Девојки незнам колку ми е проблемот за тука но морам да пишам. Кажете ми како да се справам со глупостите што ми се нон стоп во глава, значи се плашам да не нешто му се случи на моето дете. На пример еве денес имаше нешто црвенло на рачето како облазено незнам, и јас се сулајв од како го видов. Сегде испрашав и се траштам како несалам. Одма се плашам мислам се и сешто паничар шо.... А живееѓе на село и имало и ќе има такви работи. Малку да заплаче леле одма си мислам ете нешто од тоа му е и се нервирам и ми се плачо. Го пазам леле мајко и де приттесвам за се.... Помош некаква совет
Јас сум мислам бетер, ако се накашла ама зошто кашла, ако падне и се удри плачам со него, леле мајко кога е болно буквално ништо в уста не ставам, понекогаш мислам да отидам кај стручно лице за разговор, затоа и не се ни осудувам на второ мислам нервите ќе ми попуштат
Четвртото само ке си менвит пелена само ке си расти млеко ке си пие Смири се не се паничи толку , некогаш и на глава да му висиш ако реши да паѓа ке падне, или колку и да го чуваш ке се разболи Маж ми беше таков дур беа мали само се паничеше а јас смирена , некогаш им викав аманте бе го скршивте ламинатот или вратата пополека
Последново јако ти е А и ако не испаничи мајката во моментот кога паѓа детето и тоа нема да се расплаче....ќе се затреси и ќе стане Повеќе ги плаши нашава реакција и паника и удираат и тие на плачка
Да Кај мене двете растеа како близначки и пак појке ги гледавме е да не се скараат( често знаеа за една играчка да се кубаат) а ова малово на тросед скока паѓа, паднало станало ич никој не реагира гледа не гледа дека не го гледаме и си продолжува без плачки
Ама се е до навика. На почеток секоја мајка се штрекнува, после полека олабавува. Не дека не ми потскокнува срцето,дури и кога ги гледам дека одат по работ,очекувам да се струполат.. Да нема само крв Господ да ги варди,ние не можиме да ги дочуваме
O Разговарам и со стручно лице но мислам џабе давам пари кога сум идиот Оф леле незнам зошто јас неможам да сум раат како ние башка да растевме, секој ден бев облазена искасана од комарци од бубачки и сл Јас ептен се потресвам и јас како што кажуваш не јадам ни пијам како улава некоја... Незнам како да се сменам нисшто страшно каснато полазено или сл ама ајде
Може да си поразговарате со некој стручен на таа тема, си има техники кои може да се научат исто како што сте научени да паничите. Да не се чудиме зошто има толку голем број на мозочни удари и срцеви болни, кога централниот нервен систем е цело време така под гас, никако не може да искочи добро тоа, ни за вас ни за вашите деца.
Како се справувате со секојдневни семејни расправии? Секојдневно се користат погрдни зборови, колнења и префрлања на работи кои биле кажани во доверба.
Никако за жал. Тоа не е нормална комуникација и не дозволувај некој да те убедува дека е така, само затоа што е "нормализирано". Некои луѓе се благословени со семејството, некои осудени на него. И тоа не може да се промени. Иако е многу тешко, олади ја комуникацијата, минимизирај ја довербата и игнорирај колку можеш. И секако, ако си во прилика, дистанцирај се од таква атмосфера.
Ми треба со некој/а да разговарам со некој што има искуство со рак на родителите ,татко ми почина и одма по него исто и мајка ми се разболи и секако жива е , е сега друг е проблем измеѓу мене и брат ми , па би сакала да ми пишите некој што имал со таква ситуација...
Здраво, за жал темава гледам дека е активна и ретко убави работи се пишуваат, немам ниту јас нешто позитивно да кажам, да скратам, татко ми имаше сообраќајка не по своја вина, едвај остана жив, од тогаш не можам да спијам и да спијам имам кошмари, сонувам дека му се случило најлошото, цело време мислам дека нешто ќе му се случи, многу црни мисли имам од како се случи тоа, седам навечер и размислувам, сум била и на психијатар ништо не ми помогна, не знам како да си помогнам.
Здраво, имам 14 години и сум грда.Сите другарки околу мене се убај само јас..... Стварно незнам што да правам повеќе и грда сум и слаба и висока.Ми треба да разговарам со некој.....
Како така велиш грда бе? Не смееш така за себе. И не верувам дека си грда. Значи ти фали самодоверба. Познавам жени со голем нос, вишок тежина, преслаби, без облини, несиметрични итн. Ама кога ќе се појават негде знаат како да се носат со својот изглед. Ти па на 14 годинки вака ако се омаловажуваш, кај ти е крајот? Можеби треба да си направиш мали промени за да кренеш самодоверба ? На фризер, козметичар да се средиш малку, нова гардероба неколку парчиња. Минимална шминка, еве не ти треба пудра и туш, ама можеби ББ крема, малку маскара ако имаш некои акни да покриеш.
Сте се нашле ли некогаш во ситуација да мора да се дистанцирате од некого, иако премногу ви значи? Незнам како да го направам тоа, а да не боли?
Лесно ако си одлучна.Ако интеракцијата со таа личност ти создава непријатност или проблем, прекини контакт.Стави се себеси на прво место.