Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.478
    Допаѓања:
    127.189
    Пол:
    Женски
    Веројатно е криминалец.
    Не треба да иде со таков.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.738
    Допаѓања:
    80.071
    Пол:
    Женски
    Дур сме млади, секогаш мислиме дека ние сме во право, а родителите дека не не' разбираат и ни забрануваат сенешто. Подоцна сфаќаме дека сепак биле во право. :) Можеби не секогаш, ама најчесто да. Како млади попрво ќе правиме што сакаме и ќе се спротивставиме на родителите отколку да ги послушаме. Затоа некои нешта ги учиме на потешкиот начин. :)
     
    На bicycle, злоба, Istata od vcera и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Јова

    Јова Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Здраво,ќе ве замолам за некој совет ако може да ми дадете? И дали некогаш сте се нашле во мојава состојба. Значи нонстоп сум напната,од ден на ден бетер станувам. Сакам се да се среди во истата секунда,ако не остане нешто средено повеќе се напнувам и мислам ќе пукнам... Секогаш со нешто ми е оптеретен мозокот никогаш не сум опуштена.... Дури ми се дешава од денеска да мислам како ќе биде нештото пример еве за слава како ќе се спрема дали ќе помине во најдобар ред,а славата е за 3 месеци. Ова ми го нарушува секојдневието, не се функционира вака а секој ден сум по напната од предходниот...
     
  4. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.658
    Пол:
    Женски
    Значи не да те плашам ама психички си исцрпена, веројатно и на почеток на анксиозност, пробај половина час во денот да најдеш нешто што ќе те релаксира, трчање, добра книга било што, верувај сите сме биле таму, самата помисла на нешто што ми следувало ми стварало немир, често размислував што како и на крај се си испаѓа супер, така да , опушти се, некои работи не можеме да ги контролираме.
     
    На Istata od vcera и Јова им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.738
    Допаѓања:
    80.071
    Пол:
    Женски
    Опушти се, ние ги контролираме мислите, не тие нас. Кога ќе се фатиш себеси во ситуација да размислуваш и притоа чувствуваш стрес, не ги храни тие мисли, насочи се на друго. Се' ќе биде како што треба да биде, колку и да тупиме мозок ние. Само позитивно.
     
    На Јова му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Бела Луна

    Бела Луна Активен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    добар одговор
     
  7. milenaa__666

    milenaa__666 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2022
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    9
    Веќе месец дена сум многу напната и нервозна и за најмали ситници што не беше случај со мене претходно. Сите окулу мене ме нервираат и како никој да не ми одговара. Уште повеќе ме нервира тоа што не можам да бидам со никој. Премногу брзо губам интерес и чувствувам дури одбивност наеднаш, пример ми се допаѓал некој, се супер мкабет едно друго и наеднаш јас почнувам мани да наоѓам, не ми се допаѓа веќе, ми станува одбивен и како тој контакт да почнува да ме гуши. Се супер и наеднаш јас ќе се оладам. Барам нонстоп некои мани се глупости ми сметаат. Не сакам да е така стварно и не знам што се случува, но веќе долго време не сум со никој баш поради тоа. Се чувствувам многу лошо, испаѓа како никој да не е доволно добар за мене, како да ги гледам луѓето од високо, како којзнае која да сум кога станува збор за избор на партнер... а не е така, немам причина за тоа да го правам. Многу ми е тешко да се зближам со некое машко, да дадам шанса. Не сакам да е така, но не можам против себе не знам како да си помогнам. И најмал совет ќе биде од корист во мојава ситуација.
     
  8. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.573
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Не се сеќирај девојче се во свое време, не мисли, уживај и ДА гледај ги од високо ТАКА ТРЕБА
     
    На milenaa__666 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ducky

    Ducky Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2010
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    1.633
    Пол:
    Женски
    Ако забележиш толку голема промена во расположение, нешто ја предизвикало или континуирано ја предизвикува таа состојба. Пробај да размислиш што се случува во твојот живот, дали има големи животни промени/настани, дали се случило нешто баш пред месец дена што би можело да е тригер за ваквите емоции.

    Од аспект на партнер, мислам дека се две различни работи за кои бараш совет, ама тоа што можам да ти кажам е дека во ред е да престане да ти се допаѓа некој после првото гледање, па и после одредено време, не мора да се заљубиш во првиот што ќе го сретнеш. Не си прави голем притисок на таа тема, мислам дека поголем фокус треба да си дадеш на себе и да го најдеш изворот на она што вистински те мачи и што го имаш напишано во првата реченица, бидејќи мислам дека имаш друг извор на незадоволство кое го проектираш и врз потенцијалните партнери :)
     
    На milenaa__666 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Ако може некој да ми пише, ми треба совет а премногу ми е лично за да пишувам јавно.
     
    На $ophia и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. Јова

    Јова Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Ќе може некој да ми пише порака ? Сакам да споделам нешто.Што ми се врти секојдневно во главава и не ми дава мир....
     
  12. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    915
    Пол:
    Женски
    Некој да ми пише порака? Сакам да споделам нешто и ако може ваше мислење...
     
  13. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.826
    Допаѓања:
    3.167
    Пол:
    Женски
    Пиши ми
     
  14. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.573
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Дијагностицирано е слаба депресија, човеков не сака да станува од кревет. Станува за јадење и за да се напие апчиња. (Буквално како тоа да му е под закана). После 3 саатот исго се случува вести да изгледа, турски серии, Лила Филиповска исто како под закана. Спиење лежење 23 саати. (До аптека да оди исто како полетан, а онака не можат ни да го станат за било што)
    -Се работи за човек 60+
    -подолго време е под антидепресиви
    Ова трае 10 + години и се полошо и полошо е (повеќе месеци во годината е ваков а пак останатите, нема сопирачка за ништо дури не може ни да спие трча, работи, се измислува и на зборење кавги и се дупло што спиел-лежел во месеците)
    Син му е многу загрижен не знае дали некаде на друго место треба да се јави освен на психијатар
     
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.738
    Допаѓања:
    80.071
    Пол:
    Женски
    Со кого живее, што претходи на оваа состојба односно некој настан што довел до ова? Со лица со депресија треба многу внимателност и разбирање...
     
  16. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.573
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Со жена му. Па можеби еве некој страв од смртни случаеви, а исто така кога е буден само на болница, на доктори мисли, или пак на посета кај некој болен, на погреб. Жена му за него вели цел живот е таков негативен и себичен. Сам за себе гледа ни за деца ни за жена.

    Јас се прашував дали воопшто депресивен човек болен да лежи има апетит за јадење?
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.738
    Допаѓања:
    80.071
    Пол:
    Женски
    Жално... Да го убедат и на психолог да отиде?
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.573
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам
     
  19. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.435
    Пол:
    Женски
    Вака...

    Имам другарка со која се дружам цел живот, што се вика од пелени сме заедно, сме делиле и добри и лоши моменти но на карактер сме различни - јас сум повлечена а таа е спротивен тип од мене а под тоа мислам дека е девојка што бара забава и е доста темпераментна личност.
    Животот и нанесе неколку лекции што ја променија, се омажи, роди дете, се разведе, започна друга врска со друг човек кој беше контрол фрик.
    Во текот на таа врска таа доживеа многу турбуленции проследени со многу психички понижувања од негова страна, па некако успеа да преќине со него.
    Кога велам дека сето тоа ја промени мислам на тоа дека почна редовно да пие алкохол, апчиња и сето тоа ја тера на агресија, кон сите -мене, нејзините родители, па дури и со детето а доколку некој машки лик се потруди да и се доближе таа се однесува толку многу дрско што ќе ти се одмилат сите години поминати со неа.
    Денес имав некој договор со неа, отидов да и помогнам а притоа и позајмив едно парче облека кое ќе ми го вратеше утре, кога требаше да си отидам дома таа ми рече на агресивен начин очигледно изнервирана од претходно - Седи тука, да земам цигара зошто ножот е во кујната.:|
    Јас се стаписав, не знаев што да речам па за сета среќа се јави дечко ми, си го зедов парчето облека со изговор дека ми се најавија гости и си заминав.
    Му го кажав сето тоа нему и тој ме праша зошто сето тоа не го кажам на нејзините родители?
    Ме натера да размислам.
    Од една страна не е мое да и се мешам, од друга страна ќе се каам ако нешто не сторам.
    После сето ова што се случи размислувам комплетно да ја ставам на игнорирање, но бидејќи живееме во исто маало, сакала не сакала ќе ја гледам често.
    Како да постапам во иднина?
     
  20. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.573
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Тоа што веќе она си го живее така животот а нели не треба, понуди и опција помош. А тоа што муабетот и така бил од нервоза мислам дека е. За оддалечуванје, имај си граница на блискост. (Позајмување облека, ми е ептен најблиска личност) па затоа стави си граница на другарството.
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.