Vidi ako si epten bliska so nea i nejzinite e crven alam, i treba pomosh. No ako ste se odalecile i veke ne toa toa so nea ili so nejzinite roditeli, togas vreme e da ja oladuvas posho taa recenica e strashna. Sega ne deka se lesni tie raboti no sekako ne se da se isfrlas vrz koj stignes.
Таа посетуваше психолог, пиеше антидепресиви, но бидејќи е во последен период премногу дива не се осмелувам да ја прашам бидејќи не би знаела како ќе реагира. Помош и е пружена безброј пати, ама гледам дека е залудно. Реално, жал ми е за нејзиното дете, нејзиниот бивш сопруг поднесе пријава за детето за старателство па не знам што ќе се случи. Гледајќи ја како се однесува, мислам дури и доколку и го одземат поради алкохолот нејзе ќе и биде сеедно. Со мајка и сум блиска, исто и со брат и и нејзината снаа добро си живеам, ќе разговарам во прва прилика, а од неа ќе се дистанцирам. Пет години вложени во помош. A гледам дека и со новиот партнер ги прави истите грешки.
Епа ако си блиска збори со брат и прво.. што се 5 години за некој што го сакаш. Секако не е лесно , ама збори со брат, можеби треба да биде сместема негде, опасна е по себе и по други. Нека седне некој нека збори со неа, нека и припретат дека треба да де освести дека дедето ќе и го земат, дека комшии може да сведочат против неа.. нешто да ја исплаши да се врати во колосек..
Здраво, се надевам дека ова некој ќе го прочита и ќе ми даде било каков совет... Ќе почнам да работам од месец февруари, но досега не сум имала некоја посериозна работа како оваа, страв ми е дали ќе се снајдам како ќе се снајдам, како ќе ми се погодат луѓето, ме фаќа некоја анксиозност, но највеќе ме загрижува дали ќе знам да работам, инаку се работи за државна администрација
Смирено и полека но кога ќе почниш да работиш гледај внимателно но без трема сепак ќе се навикниш и на таа работа На почетокот секогаш е тешко па после полесно То ти е исто како да идеш на обука Ќе се снајдеш, контролирај се Секогаш на почетокот ќе има грешки но не секој. Ако си згрешила во работата после неколку недели не ти иде ќе си дадеш отказ или шефот Но биди храбра и бори се во она што ја сакаш работата Среќно
Секој ден се нервирам од најблиските. Плус сум бремена и хормоните уште толку, чувствителна на се. Живееме јас маж ми и татко ми моментално ради нашата работа со маж ми најмногу одговара кај мене И татко ми е бетер од свекрва. Постојано ми пребацува за маж ми. Оставал ваму алишта, пушел цигари па не ја тресел пепеларата одман, тоа на ништо не личело. Па кога ќе си дојде од работа маж ми ако легне(го избегнува од такви банални работи) да спие, татко ми одман ех види сега.... Буквално се нервирам зошто така, на татко ми му велам зашто за ситници замеруваш, со маж ми се испокарувам од притисокот на татко ми и ете незнам. Немаме засега услови во стан. Како понатаму? Буквално штом стпнам дома негативна енергија
Имам голем проблем со снаа ми веќе подолг период. Значи, се земаа со брат ми, им се роди дете, тој се пресели во странство и додека се снајде неколку месеци она остана да живее тука со нас. Потоа замина таму, ама во меѓувреме им се распадна бракот, почнаа да имаат многу проблеми, но бидејќи детето имаше доцнење во развојот и говорот, а таа не е од Македонија (а веќе живееше некој период тука), се врати овде за да детето посетува лекар, дефектолог, логопед и слично додека потполно не се опорави и јас за внука ми секако дека не се противам во ниеден случај и сакам да биде подобро. Но, работата е што снаа ми знае да е многу бучна, буквално се дере како да е симната од планина, дали по внука ми, дали на телефон на камера со мајка и, татко и, сестра и се слуша по 20 пати на ден и цело време им подвикнува, или се смее прегласно, чука, тропа, гласно затвора врати, буквално што и да прави го прави прегласно. Нема осет кога некој спие, пример внука ми ќе се разбуди рано сабајле, а јас работам од дома до 1 вечер, и она скока на кревет, и ќе ме разбуди во 9 сабајле, а јас сум легнала во 3 или 4 и така е секој ден, или снаа ми вика по нејзе, ама буквално за секоја ситница, и тоа не е нормално викање, туку продорно, дури манијакално викање. Еднаш се имавме договорено да и правам друштво да одиме до друг град заедно (25 мин со кола од Скопје) и јас и откажав кратко пред тоа, а не е дека не можеше сама да оди, зошто и онака требаше да оди на состанок еден со едни наши подалечни роднини и дигна страшна узбуна, почна да вика, вришти, плаче, да се треска од земја, да ме брка од соба, да вика излегувај, па дека јас сум и го вознемирувала детето, па почна да ме обвинува дека јас за ништо не сум и помагала, и ништо не сум и завршувала работа а она на мене јас што и да сум и побарала се ми правела - ватафак?! Случкава беше поодамна, само сакам да ви кажам дека не може да се разговара со неа зошто се погрешно сфаќа, многу лесно се лути и се навредува за се и сешто, посебно ако ја одбиеш да и го причуваш детето или ако и замериш дека е гласна. Еднаш се случи додека имав состанок на работа болно да почне да се дере, и немав во моментот начин како да и кажам и отпосле на фин начин и кажав и само ми рече леле, извини, не знаев дека имаш состанок, леле па ти што не ми кажа. Па не е работата да и кажам, работата е да имаш основна култура и да знаеш дека прво и прво работам од дома. Или дури и да и кажеш и да не се налути, 5 минути ќе се стиши, и после пак по старо. Или се однесува пасивно агресивно, и цинично/иронично, ќе ја повлече грубо внука ми и ја слушам како и вика ајде тишина, пшт, потивко, ајде тета работи, да не и сметаме, немој да викаш, ме слушаш ли, пшшт, и ќе те погледне под око или некои слични ситуации. Мене лично ова премногу ми смета со оглед на тоа што сега откако работам од дома цело време сум со неа и веќе полудувам и не знам што да направам. Во план ми е да се преселам, ама сеуште сум во потрага по стан и до тогаш стварно не знам што да правам... Само да напоменам дека за други работи е фер, ако ти треба ќе ти помогне, ако ти требаат пари ќе ти позајми, ако ти треба нешто ќе ти купи од продавница, ќе ти направи кафе/јадење, ама џабе се тоа кога ова ги надминува сите граници.
Ова не ја оправдува. Не смее така да се однесува. Поразговарај со твоите родители ако не си до сега. Нека ѝ речат да престане со таквото однесување или да си оди. Не си должна да ја трпиш.
Работата е што мајка ми е разделена од татко ми и живее со вујко ми. Откако мајка ми си се врати во нејзиниот стар дом, снаа ми им "оди на гости" секој втор ден и мајка ми ми вика и кај нас 'ршум ни прави. Таков карактер е, сака да си командува и крај, прегласна е, ќе си се тупне, јас гарантирам дека и јас кога ќе си заминам и кај мене ќе сака да доаѓа, ама за жал за кај мене ќе треба малку повеќе да патува. Не може да речат да си оди зошто на некој начин, и додека мајка ми беше тука, ја трпеа заради внука ми, зошто ако си отиде од кај нас (а не е вработена) и не може да се вработи зошто внука ми постојано оди на дефектолог, логопед и други лекари, ќе треба да се врати во нејзината земја, а детево веќе тука почна да учи и фати тек, и почна на македонски, и после цел труд ќе падне во вода. И сепак за дете се работи, не можеме да ја избркаме и невино дете да страда... @bicycle Па горе доле знае, јас и мислам дека доста е веројатно ова и да е една од причините што се они во процес на развод. А и он како би ни помогнал од странство... пак ќе речам она седи тука заради детето, иначе да не беше внука ми, она фала богу немаше што да бара тука. Работата е како да се справуваме со неа дур е тука... Она ко што ми изгледа сакаше и да продолжи да не си работи и да живее под кирија со мене и мајка ми, и мајка ми ми вика не знам што и е поентата некој цел живот нејзе да ја издржава, мајка ми плус по дома да работи и да и помага околу внука ми, и она да си ужива, а она во крш односи со брат ми... Па после и вика на мајка ми или ти дојди демек во странство, ти ќе седиш дома ќе ја чуваш внуката и по дома нешто, а јас ќе работам, и мајка ми вика она се разведува од брат ти ама битно во странство ќе сме иделе, јас детето ќе и го чувам и служавка ќе и изигравам.. а мајка и нејзина нигде ја нема во приказнава. Не знам искрено, не излуде сите.
@blueeparadise жал ми е, баш незгодна ситуација. Работата е што мора брат ви да дознае за се што се случува. Дека ти смета додека работиш, дека не ти е убаво да живееш со неа. Дури би се осмелила да речам дека многу и се дозволува. Сега ќе објаснам во која смисла. Имам емпатија спрема неа дека е сама во туѓа држава и дека има дете со пречки во развојот. Моја претпоставка е дека оттаму и произлегува нејзината темпераментност и бес ама за тоа може да и помогне само психолог, а вие не можете. За да стигне до тоа не верувам дека ќе ја убедите. Затоа мислам и мој совет е дека мора брат ти да се вклучи. Во процес на развод се, да, ама мора тој да учествува во животот на детето и што се дешава. Дали ќе и праќа пари за да живее таа со детето сама, па после во странство некоја опција да најдат за некој да го чува детето или да појде во градинка - не знам до кој степен детето функционира нормално или не. Ама ти ќе полудиш во меѓувреме ако некој не превземе нешто сега. Значи ти имаш брат, внука и снаа. Океј. Ама мајка ти, како родител на брат ти мора да и засвириш да најде решение на ситуацијава. Не може твојот мир и твојата работа да трпи. Како постара и како родител, мора да се потпреш на неа и да ја притиснеш за да таа заедно со брат ти најдат решение. Може имаш 28 години или 30 не знам може си возрасна ама во случајов стварно нека те остават тебе настрана од нивните проблеми, на некој начин и ти си дете во приказнава што страдаш заради туѓи проблеми. Еве си живеела си видела дека не може вака да се функционира и дека не ти е убаво, притисни ги да ти помогнат да си имаш мир дома. Стварно не е убаво од мајка ти што не го слуша твоето барање за помош т.е ти рекла епа и кај нас прај ршум. Значи не може само да речете остај ја и нека прај што сака и да крене раце од ситуацијата. И плус кај нив е секој втор ден ама кај тебе дома е секој ден вака. Верувам дека не и е лесно на снаата ама не си ниту крива ниту должна да живееш вака. И уште едно ќе ти кажам. Мајка ти во приказнава многу ме изнервира. Што има на тебе да ти се жали дека снаава и рекла да оди мајка ти во странство? Секако го носиш товарот што живееш во таква средина секој ден. Значи мајка ти нема што да ти става дополнителен товар, да ти се жали и исповеда туку на снаата нека и плесне во лице како стојат работите, секако со разговор со брат ти, и на него треба убаво да му се каже како живееш ти. Ти едвај чекаш да побегнеш од таму, а не треба да ти биде така. А после се тешиш дека на снаава ќе и треба време да патува. Да може ќе и треба време да патува ама тогаш заради патувањето нема да дојде на гости на неколку саати туку ќе се тупне на 2-3 дена. Каде ќе избегаш тогаш? Кога снаава ќе почне да прави драми и да ти прави грижа на совест и да те манипулира? По понашањето ми личи дека и тоа би можело да се случи? Ти треба решение сега. Притоа ќе кажете дека понекогаш пак ќе и се најдете да и помогнете де дури и да живеете одделно - верувам дека заради внуката ќе одвоите време дали да ја причувате или зготвите понекогаш ама се тоа со граници.
@blueeparadise не сте должни да ја трпите, настрана внуката но мирот е најбитен, вашиот. Се е тоа во ред што и се наоѓате, но треба да се има ред и дисциплина. Ич не толерирам луѓе кои командат, или општо наредуваат и притоа сакаат да живеат на туѓ грб без притоа да придонесуваат. Јас би постапила така што би ја седнала, карти отворени, и кажи го сето ова што го кажа тука. Па ако има осет, ќе се свести. А исто ќе се согласам со @WarriorAngel вклучете го во се брат ти. Вака сите страдаат а снаата ужива и уво не ја боли каков стрес ви прави.
И детето не е изговор. Она нека си се снајде. Штом се разведува од брат ти, нема причина зошто да седи таму. Реков твоите да поразговараат за да не бидеш ти кривата ако само ти се побуниш. Ако си возрасна, сепак твоите треба да се осигураат дека мирот нема да ти се нарушува. А, снаа ти токму тоа ти го прави.
Ама брат ти е родител на тоа дете, не ти и мајка ти. Разбирам дека си приврзана за внучето, само овој проблем не треба ти да го решаваш, туку тој. Зборувај со него малку поостро, мора да најде некакво решение.
Фала ви на сите, да не ве цитирам одделно. Само би рекла @WarriorAngel не се согласувам за мајка ми, просто жената е цел живот малтретирана од страна на татко ми, сега од снаа ми, и женава и сега не живее баш во најсјајни услови, односно во ужасни живее, па уште и снаа ми и и се качува секој ден на глава и и се жали од татко ми (а мајка ми до завчера го трпеше). Значи, мајка ми до скоро живееше со нас, не дека она нешто и е ново ова со снаа ми и и она не знае како е, туку едноставно не знае што да каже. Брат ми и праќа пари на снаа ми, и таткото на снаа ми и праќа пари но со тие пари она допринесува што седи овде и плаќа лекари и третмани на внука ми. Нејзе еден месец што оди на третмани ја кошта околу 500 евра и тоа само на едно место, а каде се другите доктори... во градинка оди, ама само на 3-4 часа и не редовно зошто многу често се разболува и затоа стан e out of the question и се најде привремено решение додека детето не напредне да седат тука. Но, работата е што тоа се растегна на подолг период веќе и откако останав од дома да работам ми е повеќе забележливо (порано работев од канцеларија и ме немаше по 12 часа и не ја забележував толку). А за преселбата, на страна она, ама имам неполни 27 години и веќе некое време сакам да се преселам на друго место, не е дека одлукава ми е исклучиво предизвикана заради неа, туку општо и заради татко ми и заради тоа што сакам да се осамостојам, ама морам да признаам дека ми е забрзана заради оваа причина. И кога она слушна, одма леле па немој, па зошто, немој сега, не не оставај, па оди ние кога ќе си одиме, па на внука ми и вика ее тета е лоша не остава, и уз муабет кога и кажував дека зборував со еден газда на стан и му спомнав минимум 6 месеци за почеток, а па зашто 6 месеци, па ти нели засекогаш се селиш таму рече, таму сакаш да живееш зошто си му рекла 6 месеци... Мислам ок е, ако тебе нешто не ти одговара на твојата ситуација (некој да ти биде дома и да ти ја олеснува ситуацијата -да не е сама со татко ми, да и помагам со внука ми или што и да е што да напоменам ја сакам нормално, јас не сум виновна, јас имам свој живот што сакам да го живеам). И да ми прости, ама доаѓање нема, ме фати инат, ќе земам гарсоњера и нема да има кај да дојде, може изгледа налудничаво ама очигледно друг спас од ситуацијава нема...