Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Сакам да умрам

    А што толку си погрешила да се однесуваат твоите така со тебе? Јас имам цел живот проблем со мојата мајка, но проблемот е во нејзината глава, мислам тоа е проверено :x
    Можеби треба само разговор бе душо, немој да ја бараш смртта, јас знам како е да се живее со тоа, последиците ќе ги осетиш на мои години, немој така!
    Искажи се тука, ние ќе ти помогнеме, нели девојки?
     
  2. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    Сакам да умрам

    јас се обидувам да и помогнам и ете погоре и пишав ама она има зацртано во главата дека она е крива за се /... незнам што е работава
     
  3. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Сакам да умрам

    Да умреш не е излез сум имама и такви моменти кога дома сите ме нервирале и си мислев дека се ми се они виновни,но не е така јас сум си била крива и сам си ги причинував проблемите така да ти правеш проблеми и бог знаа шо си правила,ама тоа си е твое како и да е треба да се извиниш и да им укажеш дека ке се поправиш и нема да правеш проблеми :)
     
  4. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Сакам да умрам

    И што кога ќе умриш? мислиш се ќе се реши?
    Ако проблемите се решаваа со смрт, ја верувам дека до сеа немало да има човек на земјава.
    Ја знаеш колку пати сум посакала да умрам, сакав и синоќа, и пред таа вечер, не се умира така лесно да знаеш, има да ги избришиш солзите и да се соочиш со проблемите, од бегање и умирање ништо нема да решиш.

    И да што и да си згрешила твоите те сакаат, сепак си нивна крв, они те створиле
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Сакам да умрам

    А, мислиш дека така лесно се умира ?? :wasntme:
    За секој проблем има решение, само треба да го најдеш
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Сакам да умрам

    велиш на твоите само глупости и грешки си им правела.....знаеш ли што би им направила ако си го одземеш животот? Е тек тогаш ќе им го зацрниш животот до крај. Е тек тогаш си ја направила најголемата и непоправлива грешка за која нема втора шанса. Прибери се малку со мислите.
    Ако требна и чукни си ја малку главата во некој ѕид,....седи разговарај.Иако пак ќе речам...незнам што толку си згрешила,ако сакаш искрени совети што понатаму,треба да си кажеш-се разбира ако сакаш.
    Ама мене искрено ми мириса дека е се некои твои грешки-кои ти ги сваќаш трогателно,и гледаш поинаку на работите од оние што се реално.(но потенцирам,тоа е мое мислење)
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Сакам да умрам

    Што си направила толку лошо? Наведи ни некој пример и зошто си сигурна дека татко ти се откажал од тебе. Не си крива само ти туку и твоите родители што ти дозволиле да почнеш да правиш такви "глупости"
    Се додека не е инцест во прашање, не може да постои толкава омраза од нај блиските.
    Опушти се, гледај некој филм, прочитај книга, остани дома, не лудувај.
    На 18+години, ќе се смееш на ова сега што го помислуваш. Тебе те чекаат живот и вистински проблеми.
     
  8. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Сакам да умрам

    Kaжи што си направила,па ќе ти кажеме зошто вака ...;)
     
  9. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Сакам да умрам

    Aх лееле девојче, колку само те сфаќам. Сите на своја кожа сме го почуствивале тоа и сме си рекле : "Сакам да умрам".Сите ние на тие години сме биле ранливи, сме правеле грешки и 300 глупости за кои подоцна сме се каеле.
    Но зар тоа ќе реши се?
    Напротив. Тоа ке те направи кршлива и слаба. Бидејќи најлесно е да се каже неможам, готово се откажвам. Тешко е да се справи со работите.
    Ти го направи првиот чекор, си ја призна грешката сама на себе си. Признај му ја и на другите и најважно девојче, соочи се! Во никој случај не помислувај на ужасни работи, како да си го одземеш животот.
    Ајде де, пред тебе е целиот живот имаш доволно време да ги исправиш грешките, и како и на себе така и на твоите да им докажеш дека од тебе бидува човек :)
     
  10. mi-mi-g

    mi-mi-g Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Сакам да умрам

    Има мн работи.Се правам иако знам дека е лошо и дека не треба.Избегав на една вечер кај дечкото што го знам кратко,украдов пари од дома,ги лазев родителите бегав од школо,од дома и милион др работи.Мајка ми ја има изгубено довербата зашто мисли дека сум курва бидејки на овие години имам дечко и тоа 5 години постар.... :tmi: Спас? Нема спас.
     
  11. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    Сакам да умрам

    како бе нема спас?. има спас свесна си дека за некои работи си многу крива па за тоа треба да се трудиш да ја добиеш повторно довербата, да ги исправиш грешките.
    размисли убаво и ќе видиш дека твоите те сакаат. пробај да ги разбереш.
     
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Сакам да умрам

    Батали го "дечкото" не ти е време за ебење туку за учење, освести се, дружи се со добро воспитани другарки (ако воопшто те прифатат, ако не гледај да ја заслужиш нивната доверба), учи и имај добри оценки, не кради од дома, прибери се и од школо директно дома да си одиш, дечко никако прекини ги контактите со него, помагај нешто по дома, покажи им на твоите дека се каеш (ама не само да им покажеш, туку и навистина да се каеш), со тек на време работите ќе се средат, ама ако продолжиш со тоа темпо, ти самата себе ќе се уништиш. Ако не можеш да живееш пристоен живот, ти си за ќотек, ама искрено, се чудам како не ти ја одржале таа лекција до сега, познавам една таква што одеше со секакви ама татко и ја испердаши со каиш па после не и текна веќе на тоа, еве ја сега се омажи и дете има. До кога имаш време менувај се кон подобро! Ќе заглавиш после и никој нема да може да ти помогне. Ова не се проблеми кои не можат да се решат, типично за твоја возраст е непослушноста ама совеста не ти работи, поработи на тоа.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Сакам да умрам

    мммм ти си била храбра и доста темпераментна девојка, :tmi: јас на пример ни сега на 23 години не би имала храброст да го направам тоа, да избегам од дома да спијам кај дечко ми уф уф со право ти се налутиле родителите. А за тоа на 14 години дечко мајка ти не треба да го поврзува со курва, оти поимот курва има друго значење, тоа е девојка или жена што често менува сексуални партнери нема емоции кон нив, и во некои случаи им наплаќа за сексуалните услуги, а ти си само мало девојче што си фатило дечко, значи не е исто. Бегањето од училиште не ти е на место мораш тоа да го средиш и да не се повтори пак, а за крадењето и лажењето треба да се покаиш и да се извиниш и да им кажиш на родителите дека нема да повтори.
    Ако продолжиш со такво темпо во животот верувај ми дека никаде нема да стигниш.
    А со дечкото се надевам дека не сте сексуално активни нели? :?: оти јас сметам дека си уште мала за такви работи.
     
  14. Fancyx3

    Fancyx3 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3
    Сакам да умрам

    Ехееееееј полаку малку ништо не се решава со смрт.Животот е таков во пубертет си сите правиме грешки некогаш знаеме да ги повториме тие грешки но нормално е.Зашто кога седнуваш да учиш не научуваш се наеднаш некогаш и грешаваш иако си учел па пак ќе повториш и така ќе научиш од грешката.Верувај дека твоите родители сигурно те сакаат може тие ти покажуваат лутниа но тие длабооко во себе те сакаат,затоа што нема родител кој не го сака своето дете.А за брати ќе омекне затоа што и тој нека сети дека правел и прави грешки. Не само брати СЕКОЈ ЖИВ ЧОВЕК ПРАВИ ГРЕШКИ.Па и животот да е без грешка не е интересен и возбудлив.Поубаво е кога имаш грешки па поправаш се поправаш самиот себе си.Ајде развесели се и не мисли на глупости на смрт и слично.Еден е животот и треба а се иживее на најубав начин.

    Поздрав :* :* :*
     
  15. mi-mi-g

    mi-mi-g Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Сакам да умрам

    Само еднаш сум украла,ама пак се смета за крадење.
    А инаку за тоа да мала сум,не стигна до таму работа,туку само нешто,ама би го направила тоа,несакам бидејки несакам да се замарам со уште еден проблем...
     
  16. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Сакам да умрам

    Оф бе дете, и мајка ми мисли дека сум курва уште од кога го фатив првиот дечко ( на 19 години ), и ден денес мисли дека сум курва зашто според неа во денешно време само курвите се мажеле (јас се омажив пред две недели) па не ми дојде на свадба, и јас еве ме не умирам, не дека не сум помислила на тоа. Сум помислила милион пати, ама не сум си посегнала по животот. Јас за себе знам дали сум курва или не, понекогаш ми иде да и го однесам маж ми да и каже!
    А другите работи, па кажи им дека се каеш, дека нема веќе да правиш така, родители ти се, ќе ти дадат втора шанса!
    За бегањето од дома, навистина незнам што да те посоветувам, не ми иде у глава ништо!
    Замоли ги да ти помогнат да почнеш нов живот, обиди се, можеш само да добиеш, не губиш ништо, верувај!
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Сакам да умрам

    Те сфаќам. Да знаеш колку пати сум си помислувала дека сакам да умрам.
    Но во наредниот момент се освестувам, сфаќам дека има зошто да се живее, вреди да се живее. Со умирање ништо нема да постигнеш, само болка и тага кај најблиските, а проблемите нема да се решат и нема да ти биде поубаво, затоа што тебе нема да те има веќе, нема да постоиш.
    Затоа не ни помислувај на вакви глупости.
    Мала си, во пубертет си и разбирливо е и да имаш променливо расположение, и да бидеш бунтовна. Нормално е за тие години. Нормално е и да правиш грешки, затоа што немаш искуство. А искуство се стекнува, се учи од грешките.
    Тоа што си го направила остави го во минатото, труди се да не ги повторуваш истите грешки и да живееш помирен живот. Преокупирај се повеќе со учењето за да не ти останува време да мислиш на глупости, најди си некое ново хоби, начин да ја исфрлиш негативната енергија од себе.
    Извини им се на оние на кои мислиш дека си им згрешила и пробај да им ја покажеш и докажеш твојата љубов кон нив. Има излез, верувај, а кога ќе помине некоја година ќе сфатиш дека не ти вределе сите овие нервози.
     
  18. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Сакам да умрам

    Значи советите ги гледаш , наместо да бараш помош низ форумов, и да се силиш да умираш и такви ми ти работи.. направи за почеток едно нешто. Исклучи го компјутерот и оди кај твоите. Искрено зборувај со нив и искрено ама искрено покај се и не губи надеж. Упорноста се исплатува секогаш.
    Заборави на дечко, и тоа постар од тебе. На тие твој мали години и те како е важна разликата во години.
    Иииииии книгата в раце и на учење. Покажи се, немаш време за губење на глупости.
    И уште еднаш никогаш немој да бегаш од дома, да крадиш... Никогаш!
     
  19. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Сакам да умрам

    Нема проблем што не може да се реши. Си погрешила па што, не е крај на светот. Битно е што си свесна за своите грешки, и од овој ден работи на тоа да ја исправиш погрешната слика што си ја створила кај родителите. Докажи се во училиштето, не излегувај често, однесувај се примерно. Ќе помине некое време и ќе се заборави. А најпрво извини им се. И уште нешто: додека ти сакаш да умреш, сети се во истиот момент колку луѓе се борат за живот. :!:
     
  20. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Сакам да умрам

    Не е тоа решение.Сакам да умрам и готово.Не можеш така,треба да превземеш нешто.Јас мислам дека на светов нема родител кој не си го сака своето дете,без оглед на тоа што направило.Оди,разговарај со твоите,кажи им дека тоа веќе никогаш нема да се повтори(и,секако,не го погазувај зборот).Што било-било.Не можеш ти да бидеш заробена во минатото засекогаш.Гледај пред,а не зад тебе.Гледај ја иднината,биди оптимист.Собери сила и храброст и поправи се ! Земи,научи нешто,поправи го успехот во училиште и немој да бегаш од часови.Батали тоа дечкото,имаш 14 години,а тој е 5 години постар од тебе.Тука самата се ставаш во опасност.Јас верувам дека и друштвото влијае на тебе,па најди си ново.Едноставно сама смени си го животот.Ако ти не го направиш тоа,нема кој.Со среќа ! :) :f: