@WarriorAngel така е, зависи од карактерите и од односите во заедницата. Дајбоже сите да заработуваме, да имаме и да делиме.
Како се справувате со апатија? Во последно време некако ми е сеедно за работи кои претходно ми значеле.
Ова е општо чувство кое те следи преку цел ден, што и да правиш, за се и секого или така се осеќаш за одредени работи само? Пошто има разлика..
Дечки, фала ви многу на сите кои сте одговориле, прочитав и можам да ви кажам дека 100 пати сум им рекла дај барем по пола да ги плаќаме сметките или кога ке се јавам после работа дали треба нешто, добивам коментари е како да не, ти ќе не храниш или ти ќе ни плаќаш сметки, од една страна не дозволуваат да плаќам од друга страна фрлаш пари на крпи, јас признавам дека некогаш претерувам ама па млада сум, сега ако не купам кога на 80 години да се дотерувам? Понекогаш многу ми се напорни ејј пак си купила па имаш јас не сум таква да се оставам до нула знам дека што постојат и такви, ама ова ми станува веќе напорно ми доаѓа се што купувам да кријам, или ќе ме видат со нив капут и одма пак купила или ја превише се замарам или не знам
Не се потресувај многу, друго не ти останува. И троши и штеди, и не прашувај што треба, купувај тоа што знаеш дека секогаш треба, храна, ете телефон, интернет тоа секогаш можеш, и терај си. Зрела си и можеш да измериш некоја здрава средина. Уживај.
Детево прваче, од нигде никаде почна да вика дека нема да носи маска на училиште и дека сеедно и е што нема да ја пуштат. Се обидов со убаво да и објаснам дека ако ја извади таа, ќе извадат и други и дека ќе се заразуваат едни од други, дека сепак ги вадат на голем одмор, дека ги вадат на физичко и понудив хируршка, но пак се буни и притоа хистерично плаче. Утре е прва смена, ако задоцни таа и јас ќе задоцнам. Само тоа го повторува цело време, очајна сум и не знам веќе што да правам. Ни со арно, ни со лошо не се разбира. Онлајн не доаѓа во предвид, арно се научи на некаков ред вака, а и тешко е предавања да им се одржуваат на тие онлајн додека другите се со физичко присуство. Досега не правеше проблем, но сега не знам што и стана.
Сигурно и е тешко да диши со неа, душичка Можеби подолго што се со маски, паника ги фака за воздух, разговарај со неа, јас сум возрасна па едвај издржувам за кратко а не пак со часови. Живеам во близина на училиште и се гледа кога имаат предавања, ептен се жални со маските, души. Се надевам дека и со маски не ги тераат да вежбаат. Во септември кај нас на отворено надвор на физичко ги гледам малите со маски ги тераат да вежбаат Советувај ја барем под носе да ја носи колку може, мада секако е мачно
Не вежбаат со нив и на голем одмор ги вадат. Наставничката има тенденција кога е убавио времето, природни науки или општество да имаат надвор.Но, не можат се да имаат надвор и не секогаш е убаво времето, а тогаш се без маски. Друга работа и физичко сум видела ги стимулираат повеќе надвор и се надевам времето ќе се задржи убаво па така повеќе да се надвор. Проблемот е што упорно настојува и категорично одбива да носи и покрај тоа што зборувам, се плашам дека ќе пружа отпор и утре, а наставниците си чекаат внатре, а не пред врата, не би имало ни некој да излезе, пак е авторитет и ќе мора да послуша. Сеуште се мали, што знам, се надевам дека ако е добар скринингов ќе им ги укинат. Јас сум секој ден 9 часа со маска, морам и со две некогаш, ама ете трпам, што да правам.
Не знам дали е оваа темата во која што треба да пишам но секој совет би бил добредојден. Значи вака јас живеам во родната земја на мојот сопруг. Нема една година откако сме таму јас се уште го учам јазикот и не ми оди баш најлесно морам да признаам. Сопругот е на работа јас 80% од времето сум сама значи тука не познавам никого , единствено можам на моите да им звонам со видео повик , воглавно деновите ги поминувам сама затворена во 4 зида и некогаш ако сама искочам да прошетам. За викендите секако сум по цели денови со сопругот но останатите денови од неделата додека он е на работа с јас сум сама дома ми мава многу на психа и навистина не ми е убаво јас тука немам никој освен него ,со него сум навистина среќна и одлично се сложуваме секој момент со него ми е преубав но додека е на работа ми е многу тешко без него, далеку сум од моите родители. Многу сум психички падната и постојано сум тажна , воедно не можам да работам додека не го научам јазикот. Седам затворена и постојано плачам с тука не можам ни на психолог да отидам затоа што не го знам јазикот.
А да почнеш на некој курс за јазици? Ќе научиш побрзо јазик и ќе стекнеш пријатели. Пред години бев во иста ситуација како тебе. Гледав да си го пополнувам времето: одев до најблискиот шопинг, пешачев и трчав покрај река, си наоѓав дома занимација, обожавам да правам месени работи, садев цвеќиња во пролет, да не ти кажувам колку време во денот висев на вибер со мама и другарките, само да не се осеќам осамено... додека почнав на курс. Таму си стекнав пријатели, полека кругот почна да се шири. Лошо е да заседиш во 4 ѕида... ниту мене не ми беше лесно, затоа те разбирам. Секој почеток е тежок и од некаде мора да почнеш, не можеш да стоиш и тапкаш во место.
Се сложувам со @Kasiopaja221, искористи го слободното време за да го научиш јазикот, оди на курс, ако веќе одиш почни и сама дома на интернет учи, вежбај... Наоѓај си занимации, некое хоби дури да се прилагодиш и да помини извесен период, бидејќи сигурно почетокот е најтежок потоа полесно ќе ти биде. Кога ќе го научиш јазикот ќе можеш и работа да си најдеш, па таму ќе стекнеш можеби и пријатели, денот ќе ти биде исполнет. Најбитно е што си среќна со сопругот и што се сложувате, се друго постепено ќе се среди само биди силна и упорна и не се откажувај...
@Hecate и јас се сложувам со другите што пишаа мислење. Би додала и да се зачлениш на јога ако си во можност, ем ќе вежбаш, ем ќе запознаеш луѓе. Мислам дека ова е само период и дека евентуално ќе си го најдеш твоето место во тој град. Ќе си најдеш сама што ти одговара да правиш во текот на денот. Одвој си некој саат за да се посветиш на некое хоби, некој саат за учење на јазикот, дали ќе биде преку филмови, книги или курсеви.
Сигурно можеш и на англиски да комуницираш, освен ако не е Франција во прашање За основна комуникација и гугл транслејт ќе ти заврши работа, имаш и звучна поддршка. Тоа што не знаеш јазик не е пречка да не излегуваш од дома. Баш напротив, може само да ти ја отежне ситуацијата. Година дена не е малце време, мораш да се измешаш со светот таму.
Ти благодарам од срце за советот , уште од денес почнувам промена , едноставно не очекував толку тешко да ми падне целава оваа ситуација пред да отидам во мојата глава го замислував тоа сосема поинаку. Се работи за Русија тука не се нешто многу по англискиот. Ви благодарам на сите за советите . Крајно време е да превзема нешто.
Како некој што живеел во повеќе земји каде изворниот јазик ми бил непознат, ти кажувам да не ја правиш грешката да седиш дома и ламентираш носталгија. Рускиот е уште полесен, за базична комуникација една година требала досега да ти заврши работа. Ништо нема да постигнеш ако се самоизолираш. 21 век е, имаш милион ресурси на интернет, еве за почеток https://www.lingohut.com/mk/l71/научи-руски Доволно да можеш секојдневните обврски да си ги завршуваш. Не знам која ти е струката, ама најбрзо што можеш да најдеш работа, било која. Ако те повлече депресија, после уште потешко ќе ти биде. Разбуди се дур е време.
Sovet: koga majka mi cisti, kreva paniki i drami i ne mozam da ja trpam pojke! Eve bukvalno denes placese nad usisivac, kako bila robinka i tn itn. Ako jas mu recam da cistam - ne mu se dopagja moeto cistenje. Ne sum cistela kako sto treba. I Sega sedam vo sobata kade sto spijam, i ne se osmeluvam da odam vo kujnata, oti premnogu sum nervna ke se ispokarame. Sovet nekoj dajte oti ne mozam pojke da ja slusam kaj sto kuka, a od druga strana pomos ne saka.
само со разговор,со нервоза не се постигнува ништо.Можеби има проблеми,за нешто се грижи,ако не работи и по цел ден е дома,тоа дополнително и влијае,да не станува збор за климакс..има многу зашто е нервозна и која е причината за таков однос кој допринесува до промена на расположение.Пробај да ја сватиш,да се ставиш на нејзино место,за да откриеш во што е проблемот и седни разговарај со неа. Доколку сите работите по дома,сите сметки и кредити доколку има се на време платени,има доволно за храна,пари на страна за тешки денови,па и за одмор,не би требало да преставува проблем. Сепак сама заработуваш,не бараш од нив за да си купиш,ниту позајмуваш пари..Така да you go girl
Не знаев каде да пишам, ако не е соодветна темава простете.. Во последно време имам проблем со сама себе.. Најверојатно некои случки ме доведоа до тука, но не знам како да си помогнам. Проблемот е што воопшто не си се сакам, не си се допаѓам последниве месеци. Не си ја сакам косата, не си го сакам лицето, телото.. Не можам да си најдам ништо гардероба, некако ништо не ми стои. 100 пати излагам да се подновам и се враќам со празни раце.. Многу гадно се осеќам, иако знам дека не е така реално. Убава сум, за мој вкус сум слаба, но одсекогаш сум добивала комплименти дека сум згодна и се супер, не сакам да излезе дека се фалам сега во никој случај баш напротив... Сакам да кажам дека знам дека не изгледам толку лошо колку што се осеќам јас, ама џабе тоа чувство од внатре што ми прави така не можам да го избркам.. Не ми се излегува од дома веќе.. Имал ли некој ваков проблем?
Најверојатно жената има друг проблем па така исфрла нервозата на тоа. Јас си поврзувам со климакс. Мајка ми пред некоја година така беше, а таа беше,, несвесна " што прави со однесувањето. Треба многу зборување и трпение. Јас излегував на крај со неа бидејки сум трпелива ама брат ми бидејки е избувлив ич не трпеше, некако мажите не им се јасни тие работи како ПМС и климакс. Разговарај со неа и смирено. Разговарај кога мислиш дека е посмирена.Биди и подршка, доколку е климакс, со разговор ќе најдете решение. Има сега и чаеви и таблети за климакс, да не си го расипувате мирот во домот.