Човечки е да се помогне, топол дом, храна, грижа за детенцето и јас и сигурно секоја од членките овде би помогнале кога се работи за овие главни нештаама се си има своја граница. Кога ќе осетам дека се надминува лимитот на моето трпение, на тоа колку јас можам да пружам и почнува да влијае на моето здравје - завршува. Ама моментално!! Кој сака нека е, сите имаме раце, нозе, очи да се снајдеме без да пореметуваме други луѓе. Посебно не луѓето кои ни помогнале. Нека се заблагодари чупето и нека си решава со брат ти.
@blueeparadise Јас одлично те разбирам, жал ми е и за ситуацијата со мајка ти и снаати, исто и за детенцето. Не мислев на тоа дека мајка ти не знае како е да ти виси некој над глава туку дека едноставно различно е секој ден да си во таква средина и секој втор ден на неколку саати. Плус баш треба да има разбирање за тебе дека живеела со снаата, знае како е и како родител да превземе нешто за да те заштити тебе. Што после животот што го имала знам дека воопшто не е лесно да заземе став во оваа тешка ситуација. Го кажав тој дел со дополнителен товар бидејќи слична ситуација имавме во фамилијата, мајка ми кога и дозволував, после секој разговор со личноста ми се јавуваше на мене да ми се жали и тие моменти доста ме цедеа психички. Имаш доволен товар на твоите рамена за твојот живот како што кажа и твојот пат и не е фер сама да се справуваш со ова. Знам дека не планираш да се отселиш само заради нив туку сакаш независност, што стварно е за почит, ама сакав да ти укажам дека ако не се стави некој крај или барем граници на нејзиното однесување, ќе најде начин да ти прави немир...доказ за тоа е манипулацијата што ти ја правела со лоша тета и сл. Ми се чиниш како добра личност ама пак ќе повторам, има повозрасни од тебе што треба да најдат решение и се надевам ќе најдат и да не дозволиш да ти ја искористуваат добрината, емпатијата и разбирањето за сите. Пошто кој те разбира и поддржува тебе? Кој е во твојот ќош и ти вика јас ќе те поддржам и ќе се борам да ти биде подобро? Без разлика на тоа каков живот имале твоите време е да мислиш на тебе и да те заштитат или ако тоа не се случува во прва прилика да си отидеш ако имаш финансиски средства.
Ох, за жал јас морам да си мислам за себе си, мајка ми ете нема доволно средства, и би и помогнала во прва прилика и ако можам би ни купила и стан за некоја година... помош не очекувам од никого, а од татко ми па ич за ништо, дури би прекинала контакт за сва времена. Сега за сега, мислам имам доволно финансии да отидам под кирија со добро буџетирање, ама ете дур не бидне тоа ќе си трпам очигледно. Жал ми е само за внука ми, ептен е душа, сама ми доаѓа ме гушка, ме стиска, ми се беси на врат, ја прашувам дали ме сакаш, ми вика да и ете ради глупава ситуација нема да ја гледам веќе толку, ама тоа е...
Јас би ти предложила како привремено решение ако можеш да работиш од канцеларија, имаш луѓе што изнајмуваат стан пример 5 луѓе што работат онлајн за различни фирми и си плаќаат кирија и сметки сите, како coworking space.. Или така или ако има опција во фирмата да работиш од нивна канцеларија.. Бидејќи жената е моментално тука, си се дере постојано, ти ако избегаш, мајка ти ќе треба да остане сама со неа, а јас не би ја оставила мајка ми со некоја така психички пореметена жена да седи, можеби ќе ја малтретира, затоа, мој совет што не мораш да го послушаш е да работиш од канцеларија или coworking место одреден период, додека да помине период и малото да биде подобро со говор и слично, ова е далеку од добро решение на проблемот, повеќе е како да го ублажиш да не се осеќа дека го имаш тој проблем него да го решиш.. Знам за такви места во Скопје, пример 5 или 10 луѓе, изнајмуваат простор, и сите си работат различно, сметки и кирија плаќаат заедно само..
Ќе се ставам на страна на снаата, бидејќи и смисливте 100 дијагнози само врз база на тоа што е бучна. Постојат два типа на луѓе. Луѓе кои што се тивки и луѓе кои што секојдневната комуникација им е бучна. Мене ме интересира дали братот се консултирал со неговото семејство за тоа дека жена му ќе остане со нив и дали тоа би било проблем. Ако се консултирал и членкава и останатата фамилија прифатиле, тогаш треба сами да си го решат проблемот со нив самите, а не со жена која не е од МК, во странска земја со семејство кое не е нејзино. Комплетно и го разбирам нејзиното хистерично однесување. Оставена од маж и со детето кое има проблеми со развојот и говорот без никој близок. Јас совет би дала, да си јавиш на брат ти и да го прашаш што му е планот во животот. Дали планира да тера ергенски живот во странство додека друг му ја вдомува жена му и детето или што. Крајно ирационално однесување од негова страна. Негова жена, негово дете, негова обврска. И наместо да ја гледате жената како извор на вашите проблеми, треба вашата енергија да ја пренасочите према вашиот директен член во семејството. Како да се вработи жената, ако како што велиш постојано се бара да биде присутна за детето поради неговите пречки. Тогаш брат ти кога веќе не го гледа сопственото дете, може барем да и плаќа и кирија, за и вие да си имате мир по дома, а тој барем нешто да придонесува во својата улога како татко. Јас ја гледам поголемата слика во приказнава. Нормално е дека ви пречи жена која што ви е наметната по дома, или пак наметнат цимер. Јас го сфаќам проблемот. Но, сметам дека братов во целата ситуација има најголема вина. Решението е, се јавуваш на брат ти и директно го прашуваш што те интересира и му кажуваш што ти пречи. Не си должна ти да се отселуваш од својот дом, затоа што тој самиот има нерасчистени односи со жена му и тој самиот има одговорност према својата жена и дете. Или доколку не сакаш да се соочиш со него, што не го разбирам, брат ти е, одиш директно кај жена му и и кажуваш дека ти треба максимална тишина кога работиш, затоа што не можеш да се концентрираш. Се ставам на нејзино место. Сигурно и она не сака да биде на товар кај вас, бидејќи како што кажуваш ви помага, дава од парите за домот, но ситуацијата е таа што е, и она го прави најдоброто за детето. И сега вината ја гледате во мајката, а не во братот кој исто така е родител ама полесно му е да остане во странство отколку заедно да направат едно решение со кое сите страни ќе бидат задоволни. Јас длабоко верувам, дека, доколку детето не би требало да седи во МК, жената би си се вратила барем кај најзините. Многу испреплетена приказна, во која никој не е крив, освен оној што моментално е отсутен и остава друг да му ги решава проблемите, а тој само пушта пари. Знам дека не е совет кој што го очекуваш, но гледано од страна и непристрасно, тоа е.
@ArabellaStarfall Ти благодарам на советот. Вака, прво кога реков дека снаа ми не е од тука може некој помислил дека е од Холандија, жената е бугарка од Србија, а дијалектот им е речиси исто како македонски да зборуваат, така што од тој аспект не и беше воопшто тешто да се прилагоди на јазикот, а и општо на средината, впрочем дедо ми потекнува од градот од каде што е она. Брат ми и праќа пари, ама за жал нема доволно да плаќа и третмани, и кирија и сметки и хигиена и за снаа ми и за детето и за се останато, и за него да му останат да преживее и овој беше начинот она да дојде тука да живее за да внука ми посетува третмани додека детето не се подобри и сметам дека она треба да биде благодарна и да го почитува тоа. Она баш напротив, дури и на мајка ми и татко ми хистерично им се има дерено и ги има бркано од соба од нивна сопствена куќа (пренесено на брат ми, он од 2000км крши прсти и се нервира, и што да направи, а да и плаќа одделна кирија во Скопје нема доволно пари). И верувај ми, не ја познаваш, некогаш женава стварно не си сака обврски и обожава да е codependent и да команда. Додека сеуште беа заедно во странство, пред да дознаат дека нешто не е во ред со детето, брат ми ми кажуваше дека секој ден мртов се враќал од работа додека она све четири у вис, и рекол после некој месец да се вработиш негде за почеток, ау не можам јас тоа, многу е тешко тоа за мене, добро ај ова, ауу нема шанси, кај јас тоа ќе ти правам. Јас ќе легнам да спијам после 12 саати ноќна смена, она ќе ја остави малата да ми скока на глава, ќе си отиде во кујна и ќе запали цигара, ќе си ги стави на спикер нејзините, ќе фати да се кикоти на цел глас, па ќе почне да се придерава. И те молам, дали ова ти личи на стабилен човек, и некој со осет за другиот? И некој што ти се издерава, плаче и корне коси во 3 сабајле и те брка од соба (зошто си и рекла дека нема да одиш со нејзе до Куманово), а до нејзината соба спијат мајка ти и татко ти, а мајка ти има 50 и кусур години, и патем ја пере, пегла и и готви на снаа ти, и за неколку саати во 6 сабајле треба да стане да оди на работа, дали ова е само еден бучен човек? Не би рекла. Нема врска, брат ми и снаа ми беа 11 години во врска, исто беа некое време во брак и не може од еден мој пост да се сфати и разграничи дали она е само бучна или хистерична, лоша или добра, дали брат ми е ваков или таков, и фала богу се си има нијанси, јас вака можам да седам и до утре сабајле да објаснувам и ќе испадне дека го бранам брат ми (а нема врска, не сме воопшто блиски), туку ја давам реалната слика само, ама просто не е возможно преку 3 поста јас да разложам случки од 10-15 години.
Чудно како на брат ти 11 години не му пречела ни бучноста на снаа ти, ни нејзиното неработење а му запречиле дури откако добиле дете со посебни потреби. Се ми се чини дека брат ти е само уште еден од мажите кои не се способни да се носат со теретот кој го носи такво дете, па си се развел и по принципот бриго моја преџи на другога, ви ги испратил на вас неговата бивша жена и НЕГОВОТО дете дур он си кулира во странство како да е ерген. Ќе се прежени за некоја година, ќе добие други деца и нема ни тие пари веќе да ги праќа, а вие мислете му ја што ќе правите со неговото дете.
Аха, сега преминавме на психоанализа на брат ми. Е најголемата грешка на брат ми што ја признавам е што они со години имаа врска на далечина, и он овие особини не ги имаше приметено доволно додека беа во врска, зошто друго е да живееш со некој 24/7 а друго е да се гледаш за викенди. Откако стапија во брак, и живееја одреден период тука некои нејзини особини дојдоа до израз ама пак не беше доволно опуштена за да дојдат до полн сјај. Потоа почна да се опушта, и некои работи да стануваат се позабележливи. И убаво кажав, кога него му пречеше нејзиното неработење, они не ни знаеја дека детето има било какви пречки во развојот. Те молам не кажувај ти дали брат ми ќе праќа пари за сопственото дете или не, зошто ние си знаеме дали и колку он си го сака детето а ти сигурно не. Он сигурно не отишол во странство од убавини, туку од мака, а она се врати тука зашто мораше на детето да му се постави дијагноза и да оди постојано на третмани на нејзиниот јазик, а не уште толку да се испобуни таму, а не ни ја испратил жена му, туку дојдена е заради доброто на внучето!! Пробаа да одат таму на третмани ама не ја биваше, и дури и самите доктори препорачаа да посетува на нејзиниот јазик, така што се е ова направено заради детето, и не е за он да си кулира таму, иначе она ќе си отидеше дома кај нејзините и јас сите овие мислења немаше ни да ги пишувам, аман!
Јас не ја знам, точно, но кога веќе сте дале согласност она да престојува кај вас, тогаш мора да си најдете заеднички интерес и решение. Ако ви е наметната целата ситуација, пак си имате решение. И пак во двата случаи, изворот на проблемот и решението е брат ти и никој друг. Кога очекуваш дека она треба да биде благодарна на брат ти што и дава пари за третмани на детето, треба и он, а и вие да бидете благодарни што таа доаѓа со детето во Македонија да посетува третмани. За нејзиното и неговото дете и вашето внуче. Претпоставувам се работи за мало дете. Ме интересира што е тоа 4 нозе во вис? Дали таа се грижела за детето, готвела, чистела по дома или навистина не правела ништо од тоа. Што правела таа додека брат ти работел? Навистина ништо? Само статуа? Дали била способна да работи, не знам во која земја биле. Но, повеќето бараат јазик да знаеш. Сепак тоа требале они од самиот почеток да си решат, какви се меѓусебните очекувања. Ти може да ја знаеш прикажаната страна од брат ти, но не и нејзината. И секогаш првата ќе ти биде поверодостојна. Не знам каков совет бараш и во кој контекст. Како да се ослободиш од неа, како се оди под кирија или се купува стан, како се разговара со брат ти за да му кажеш да си ја среди ситуацијата? Верувам дека не ти е лесно затоа што имаш наметната личност во твојот дом. Но, твојот гнев колку и да не сакаш да си признаеш, е потајно насочен према брат ти, што да ми извиниш, ви го тртна со грижата за неговата жена и дете. И не ми е логична никако ситуацијата. Одат во странство, со веројатност таму да живеат, а го праќаат детево да учи македонски јазик во земја во која не живеат, за пак да одат во странство и детево да не знае кој јазик да го зборува и истите проблеми да ги има. Каша попара.
Вака, под све 4 у вис сметам не правела речиси ништо - пример ќе го исчисти вецето еднаш во два месеци и после тоа го зборува со денови, ете јас исчистив, виде, убаво ли е исчистено нели а, или еднаш во месецот кифлички ќе направи и тоа е еве јас готвам, и примерот што го дадов кога брат ми ќе се врати од работа како ја оставала внука ми да му скока врз глава додека она скрола на телефон или пуши цигара во кујна и збори на камера. (Вакво нешто слично имам приметено и тука, внука ми ќе си направи некоја беља или ќе тропа/чука и вика додека некој спие, а она ќе си се затвори во соба или вц и збори со нејзините на телефон и после ќе ја види бељата и и се развикува и се така во круг). За работите што брат ми и ги имаше понудено да ги работи, не беше потребен јазик, ама она се пожали дека тоа било премногу тешко за неа, дека нема да се снајде, не можела, многу саати биле тоа. Едната работа беше во фабрика, а другата fast food да ја прави храната. Јас барав совет за најлесен начин како да и пристапам да и кажам да се смири малку и да не вика толку секој ден, бар додека не си заминам од овде, зошто секој ден ме буди, зошто не знам веќе каков пристап да употребам, она е секогаш лута, навредена и повредена, и ја врти работата во стил аха, добро се јас на вас ви сметам, јас не смеам да зборам на телефон, добро јас само ќе ќутам, јас ќе си идам и нема да ви сметам или само ќе рече добро, извини, или ќе се стиши 5 минути и пак по старо, или јас сум лоша тета што ќе си одам... мислам крајот не можам да и го фатам. Инаку, они кога отидоа во странство не знаеја дека детето има некаков проблем, таму забележаа, и го однесоа на лекар, и таму препорачаа дека е најдобро детето да посетува лекар, дефектолог, логопед и слично првенствено на неговиот мајчин јазик зошто колку толку го има слушано до тогаш и го има усвоено, затоа дојдоа тука и внука ми откако е тука стварно доста напредна со говорот и однесувањето. А кога ќе се опорави, снаа ми дали самостојно ќе одлучи да се сели пак во странство или ќе си се враќа во Србија/Бугарија, тоа не знам.
Мислам дека се претерува малце. Ако правела кифлички еднаш во месецот, тогаш што јаделе додека биле таму и кој готвел? Да купувале не верувам, затоа што се стиска брат ти за уште 200 евра да даде за кирија. На детето кој му правел за јадење? Ако чистела веце еднаш во два месеци, па колку треба да си гнасен да одиш во тоа валкано веце? За една недела се прља, не па за два месеци. Мислам биди реална. Јас мислам дека брат ти си има нешто друго на ум, и пробува на овој начин да ја оцрни својата жена, за да ви биде полесно на вас да сфатите зошто бракот му е крш. Но, тоа не е моја работа. Ако ете бараш совет како да разговараш, а веќе си разговарала и не вродило со плод, значи тогаш или ти преостанува да го свикаш брат ти да се соочи со вас и да каже што проблем сака да ви натури или и кажуваш на снаата да си оди. Затоа што ако некој треба да си оди, тоа не си ти.
Не знам ама целава ситуација ми е необична. Братот како само да сака да се оправда за разводот пред другите, ваква е, та таква е, а заборава дека е мајка на неговото дете и се грижи за него. Нешто почит малце? И плус се грижела по цел ден за детето. Тие работи за делење на обврски се веќе ствар на договор во брак, стварно не ја знаеме и другата страна. Крај краева, немам дете и сама живеам па понекогаш немам енергија да зготвам, ќе нарачам храна и нема да се чувствувам лошо заради тоа и дека не правам ништо. Го оставила детето да му скока на глава...зошто тој не си поигра со детето кое е желно да го види после работа? Не гледам проблем женава да сака пола саат сама да помине. Како, негово дете си е. Ми оддава впечаток на типичен балкански родител од пред 40 години. Да си дојде дома од работа, детето да не пушти глас, или да не посака да го види зошто тој треба да одмори, куќата, ручекот, све да биде под конец. Во денешно време мило ми е што се повеќе има бракови што си помагаат и си ги делат обврскоте пошто чувањето дете дома и те како е работа. Ова не е таков брак. Многу работи ми се нелогични и вината за ситуацијава ја наоѓам само во братот (не за разводот туку тековната ситуација) и сметам дека и тој треба да си најде решение. Почнувајќи од тоа да се исповеда на сите по дома за секој проблем за да се оправда што се разведува до тоа што ја тупнал снаата на неговите сама. За однесувањето нејзино спрема вас немам коментар.
Оф луѓе, предалеку отиде работава и многу работи се извадија од контекст. Кривица за проблемите во нивниот брак си сносат и двајцата, зошто и двајцата си имаат бош карактер за различни работи и во тоа не навлагам зошто искрено не ме ни интересира - нивна работа. За скокањето врз глава зборам во смисол работел 6 дена неделно ноќни смени, се враќал во 7 сабајле, заспивал и она го оставала детето додека тој бил заспан да му скока врз глава... а вечер пак треба да седне зад волан и да вози 20км до работа и да работи 12 саати, па на тоа место не знам кој не би полудел. Овие работи што ги кажувам он не ми се жалел вчера или завчера, кажани се поодамна, и не биле зборени секој ден, а и мислам дека е нормално внатре во семејството вакви работи да си споделуваме. А и он воопшто не е тип што очекува зготвен ручек дома секој ден, а Арабела што викаш што јаделе, брат ми јадел на работа сендвичи и брза храна, зошто бил на нога цело време, снаа ми нешто од фрижидер си мачкала и си правела замрзнати пици, детето тогаш беше уште мало и не јадело којзнае што, чоколино, медолино, каши, пасиран зеленчук, овошје, евентуално пасирано мевце со лепче и тоа е тоа, ретко ќе зготвела гравче, грашак и тоа е тоа. Иначе брат ми фала богу си чистел кога имал време, во тој еден ден слободен, не е дека на неа било оставено само на тие еднаш на два месеци. И пред да кажете ја оцрнува брат ми, слична приказна беше и тука, јас кога работев од канцеларија и ме немаше по 12 саати, мајка ми готвеше, чистеше и переше, значи истиот муабет ми го кажуваше и мајка ми. Јас некогаш ако работев и сабота ми кажувала мајка ми како буквално ќе си стане, расположена нерасположена како ќе ја погоди денот, ќе си се симне кафе ќе си свари, ќе и даде доручек на внука ми, ако е нерасположена може нешто да се поткара со моите, ќе ја однесе внука ми на лулашки и до парк, после до кај комшиката на кафе, па ќе се врати дома, се наредено, ручек на маса од мајка ми, испрана, испеглана. Така да ние ја гледаме секој ден и ја знаеме најдобро каква си е и што е, они што си ја утнале дебело со брат ми си ја утнале, и криви се и двајцата за различни работи, и не ги оправдувам ни едниот ни другиот, ама на крај уствари ние патиме од неа. И мислам дека тука треба да заврши дискусијата зошто на крај ќе испадне дека тетка ми е крива за нешто , а стварно е многу долга и широка работава и крај ќе нема ако продолжиме. Ви благодарам уште еднаш на сите.
@blueeparadise лелее човек, голем проблем сте имале вие по дома.. Како може до волку без осет да е? Стварно ко слуги ве гледа сите таа, крајно себично и ненормално понашање. Си има жената очигледно свои проблеми ама вие што сте дужни да ви се истура? Убаво ти рекоа другите, мора со брат ти некако да ја средите оваа работа. Како може заради неа, ти дома мир да немаш и да си принудена да се преселиш? Твоја куќа, твој дом и да дозволувате да ве командува и редот да ви го руши. Ова ретко кој би го издржил искрено. Знам дека за мир у куќа толерирате ама не знам до кога вака. До толку да е неразбрана возрасна жена не сфаќам. Штом е така, не можете да ја смените нејзе, викаш сте пробале со разговор, не бива, таква чим си е, ништо не можете, она ќе си тера по нејзино, ни срам ни осет немала значи, само караници би имале дома и нервози, што пак на ваша штета ќе биде. Притисни го брат ти, ти и мајка ти, нека најде некое чаре, не може вака да продолжите. Викаш дека не му е лесно и сеедно и него но како ќе се живее вака размислил он? Заради жена му да му трпи цела фамилија не иде стварно. А еве ако се преселиш ти, со кој дома ќе остане госпожата? Татко ти таму е? Што вика он за ова?
Не можам само вината на братот да ја истурам но и мајката е должна да обезбеди добар живот за детето, ако не сега, во иднина. Не може често да се вади на проблемот со внуката на членката и нема вечно да оди по логопеди и дефектолози. Проблемот кога тогаш ќе се среди и таа мора да почне да размислува за иднината на детето, а не само таткото да испраќа пари а таа ништо да не прави глумејќи жртва и плус да манипулира -лоша тетка, сака да си оди, класичен тип на манипулација. Таткото исто така има трошоци во странство, не знам во која земја е но има некои земји кои се претерано скапи за стан, сметки и верувам дека праќа колку што може да си дозволи. Знам еден таков случај во мојата околина - мајката разведена со дете, добива алиментација плус социјално и пари од нејзините, за работа не сака да слушне, се и било претешко нејзе, ќе почне некаде, и ќе напушти, а притоа други обвинува за нејзината ситуација. Детето нејзино здраво и право има кој да го чува, плус оди на градинка а таа по цел ден ништо не прави. Верувајте, не е убаво кога гледаш од страна. Настрана случајов што го спомнав, секогаш се водам по тоа дека не е само да се направи дете и да се роди ако двајцата не работат да овозможат убава иднина на детето независно дали се разведени или не.
Јас само ќе кажам да не ти влезе човек во фамилија што е мрзлив. Кој осетил на кожа добро знае, вака членката и една недела да раскажува повеќето нема да сфатат и секогаш вината ќе биде на мажот, па и жената дома работи, па како така кога дојде од работа тој мора да помага и слично. Какви жени има, верувајте да се запрепасти човек. И јас не верував, не верував дека и до степен на глума ќе се стигне, само по цел ден на телефон да се виси.. Искрено во кожа да не си на никој таков, посебно мажи со какви жени се расправаат тоа е за препаст. Кај нас секогаш е па мажот не помага, па мажот ова, па она, секогаш се вади очи на мажот и така ќе остане. Секогаш треба да има баланс, и да има разбирање, ама со мрзелив не се излегува на крај. Само јака и душа на сите тие што делат кров над глава или семејство основале, јас со таква личност нерви ќе искинам а не дај Боже дете да се гледа со таков. Едноставно нерви скинеш ама такви не се оправаат.
А може ли некогаш и женското однесување да е проблематично и да не е некако мажот крив? Бидејќи замислете да, не се сите жени жртви во секоја ситуација. Иако овој проблем го гледаме од една страна - на членкава - и е можеби пристрасен, факт е дека човек кој не гледа проблем во своето однесување е човек со кој никогаш никој не излегол на крај. Мислам дека ако брат ти не изнајде решение за неговото семејство, тебе единствено ти останува сама да си го бараш мирот; што не е баш неокеј зашто не си ти таа која се преселила кај братот и снаата.
Секако дека може ама за се се потребни двајца, постојат секакви жени/мажи доколку на некој не му одговараат нека не се дружат а камоли врска, брак, деца... Значи свесен бил чоекот.
Мислам дека бракот треба да биди меѓу мажот и жената. Тие двајца треба да си ги решат проблемите кои ги имаат. Нема што да се меша фамилијата, нема што фамилијата да биди згрижувачко семејство. Сепак тоа дете има двајца родители. @blueeparadise многу ми е жал што си се нашла во ваква ситуација, не е лесно, но ни ти ни мајка ти не треба да трпите ништо. Тие двајца свесно влегле во брак, никој не ги присилил на ништо, детето е нивно, и тие двајца треба да си изнајдат решение. За оваа ситуација се криви брат ти и снаата. Треба да му кажиш отворено на брат ти дека треба тие двајца да си изнајдат решение. А и не знам колку е добро за развојот на тоа дете неговиот татко да не е воопшто присутен. Не се важни парите на овој свет, денес ги имаш утре ги немаш, се заработуваат, важен е развојот на тоа дете кое не се родило по негова вина. Затоа јас те советувам искрено, отворено да му кажиш дека вака не се функционира. Дека нема што да се трпи ниту снаати вас ниту вие неа. Не е во тебе проблемот, туку е кај нив двата, и тие треба да си најдат решение. Најлесно е јас пуштам пари ти оди со детето сегде. Не знам дали сте ја прифатиле ситуацијата или едноставно ви била наметната али пак ќе ти кажам да ти беше сестра да ја трпиш, ајде некако, но не ти е ништо, ниту пак и должиш нешто. Кога брат ти и снаата биле спремни за брак и дете, сега треба да се спремни сами да си ги решат проблемите.