Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.808
    Допаѓања:
    7.291
    Пол:
    Женски
    @nevermet18
    Нема зошто да се соочуваш со твоето семејство штом е ситуацијата таква каква што е. Не те прашувам колку години имаш, зошто си се нашла во таква ситуација, дали твоето семејство секогаш било такво или станува такво поради одредени околности, имаш ли партнер/сопруг или некој од неговата фамилија кој може да те прибере. Сега твоја одговорност е да преземеш одговорност. Ако не помага разговор со твоите родители малку да ја смират топката, ако немаш баш никому да се обратиш за помош, тогаш ќе истрпиш, ќе ги игнорираш колку што можеш и мораш час поскоро да најдеш работа, макар и за викенд/навечер кога можеби можат твоите да го почуваат бебето дур спие. Мораш да собереш храброст и да се ангажираш. Извини, ама муабетиве ми се чудни, ќе избегаш кај бившиот? Малолетна ли си, консенсуално ли стана мајка? Пробај со бившиот тогаш да се договорите за издршка, како сте се договориле дете да направите, мора да најдете разумен начин и како да го чувате.
     
    На elimkd, deskarada и Angie1432 им се допаѓа ова.
  2. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Во странство е. Се обидов да му кажам барем за дел од проблемите, да не испадне дека го молам или дека сакам да сме заедно. Претходно ми има спомнато ако сакам да ми помогне да заминеме и ние таму, ама сега кога му спомнав дека сакам да излезам од тука, ми рече, цитирам "снаоѓај се сама".

    Нема разумен разговор и разумно решение со никого. Моите му забрануваат на него да си го гледа детето. Тој скришум праќа некој денар понекогаш, ама реално ни за памперси не се доволно.
    Не сум малолетна. И не можат да го чуваат тие, постојано имаат работа, не само 8 часа во денот.
     
    Последна измена од модератор: 2 јули 2022
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.808
    Допаѓања:
    7.291
    Пол:
    Женски
    Вака, да не биде дека зборувам напамет, но твојот дечко/бивш партнер е родител и татко на тоа дете и одговара пред закон. Нема сакам/не сакам. Ако не сакал, требал кондом да си користи. Искрено не знам што те плаши или спречува да ја решиш прво таа ситуација, мораш институционално да го решиш проблемот, на твоето дете му следува алиментација, бидејќи не е твое туку ваше. Не сакам да ме разбереш погрешно, ама чувствувам отпор од твоја страна, на секој предлог одговорот е не можеш. Не смееш да не можеш. Тоа е родителството. А за твоите, истото важи. Дотолку повеќе што не си малолетна, немаат ниту законско право на родител да му забрануваат да си го гледа детето, ниту ти смееш тоа да го правиш. А за работата, ако не ти е јасно, тоа ти е единствениот излез. Ќе најдеш работа и ќе најдеш некој да ти го причувува детето за пари, некој од поширока фамилија, другарка некоја, некој од некаде, па зарем немаш еден човек за да ти помогне со детето? Не е решение да чекаш финансиска помош од другите кои очигледно те уценуваат, условуваат и ментално те оптеретуваат.
     
    На elimkd, deskarada, mssuniquee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Тука имаш многу претпоставки. Тој не одговара пред закон и не е должен ниту алиментација да плаќа ниту ништо друго. Не е запишан како родител во извод од родени.
    Друго не зависам финансиски од нив, моментално земам минимално социјална помош и до пред 1 месец земав стипендија за просек. Единствено кров над глава ми пружаат, за сѐ друго си плаќам, си купувам храна за мене и за детето, пелени, делиме сметки.
    И не, немам никој што би можел да го чува а за тоа да не ми побара пари. На саат, два може другарка да го чува, ама не и 8 саати.
     
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.478
    Допаѓања:
    127.195
    Пол:
    Женски
    Ама, вакво трпење и тебе и на детето полошо ви прави.
    Мора да најдеш работа.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.808
    Допаѓања:
    7.291
    Пол:
    Женски
    Имам претпоставки да, кажав дека претпоставувам, тргнав од твојот иницијален пост, дека сакаш да се соочиш со фамилијата која ја опиша и кажа какви се. Повторно претпоставувам дека тоа значи дека си свесна дека нема да можеш да се договараш со нив. Нема ништо добро да ти донесе соочување, ниту некако ќе ти помогне во конкретнава ситуација, бидејќи парите ти се најголем проблем, кога би ги имала би можела да се иселиш. Ако знаеш некој јазик како плус ќе си побараш работа, има фирми што ти дозволуваат да работиш од дома и во смени, значи дете ќе биде со тебе, а ќе ти треба некој да го причува ете неколку саати, со плата секако каква таква кирија ќе можеш да платиш. И напоменав дека однапред се извинувам за претпоставките, но едноставно сметам дека некои одлуки мора да се донесат затоа што е дете во прашање. Друг совет стварно не знам, финансиската независност ти е најбитна, социјална помош ништо не ти решава.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Да, да, и мене ми е највеќе за детето. Да сум сама можам и да игнорирам и да излезам по цели денови да не сум дома, а и да работам. Да појде само во градинка и одма ќе гледам да заработувам.
     
    На Abel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.478
    Допаѓања:
    127.195
    Пол:
    Женски
    Арно ти спомна членката.Распрашај се за некаква online работа.Па, после друга.
    Колку побрзо почнеш да тргаш пари на страна, толку поарно.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.928
    Пол:
    Женски
    Нема друго решение, освен да најдиш работа. Твоите како да не се свесни за твојата ситуација и тешко дека ќе ги смениш.
    Имам читано дека имаш завршено англиски јазик, ако не се лажам. Прв приоритет нека ти биди да најдиш работа онлајн, знам дека има доста што преведуваат вести од нашата земја за странство пример. Ако не најдиш барај нешто со пола работно време, или на крај, што и да е со 8ч.
    Не знам зошто детето не можи да се запиши в градинка, дека нема место или поради тоа што си невработена. Кога ќе почни да оди во градинка ќе ти биди многу полесно и физички и психички.
    Тогаш ќе направиш математика колку ќе ти стигаат парите за да живееш на страна. Ако твоите ти помагаат само со покрив над главата и делите сметки, тогаш би требало да ти стигаат.
    И да заминиш, замини без кавги, не знаеш кога пак би ти затребале, кажи дека сакаш да пробаш да живееш сама, да видиш дали ќе успееш.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.808
    Допаѓања:
    7.291
    Пол:
    Женски
    Ти посакувам среќа :l::l:
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Онлајн/фриленс не се нафаќам во моментот да работам бидејќи ќе го изгубам социјалното, а со тоа и здравство ќе немаме и двајцата. Ми треба сигурно работно место, се надевам дека ќе најдам, па какво и да е.
    @Maca Macka уште немам дипломирано, ама блиску сум. :) Не мора да е поврзано со факултетот, што и да е би работела, не прибирам сѐ додека можам да му пружам нормален живот на детето.
     
    На elimkd и Maca Macka им се допаѓа ова.
  12. Irenaiki

    Irenaiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Некој лп?
     
  13. Nepoznata92

    Nepoznata92 Нов член

    Се зачлени на:
    17 јули 2022
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво.Не знам дали ја избрав соодветната тема за совет но еве ќе прашам. И не е некој проблем колку што јас свесно а не сакајќи го правам проблемот да биде колатерален и со длабоки последици.Значи можам многу лесно да заспијам е сега проблемот е во тоа што ако некоја личност проба да ме разбуди после 1 час спиење,и ме праша спиеше ле?Јас на тоа одговарам со не ,не спиев .Во моментот кога тоа ме прашува ми идат мисли дека сум свесна и не сум спијала .Ужасно ми смета тој проблем, му се случува ле и на некој друг така?Како го решил проблемот ?
     
  14. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.940
    Допаѓања:
    48.129
    Пол:
    Женски
    Па кажи им нека не те прашуваат и решен проблем
     
    На Elf му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.004
    Пол:
    Женски
    Стварно не знам зашто те будат и те прашуваат дали си спиела?:?:
    Очигледно не е ни настан што еднаш се случил...

    Мислам дека немаш никаков проблем. Многу е нормално во првиот час после заспивањето, во случај да те разбудат, да имаш чуство дека не си ни заспала или дека си била свесна.

    Сонот треба да се информираш малку повеќе околу фазите на сонот и начинот на кој функционира мозокот за да ти биде појасно.

    Сонот, кога спиеш ноќе и повеќе саати се одвива во циклуси.
    Значи не легнуваш и одма штом заспиеш да почнеш да сонуваш и свеста не се исклучува од надворешниот свет одма после заспивање, туку постепено.

    Еден циклус трае некаде помеѓу 90 минути и два часа. Во една ноќ обично човек поминува во просек 4-6 циклуси, зависно од тоа колку саати континуирано спиел. Во текот на еден циклус од саат ипол до два, има различни пократкотрајни фази за кои се карактеристични различни мозочни активности. Според некои има 3 според други 4 такви фази во еден циклус.

    Првите неколку фази од сонот (се викаат не-РЕМ фази), се фази кога не сонуваме туку тогаш телото постепено се опушта и мозокот постепено се успорува. Значи во првите три фази се оди од фаза на полесен кон фаза на подлабок сон.

    Првата фаза е кога од будни се успиваме (ги опфаќа и подготовките за спиење, ритуалите, легнувањето, местењето и фаќањето положба).

    Втората фаза е онаа на полесен сон кога се менува ритамот на работа на срцето, дишењето, паѓа телесната температура и се гасат движењата на телото т.е. моториката. Во оваа фаза се нормални оние ненадејни и неволни трзаи со екстремитети како дел од тоа „гаснење“ на моториката и периферниот нервен систем.
    Будењето, ако се случи, во оваа фаза е многу полесно.

    Претпоставувам тебе те будат во тој период зошто велиш дека лесно се будиш.
    Во тој период, според поновите истражувања, мозокот може уште да е конектиран со кората на мозокот (која е одговорна за свеста) и да сеуште примаш понекоја дразба од надворешната средина.

    Во длабок сон е фазата кога мозокот има најуспорена функција брановите му се најдолги (делта бранови), притисокот е намален, дишењето е бавно.Во оваа фаза се врши репарација и регенерација на мозокот и на телото, се чисти отпадот од клетките, растат ткивата (се ослободува хормонот на раст најмногу) крвта се насочува да тече во мускулите заради нивна репарација.
    Ако некој те разбуди во оваа фаза потешко ќе се расониш и ќе бидеш гроги извесно време.

    Сонот се случува само во една фаза од циклусот, таа последната - РЕМ фазата (rapid eye movement фаза). Сите останатите се не-РЕМ фази.

    Оваа фаза не настанува одма штом затвориш очи туку после 1 ч. до 1.5 ч после заспивањето. Оваа фаза карактеризира со брзи движења на очите под капаците во разни правци, по што го добила и името. И покрај овие движења очите не примаат дразби, дури и малку да се подотворат капаците. Ја викаат и парадоксална, затоа што спротивно на првичните очекувања дека тогаш треба да е мозокот најсмирен, тој е многу активен. Активноста на мозокот тогаш е послична на таа во будна состојба. Во оваа фаза се забрзува пулсот, притисокот расте и дишењето е позабрзано и неправилно, температурата на телото се менува. Клучна е за когнитивните активности, учење, меморија, креативност.

    Во една ноќ значи ќе имаш неколку РЕМ фази со тоа што првата трае околу 10 минути, наредните нешто подолго, обично последната РЕМ фаза е најдолга и може да трае и до 1ч.

    Многу е битно кога спиеш да ги поминеш целите циклуси.
    Тоа будење пред да стигнеш во РЕМ фаза ако се повторува често води до депривација од сон. Долгорочната депривација од сон има штетни последици и физички и психички.

    Така да ти препорачувам да си се наспиваш навечер колку што ти бара телото и мозокот и да не дозволуваш да те будат откако си легнала.
    Ако те будат по телефон стави го на тивок режим или исклучи го, а ако те будат домашните кажи им да не го прават тоа.
     
    На cresa-jagoda и EvAngelos им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.725
    Допаѓања:
    10.238
    Пол:
    Машки
    Од каде да најдам добра перница што не пропаѓа за 1 месец користење?
     
  17. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.741
    Допаѓања:
    18.446
    Пол:
    Женски
    Од дормео земам неколку години по ред и сите се покажаа топ.
     
    На EvAngelos, cresa-jagoda и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  18. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    26.399
    Пол:
    Женски
    Дормео
     
    На EvAngelos, cresa-jagoda и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.004
    Пол:
    Женски
    Убо што праша, и јас периодов лутав и неколку утки направив со перниците. Џабе пари фрлив.

    Јас со години сум со анатомската перница од дормео.
    Не ја менувам па што сака нека е :D.

    За другиве дома ми беа потребни обични, неанатомски преници, така да и мене ми е добредојдена информацијава.
    Може треба и тие од дормео да ги набавам, еве ги фалат.

    ПС. се извинувам може не е муабетов за тука на оваа тема. Преместете го ако не..
     
    На minne992 и EvAngelos им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.725
    Допаѓања:
    10.238
    Пол:
    Машки
    pernica.jpg

    Оваа ја земав од Стружанка, 350 ден. Има адаптивно полнење, во смисла ако ти е многу висока, има патент, ќе си откопчаш, ќе си извадиш малку од полнењето и ќе си закопчаш и ќе биде пониска... па ако се намали, ќе го вратиш полнењето :) Па ќе видиме како ќе биде.
     
    На Cosmic Girl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.