Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.839
    Допаѓања:
    17.693
    Пол:
    Женски
    Тоа е затоа што често одат на погрешно место. На државен психијатар тоа може да очекуваш. Ќе те ислуша и ќе ти препише терапија.
    Кај психотерапевти ретко се иде, затоа што за жал баш и ги нема на државно. А приватно знаеме како стоиме со стандард и какви им се цените.

    Ама јас би рекла, ако даваме пари за секакви глупости, ништо од тоа не вреди повеќе од (менталното) здравје.
     
    На nevermet18, theowndemon, Cosmic Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    9.005
    Пол:
    Женски
    Совет:
    Ако сакаш да исклучиш проблем со тироидната жлезда најдобро е прво на интернист (или ендокринолог). САМО ако тој ти каже дека има потреба од дополнителни анализи, тогаш идеш понатака..
    За разлика од гинеколог кој може само да ти даде упат за лабораторија за хормоните, интернистот ќе ти ја види и на ехо жлездата, ќе ти направи преглед со палпација. Јас сум правела прегледи на тироидната и преку матична на интернист и на ендокринолог. А сум правела и приватно прегледи.

    Предност со државно- сите прегледи и анализи се доста поефтини, а особено анализата на хормоните, кои приватно се доста скапи и поединечно секој хормон се наплаќа.

    Недостатоци:
    - тешко се наоѓаат термини особено за ендокринологија, па и за интернисти (ама за нив како да има поголем избор, па се наоѓа во некој понормален рок) и најверојатно и да ти најдат нема да биде толку брзо ко што сакаш.
    - Чекање има за да влезеш дури и со термин кога си, чест на исклучоци, ама стварно се исклучоци и обично цел ден го утепувам за прегледот..
    - ако правиш лабораторија со упат од специјалистот во нашиве државни лаборатории се случува да немаат потребни реагенси за сите хормони во секое време. Така да пред да направиш најдобро е да прашаш во лабораторијата каде што планираш да одиш (и за каде ти е упатот) дали ги имаат реагенсите во моментот и во случај да ги немаат сите да си знаеш за да не испадне дека треба за некој хормон ем да одиш по втор пат на боцкање ем приватно да си го платиш.
    - За земање крв во државна лабораторија секогаш сум чекала многу подолго зашто сите земаат од сабајле и секогаш има многу пациенти.
    - резултатите од државниве лаборатории обично се чекаат подолго (на пример по една недела) и не се испраќаат на твој мејл и ќе треба да одиш повторно до таму, во одредениот ден за да си ги подигнеш.
    - за толкување на резултатите идеш по ТРЕТ пат кај докторот за да ги види, а тоа значи да отидеш друг ден - кога е тој на работа.

    Заради сето ова одам на приватно кога имам потреба, пари и кога немам време за чекање. Цените се далеку поголеми. На пример, еве во Систина 2000 ден е само прегледот кај ендокринологот. Ехото и хормоните се наплаќаат посебно (пр. еден хормон може да биде и по 900 ден, не знам точни цени). Тие ги земам како најскапи значи, ама на крајот од истиот ден кога ќе одиш на преглед, дома си одиш со се завршено (прегледи, анализи, резултати од лабораторија готови и проверени од докторот), со дијагноза и со препорака за терапија.
    Во Асклепиос (интернист во ново лисиче) за ехо е 1200 ден. Имаат и лабораторија своја. Еднаш начекав на групер пакет ехо со доплер и 3 хормони на тироида не ме фати повеќе од 2000 денари. (Види си на групер нон-стоп има некои попусти за вакви прегледи од разни интернисти). Кај вториве може да одиш и со упат од матичен ама термините однапред им се зафатени (зависи од гужва се чека и по месец, два). Приватно имаат обично и побрзо термини. А ако го избереш нивниот доктор за матичен се уште поефтини и побрзи.
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.804
    Допаѓања:
    4.943
    Пол:
    Женски
    @Cosmic Girl така ќе направам, ќе отидам прво докај матичната, имаат во истата поликлиника и интернист што веќе ме знае, многу е добра и обрнува внимание. Па за натака ќе ја терам работата некако. Мора да си најдам решение пошто вака не можам да терам веќе.
    Фала ти премногу за мислењево, како што не знам како функционира ова премногу ми значи. :)
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Женски
    И јас пред некое време го имав овој проблем,
    Хаха, на нас жените богами крајот не може да нѝ се најде кога имаме променливо расположение :rofl:
    Најчесто во пмс сме такви, најмала ситница ќе ја искористиме за да правиме скандали. :D Најчесто стресовите го прават сето ова, исто така и ако не спиеш доволно.
    Најди си занимација, не читај мн мн што пишува на интернет, излези во природа, прочитај некоја добра книга, или работи си по дома. Во краен случај, ако повторно расположението ти е променливо можеш да поразговараш со некој твој близок, или со стручно лице, односно психолог. :)
     
  5. ela0604

    ela0604 Нов член

    Се зачлени на:
    18 март 2022
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, сакам совет да добијам од вас? Пред месец побарав отказ да потпишам во тој период паднав психички уште многу што стигнав и до психијатар и на дизепам да бидам да се смирам ,косата веќе ми опаѓа ,лицето ми е катастрофа, премногу се затворив и трпам психолошко малтретирање (мобинг) од работа земав сила и кажав све зашто си идам пријавив све но не превземаа ништо едноставно ми рекоа кога си побарала отказ ке потпишеш и ке си идеш.. Иако имам психолошки наод стогнав до таблети и пријавив и после пријавата едноставно се чуствувам подобро сепак јас накрај искочив лошата. Сакам да ми помогнете како девојка каде да се обратам и сакам да се заврши и тој човек да биде соодветно казнет зошто не сум единствена во таа фирма? Помогнете ми незнам што да правам !! (или врските си го прават своето а добриот сегогаш е крив)
     
  6. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.929
    Пол:
    Женски
    Јас искрено не знам дали постои таква имституција каде би можела да пријавиш психички мобинг. А и за да пријавиш некаде не можи само да раскажиш што ти се случило туку мора да имаш и докази кои не знам дали ги имаш. А тоа што не си единствена не игра никаква улога ако сите молчат.
     
  7. thepinkpanther

    thepinkpanther Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2021
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Машки
    Здраво девојче. Се надевам ова што ќе го напишам ќе ти помогне.

    Колку јас го знам законот, ако си дала откажано режение мора да го спроведе не смее да те држи на работа, освен ако не се договориш со газдата додека не најдат друг човек. А ти можеш слободно да им кажеш дека пример од тој ден дека нема да доаѓаш на работа и законот е таков со одсуство од 3 дена ќе бидеш одпуштена. Можеш комотно ако можеш тоа да им го кажеш дајте ми да си потпишам отказно решение или ќе ве пријавам. А ако сакаш да ја пријавиш фирмата и човекот кои ти врши мобинг можеш да ги пријавиш во ССМ (Сојуз на синдикатите на Македонија).

    Поздрав.

    Исправка заборавив да напишам, не сум сигурен но ако сакаш можеш да се консултираш со ССМ да ги прашаш за мобинг на работно, бидејќи мобингот спаѓа во заштитата на работничките права. Знам дека воопшто тие се бават со заштита на работничките права затоа и ти посочувам.
     
    Последна измена од модератор: 18 март 2022
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.938
    Допаѓања:
    5.773
    Пол:
    Машки
    Повеќе би ти помогнало ако напишеш статус на фб, наместо да го пријавиш. За жал таква е реалноста, ништо не функционира во државава.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.789
    Допаѓања:
    16.575
    Пол:
    Женски
    Има закон за мобинг на работно место, ако имаш документација од лекар можеш и да ги тужиш за оштета, мобинг на работно место. Правните лица мислам дека се запознаени со ова поконкретно.
    @Luciferka
     
  10. Трнорушка_

    Трнорушка_ Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2022
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки.

    Се борам со анксиозност некој период и ми се потребни совети.

    Четиричлено семејство сме, имам брат.
    Веќе извесен период го реновираме стариот дел кој би бил на два спратови, односно за брат ми.
    Имаме уште еден посебен спрат кој е целосно уреден што значи цела куќа би била три спратови.
    Неодамна низ разговор дознав дека целата куќа ќе биде на брат ми а јас нема да добијам ниту еден дел, ниту една соба, апсолутно ништо.
    Малку се шокирав кога домашните ми спомнаа дека би било срамота доколку се расправам и барам дел од куќата.
    Кренав раце по сите расправии со нив дека не е фер спрема мене.
    Не сум материјалист но ме боли помислата дека моите цело време размислуваат за брат ми.

    Помина некако и тоа се додека една вечер не добив анксиозен напад додека бев сама.
    Буквално се гушев и липав зошто сфатив дека сум осамена, немам кому да се потпрам, немам на кого да се искажам што ми тежи.
    Извесен период сакам личност со која не сум во добри односи.
    Тој има друга, јас не можам да засакам друг, порано ќе побарав совет од мајка ми, сега поради наведеното погоре, не можам ниту да сметам на нејзе зошто знам дека ќе бидам несфатена.

    Како и да е, ме боли.
    Запознавам многу личности, но тие кратко се задржуваат во мојот живот, зошто не знам.
    Одвреме навреме имам напади поради тоа, дал дома или надвор.

    Сега ќе излезам, но се плашам да се вратам дома зошто на еден начин сум во токсична средина.
    На некој начин се чувствувам сама на овој свет.
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. wildqueen

    wildqueen Активен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2022
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    417
    Пол:
    Женски

    Посети со време психолог,додека си на почеток,не се срами,слободно разговарај,ќе ти даде корисни совети.
    Лично јас немам проблем со анксиозност и не можам да те советувам што како.
    Ја следам Миа Костов,кај неа на профил отворено се зборува на таа тема,види во хајлајтс совети.

    Твоите не ги оправдувам,без разлика што он е маж,ќе донесе жена дома и му треба простор,според мене не треба се да остане и препише на него.
    Кај мене дома се е еднакво поделено на мене и брат ми.Татко ми смета дека без разлика што сум во брак,јас имам право на дел од нашата куќа,колку што има и брат ми,затоа што и двајцата сме негови деца,без разлика на пол.
    Утре ден ќе имам деца,ќе сакам да дојдам со нив,треба да имам каде да преспија.Можеби ќе се разделам од партнерот,па треба да имам каде да се вратам и сл.
    Јас сум во брак 2 години,мојата соба е сеуште моја и секоја прилика ја користам за преспивање дома кај моите.
     
    На Трнорушка_, bicycle, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.804
    Допаѓања:
    4.943
    Пол:
    Женски
    @Трнорушка_ разбирам зошто не сакаш повеќе да разговараш со мајка ти. Нивното однесување воопшто не е за оправдување од толку спратови се на брат ти. Барем да ти го остават спратот кај што сте сега. Мислам, стварно немам коментар. За ова не е крив брат ти, мислам дека е до родителите ама и тој треба да заземе став дека ова не е во ред ама очигледно му одговара.
    За да преболиш некој што си го сакал може треба да оставиш на времето, да се фокусираш на нешто друго.
    И јас сум во години кога најголем дел од луѓето што ги запознавам не се задржуваат во мојот живот, и најчестп не откривам лични работи затоа што не се чувствувам како да можам да се искажам.
    Затоа, одвреме навреме отиди си на психолог, запиши на хартија, фокусирај се на себе да го правиш тоа што го сакаш.
    После ова што се случило разбирам дека се чувствуваш дека си сама и дека не можеш да се потпреш на нив, секој би се чувствувал така.
    Освен фокус на себе, разговор со психолог ако веќе немаш со кој, јас би ти предложила нешто друго.
    Не знам колку години си и дали си вработена ама имај го ова на ум.
    Штом веќе сметаат дека ти не треба да имаш дел во куќата, барај им пари за стан и тоа максимум колку што може. Ако имаат да прават спратови, избори се да ти дадат барем за учество. Земи си едно станче, колку си во можност плаќај рата и тргни се од таа средина ако не ти одговара. Јас лично би се борела затоа што ова не е фер.
    Исто така, мислам дека твоите родители превише размислуваат на застарен начин, ама сигурно им значиш и би биле тука ако ти се потребни.
    За крај, разговарај и со брат ти, прашај го дали еве ако тој има ќерка би направил така, ако се разведе на пример, да остане на улица или да има свое место макар и една соба. Мислам дека е многу битнп да допреш до него, бидејќи родителите и те како се битни, ама после нивната смрт најблиска фамилија ќе си бидете вие еден на друг што сте пораснале заедно. Истиов муабет многу пати го имам правено со сестра ми и сме се согласиле дека нема очи да си вадиме за земја, куќи, итн. Ако така сакаат твоите, и брат ти не се согласи со тебе, штеди си за стан и терај си го твојот живот и гледај си напред. Некогаш единствено можеш да се потпреш на самата себе, а партнер и пријатели ќе си стекнеш постепено.
    Има еден куп вакви случаи, ќе остават се на машкото старите, а кога ќе клапнат ја бараат ќерката. Затоа, биди малку посебична и грижи се повеќе за тебе затоа што понекогаш мораме да сме силни. Дали метидација, разговор, вежбање ичи трчање, едно обично возење точак ќе ти делува убаво.
    П. С. Колку што е дете тој, толку си и ти. Бори се и по цена на расправии зошто не е никаква срамота. Еве ако е срам да се бара дел од истата куќа барај учество или да ти помагаат со рата за стан.
     
    Последна измена: 18 март 2022
    На Трнорушка_, bicycle, etoile и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Трнорушка_

    Трнорушка_ Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2022
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    @WarriorAngel секогаш кога спомнував нешто одоколу, секогаш ми враќаа со тоа како штеделе пари за спратот, каде инаку ќе живееле снаата и брат ми? :)
    Не сум јас таа била да кажувам како и на што да ги трошат парите.
    Имам заштеда, недоволна за стан.
     
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.374
    Пол:
    Женски
    @Трнорушка_ искрено..жал ми е шо се твоите такви.
    И јас како членката погоре, ќе те посоветувам прво да идеш на психолог.И да си разговараш и за анксиозноста и за ова, менталното здравје е пола здравје.И прво тоа треба да го средиш, после ќе ги седнеш твоите, брат ти и не мораш, и ќе им кажеш дека не е 19ти век за уште да ги делат децата така, пошо може и ти сакаш со маж ти во таа дома да живееш, и шо?Да не ќе те избркаат случајно?Башка, три спрата, не ќе да се за жалење твоите, абе и едно сопче да е, треба да е рамноправно.А од три спрата, ниеден да не дадеш на ќерката??
    Да нема свое засолниште?Затоа после у темине за варање, и насилство читаме дека седат со идиоти пошто нема кај да си идат.Не викам дека ќе ти се деси тоа, да не ме сфатиш грешно, ама убаво би било да имаш свој дом.А башка, зашо они мора да работат за брат ти и снаата?Брат ти и идната снаа, не се способни сами да си заработат?
    По мене најферски би било, или во иднина да се продаде цела куќа и парите на пола, или ќе се договорите.Еден спрат за твоите, еден за тебе, еден за него.Секој среќен и задоволен.
    И јас би се осеќала осамено ко тебе веруј, добар човек сум и сум секогаш за правда, а ова е неправда.И мене не би ми било убаво да ми го речат тоа, или да мислат така..
     
    На Cecko85, Трнорушка_, wildqueen и 2 други им се допаѓа ова.
  15. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.435
    Пол:
    Женски
    Го прочитав постот на @Трнорушка_ и ќе кажам дека воопшто не сум изненадена што постојат такви родители.
    Во еден разговор со другарка ми го водев сличниот муабет, во овој случај таа е разведена со мало детенце и живее кај нејзините и ми спомна дека кога брат и ќе стапи во брак, таа ќе мора да си замине, зошто сето тоа припаѓало на брат и и како нејзината мајка исто така не барала следување од своите дел од куќата кога живеела таму пред брак.
    Да бидеме реални, со мизерниве плати во Македонија тешко дека ќе има удобен живот за нејзе и нејзиното синче.
    Некои родители се толку заостанати што тешко дека ќе излезат во пресрет на ќерка.
    Јас би и кажала да се распраша и советува со адвокат, да размисли кој чекор ќе превземе, и по кој пат би одела.
    Ова не е наивна и мала работа и не се решава преку ноќ.
    Брат и сам треба да застане на нејзина страна, а не да биде алчен и да ужива од страна.
    Доста нефер и од негова страна доколку не се потрудил да ги разубеди родителите.

    За жал ова не е единствен случај, општо на Балканот владее таков простотилук и заостанатост и дека нормално било на мажот да остане се, зошто нели тој ја продолжува лозата, маж бил.

    Чаре - да не попушта и да оди до крај.
     
    На Cecko85, Feminka22, Трнорушка_ и 2 други им се допаѓа ова.
  16. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.804
    Допаѓања:
    4.943
    Пол:
    Женски
    @Трнорушка_ добро, нема проблем, штом не си ти таа што треба да им каже кај да си ги трошат парите, од сега може само да очекуваат сменет однос од твоја страна.
    Знам дека те сакаат како ќерка, ама секој би се чувствувал така осамен. Не е дека тие те избркале ама многу старомодно. Уште како турско време да се тера кога жените немале право на глас.

    Може треба од друг агол да се гледа на ситуацијава...старите праат куќа со надеж дека брат ти и снаа ти ќе живеат со нив и ќе бидат сложни и се супер. Ама, во денешно време ретко која снаа ќе отиде во заедница. Така да, тие нека прават планови колку сакаат, ти разговарај со брат ти.
    Ако им се погоди некоја лута снаа допрва ќе сфатат колку згрешиле, ама дотогаш ќе си го изградиш животот..

    Ако е таква работата, полека ќе си одиш по твојот пат, најбитно е да бидеш здрава, ќе заработиш и ќе си купиш. Ако не сакаат да ти дадат, после кога ќе сакаат да им одиш по газот, ќе им речеш само дека не можат да ти кажуваат како да се однесуваш. :)
    Мислам, стварно не сум материјалист и си ги сакам родителите, ама вакво делење не е во ред. Едното дај му се, а на другото од три спрата една соба да нема?!
    Отсега немој да си платила сметка, да си купила храна освен нешто за тебе, и немој случајно да ти текнало да вложуваш во таа куќа. Само нека им текне нешто да ти речат. Штеди си и отиди си и верувај ми дека се ќе биде во ред.
     
    На Feminka22, Трнорушка_ и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Можеш но треба да го докажеш дека има мобинг што оди доста тешко.
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.101
    Пол:
    Женски
    Грешка е што кажуваш колку те чинеле патиките, никогаш ама баш никогаш не се кажува реалната цена,не мора никој да знае.
    Од друга страна,верувам дека повеќе ти била битна удобноста отколку цената и затоа си ги зела. Јас би потрошила толку пари на такви патики,барем нема да ми страда нога.
    Од друга страна не мораш да им кажуваш сѐ, но можеш да водиш рачун околу финансиите. На инстаграм има еден акаунт moifinansii пронајди го и научи интересни и корисни трикови.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Трнорушка_

    Трнорушка_ Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2022
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Феминки, ве прочитав и ви благодарам на подршката и советите.:hug:

    Што се однесува до брат ми, тој воопшто не се замара со мене, ја користи секоја прилика да ме нервира.
    Единствената подршка што ја имав ја немам повеќе а беше од бившиот партнер.
    Сама сум оставена да се борам како знам и како умеам, веројатно ќе успеам.
    Не ми е толку мене за делот колку за начинот како општо како семејство се однесуваат со мене, куќа, стан фала богу се купува/гради но поради нивните постапки општо кон мене не натераа целосно да ја изгубам довербата и почитта и воопшто не е убаво чувство.
    Неодамна поради стрес имав тахикардии, па и течење крв од нос и доцнење на месечниот циклус а почнав и да имам проблеми со концентрација.

    Некој период би се дистанцирала од фамилијата, веројатно само формално би имала контакт со нив.
     
    На Cecko85, Ugly Duckling, WarriorAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.907
    Допаѓања:
    11.455
    Пол:
    Женски
    @Трнорушка_ Јас ќе те советувам сосема спротивно од другите, само за едно се согласувам посети психолог.
    Иста ситуација како твојата мајка ми имаше со нејзината сестра која не сакаше да и плати делот кој и го отстапи, а беше минимален дел за разлика од нејзиниот, а таа си тераше луксузи. Поради стресот не сакаш да знаеш мајка ми какви дијагнози си накалеми, среќа сега се зад нас.
    Те разбирам дека те боли, ама прифати дека таква и е одлуката, заштеди си пари и купи си нешто твое на отплаќање со кредит. Знам дека е многу тешко ама со тек на време ќе се среди. Не знам колку си години ама макар гарсоњера да си отплаќаш за да имаш мир. А за твоите едноставно сврти и грб ама без да си ја јадеш душата. Што ќе добиеш ако тргнеш по адвокати, само стресови, нервози и болести, ексик нека е спратот. Знам дека многу ти е криво, твоја крв се ама колку побрзо ја прифатиш ситуацијата толку подобро за тебе да си имаш мир за себе.
    Штом се такви, биди себична и биди си на прво место. И да имат потреба од тебе за било што, а верувај дека ќе имат нагласи им дека за нив нема да бидеш, го имаат брат ти. Нема да доливам масло на огнот ама и тој е крив. Само едно ќе ти кажам, чувај си здравје. Мајка ми и после 20 години, и е стресно кога се сети на тоа ама едноставно не сака да прифати дека таа правеше се за нив а тие ја ставија на последно место.
    Затоа батали и адвокати, тужби и триста чуда, можеби еден ден и цела куќа ќе можеш да и ја земеш ама верувај здравјето ќе си го изгубиш. На крај тоа е нивна куќа како решиле така ќе прават иако не се исправни во делбата.
    А за дечко, не се сеќирај, секој од нас наидува на погрешни, пак погрешни за еден ден се наидува на права личност. Така е и со пријателите, доагаат и си одат. Научи да се ставаш на прво место, цени се и чувај си го здравјето :hug:
     
    На Трнорушка_, Angie1432, StrawberryHeart и 4 други им се допаѓа ова.