Дали ви се случило некогаш да ви е сеедно се во животот? Да живеете рамна линија, дури и за некоја трагедија да не пуштите солзи што би се рекло? Едноставно ништо да не ве погодува веќе, од една страна некој ќе рече, супер е така, ама мене не ми е воопшто, можев родител да изгубам, а јас останав мртва ладна без никакви чуства, искрено почнав да се секирам.
Ми се случило, кога изгубив родител. Би ја опишала како некоја состојба на шок. Отапени чувства, никаква реакција, мртвило.
Дали може да ми дадете совет што да правам кога некоја личност што навистина сум ја чувствувала блиска, одеднаш толку многу ме повреди?
Зависи што се десило.. Лично, јас не простувам. Еднаш ме убодеш у грб, биди сигурен дека нема да се деси втор пат
Јас би и простил ако се извини, но извинувањето да не е поттикнато од тебе или од трета личност. А ако е голема работа во прашање, после извинувањето, дистанцирај се малку од неа.
се слагам со тебе. да не пишувам пак мада кај мене извини не пали, ако е ситно нешо океј.Ама на кварно да ме преебе некој, нема шанса викам дека е човечки да се даде шанса, ама зависи од особата каква е, како се однесува од кога усрала, и што/колку усрала пошо гомното колку и да го мачкаш со розе, пак ќе е гомно
Ќе простам, ама личноста засекогаш ќе биде избришана од мојот живот. Ако намерно ми предизвикала болка, од живи ќе ја отпишам. Порано давав шанси, човечки е да се згреши нели, но искуството ме научи на нешто друго. Ама тоа сум јас.
И да и простиш прашање е дали повторно ќе ја имаш довербата и истите чуства кон таа личност. Пример мене после простувањето нема воопшто да ми е гајле за неа/него, отпишана ќе биде. А и никаква доверба не би имала за да продолжам да се дружам. На дистанца ќе сум.
Разговарај со неа, зошто тоа го прави, често од блиските луѓе најмногу боли, но да беше некој друг толку многу немаше да замериш, нетие сеедно да ја испуштиш, кога тие близок човек шо го сакаш и сакаш да ти е покрај тебе. Дали има и добри работи покрај ова шо ти се заборавени-? Често се фокусираме на најлошото но сме заборавиле на се друго.
Дечки, очајни ми треба совет. Не знам како да изреагирам во оваа ситуација, моментално вријам од нервоза. Ако сака некој нека ми пише лп, не е за во јавност.
Здраво, не знам каде би можела да се обратам па ми текна овде, карши мене каде што живеам очигледно има ненормални комшии, за жал терасата ми е тука, карши сум приметила комшијата дека често пати стои гол на прозор, можеби на некој ќе му биде смешно, мене не ми е воопшто, посебно летно време не можам да седам внатре, не знам што да направам, да му речам нешто не верувам дека нема да се однесува така, постои ли некоја ограда нешто да заградам било што? Ова е стварно ненормално
Не знам дали сум станала анксиозна или што и да е, во последно време многу лесно се вознемирувам, имам како да кажам некој страв... Накратко, последниве денови присуствував на неколку настани каде што беше цела фамилија, сите успешни, кој завршил школо па се вработил, ајде сите можеме да се вработиме, на страна тоа, туку сите некако се омажија-оженија (звучам како некоја баба) ама мислам дека само јас останав сама, сите изградија некаков живот, јас ниту се вработив ниту најдов асален дечко, со кој и да почнам нешто, ми дечува како да не се заинтересирани за мене, ниту сум некоја грда ниту не знам, зашто само јас немам среќа во овој живот, понекогаш ми е здосадено од се, едноставно многу сум несреќна, уште повеќе ме плаши помислата дека само јас ќе останам немажена во цела фамилија, како сите имаат толку среќни бракови и слога... А да напоменам доста голема фамилија сме и од стр на мајка ми и татко ми, сите се среќни весели со некој, а јас сама, зашто го заслужив тоа
Не се оптеретувај психички дека мора да се омажиш затоа што сите наоколу веќе го направиле тоа. Гледај да се донадградиш себеси, најди работа што ќе те исполнува, макар и да смениш работни места, најди некое хоби за да ти се исполни времето и да не мислиш цело време. Кога најмалку очекуваш ќе најдиш некој, немој да се форсираш дека мора нешто да биди сега, ќе си дојди се на свое место. Не си прави стрес затоа што лошо влијае на здравјето, и остава траги понатаму