Не се нервирај, не се расплакувај. Такви дебили и љубоморни особи секогаш ќе постојат да кажат нешто за некого. А и како што ти кажа форумче, со кој памет другаров му го пренел муабетов… страшно! Дефинитивно маживе се поголеми алапачи од жените.
Здраво. Пред некое време имам пишувано за другаркава за која ќе пишам сега со која уште се дружам. Тогаш пишував за тоа како откако си фати дечко исчезна и уште е така иако забележувам последниве месеци дека се труди да е поприсутна, но сега се случи нешто од кое искрено ми се гади од неа, па сакав да ве прашам за мислење. Пред година дена она почна да работи нешто поврзано со контактирање луѓе и држење состаноци со нив во врска со тоа што го работи. Е сега од таму и бараа секој од контактите кои ги има и на кои ќе им држи состанок да и даде уште по десет контакти. Јас бев на таков состанок само за да и направам услуга иако не бев воопшто заинтересирана за тоа и по завршувањето требаше да и дадам десет мои контакти. Реално тоа е многу без везе затоа што те става во непријатна ситуација каде ако не и дадеш ти си нефер, а ако и дадеш луѓето чиј број си дал може да се налутат. Јас тука направив многу голема грешка сакајќи да и помогнам наоѓајќи и луѓе кои навистина можеби би биле заинтересирани и би имале финансии за такво нешто и се понудив да и дадам броеви и од неколку професори од факултет што од оваа гледна точка гледам колку не било во ред. Имав контакти од неколку професори бидејќи сме имале со нив вибер групи за полесна комуникација и и реков дека нема проблем се доколку ми вети дека тоа ќе биде анонимно и дека во никој случај нема да каже кој го дал бројот. Неколку пати ја замолив да не се дознае и ми вети дека нема шанси да каже и дека дури и да ја прашаат од кој е бројот дека ќе излаже дека е некој бивши студент. И ги дадов контактите и еден од нив навистина се сложи за состанок и имаа соработка. Она беше презадоволна бидејќи добива некаков процент и мене баш ми беше драго што и помогнав. Е сега после една година дојде време јас да полагам баш кај тој професор и размислувајќи на тоа си реков ај да ја препрашам дали сигурно не му кажала зошто ме фати некоја параноја дека човеков знае. Ја прашувам и ми ја игнорира пораката. Ја прашувам пак и ми кажува дека ДА она му кажала дека бројот е од мене и дека збореле за мене!! Јас и кажав дека сега сум загрижена за тоа како ќе поминам на испит и уште она ми соли на мене памет не се секирај ти научи си, ако си знаеш не може да поминеш лошо. Е сега јас како личност мразам конфронтации и всушност не и се ни налутив тоест не и кажам колку сум лута. Реков ајде ќе помине ова ама еве цел месец помна и јас уште осеќам гадење кога ќе помислам на неа. Испитот го полагав и верувајте цел испит се тресев и бев преанксиозна за дали ќе ми спомне нешто или не човекот. За среќа ништо не ми спомна, можеби и не ме ни пропозна на што се надевам ама јас сепак претрпев голем стрес цел тој период. Искрено последнава недела се мислам скроз да ја баталам ама и тоа не знам како да и го кажам,а и не сум сигурна дали е во ред. Ме интересира дали преувеличувам и дали јас ќе испаднам лошата после ова? Искрено после ова за ништо не можам да имам доверба во неа веќе, а која е поентата да се дружиш со некој во кој немаш доверба? Се извинувам за предолгиов тескт ама многу ќе ми значи нечие мислење.
Сама си си крива, не другарка па сестра да ми е не ги давам контактите, па посебно не од професори. Постави граница девојче, таа те убедила ама ти си требала да знаеш до каде се границите. Во другарка толку верба никогаш не треба да имаш, ама во случајов сама свесно си ги дала контактите и другарка ти не е крива.
Си ги сместила професорите во пирамидална шема бе. За тој дел не ти е крива таа. А за другото се гледа од авион дека се дружи со тебе само од корист.
Вака , искрено незнам како да постапам па ми треба помош. Во брак сум, имам одличен сопруг пред се. Е сега кај што се омажив од мм пријател па неговата сопруга , заживеавме се спријателивме добро, сопругава негова се имаше со бивша од мм за пријатели но се избришаа кога се зедовме ние, од која причина незнам и пред некое време пак се додаваат и во меѓувреме си пишале и пријателкава низ муабет ми спомна, а скоро секој ден со мене кафиња пиевме, и толку непријатно чувство, толку неубаво ми падна страшно. Што мислите вие, како да постапам?
Дали сметаш дека би можела да ти прави проблеми во бракот? Во смисла повторно да пробува да ги зближи твојот сопруг и бившата. Искрено јас не знам ни кои му се бивши на мојот сопруг, така да не знам како би изреагирала, меѓутоа општо ако се посомневам дека некој пријател или пријателка пробува да се меша, прво со сопругот ќе се објаснам, па натаму со останатите. Во твојот случај не знам дали воопшто има основа, да бараш од пријателката да прекине да се дружи со некој. Единствено што можеш е да си внимателна во тоа што го откриваш за тебе или брачниот живот пред неа, за да не заврши како информација како бившата.
Не , не би можела тоа е завршена приказна. Сопругот не ни знае за ситуацијава, сметам дека нема ни потреба да го замарам. Само сакав мислење од вас да слушнам како да постапам со пријателкава , бидејќи јас кога дознав се почуствував ептен непријатно, изневерено. Од нигде никаде , ми беше ептен нејасно зошто, што како, кога сме толку блиски ние две.
Ајде и за мене совет, всушност само да се искажам. До пред некое време родителите на сопругот немаа примања, па тој ги покриваше сметките, нивните трошоци и се останато. Живееме во иста куќа, меѓутоа сега веќе се со две добри пензии така да им е кажано дека од нас нема да имаат помош затоа што и ние имаме трошоци, дете на пат и слично. Е сега си правиме план што за нас двајца ќе си испазариме,колку ќе ни останат за бебето да се купат работи, кои други давачки ги имаме месечно и сл. Така да пред некој ден пазариме месечни работи и доаѓа свекрвата кај нас. Нели проверка на ќесите и изјавува како нив не му остануваат пари, ретко купуваат месо, немаат за ова и она. Ајде нели родители се, во договор со сопругот дел од работите им дадовме нив, ајде не е проблемот за храна. Е денес доаѓа повторно со изјава дека неделава ќе се слика за обнова за пасош затоа што можеби ќе и треба за патување со пријателките во друга држава. Не дека се мешам во нивни финансии, колку имаат нека си трошат ама во оваа ситуација мислам буквално не користат. Не знам следно дали и воопшто би се понудила за некаква помош.
Убаво си се искажа, само фрустрира фактот што и двајцата се со примања и пак финансиски ве користат, на твое место јас би збеснала, со мој труд друг да шета и ужива, какви се тие родители
Не рекле залудно, види човек со кого е опкружен, ќе знаеш каков е. Големата ја направи за муабетов, до разделба сме стигнати. Не ми се верува, бремена што дочекав.
Другарка од детство откако фати дечко ме заборави. Само за него збори кога пишуваме и кога и да ја викнам за излегување е зафатена заради дечко и. Дали сум во право што размислувам да прекинам контакт целосно? Последно се видовме во јуни, цело лето беше со дечко и, на чет многу слабо ми пишува, само за совети за дечко и ме прашува.
И за другарство треба да се трудат 2 страни, не само едната. Ти си ја викала за искачање, таа многу пати те одбивала, не се замарај више и ти.
Девојкијас имам едно прашање незнам колку е за тука ама ќе прашам.... Некни скршив топломер се препаничив, ми се скрши во кујната и имаше топченца ситни и покрупни незнам дали биле жива или галиум оти слично било, а и повеќе не се продавале живини т.е немале жива....Тука на тепих во кујна споени со дневна детенцето ми паткаше лазеше сега три дена не го пуштам ми е страв, изметиб исчистив собрав тоа све на хартија и сл. Ама јас сум уште под стрес. Детето не го пуштам ни да лажи и да го паткам низ цел простор.... Кујната каде и да факам само се мијам ко несалам. Па капак на се изнапрочитав глупости еден куп, да не се спиело во таа соба(а ние тука спиеме) испарвало отров, да се проветрувало цел ден, да не се вчегувало во таа соба... Па ако се распрснало или останало негде можело преку кожа да ти пројде во телото и што ти не..... А најглупаво е што пред некое време скрив топломер на тепих и само си поминав со правосмукалка и никому ништо..... Ама сега де испаничив ептен..... Три дена сум уплашена, нервозна и детето ме осека и и тоа е нервозно.... Се само страво и за не толку битни работи..... Ќе пукнам од вакви стравови секој ден нешто ново никако да уживам раат со моето дете и мажот ми... Совет помош.... Фала ви
Здраво. Исто така беше и мојов случај. Внука ми нашла на шанкот топломер и сакала да си измери температура(да била докторка).Додека го повлекувала накај себе тој паднал и се искршил.Излегле тие сиви топчиња(жива или галиум).Почнала да ги пипа со рачињата.Влегов во кујната,исчистив со правосмукалка,ги собрав топчињата со сунѓер.На внука ми и ги измив рацете,но ништо не и беше.Прво и јас се плашев да не има нешто,газев со влечки.Ама не ја проветрував просторијата,ништо не беше.Тоа со отровот мислам дека е лажно.Не се вознемирувај за без џабе.Тоа се случи пред 3 години,и сите сме уште живи и здрави.Не паничи,не се вознемирувај,не е ништо страшно.
Ти благодарам,и сестра ми ми се изнасмеа вика будалче едно нема ништо..Сега вели не се со жива како што беа порано нема ништо. Ама јас никако да се соземам од глупости.Кутро детенце ме трга за да го пуштам на земја да лази да си игра а јас никако и нервозна 100ка на саат.... Права будала..... Уште еднаш фала ти за советот