Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Сакам да умрам

    Твојот проблем може многу лесно да се реши. Раскини со дечкото, не бегај од дома, не бегај од училиште и собирај пари за да ги вратиш на родителите. Завршено. :)
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Сакам да умрам

    ^со се би се сложила освен со првото. Зошто да раскине ако им оди,ако добар дечко......освен ако можеби тој ја терал на такви работи-ДЕФИНИТИВНО треба да го остави.Со тоа родителите ќе го увидат првиот голем чекор.
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да умрам

    твојава приказна ме потсети на едно девојче од осмолетка-на иста возраст исто размислуваше за момчиња-дури и се секавам кога ги слушнав нејзините другарки како зборуваа што направила викендот, и како бил тој со кого таа спиела :tmi: после часовите, мислам дека си ја доби лекцијата од мајка и :!:

    ех колку пати за овие 27 години сум го изговорила овој збор-последните неколку години особено, и ја имав таа шанса за навистина да умрам 2 пати колку што се секавам ама ете Господ не ме сакал горе, а се надевам дека ни долу па еве сум жива :)

    немој така да размуваш, имаш само 14 години уште си ДЕТЕ, уживај во детството т.е. тинејџерството
    и кај го најде тој 5 години постар од тебе за момче :^) за твое добро девојче раскрсти со него, премногу си мала за да бидеш во врска со некој, а за тоа мајка ти што те нарекла курва можеби размислува традиционално и не мислела така.

    најдобронамерен совет
    сконцентрирај се на учењето, бидејки само така можеш да отидеш по правиот пат и да станеш личност за пример, заборави на дечковци/влечковци имаш цел живот понатаму за тоа :)
     
  4. mi-mi-g

    mi-mi-g Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Сакам да умрам

    Фала ви мн.
    Ке почнам да учам,нема да бегам,ама дечкото немозам да го оставам.Кога ми е најтешко само тој е тука да ме прегрне и да ме утеши,кога сум најсрекна само тој ја дели мојата радост...Дури и другарките се против тоа,сите ме прват како да сум мрдната бидејки бил сељак,грд,ваков таков.Да,има различни верувања,во различни услови е пораснат,малку лошо се облекува,ама само него го сакам.Незнам што да правам,дома не се издрзува...... :(
     
  5. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Сакам да умрам

    Помала сум од тебе и јас поминувам низ некој таков период. Немам дечко или не сум крадела или нешто слично, ама сепак мислам дека сите се против мене. Дека се е против мене и мојот живот. Ама ете со мнооооооооооооооооооооооооооооооооооооогу разговор со моите, почнав да сфаќам дека и они поминувале низ таков период и сите следните генерации ќе поминат, така да нема причина за смтр. И ова и тебе ти го препорачувам да си го наббббуташ во глава, дека со смрт не се бега од ништо а уште помалку кога животот е пред нас. Мислам дека треба макар и со сила да разговараш со нив, на секој можен начин што ќе ти текне, зошто претпоставувам они не сакаат да разговараат и ете ја најголемата грешка !
    'Дечкото' батали го макар и да го сакаш, бегање од школо не доваѓа воопшто во предвивд, всушност треба да си ги поправиш и оценките (ако ти се слаби) и однесувањето во школо. Пари крадење нема, како и да е секогаш можеме да им побараме на родителите и ако имаат ќе ни дадат, а и колкави трошоци би имала една тинејџерка освен она што и го даваат родителите за основните трошоци и можеби ако има некоја потреба повеќе, но зарем толку голема сума ни треба за да крадеме ??? :o

    Поздрав до тебе и смири си ја главата, обиди се да поправиш онаму каде што си згреишла, а не да чекаш они да дојдат и од туку така да ти простат за се :* :* :* :* :*
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да умрам

    дечкото немозам да го оставам.Кога ми е најтешко само тој е тука да ме прегрне и да ме утеши,кога сум најсрекна само тој ја дели мојата радост...Дури и другарките се против тоа,сите ме прват како да сум мрдната бидејки бил сељак,грд,ваков таков.Да,има различни верувања,во различни услови е пораснат,малку лошо се облекува,ама само него го сакам

    девојче, да е врсник ајде некако-ама ти имаш 14 тој има 19, него хормоните му вријат :fubar:
    можеби те поддржува, те гушка, те теши, ама биди сигурна дека во иднина ке сака и нешто повеке од тоа, а ти си премногу мала-баш во тие години можеш најголемите глупости да ги направиш размисли малку, оти подоцна ке се каеш што не си не послушала нас повозрасните :!:
     
    На VanillaSky, vitomir и creshicka им се допаѓа ова.
  7. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Сакам да умрам

    Срцка, твоите проблеми не се нерешливи и животот е пред тебе.ЗАД СЕКОЕ ОДНЕСУВАЊЕ СТОИ ПРИЧИНА. СПОРЕД ПСИХОЛОЗИТЕ СЕКОЈА ПРИЧИНА НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ДЕТЕ УШТЕ ОД НАЈМАЛА ВОЗРАСТ ЛЕЖИ ВО СЕМЕЈСТВОТО.и АКО СО НАЈДОБРИ НАМЕРИ, некогаш нешто во семејството не е во ред и тоа се одразува на другите членови.Секако тоа не те оправдува сосема. Ти предлагам да одиш кај искусен психијатар што овде некој ќе ти го препорача, кажи му се, побарај да разговара со твоите домашни, и ако не сакаат може да те насочи каде да побараш помош во врска со нив, во кое советувалиште, социјано исл. тогаш ќе се види и што се крие зад другата страна, и зошто никој од нив не те седне со добро да поразговарате толку пати и толку долго за да се разберете, да ти дадат помош, зошто очигледно е дека ти треба.Лесно е само некого да обвинуваш, треба да му помогнеш. Ако сега се начне во што е проблемот, верувај, на пат си да го решиш. А ЗА ДЕЧКО , СО ПАМЕТ, МОЖЕШ ДА СИ ИМАШ И НА ОВИЕ ГОДИНИ, САМО ДА НЕ Е НЕКОЈ ПСИХОПАТА ИЛИ ПЕРВЕРЗЕН ТИП. само напред, сите сме овде со тебе и на сите нас понекогаш ни е премногу тешко, па можеби же дојде ден кога и ти од искуство ќе му дадеш вави совети, како ние тебе. ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ и ако нанекој од нас му е претешко, еве на твојава тема ќе си помагаме. Со искрени желби за подобро утре на сите нас, Лувена
     
  8. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Сакам да умрам

    Најпрво пофалби до тебе добро што си сфатила дека со твојте постапки си се повредила себе си,а потоа и твојте.
    За почеток мораш да ги трпиш нивните навреди тие се повредени од тебе, повредени од нивното мало девојче затоа потрудисе да направиш добри дела за да сватат дека се трудиш и сакаш да се поправиш...
    тие неизмерно те сакаат и се грижат за тебе ,само мора да ги разбереш дека се повредени се,да не се повторувам почни да размислуваш и прави паметни работи сепак ти си само мало девојче од цели 14години животот е пред тебе....Подобро малку посвети му се на училиштето,за љубов имаш време не ти беганаучи дека се треба да биде полека сепак животот е пред тебе верувај и биди по позитивна
     
  9. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Сакам да умрам

    Лесно е многу да се откажиш од се и да помислиш сакам да умрам.Размисли добро пред да направиш и кажиш нешто за што подоцна ќе се каеш.Животот само еднаш ни го дал бога,па зошто ти туку така да го фрлиш поради проблемите?Сите имаме еден куп проблеми па ајде сега да умираме.Зошто за промена не се потрудиш да ги решиш проблемите кога веќе се направени од тебе. Никој не е совршен,сите грешиме па така и ти,но грешките не се непоправливи.Не може твоите да не те сакаат како што кажуваш бидејќи ниту еден родител не може да не го сака своето дете без разлика што и да направило.Седни си и разговарај со нив,кажи им дека се каеш и дека сакаш да го поправиш тоа со нивна помош.Почни да се враќаш на време од училиште,да учиш и иако имаш дечко да не преспиваш кај него и да поминуваш повеќе време дома,со твоите отколку со него.Докажи им дека се смена и дека сакаш да се подобрат работите,само така ќе ја вратат довербата во тебе. Сега си во најлудите години,грешките се минливи и се поправаат доколку се потрудиш и самата.
     
  10. SlAtKi4ka.SlAtKi4ka

    SlAtKi4ka.SlAtKi4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Сакам да умрам

    Немој уште еднаш да си кажала сакам да умрам,значи можеш се да поправиш,нема да ти речам остави го дечкоти,почни со училиштето најди некој кој што може да ти помогне да добиваш подобри оценки и да го надополниш изгубеното,можеби ќе ти треба време но верувај и ќе успееш,Следно престани да ги лажеш родителите,верувај знам дека пополека ќе си ја вратат довербата во тебе,а мајката ти ако мисли дека си курва,седни со неа и објасни и дека ако таа мисли така што мислат другите,објасни и дека тоа не е точно и дека сакаш се да поправиш!Поправи се самата себе,внимавај на секој следен чекор што го правиш,кога ќе внимаваш,целиот живот ќе ти се подобри,значи и јас на некои моменти сум посакала да умрам но веднаш ми светнува дека имам само 14 и дека има цел живот пред мене!Срцко престани да се нервираш верувај и ќе успееш! :* :*
     
  11. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    77
    Ова не е баш барање на совет, туку ме интересира ваше лично мислење за пријателство помеѓу личност од 17/18 години и 40.Колку според вас е нормално ова пријателтсво ( без да ме осудите) , знаејќи дека личноста Б(40) се познава со родителите на личноста А (17 ) само површно. Да не ме сватите погрешно, се запознав со човек од 40 тина години, сосема случајно.Ненормално многу си одговараме во карактерите, тој е еден од личностите коишто искрено ми ги покажале кои се моите квалитети и вредности.Постојано комуницираме на фејсбук, на телефон се слушаме а и во град кога ќе се сретнеме разговараме.Тој е женет многу одамна со две деца(едното е постаро од мене).Јас навистина сакам да ми биде многу близок пријател, а и тој го сака тоа.И двајцата сме свесни дека многумина би го осудиле нашето пријателство но ние сакаме да го задржиме.
    Ме интересира мислење од луѓе од моја генерација и малку постари како гледаат на оваа работа? дали е навистина не во ред ваквото пријателство или пак таквото мислење го делат само оние кои се малку уназадени и со оној баш типичен балкански менталитет :| ?
     
  12. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски

    Неможев да се воздржам да неодговорам, а мислам и други ќе ти одговора; За пријателство каде ве делат години на ќерка и татко, не станува збор за уназадено мислење или балканско мислење.
    Секој ќе ти речи (најдобронамерно) девојче тргни се со време. Што имаш да разговараш со човек кој може да ти биди татко, какво е тоа пријателство??? Тој има дете постаро од тебе. Размисли малку (НАЈДОБРОНАМЕНО) пак ќе речам.
    Интересно е првиот месец, ај вториот - ама што вие друго разговарате, навистина не ми е јасно. И што гледа тој во девојка помлада од неговото дете, што очекува тој што ти?????
    Лесно е да се помисли, јас можам да бидам другарка со него...но не е така во реалноста????

    Ти треба да излегуваш, да се дружиш со свои врсници па и некоја година постари ... ама да чекаш на фб некој “пријател“ постар цели 23 години, кој можеби се наоѓа во средовечна криза и на кого му здосадил бракот, па бара нешто интересно...

    Размисли, душо....по трет пат ти велам, животот е таму надвор од собата кај што ти е фацебоок. Отвори се малку за другите, тој може да му е пријател на татко ти, не тебе.
    Ти зборувам од лично искуство!!!!!
     
    На Tearful му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Незнам ова е врска мегу татко-ќерка.Јас ова вака ве го наречам.Навистина незнам ова на мене ми е преголема разлика.Тој може да е пријател на татко ти а не тебе.Јас мислам поарноо со татко ти да споделуваш некои работи повеке ке те разбере и ке ти помогне за разлика од него.Затоа најди си врсници остави го нека биде пријател на татко ти а не на тебе.Ова не е пријателство.Тој е дупло постар од тебе.
     
    На Tearful му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jasmin..a

    Jasmin..a Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Смачено ми е од ваков зивот

    Немозам повеке вака.Немозам од дома да излезам,немозам повеке да зивеам со наведната глава.Мајка ми и татко ми се срамат од мене дека сум и керка,а кога ке излезам надвор сите показуват со пст спрема мене.Што да правам? смачено ми е од ова веке. :@ :@ :@ ;( ;( ;(
     
  15. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Смачено ми е од ваков зивот

    Се се случува со причина.
    Лугето нема туку така да те покажуваат со прст, и твоите родители да се срамат што имат таква керка. Сигурно си направила нешто погрешно, и еве ги последиците.
     
  16. Jasmin..a

    Jasmin..a Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Смачено ми е од ваков зивот

    Да згрешив,јас сум крива,ама немозам повеке вака.
     
  17. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Смачено ми е од ваков зивот

    Епа зошто на време не си размислувала за последиците??
    Касно е сега, неможеш да го вратиш времето назад.
     
  18. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Смачено ми е од ваков зивот

    Види место да кукаш соочи се со проблемот, разговарај со твоитѕе, кажи му дека си погрешила, ти си нивно дете нема шанси да те мразат, што и да си згрешила тие те сакаат, разговарај со нив, незнам што си направила но ете извини им се.

    Среќно :)
     
  19. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.838
    Смачено ми е од ваков зивот

    Промени се. Извини се на твоите родители сепак тие се најбитните. Промени го она лошото што си го направила. Смени се она што направило така да покажуваат кон тебе со прст. Верувај ќе видиш промена, бар во твоите родители ако не и во другите. Направи нешто со што твоите ќе бидат горди на тебе, учи многу повеќе, биди одлична, во школо биди примерна, за да те фалат професорите. И сл. ќе ти текне што да правиш. А ако се жалиш, плачеш само, ништо не правиш.
     
  20. Jasmin..a

    Jasmin..a Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Смачено ми е од ваков зивот

    Се обидов да зборам со татко ми,ама секогап или се смее или шлаканица удира несака сериозно да ме свати.