Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. ElenaBUTTERFLY

    ElenaBUTTERFLY Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2021
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Дечки,ми треба еден совет,јас сум студент со висок просек,во учење,задоволна од факултетот,но,сега моментално не мачи еден предмет а тоа е математика немам положено,а сакам само една 6 ,таа една и единствена ќе ми биде бидејќи сите ми се 9 и 10,.Дајте ми совет ве молам како да и пристапам на професорката да ми пише 6?
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    А без испит да ти пише?
    Ова болдираново на така ми заличи
     
  3. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.447
    Допаѓања:
    12.232
    Пол:
    Женски
    Како да ти пише 6ка? Мораш да полагаш, ако ти фалат поени нешто минимално 1 или 0,5 ќе ја замолиш. Нема друг начин
     
  4. Cecko85

    Cecko85 Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2020
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Машки
    Ajde ke si dojde i tvojata srejka
     
  5. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    Додека да молиш за незаслужено 6ка, без да полагаш, подобро плати приватни часови кај некој добар професор и со знаење положи.
     
    На elimkd и Cecko85 им се допаѓа ова.
  6. ElenaBUTTERFLY

    ElenaBUTTERFLY Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2021
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Не се замарај со такви размислувања.Од каде знаеш каде е твојата среќа.Допрва ќе дојде во твојот живот.
    Биди среќна исполнета и размислувај позитивно а не вака
     
  7. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Сериозна си? Камо така да се завршуваше школо, сите ќе дипломиравме во рок, со просек. И јас имам висок просек, и тоа покрај бебе успевам да го одржам просекот, ама имам еден испит што лани го паднав и годинава ми е страв да го полагам бидејќи се истрауматизирав од тогаш. Имам веќе поени од предиспитни активности, доволни се за да го положам, ама не е тоа поентата, треба и испитот да го поминам, да го покажам знаењето што се бара. Никогаш ни на крај памет не ми текнало да ѝ речам на проф да ми се смилува. Замисли да ја налутиш, па ич да не можеш да положиш додека не влезе во пензија. Па после ќе си чукаш главата. Седни научи си, плати си професор за дополнителни часови, и со лесно.
     
    На Cecko85 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.808
    Допаѓања:
    7.291
    Пол:
    Женски
    @ElenaBUTTERFLY Зависи која е причината поради која не можеш да положиш. Кога веќе ти оди добро по другите предмети, верувам дека и математика можеш да научиш за 6ка. Можеби да поразговараш со професорката дека материјалот ти е преобемен, претежок и евентуално да се договорите што од материјалот треба да знаеш и до кое ниво, за да стигнеш до таа 6ка. Како ќе постапиш и што ќе кажеш зависи од професорката, секакви луѓе има, може да ти излезе во пресрет ако не е во прашање чисто твоја мрза или уште толку да ти го загорчи животот.
    Со идеите да плаќаш за приватни часови не се сложувам, факултетот (односно ти како студент кој плаќа школарина) веќе плаќа професор кој ако бара знаење, треба и да го понуди. Можеш да ѝ побараш дополнителна помош на професорката, литература или пак да побараш помош од колегите кои положиле или го спремаат испитот, па да си се бодрите. Сѐ зависи од даскалот, ако сака, може да ти помогне да ја решиш ситуацијата.
     
    Последна измена: 1 јуни 2022
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.667
    Дали според вас е во ред ова, мислам дека имам право што се лутам!!!! На фб ми пиша еден дечко (иначе фб не користам и има само една слика каде што не се ни гледам баш) и ајде се ок со дечково, додека не дознав дека живее кај братучедка ми, јас иначу многу мразам да праќам слики, посебно на рандом луѓе, му реков имам на фб за сега е доволно блабла, после некое време замислете... Најверојатно он ја прашал братучедка ми за слика, а братучедка ми сестра ми и она пратила и овој ми праќа слика од мене и ми вика еве те најдов, искрено ПУКНАВ во тој момент, на сите им се налутив, што имаше да праќа сестра ми слика а овој толку упорен, еве не знам дали грешам што се налутив, престанав да му пишувам...
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    Во право си и јас би се налутила.
     
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SummerGirl12

    SummerGirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2016
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Девојки, јас искрено сум многу западната во некој мисли стравови сомнежи, кој никогаш не сум ги имала со ваков интензитет.Порано бев личност што не ја интересираше ништо бев остра лоша и најголем идиот си признавам, откако ми се случија некои работи се сменав. Господ така одлучич дека треба и така е. Но сега преќутува многу работи берам во мене и се нервирам, и нон стоп сум нешто или тажна или нервозна а несакам да сум таква.Сега имам еден тон работи што ме мачат,се нервирам сакам многу работи да променам а неможам. А од друга страна имам детенце кое ми е единствена светлина во животот.Посетувам и психолог но залудно е кога дома неможам да го решам проблемот. Незнам дали би успеала да ги искажам сите проблеми овде, но тешко е!!!! Се мачам со работи што не прават а несакам ама никој не ме слуша, се грижам за сите за сите берам гајле,се плашам за детето пазам се до секој детал, секој ден играчки му перам менувам чаршави ќебиња и сл. Како опседната уплашена од се. Неможам никако да се опуштам к да уживам во животот. Последно нешто што ме изваде од контакт њ тоа што мажот ми оди со автомобилот на нива пошто живееме блиску до градот а нивата е подалечку и носи отрови и сл што прскаат нивите и пак потоа во истиот автомобил ставам количка и сл за детето.Верувам дека пази не е до толку и сл. но сепак се плашам од такви работи, како ненормална. Како будала кога си иде дома од таму пребришувам кваки врати и сл и се нервирам. Раце да не кажувам колку пати на ден мијам значи еден сјај од литар во три дена е потрошен. Друго проблем со свекрвата веќе имам пишувано. Катастрофа сум.... Незнам како да де опоравам несакам вака да го врвам животот, да не уживам.....Извинете на долгиот пост морав.....
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Некое време уназад се осеќам дека не сум тоа што сакам да бидам..сакам да работам на тоа, но никако не почнувам. Самиот мозок како да ми поставува бариери.
    Ова не се однесува за кариера туку за себе како личност. Сакам да се хранам здраво, сакам да почнам да вежбам, сакам да имам хоби, но ништо од тоа не правам. Си идам од работа и се што правам е јадам и лежам. Цело време се осеќам како исцрпено.
    Не знам ни што да почнам да вежбам од се осеќам страв, дека не ме бива ни во теретана да одам.
    Налет на се ова цело време осеќам како вртоглавици, нервози…не можам во едно место да седам мирна кога сум во гужва и со луѓе едноставно се од тоа ми смета.
    Не знам што да направам во врска со ова да го надминам ;(
     
  13. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Како да се соочам со најблиската фамилија? Не можам, ме уништуваат со години наназад. Неколку години додека студирав во друг град скроз се дистанцирав, ама сега морам да живеам дома. Моментално не можам да се преселам, немам финансии, невработена сум, самохран родител, а бебето уште не го примаат во градинка. Дури и кога ќе се вработам тешко дека ќе можам да одам под кирија...
    Мајка ми премногу ме контролира. Постојано ме распрашува, кај си, со кој си, зошто уште не сте се вратиле дома (во 9 навечер, а сме излегле во 7??), зборуваш ли со бившиот? Па си прави милион филмови како ги искористувам, штом ќе начекам прилика ќе сме избегале со детето кај татко му, и постојано истите муабети.
    Брат ми ме навредува и мене, и детето, ни се дере, ми посакува смрт, ме понижува, иако му готвам, го перев на раци кога се расипа пералната, му ги средувам работите, му купувам сѐ што ќе посака итн.
    Сестра ми не се замара за ништо живо, сите ги искористува, ми бара пари, ми буричка по работите, ми влегува во соба кога бебето спие, тропа без осет, ги троши моите лични производи, заедно со брат ми го јадат јадењето што сум си го купила за мене или за син ми итн.
    Јас сум како слугинка во куќава. Штом заспие бебето трчам, чистам, перам, диплам, мијам садови, готвам, средувам сѐ што треба. Брат ми и сестра ми само растураат, трошат, јадат, оставаат на ѓубре на сите страни и од мене се очекува да трчам по нив. Мајка ми кога си дојде вика по мене зошто ова вака зошто она онака. Колку пати и да им кажам на моите што се случува кога тие не се дома, добивам одговор "епа тие такви се". Психички попуштив, немам поддршка од никого, немам ни каде да отидам да го изнесам бебето.
     
  14. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.940
    Допаѓања:
    48.129
    Пол:
    Женски
    Баш ми е жал низ што се поминуваш, прежално, не би знаела што да те посоветувам не знам ни на која возраст сте со братот и сестрата, прво што помислувам е доколку твоите имаат имот да се подели меѓусебно и секој посебно, помалце ќе се гледате и можеби повеќе ќе се цените сите, детенцето в градинка ти да си најдеш работа верувам дека и мајка ти би ти помогнала
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Има татко ми имот, имам кај да живеам сама со детето, ама мене не ми е дозволено да ја напуштам куќата. :)
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dumbledore

    Dumbledore Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Полиција.
    Ова е загрозување на твојата слобода. Не може туку така да ти забрануваат. Немаш 10 години.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Па не, имам избор... или ќе седам тука со нив и ќе трпам или пат под нозе, оди кај знаеш и умееш и никогаш веќе не нѐ барај. There's no in between.
     
  18. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.435
    Пол:
    Женски
    А зошто трпиш, најсериозно?
    Зар по секоја цена ќе останеш со нив оти си уценувана?
    Имаш мозок, вработи се, барај помош од некој на кој што можеш да му веруваш?
    Па пријави, имаш и СОС броеви за помош.
    Битно е од некаде да почнеш.
     
    На Dumbledore му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Не можам да одам на работа додека не го примат детето во градинка. А и кога ќе се вработам, шо попрво да заправиш со минималец, кирија да платиш или пелени да купиш? Ќе треба уште најмалку една година да трпам за да можам да тргнам некој денар настрана за да имам за неколку месеци. Немам од кој близок да побарам помош. Имам причини зошто не можам да побарам помош од институции.
     
  20. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.435
    Пол:
    Женски
    Што е со таткото на детето?
    Каде е тој?
    Поради него си во гуша со проблеми.
    Знам дека не сте заедно но некогаш треба да прегазиш гордост и да бараш помош од некои луѓе.
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.