам дека доколку се е супер би немало поплаки и проблеми доколку некој се почасти со поскапи патики, туку напротив би му било мило и би рекле со здравје да ги носиш. Мислам дека најдобронамерно и со причина добила членката поплаки, но тоа е само мислење и претпоставка, пак ќе речам не можам јас да знам каква им е состојбата и какви се околностите. Познавам неколку личности што се во заедница и што живеат под тоа мото со мојата плата ќе си правам што сакам и нема што да се правдам за мои пари, живеат луксузни животи а другиот член или членови од заедницата да се мачат и одвај крај со крај да врзуваат и да не можат ништо да се почастат или да си приуштат нешто убаво или нешто што тие сакаат. Затоа комемтирав, многу членки напишаа " твој пари што сакаш ќе си правиш ", да тоа е така доколку живееш сам и сам се грижиш за сите трошоци, а доколку е поинаква ситуацијата и некој друг плаќа за твои трошоци, сметки, храна, покрив над глава итн.ако живеете во заедница треба да се согледаат многу други работи пред да се рече што сакам ќе правам со парите и нема зошто некој мене да ми кажува што да правам со мој пари...
И да живее со родителите, нејзини пари се.Не нивни. Платата е на едно име,не на повеќе. Немаат право да ѝ кажуваат дали и на што да ги троши парите.
Не си свесна колку многу има луѓе што штедат. Знам многу такви случаеви, тргнувајќи од мене. Денес тешко се заработуваат пари, а и гледајќи каде живееме и каква ни е државата, секој треба да си штеди. Сигурен сум дека не и мислеле лошо.
Секако дека родители не и мислеле лошо. Се согласувам со @Te@ ..не би било фер едни да мислат што да се стави на трпеза денес а други да го гледаат својот ќеф. Разбирам дека секој си има свои потреби и некогаш да си издвои повеќе пари за себе од својот буџет, ако не е претерано.. А за штедење сум и јас.. не знаеш што носи животот и кога ќе ти затребаат вистински, мада што во Мк не знам колку се можностите за штедење.
А што ако и нејзините родители почнат да си купуваат скапи работи и да викаат наши пари што сакаме ќе правиме и на крај сметките за струја да останат неплатени, исклучена дтруја, фрижидерот празен, сите по дома гладни да нема што да се јаде, ако се под кирија киријата неплатена да нема каде да одат, и ред други работи ? Што тогаш ? Доколку е полнолетна, а најверојатно е штом работи и зема плата, треба или да согледа каква е ситуацијата дома и таа да придонесе и учествува во трошоците и да не се жали доколку родителите и кажат дека купила многу скапи патики, бидејќи таа живее под нивни покрив и јаде од нивна храна, прави сметки за струја, вода, интернет итн, тие трошат за неа а можеби и тие сакаат скапи патики или нешто друго, а не можат да си приуштат бидејќи немаат доволно. После полнолетство не се должни да и плаќаат сметки, да и дадат покрив над глава, храна, должни се само да ја школуваат доколку сака да запише факултет. Најчесто сите и по полнолетството го прават тоа бидејќи тоа се нивни деца и ги сакаат, сакаат да им помогнат, но доколку во семејството се нема доволно пари, или доколку тие имаат тешка работа се мачат да заранотат и повторно имаат само за најосновните потреби и ништо не си приуштуваат за себе, нема смисла децата да се понашаат така мој пари што сакам ќе правам че си купам скапи патики. Треба да се благодарани што родителите толку се трудат и мачат, што се грижат за нив и после полнолетството и да им помогнат со трошоците а не така распрдено да се понашаат нивни биле парите. Едно е во заедница, тогаш треба да се има обзир спрема членовите во заедницата, друго е да си живеш сам. Доколку е толку моќна и има пари и сака да прави со нив што и душа сака нека почне да живее сама, нека не им биде товар на нејзините па тогаш нема што да и се мешаат за нејзината плата. Доколку е во заедница, не може да прави што сака, треба да согледа многу други работи и околности, бидејќи ако сите се однесуваат така би настанал огромен хаос.
И сметките се на едно име, ама сите трошат. Претпоставувам не дава пари ни за сметки ни за храна. И затоа ѝ зборат. И со право. Можеби нејзините немаат доволно и за сметки и за храна и други потреби, а она битно луксуз си тера. Не е фер воопшто
Јас додека поработив неколку месеци, од платата одвојував прво за домашни трошоци, ставав одредена сума на штедна книшка и на крај ќе си се почастев и со поскапи работи. И никој немаше никаква замерка, дури и мило им беше. Ама за да си го овозможи некој сето тоа да даде дома пари за трошоци, да заштеди и плус да си купи нешто поскапо треба и платата да биде добра. Зашто со минималец што попрво.
Ова е себично и нелогично. Ако е полнолетна, тогаш родителите и немаат веќе обврска да ја издржуваат. Ако живее сама, плаќа кирија, сметки, тогаш секако одговара за себе и никој не смее ништо да ѝ каже. Ама во заедница, секој одвојува дел од сопствениот буџет за заедничкиот.
Баш така. Заеднички се троши, треба и заеднички да се покриваат трошоците. А голем број млади денес научени мама меси, тато носи, тие ќе плаќаат и сметки, и за храна дома. Или во превод, парите на родителите се и нејзини, а нејзините пари се само нејзини, па она на шо сака ќе си ги троши без да размисли дека и таа јаде од лебот што тие го купуваат од нивната плата. Многу себично од нејзина страна.
Правилно е секој полнолетен сам да одлучи дали и колку ќе одвојува, а не друг да му кажува колку и на што да троши.
Да, доколку живее сам. Доколку живее во заедница, сѐ се дели. Барем во светот во кој јас живеам. За среќа.
Би било многу интересно секој член од твојата заедница "правилно" да одлучува дали и колку ќе одвојува, па така сите да почнат да си купуваат патики од 7000ден, или други скапи работи, секој да си гледа за своите потреби и желби, едноставно секој полнолетен да си одлучи како што му душа сака како што велиш ти, колку сака и на што сака да си троши и на крајот нормално сметките ќе останат неплатени, храна ќе нема, ќе се нема за основните работи за живот. Бидејќи не верувам дека има некој што не сака да си приушти нешто скапо и убаво, не мора тоа да се патики или гардероба, секој си има свои замисли, желби и потреби, па доколку сите се со мислење како твоето и доколку секој си одлучува за себе и колку ќе издвојува тоа е еднакво на хаос. Само сигурно членовите во твојата заедница се совесни луѓе и не се однесуваат така, па не си осетила на своја кожа како е тоа во заедница некој да се однесува така како што ќе посака со нејзината/неговата плата. Доколку живееш сама во тој случај сите кажавме сосем е во ред што сакаш да си правиш со платата и никој нема што да ти кажува и да се меша. Во заедница се знае, прво треба да се гледа за заедничките трошоци, сметки итн, сите да придонесуваат подеднакво или барем да се трудат, па потоа доколку и после тоа и останат вишок пари со нив нека прави што сака. Доколку некој сака сам да одлучува што ќе прави со платата и никој да не се меша, нека живее сам, нека се грижи за сите трошоци сам и нека си купува што си сака и колку сака тогаш. А вака, некој да е товар на родителите, или на заедницата, да не плаќа сметки, да не купува храна, да не придонесува за трошоци за кровот над главата, нема смисла и сосем очекувано е да има поплаки, дури и малку е тоа, за сите тие такви личности што се товар на родители или заедница треба да им се каже или придонесувај и грижи се и ти за заедницата, или нека си оди под кирија па тогаш нема никој да и кажува колку и на што да троши. Само во тој случај како што кажа членката дека не ни има некоја голема плата, прашање е дали воопшто ќе има доволно за кирија, сметки и храна, а камоли за патики. Жалосно е колку некој не ги цени родителите, или пак заедницата ( партнер, брачен другар, цимер... ) и не се согледват работите кои тие ги прават, трошоците кои тие ги имаат за нив и потоа уште и да мислат дека имаат право да си прават што сакаат. Затоа се вика заедница, заеднички прават сметки, имаат заеднички трошоци околу домот, заеднички се договараат што и како ќе се поделат трошоците.
Јас другачије гледам: Можеби твоите сметаат дека тоа е многу за патики, ти зборат најдбронамерно за да не фрлаш повеќе пари него што е потребно.Секако, платата си е твоја и како сакаш ќе располагаш со парите, но ете они сметале дека 7000 се многу.Искрено и ја би ти рекла така.Зашто?Ако се некои ( а претпоставувам дека се) марка као Guess, Karl, Tommy и остали, нормално дека ги преплаќаш само ради името.Имаш и во Најк, Баз, Спорт Вижн супер патики за упола цена, а со останатите 3000-4000 илјади можеш и јакна да си купиш.Јас гледам економистично,не е дека и ја немам патики од 7000, али се кожни и ми се прв и досега последен пар такви, али ги земав пошто се кожни.Не им се лути, родители ти се сигурно не ти мислат лошо. Или со убаво кажи им, кејф ми е да имам нешто поскапо ако можам да си дозволам и тоа е тоа
Не знам, зависи каква ти е состојбата дома, колку често даваш пари за облека...Инаку, имаш 100% право да си заштедиш нешто од тоа што го заработуваш за себе, мене не ми е јасно што ти се нафрлија толку, како да треба целосно платата да ја оставаш дома(а напиша дека сте сите вработени) и да немаш право да си купиш ништо за себе.
@Vranjanka3 не живеам со мајка ми, сама си заработувам пари и сепак си дозволува да ми рече епа нели си имаш фармерки зошто си купувала нови, за чизмите што ги купив зимава дадпв 7000 и не и ни кажав иако ме прашуваше затоа што би искоментирала дека се скапи, дека сум имала, а старите веќе почнаа да ми пуштаат вода, новиве ќе ги носам барем 4 години. Е сега, да живеев со нив знам дека татко ми не би дозволил да придонесувам или би дозволил ама многу малку. Едвај откога работам двапати дозволил да платам ручек надвор. Сега пробувам да се ставам во твоја и нивна ситуација. Знам дека сакаш да си купиш, да прошеташ, како другите девојчиња што ги гледаш ама размисли си пред да купиш нешто дали стварно ти треба/цената е ок/можеш да си купиш без после да бараш пари од дома. Или, само затоа што можеш да го купиш, не значи дека треба. Работите дома ти си ги знаеш како сте се договориле, така да најпрво секој месец ќе го испочитуваш тоа. Сега од гледна точка на родителите. Знаат дека некогаш може да ти излезат непредвидливи трошоци, живееме во време на пандемија, ниедна работа не е стабилна. Можеби само сакаат да ти укажат да си чуваш пари и да се научиш да ја цениш нивната вредност повеќе. Посебно ако од скоро работиш. Види, мајка ми е пензионер. Си има на пример чизми и чевли со кои оди на крштевка, свадба, такви некои прилики, и таа не може да сфати дека јас секоја година купувам патики затоа што секој ден сум на работа, ги утепувам од носење буквално, ама бидејќи на неа чевлите и траат многу години и не и се потребни нови, мисли дека и кај мене е така. Чисто да те утешам пошто и мајка ми знае онака да ми плесне, јас научив да си верувам во сопственото расудување кога станува збор за пари. Пошто на неа и изгледа дека имам многу пара фармерки, ама не сфаќа дека се имам здебелено и речиси сите ми се тесни (Ех божем толку си дебела!). Татко ми не се меша, оти знае колку значи после година и години мокри стапала да имаш чизми што не пуштаат вода. Ова е само еден пример. Мајка ми приговара и за пломби за заби дека било скапо и јас сум одела кај скапите заболекари. Јас да сум родител, лично не би сакала детето да учествува во домашните трошоци. Ако сака да чести ручек океј, ама не би го принудувала на ништо. Сметам дека кога ќе се отсели од дома и ќе си основа фамилија, тогаш ќе си мисли на трошоци. Но, ќе се потрудам да го научам детето на здрави финансиски навики. Секој месец барем 20 проценти на штедна, буџет за јадење надвор на месечно ниво, буџет за гардероба овој месец, за одење со такси и сл. Ако успеам да го научам на сето тоа, мислам дека ќе знае да си го постави месечниот буџет и да си одлучи дали тоа што сака да го купи стварно му треба и дали е ок за таа цена. Крај краева, зошто одвреме навреме да не со купиш нешто што ти треба и го сакаш со сопствени пари што си ги заработила? Ако толку ти смета не им кажувај веќе. Вака само ќе се нервираш, а и еднаш ми се испушти така кога ми приговараше да и речам, не ти барам пари, не одиш ти на работа место мене и немаш право да ми кажеш.
Никој не и рече дека треба целосно платата да ја остава дома, далеку од тоа. Баш напротив јас дури и пишав дека откако ќе придонесе за својот дел, тоа што троши храна, струја, вода итн и други трошоци во домот доколку и останат пари може и да си ги заштеди, може да си купи повеќе поефтини работи, или помалку скапи, што сака таа тоа да си прави со остатокот. Но пред се треба доколку е во заедница да мисли и да се грижи за заедницата и заедничките трошоци а потоа за своите лични желби и потреби. Доколку некој сака да си гледа пред се само за личните желби и да троши пари како и колку што сака таа личност не е за во заедница, туку за да живее сама. Тогаш нека прави што сака. Во заедницата секој има право да се пожали и да дава поплаки и замерки ако некој си брка луксузи со својата плата, а е товар на заедницата и не се однесува како што треба во една заедница ( не придонесува ). Доколку членката придонесува колку што придонесуваат и другите, односно се грижи за трошоците на заедницата и си плаќа за сметките што таа ги прави во тој дом, не гледам зошто некој би и кажувал со останатите пари што да прави, за тоа немаат право, доколку е таква ситуацијата таа тогаш целосно е во право, освен можеби ако е упатено само како добронамерен совет или мислење што сите тоа го правиме со најблиските и даваме мислења и добиваме од нив мислења . Но за жал во денешно време постојат многу полнолетни личности кои сеуште живеат со родителите, не плаќаат кирија, не плаќаат за сметките, не плаќаат за храна и други трошоци околу домот, се целосно на товар на родителите па уште сакаат и очекуваат никој ништо да не им рече и да си прават што сакаат, а не гледаат дека родителите се мачат да заработат и да платат и за нејзините/неговите сметки и за нив не ни им останува да си приуштат нешто тие што сакаат да си купат. Исто има и многу брачни заедници каде едниот партнер се труди премногу се мачи да заработи, штеди не си приуштува ништо бидејќи немаат доволно пари што се вика за нормален живот, а другиот партнер одбива да работи, дава изговори, или пак работи зема плата но претерано троши и си прави што сака со платата бидејќи "си е негова/нејзина и ќе си прави што си сака" си заработува си заслужил/а.. зарем и другиот партнер не заслужил ? А што ќе се случи ако и тој почни да се однесува како овај другиот ? Значи секој има право да си купи нешто за себе, но пред се ако е во заедница на прво место секогаш треба да се согледа ситуацијата и околностите, и да се придонесе прво за заедницата. Доколку не и се допаѓа тоа, нека отиде под кирија, нека живее сама, никој нема ништо да и кажува.
@WarriorAngel сега ние претпоставуваме дека не се работи за чизми што пропуштаат вода, туку баш за ќеиф, без разлика на цената на патиките (разбирам дека си раскажа само пример). Дома постојат многу начини како да се биде корисен, не мора сметки. Може да се купат апарати за дома, да се полни фрижидер зашто храната е исто огромен трошок, да се носи кола на технички/регистрација/да се полни резервоар или едноставно да се тргна настрана некоја илјадарка плус за ако притреба за нешто, секакви трошоци непредвидливи искачаат, дали за арно или за лошо. И во право си, не е лесно ич во денешно време да се одржи буџет. Енџи, не ѝ се нафрливме, зашто така, па сама си праша дали и другите се во таква ситуација Има полно прави да си купи што ѝ душа сака, ама уште поубаво е и на некој друг да мисли и да го подели тоа што го има
Многу убаво кажано. Се сложувам со тебе за тоа дека не секој има потреба од исти работи, некој работи од дома, некој е пензионер, па нормално не им требаат толку често нови патики, чевли како на некој друг.. А и секој има различени потреби и желби, некој можеби нема мерак за поскапи патики, гардероба и не ни си приуштува такви работи но затоа има мерак пример за нешто друго и троши пари на друго. Сите имаме различни потреби и различни желби и тоа е сосем нормално и во ред. Сосем нормално и во ред е и самите да одлучуваме што ќе си купиме, како ќе раководиме со нашата плата, тоа е наше право, и секој заслужува доколку заработил да си приушти нешто што сака, но најбитното од се, и според мене најправилно и сите така треба да се однесуваат, прво да се согледа ситуацијата и околностите доколку си во заедница, да се придонесе да се платат сметките, да се купи храна, да се помогне на родителите или партнерот а потоа доколку остануваат пари и можност да си се почасти со тоа што го сака. И јас дури живеев со родителите не сакаа за ништо да ми земаат пари ( сметки, храна, трошоци околу куќата ) но секогаш внимавав и имав обзир дали имаат, колку се трудат, се мачат на работа и сакав и се нудев да помагам и придонесувам, бараб начини, а имав другарки кои родителите им биле во потешка финансиска состојба, и тие наместо да помогнат да платат барем за нивните трошоци во тој дом си бркаа луксузи и си трошеа како што сакаат бидејќи нивна била платата тие си заработиле. Не согледуваа дека родителите имаат трошоци и за нив, да им купат храна, да им направат ручек, да им платат сметките... Да се мачат со по две работни места од сабајле на едно, од поручек/навечер на друго, за нив ништо да си немаат купено, а тие да купуваат скапи работи. Затоа има секакви ситуации, секакви состојби и не може секој да се понаша како што сака и да троши колку што сака без да согледа како е во заедницата. И за тоа потполно се согласувам со тебе дека како родител добро е да се научи детето на здрави финансиски навики. Исто и јас не би сакала и никако не би го принудувала детето да учествува во домашните трошоци, но има некогаш ситуации кога едноставно тоа е невозможно и мора сите да придонесуваат. Се надевам никогаш дека нема да бидам во таква ситуација, ќе се потрудам. Но не сакам моето дете да биде распрдено како многу денешни деца, што не ценат заедница, трудот на родителите и тоа што тие им плаќаат сметки и секакви трошоци, што бркаат луксузи, чекаат се на готово од дома ручек, чистење, платени сметки а на ниту еден начин не придонесуваат и не сакаат ни да слушнат мислење или совет од родителите дека многу трошат, не смее ништо да им се рече. А за "мешањето" мислам дека речиси и да нема мајки, родители што не даваат мислење и совети, но сметам дека тоа се добронамерни, тие имаат поинакво мислење ете во твојот случај дека имаш многу фармерки, и не разбираат што ќе ти се уште едни, и ти го кажала тоа но сигурно не ти мислела ништо лошо како што кажа и ти, или пак не мислела да те контролира и да ти наредува што и како да правиш со твоите пари, тоа е само мислење, само што ете на некој и тоа многу му смета, а мислам дека сите родители, пријатели, секој од нас често со најблиските си разменуваме такви мислења и совети.
@Abel и @Te@ се согласувам со вас за напишаното. Кога почнав да заработувам првите пари ми беа за недела дена што работев крај на месец па кога ми ги исплатија си купив влошки, чоколадо и благо за дома. Што се вика ете толку беа парите ама јас бев пресреќна и сакав и нешто за дома. Овде не знаеме каков однос имаат. Мајка ми не работи и кога можам да одделам секогаш и давам кога 500, кога 1000, зависи колку можам. Кога си одам дома секогаш одам прво до маркет, па после дома. На некој начин, сакам да им дадам нешто, иако не сакаат, а јас пак сакам многу повеќе да им помогнам ама толку ми се можностите. Но, тоа сум јас. И сфаќам дека колку повеќе пари заработувам, толку повеќе не ми се троши. Една девојка/жена баш од форумот напиша нешто што долго ќе го памтам: Повеќе ме топли заштедена илјадарка отколку нова кошула. За девојчево што пиша не знам каков карактер е, не знам исто и нејзините дома, и затоа нели пишав и напоменав колку е битно планирање на буџет. Оф топик, се потсетив на едно девојче што стварно се растажив кога ми кажуваше мајка и. Кога почна девојчето да работи си купуваше храна и си ја носеше во собата, а нејзините едвај крпеа крај со крај. Јас ги разбирам и двете страни. Кога почнав да работам првите неколку месеци се опуштив, тоа што ми требало си купив, отидов на патување и сл. ама брзо сфатив дека не постои плата што јас не можам да ја потрошам и дека секогаш ќе има нешто материјално што ми фали. Ама затоа си створив навики, имам самодоверба дека ќе бидам ок со парите и мене ме нервира лично што мајка ми превише се секира околу тој дел, а сум веќе 26 години. Та таа знае дека не може да ме контролира. И ме иритира што има деца на мои години што цела плата ја даваат на алкохол, и јас пак не и чинам нејзе оти си купувам тоа што стварно ми треба ама ајде, ќе видиме јас каква ќе сум кога ќе бидам родител. Затоа ги разбирам родителите посебно ако сега почнала од скоро да работи. Баш викендов зборевме сличен муабет со братучетка ми што сега почна да работи. Истото и го реков, угоди си на душата одвреме-навреме ама не претерувај оти таа многу често знае да загледува девојки по социјални мрежи, инфлуенсерки и ако продолжи така како што почна да троши, нема да има за нешто многу побитно.