Знам,се зезав.... иначе сум била во таква ситуација.. Ако треба ,само отсечно направи го тоа. Болеше долго време и еве после 7 години имам чувства 0 кон особава а поблиска не може да биде. Точно е она,времето е лек за се'
Ако сеуште се осеќаш вака и сакаш да разговараш пиши ми. Сигурна сум дека не си грда. Кој ти го кажал тоа и ти си го прифатила здраво за готово сигурно ти бил љубоморен за нешто. А ако никој тоа не ти го кажал, или навестил, туку ти си го мисилиш самата за себе, тогаш тоа значи дека си несигурна во себе или имаш ниска самодоверба и треба да поработиш на тој проблем. Сите девојки се различни во ликот, телото и изгледот па сите имаат нешто заради кое се посебни, убави и привлечни. Ти сеуште си млада, но со многу проби и обиди, ќе сфатиш дека се учи како да се нагласи она што си го сметаш за јака страна и најубаво, а она што е помалку убаво да не го нагласуваш. BTW девојки би убиле да бидат високи и слаби како тебе. Ти не си ни свесна за своите адути...
Имаш само 14 години. Сега ти се менуваш. И не си грда убава си. Ние сите сме различен арт од Господ. Штом ти мислиш дека си грда замисли ме само мене. Со 5 лузни на чело големи. И голем нос. Но кога и да се погледнам во огледало се восхитувам колку сум убава. И како сум поразлична од останатите.
Без да бидам сфатена грешно или дека сум лоша. Пред некое време блиска имаше некоја потреба и праша дали можи да остани кај мене да преспие некој ден. Нормално се согласив, бев сама, иако немам голем простор и плаќам кирија кај не толку флексибилни газди. По 10 дена дојде пак, имаше само најавено дека ќе треба да дојди, не кажа кога. Ми се јави во 12 вечерта, јас стигнав. Oкеј. Е трет пат, без да ме праша дали можам, само ми напиша јас вечер тргнувам ќе останам кај тебе. Не ми беше сеедно ама не сакам да сум лоша, му треба на чоек, ќе му се најдам. Мислев ќе остани најмногу 2 дена бидејќи не ми кажа колку, одоколу разбрав дека ќе се не дена, туку 2 недели. Не знам како да и' кажам дека не можам толку. Немам простор за двајца, немам време да готвам за двајца (да сум сама и со леб и еурокрем ќе поминам), кога е слободна да ја анимирам, да не збораме за трошок. А најмногу раат. 100 пати да се најдиш, еднаш да речиш не тоа ќе се запамти.
Ич не си лоша, верувај. Ова е типично за македонче. Ти му даваш прст, оно ти зема рака. Ќе и кажеш дека си имала жестока караница со газдата кој не дозволува уште 1 да ноќева за таа цена и дека ти се заканил дека повеќе нема да ти дава да седиш под кирија. Ќе го кажуваш тоа тажно, дека многу ти е жал, дека го мразиш, ама немаш друго решение затоа што не можеш да најдеш стан.
Girl без директно и конкретно и цел живот ќе остане. Обратно ќе ти плеснат у фаца и ќе испаднат они жртва. Enough is enough океј е да се помогне ама не по цена на свој раат.
Според мене не е културно вака да ти се тупнува. Сфатив во животот дека луѓето се оперирани од осет и не им е гајле за никого освен за себе. Мислам дека треба директно да и кажеш без заобиколување тоа што мислиш.
После анксиозност ,и еден долг процес, чувствувам дека некои работи ми се залечени,но не сум истиот човек и далеку сум по ладна и резервирана, ама и односот со сопругот минува низ транзиција, со старото не можеме а новото не плаши, се расправаме почесто ама мислам дека некои работи што се ставале под тепих треба да излезат на површина. Дали имате некое вакво искуство и совет?
Јас да сум на твое место ќе и кажам дека не можам. Луѓето се ептен без осет, јас не знам како не размислуваат. И да имаш пари на претек, еве јас на пример си сакам раат. Еднаш си и излегла во пресрет, втор пат ама и трет пати и тоа 2 недели.. Кога почнав да читам мислев барем храна купува, ова вака човек и од еднаш да се замисли дали да помогне на оваа криза..
Баш. Најголем проблем ми е шо не ме ни праша дали можам. А уште поголем шо ме излажа колку ќе седи. Да е нешто важно нека седи и година, ама не е. А и за принцип се работи не сакам да ме лажи и прај будала. Ич немам храброст да и' кажам. Не ми е за мене, знам дека фамилијарно ќе се лутат. Веројатно ќе се вадам на газдата како шо рече Били. Маки.
За што да се лутат? Твое си е.Кирија плаќаш. Стварно може да се деси да ти направи проблем со газдата. Или речи директно или вади се на газдата.
Фала многу убаво имаш напишано.Никој ми нема речено дека сум грда.Сама си велам и ко ке одам на училиште си мислам најгрда сум од сите таму.И дека сите се поубави од мене. Стварно ама стварно незнам што да правам повеќе.
Престани да си кажуваш критики сама на себе, за почеток. Ако треба нека ти биде задача да си кажуваш убави работи и комплименти на себе, во себе. На пр. секој пат кога ќе се погледнеш во огледалото нека ти биде задача да си кажеш пофалба или комплимент за нешто од физичкиот изглед. Ако ти дојде обратната мисла ќе ја избркаш и ќе ја замениш со афирмативна. И ова ќе го вежбаш по задача, се додека не ти прејде во навика. Пример: Ама сум грдааа; Како штрк сум; Не ми убаво х, у;.. - оваков внатрешен говор не. Колку ми е убава кожава/косава/стомачево/трепкиве; - ова да. Само во суперлативи за себе и само нај, нај нај! Освен за изгледот убаво е да си кажуваш такви афирмации и за другите аспекти од својата личност, односно за своите психички атрибути (најпаметна сум, најдобра друкарка сум, нема подобра ќерка од мене на светов, највредна и сл.) Мислам дека ова ќе ти помогне да ја зголемиш самодовербата и да научиш како да ги контролираш мислите. Кога ќе постигнеш успех, колку и да е мал, навидум небитен, дај си признание сама на себе. На пр. за добра оценка, добро извршена работа, некое добро дело за друг или за себе, ако си реализирала нешто планирано, си направила одлука некоја и си ја реализирала, си била упорна, доследна или самодисциплинирана... ако си успеала цел ден да не помислиш лошо за себе и не си се искритикувала. Речи си едно браво во себе за почеток, а потоа и со некаква постапка дај си признание: почасти се омилен десерт, направи си спа, почасти се со некое излегување на место по твоја желба, купи си нешто...
Како би се почувствувале во ваква ситуација, т.е како би реагирале? Станува збор за многу блиска роднина (да не именувам), која постојано зборува како многу го сакала син ми, а до сега му нема купено ни едно чоколадо или кашичка. Тоа не е ни битно, мене ништо не ми значи, од никого не очекувам ни поклони, ни пари, таман работа. Ама ситуацијата е следнава. На роденден на син ми, истата ми рече дека не е при пари за да му купи поклон, реков немај гајле, не е битен поклонот. Ми вика кога ќе земам плата ќе ти дадам некој денар да му купиш нешто од мене, ако купам јас може нема да го бендисаш. Ок. Истиот ден, додека го славевме роденденот, се најдовме сами во соба јас, син ми, таа и другото внуче (исто внуци ѝ се и двајцата, по иста роднинска врска). На момент ја приметив дека заборави дека сум во соба, бркна во џеб, извади пари, почна да се пребројува и се пружа да му даде на другото внуче, и на момент се пресече, се сети дека сум тука и си ги врати парите (веројатно за да не биде ситуацијата дека на другото му дала пари, а на моето, што и роденден му беше, не). Веројатноста е голема дека подоцна на другото внуче му дала пари. Ништо не ѝ реков, веројатно не знае дека ја видов целата оваа сцена, ама не можам да го извадам ова од глава. После ова не можам да продолжам да се однесувам скроз нормално спрема неа. Знам дека на другото му има купувано работи, дури и позајмувала пари за да му купи нешто, секој ден само за него зборува... А моето како на улица да е најдено.