Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. Jasmin88

    Jasmin88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    1.091
    Иако сте роднини, не е должна да му купува и дава ништо на твоето дете во слободно време. Но, прифатила покана да дојде на роденден како настан што сте прославувале, затоа срамота е тоа однесување, да дојде со празни раце.
    Сега ќе те нападнат како си материјалистка итн, но безобразно од нејзина страна за роденденот.
    Друг пат не ја кани и не чекај ништо од неа, си се покажала каква е.
     
    На Just.do.it, cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  2. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    7.621
    Пол:
    Женски
    Имам слична ситуација, свекор ми и свекрва ми никогаш на моите ништо не им купиле за роденден, именден или слично (вчера славевме роденден). Додека на другите внуци од золва ми, секогаш им купуваат, дури и на гости кога доаѓаат им туткаат по 1000-ка у рака. Никогаш не сум искоментирала, ма да невкусно е така. И незнам како тие не се свесни за тоа.
     
    На Feminka22 и nevermet18 им се допаѓа ова.
  3. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Јас не велам дека е должна. Никој не е должен ништо да му купува на никого. Ме погоди тоа што две исти деца, подеднакво и двајцата ѝ се внучиња, наместо 50 со 50, таа дели на едното 100 посто, на другото ништо.
     
    На Cosmic Girl и KiT им се допаѓа ова.
  4. БиЧос

    БиЧос Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Многу лошо од нејзина страна, ако таа не е свесна нема ни да се освести да бидеме реални.. Кога би била на твое место, не би ја поканила воошто па макар и да се лути. Подобро помал круг со љуѓе кои почитуваат отколку поголем круг со вакви исклучоци.. Тоа е искрено до почитта..
    Бтв, срамота е без поклон на роденден бее, барем по едно лижавче да земела...
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.931
    Допаѓања:
    6.077
    Пол:
    Женски
    Истото сум го доживеала каде што баба ми наместо на сите внучиња, да дава по исто, таа на 2 даваше многу, а другите како да не постоевме.

    Со тек на време како што растевме го гледавме тоа и ние сами, наместо нашите родители почнавме да приговараме. Кај тебе е детето мало меѓутоа со тек на време ако продолжи истото можи и само дете да развие одбивност кон таа личност.

    Можеш и да приговориш, со тоа што може да следува и кавга и се натаму. Меѓутоа дека не е убаво да гледаш како те отфрлаат буквално или ти го отфрлаат детето не е.
     
    На Marlyn31, cresa-jagoda, БиЧос и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Shy&Glam

    Shy&Glam Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2018
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки. Гледам дека темата е активна, па решив овде да пишам. Многу сум несигурна во себе, а на работа веќе речиси цела година се случуваат чудни работи.
    Имам двајца газди, постара жена и помлад маж кои поради сплет на околности ги споија фирмите. До пред една година работев сама со нив(едната колешка остана дома поради патолошка бременост) и поради целата криза работев речиси секојдневно прекувремено, под стрес, а тие не се потрудија да примат некој нов долго време. После тоа, газдата донесе на работа негова братучетка и од тогаш почнаа промените. Газдарицата, демек мајчински настроена, а всушност сака да навлегува во приватноста, а бидејќи јас не ја пуштам, еднаш ми кажа идиотка. Исто, не сум мажена уште, ми рече дека барам некој со пари, дека за година две ако не родам нема да можам да имам деца. И слични такви работи кои тешко ми паѓаат, а таа ги пакува во фолија да изгледаат дека се добронамерни совети. Секогаш кога за такво нешто ќе се спротиставам ми вели дека премногу сум лутка, преосетлива, не разбирам шала и слично. Другиот газда откако ја донесе роднината почна често да ме прашува не дали, туку кога и каде ќе одам во странство, почна премногу да ја фали братучетка му, почна да ме гледа во очи, па да ја пофали и веднаш почнува да се смее и така секој ден. Газдарицата исто доби сила бидејќи премногу ја фалат и веќе не се плаши дека ќе остане без мене. Проблемот е што некако ме убедија дека навистина сум преосетлива и јас се сомневам во себе, се чувствувам како лош човек кој не знае да се приспособи во колектив. Инаку братучетката мудро слуша, молчи и и се додворува на газдарицата. Мислам дека сакаат да си одам сама без да ми дадат отказ за да ми префрлаат вина. Како вие би реагирале на вакво однесување?
     
  7. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    9.292
    Пол:
    Женски
    Ништо ново, тоа ти се вика токсична средина. Нема човек кој не бил некогаш во таква ситуација ама работата е да гледаш како да се извлечеш од таму.
    Доколку си во можност почни да бараш друга работа и постепено сама да ја напуштиш таа средина.
    Само разбери дека проблемот не е во тебе и дека сите карактеристики кои си ги наброја овде се само твоја илузија поттикната од страна на твоите работодавачи.
     
    На Cosmic Girl, Guns N` Roses и steela.honey им се допаѓа ова.
  8. Shy&Glam

    Shy&Glam Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2018
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Благодарам. Веќе барам, се надевам дека кризата што следи нема да ми попречи во тоа. Се надевам дека еден ден ќе сфатат каква штета им прават на луѓето.
     
    На Cosmic Girl, Guns N` Roses, steela.honey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    9.292
    Пол:
    Женски
    Ама никој не ти гарантира дека и на другото работно место нема да имаш вакви луѓе во околина.
    Поработи малку на својата самодоверба, не потпаѓај на туѓо влијание.
    Се работи за твојот живот и никој нема право да ти кажува што да правиш и каква да си.
    Се надевам ќе ме послушаш што ти кажав, за твое добро :D
     
    На Guns N` Roses и steela.honey им се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.940
    Допаѓања:
    48.129
    Пол:
    Женски
    Не си преосетлива, не е кривицата во тебе па да се преиспитуваш, туку таа средина во која работиш е токсична, како прво не е нормално да ти се меша некој во приватниот живот а уште помалце газди, и да, крајно навредливо е и болно тоа што ти рекле за потомство, тука им се гледа колку грама памет имаат.
    На твое место би разговара и би ги прашала дали фирмата има потреба од мене како работник?
    Ако нема ондак барај си друга работа, претпоставувам имаш искуство и брзо ќе најдеш нешто многу подобро, јер 1/3 од денот го поминуваш на работа па и уште со нервози и негатива
     
    На Cosmic Girl, Marlyn31, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Shy&Glam

    Shy&Glam Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2018
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Апсолутно си во право. Можеби во поголем колектив не би ми било толку тешко или доколку тоа доаѓа од колега, но сепак овде се работи за газди. Во секој случај, сигурно треба да ја променам работната средина.
    Поздрав и добра ноќ.
     
  12. Shy&Glam

    Shy&Glam Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2018
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Знам. Мене толку работата не ми прави стрес колку постојаните алудирања на нешто и оние ти велам ќерко, сети се снао муабети. Кога ќе се обидам да се заштитам така што не откривам ништо добивам некој совет како треба да се ослободам, да си кажам што ме мачи. Едноставно, се чувствувам како да одам на психијатар секој ден, тие знаат дали сум среќна, дали сум тажна, дали сум лута, а секогаш сум љубезна, посебно со клиентите и мислам дека тоа треба да им биде важно, а не дали имам дечко, што ми се случува на приватен план.
     
    На Cosmic Girl и elimkd им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.374
    Пол:
    Женски
    Мноогу непрофесионално понашање.
    Никој нема право да ти се меша у животот, она изгледа има превише слободно време па го бутка носот у туѓи животи.У следна прилила прашај ја дали е можда она задоволна со својот живот, чим кма потреба да праи психолошка анализа на други луѓе.
     
    На Cosmic Girl и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  14. Jova201

    Jova201 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Дајте кажувајте некој советт. Дека сега почнавме на училиште и онака многу души сме 34 деца. И јас како и секогаш си мислам најгрда сум и дека ништо незнам дека сум глупа итн.Не ми се оди на училиште оти неможам да зборам со професорите незам зошто ама така е.Пишете некој совет
     
  15. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    464
    Пол:
    Женски
    А зошто мислиш дека си грда? Јас верувам дека не си. Што те тера да мислиш дека си грда? Што според тебе е грдо девојче? Има некој дел кој не си го сакаш или ете така едноставно си викаш грда сум, без да размислиш.

    Некогаш некој ти го има кажано тоа? Да бидам поточна, дали е воопшто битно мислењето на некоја личност која не може да ја види убавината во секој човек?

    И зошто да ти биде срам да збориш? Зарем мора секогаш она што го кажеме да е точно, секогаш да бидеме во право, секогаш да бидеме најдобри, или воопшто зошто би се споредувала со другите? Зарем тоа е битното во животот?

    Потруди се да не гледаш така на работите. Воопшто не треба да се споредуваш со никого, тоа ми е губење на време. Сите сме засебни, секој е за себе. И воопшто не треба да те засега нечија неможност да го види талентот во друг. Секој има нешто посебно, ама не секој може да го види тоа.

    Еве ќе ти наведам неколку примери, што се сеќавам од моето школо. Многу повлечени дечки наместо да се секираат кој што ќе каже за нив, тие што никогаш не се откажаа и не престанаа да вложуваат во себе ( и да не е формално образование, се занимаваат со некоја струка ) се сега имаат даааалеку подобар живот од оние што со прст покажуваа овој е ваков, овој е онаков и ништо од тоа не добија.

    Размисли двапати и ќе видиш кои луѓе успеваат да си го средат животот и да бидат среќни и исполнети.

    Ама делот со професорите, потруди се да не се грижиш кој што ќе каже за тебе, ти си таму само за себе. Вложувај во себе, труди се, учи само за себе. Се друго е небитно.

    Еве мој пример ќе ти кажам, од секогаш бев добра во училиште, еден период дури и медицина студирав, ама сега работам нешто сосема трето и пресреќна сум и со животот и со одлуката. Ама никогаш не се откажав од себе заради тоа што ќе каже другиот.

    И јас како мала имав денови каде имав сомнеж во изгледот и тоа е нормално. Ама треба да запамтиш дека тоа во животот ништо нема да ти смени. Она од што не треба да се откажеш е твоето знаење, тоа никој не може да ти го земе, и вложувај во себе, пробај да си ја истакнеш индивидуалноста со изгледот, не мора сите да сме копии едни на други и да изгледаме по некои „стандарди“.

    На крајот само тоа ќе ти важи во животот, а она што другите мислат за тебе, кај и да е, ќе потпораснеш и за некоја година ќе биде последната важна работа во твојот живот, ако сега не се откажеш од себе и продолжиш да вложуваш во себе за да се изградиш во силна и самостојна жена еден ден :)
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Jova201

    Jova201 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Fala za sovetot neznam onaka mislam ako zbornam nesto ke se smejat site i mislam deka nisto nema da znam deka nema da naucam i tk natamu
     
  17. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    464
    Пол:
    Женски
    Воопшто немаш потреба за такви работи да размислуваш, уживај си во животот. Па и да ти се насмејат, насмеј се и ти, не можеме да сме совршени.
    Не е страшно и нешто да не се знае, страшно е да не се потрудиш да го научиш, ако еднаш го згрешиш.

    Живеј си го животот и не се замарај со непотребни работи.
     
  18. Jova201

    Jova201 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Незнамм.Ич не ми се оди на школо ичч иначе медицинско сум запишана.
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Jasmin88

    Jasmin88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    1.091
    Не знаев во која тема да го сместам. На вереникот пријател се дружел со мој бивш. Тој бивш дознал дека сум се верила, на тој другар му викал нашла некој будала да му подметне дете и да се омажи, никој не ја земаше, ороспија, ќе му се смее народ каква земал, има одено дури со маж од друга вера, кој го жени тоа бе, таа ти е за забава само, таа ако се омажи, сите ќе се омажат...
    Секако дека до мојот вереник стигнал муабетот и гледам дека не му е сеедно за муабетов, а глуми добро. Цел ден беше со скисната фаца и конечно ми кажа што било работата. Бремена сум и се расплакав за некој идиот. Бевме пред неколку години заедно, тој ми раскина, не знам како не му е срам вака да збори, женет човек и дете има веќе, а со мене се замара.
    Не знам како да постапам во ситуацијата, да игнорирам ли...
     
  20. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.759
    Пол:
    Женски
    Ај бившиот што му зборил на другарот ќе разберам, ма да не е во ред. Ама другарот што му пренел на маж ти никако не го разбирам. Со кој мозок би му кажувала на другар дека бившиот рекол за жена му дека е ороспија и слични ниски работи. Очигледно не му е другар. Јас би се пазела од таков. И би му ги отворила очите на маж ми со какви другари се друже
     
    На Jasmin88 и crimson им се допаѓа ова.