Нормално, не се секирај. Сите во некоја фаза од животот имаме такви периоди. Животот не е рамна црта, создаден е од подеми и падови. Ако си свесна дека твоето незадоволство/фрустрација има извор, тогаш не е страшно. Не ламентирај за тоа што се случило, што и да е, затоа што исходот не можеш да го смениш. Најбаналниот ама и најлогичниот совет што можам да ти го дадам е да си дадеш време да преболиш што и да се случило, и да се грижиш за себе. Повторно ризикувам банлно да звучам, ама вежбање и престој во природа многу ми помогнале во тие фази кога не можам да се соземам. Ако не можеш сама, побарај помош ако забележиш дека периодот трае.
Здраво на сите Имам проблем незнам каде да се обратам па ве молам за совет дали некој имал слично искуство. Многу заборавам,постојано сум расеана и дома и на работа. Дома ставам кафе да се вари,одам до тоалет кафето истекло,на работа веќе незнам ни на кого сум дала профактура, фактура, понуда,обемна е работата и со многу клиенти во текот на денот комуницирам и во меморија помешани ми се сите клиенти кој што барал. Сите заби ме болат,бев на забар и забарот ми вели немам ни еден расипан заб и ме праша дали тоа обично сабајле ме фаќаат болки реков да и вели кога спиеме телото рбетот ни одмараат но мозокот постојано ни работи па кога имаме стресни ситуации се случува во спиење да ги стискаме забите па сабајле да не болат. Под стрес сум веќе извесен период дома со кавги,на раб на развод но тоа не ме загрижува толку, што и да е ќе пројде... Ме загрижува тоа што заборавам,и што немам концентрација,зборувам со некого и на среде муабет се загледувам во личноста што ми збори и се исклучувам,личноста спроти мене слика има тон нема,се замислувам и незнам ни на што мислам... Како да си помогнам има ли нешто што би можела да пијам на природна база,или да ми препорачате лице од типот психијатар? Мислам дека не сум во депресија ниту сум анксиозна.
Мислам дека се работи за burnout. Сите работи што ги опиша може да се од преоптовареност на мозокот со информации и од премногу стресна работа. Она кога ти се случува zone out може да е заради низа причини меѓу кои и преоптовареноста: https://www.healthline.com/health/zoning-out Burn out прави проблеми со меморија, решавање проблеми и ја намалува креативноста. Види овдe>>https://www.scienceofpeople.com/burnout/
Може скроз да е чисто заради стрес, ама еве јас да ти напоменам од лично искуство со проблеми со меморијата: се чувствував како да не можам да примам нови информации повеќе и како да ми е матно во мозокот некое време (впрочем, ова и ми беше најголем мотиватор да откријам што ми е). Во комбинација со зголемена тежина и депресивни мисли, открив дека тие симптоми може да се показател на намалена функција на тироидната жлезда. Се проверив, и навистина испадна не само хипотироидизам, туку и Хашимото. Повторно, не мора да значи дека е таков тип на проблем, ама имај го на ум, како опција, ако не можеш да најдеш друго чаре.
мислам дека е период и би ти препорачала разговор со психолог чисто да си кажеш се што ти лежи на душа,да слушнеш мислење од трето непознато лице,да те натера да размислиш и да најдеш решение за што и да ти се случува. Пробај со чај пред спиење,медитација,јога,намали внес на кофеин,внесувај повеќе овошје,зеленчук,течности..
@pdb123 ако можеш да кажеш каде се испитуваат хормони на тироидна жлезда? Дали треба да закажам на клиничка биохемија на пример, и дали ми треба упат од специјалист или може и матичниот да ми даде?
Кога решив да ги проверувам хормоните не живеев во Скопје и хормоните ми ги проверија во општата болница со упат од матичен гинеколог, меѓутоа со тоа се проверија и останатите (репродуктивни) хормони, а од тироидните само TSH и FT4. Поради покачениот TSH матичната општа лекарка тогаш сакаше да ме пушти кај специјалист по нуклеарна медицина (нема ендокринолог во мојот роден град). Мислам дека процедурата ќе беше малку подолга, но затоа што сѐ беше закочено поради короната, успеав да отидам директно кај специјалистот благодарение на роднина, матичната не можеше да ми даде упат преку системот. Сега живеам во Скопје и уште не ми е дојдено времето за контрола, но мислам дека вака е процедурата: матичен општ лекар ти дава упат за интернист и потоа интернистот треба да те препрати кај ендокринолог или специјалист по нуклеарна медицина, па веројатно тој/таа ќе те пушти каде да се испиташ и ќе ти направи ехо на тироидната. Како што гледам од Мој Термин, нуклеарна медицина има само на Клиника, а ендокринологија на Клиника или 8-ми септември. Која би била разликата меѓу контрола кај ендокринолог и кај специјалист по нуклеарна медицина не би знаела точно да кажам; во темата за Тироидна жлезда гледам дека одат и кај едните и кај другите, меѓутоа некој имаше напишано дека е сепак подобро да се оди кај специјалист по нуклеарна медицина (дали се подобри во детектирање неправилности на тироидната жлезда на ехо или е до нешто друго, не знам). Исто така, да напоменам дека не знам како е тука во Скопје, но мене лично откако појдов кај специјалистот за нуклеарна медицина со покачен TSH и ме виде на ехо, ми даде да проверам уште еднаш TSH, FT4 и TPO At (антитела за да се утврди дали имаш Хашимото), што значи дека освен антителата, за тироидната жлезда истото ми го провери (и продолжи да ми го проверува на контролите) како и обичната хормонална проверка што ја направив со упат од матичниот гинеколог, ништо дополнително како FT3 итн. Не знам дали се должи на немање реагенси или е до нешто друго. Зошто ти го кажувам ова? Затоа што како што гледаш, малку е подолга процедурата додека дојдеш до специјалист по нуклеарна медицина или ендокринолог, не можеш директно од кај матичен општ лекар. Не знам дали е подобро прво да направиш како што направив јас: прво да видиш TSH и FT4 преку матичен гинеколог, па ако нешто не е во ред, тогаш и онака ќе треба да ја поминеш цела процедура. Од друга страна, некогаш TSH е океј, а сепак можеш да имаш антитела (т.е. Хашимото без хипотироидизам) или можеби некои промени во структурата на жлездата што ќе се видат на ехо. Најдобро да продискутираш со матичниот општ лекар, зависи што и колку те мачи и колку детална проверка ти треба.
@pdb123 фала ти премногу за ова. Јас имам проблеми со тежината и онака умор и си го осеќам телото тешко затоа сакам да проверам.
Во денот ќе ги сменам сите емоции, а ништо не се случува.Причината за тоа се мислите али не знам како да им кажам СТОП. А борба против нив не може да ја добиеш тоа да, али немам самоконтрола и преплавена сум од емоции.
Поентата не е да се бориш против мислите, туку да дозволиш да бидат присутни без емотивен набој. Да поминат покрај тебе, а не низ тебе и да мораш да ги метаболизираш. Постојат многу техники кои можеш и сама да ги практикуваш, иако е можеби подобро да си најдеш човек од доверба со кој ќе работиш.
Па човек од доверба не постои моментално али да напоменам дека само јас така гледам на работите бидејќи сум анскиозна. Убаво имаше напишано една членка, а тоа се однесува и на мене. Некој и чоколадо да ни даде ние мислиме дека тоа го прави со лоша намера. Посигурно ми е тука да се доверам не знам зашто, а не дека нема и тука идиоти како што имам читано, бидејќи сум долго член на фемина. Некој имаше напишано како слушнал девојчиња што кажуваат ,,ај да ги зезаме тие на фемина’’ и во право е дека ни на сајтов не можеш целосно да му се довериш али знаеш дека тука е анонимно и нема некој да ја злоупотреби толку твојата мака бидејќи не те познава. Ќе нема корист од тоа многу.
Не се изразив убаво. Човек од доверба мислев на стручњак, психолог. Тоа што си анксиозна е причина плус да разговараш со некого. Одиш на забар, на доктор, се депилираш, средуваш коса, нокти. Исто така ќе си се грижиш и за менталното здравје. Ако сметаш дека е само фаза, тогаш физичка активност, поквалитетна храна и престој во природа ќе ти помогнат да го пребродиш периодот. Мислам дека не ти требат луѓе на кои ќе им се доверуваш, туку некој кој ќе те научи или ќе ти помогне како да се справуваш најбезболно со анксиозноста и со сѐ она што животот го носи. Амплитудите се нормална работа. Незнаењето како да се справиш со моментите кога си долу на клацкалката исто може да се реши.
Како може да се реши незнаењето како да се справам со проблемот? Едукација или мислиш дека сум глупава што сум западнала во состојбава? Ако мислиш дека сум глупава тоа не ми се верува дека може да се смени колку памет ти дал господ толку па снајди се со тоа што го имаш.
Гледаш зошто си анксиозна? Затоа што претпоставуваш, затоа што си направи цел мини филм од мојот одговор. Одговорот е под А. Ти пишав, постојат техники, се вежба мозокот исто како и мускулите на телото. Човек може да ја истренира својата реакција на емоции/мисли. Науката не го поткрепува твоето мислење дека паметот е од Господ даден, да беше така, немаше да се школуваме и да откриваме нови светови. Не си ставај сама сопки.
Ме просветли дека сама си набивам комплекси, фала ти Ќе се потрудам да дознаам колку што може повеќе информации на интернетов за состојбиве. Иако луѓето завршуваат цели факултети за тоа и пак може да згрешат затоа и се ставив во мислење. Зашто со доста сум зборела за состојбава и ми кажувале како се влечкале со години некои заради погрешна терапија.
Терапија, во смисла на фармаколошки препарати, и психолог се различни работи, внимавај многу. Искуството на другите е непроценливо, ама во природата не постојат две исти нешта, не сме така создадени, значи твојата потешкотија не е идентична со мојата на пример, иако можеби имаат исто име или иста дефиниција. И да, нашите модалитети на жртва не држат заробени. Негативниот став кон себе ти е најголем непријател. Сите го правиме тоа, не се секирај. Битно е да освестиш и да најдеш начин кој тебе ќе ти помогне да пребродиш.