Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. Vaskooo

    Vaskooo Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2023
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Машки
    Дали е здраво да си крводарител ???
     
  2. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    26.399
    Пол:
    Женски
    Ако си здрав и имаш од фазла крв зошто да не ?
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.738
    Допаѓања:
    80.069
    Пол:
    Женски
    Како мислиш здраво? На твоето здравје нема некое влијание, ако ти даваш крв. Само ќе помогне на друг.
     
  4. Vaskooo

    Vaskooo Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2023
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Машки
    Еден доктор ми вели давај крб здраво е убо е за организмот а друг ми вели не давај не е здраво се згустува крвта
     
  5. Trexane

    Trexane Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2023
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Некој за ЛП?
     
    На Jan098 и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.708
    Допаѓања:
    6.642
    Ве молам некој ако може нека пише ЛП.
     
  7. Јова

    Јова Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Ке може некој да ми пише ЛП? Премногу е осетлива темата....
     
  8. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.268
    Допаѓања:
    40.204
    Пол:
    Машки
    Не е советот за мене, но би било добро да се слушне сечие мислење.

    Ситуацијава е доста сложена, но во последно време оди надвор од контрола.

    Се работи за цимерка која цело време прави проблеми.
    Покрај тоа што не почитува правила во станот, ја остава кујната тотално нечиста, јаде од храната на другите па се прави дека не е таа...
    Направи пожар во кујната, кој за среќа беше навремено виден и спречен да не се рашири и изгори се.
    Скроз е неодговорна и не се поправа.

    Од една страна се толерира поради тоа што е млада, и сепак има добра душа. А од друга страна поради проблеми во семејството кои ги има.
    Мајка и стационирана во институција поради психички проблеми, а татко и, па и не е баш некој добар татко. Растена е со баба и.

    Но, последното нејзино однесување ја прели чашата.
    Иако константно може да се најде нешто нечисто во тоалетот, улошки крвави отворени во корпа, растечен шампон по подот...
    Еднаш успеа да се испос*ре на даската на шолјата и да ја остави така. И се опрости затоа што ете, може се случило, може била во брзање, не видела, луѓе сме.

    Но, сега по втор пат, тоалетни хартии полни со г*мна фрлени по подот и на ВЦ шолјата, цели размачкани.
    Причина: Не видела.

    Ај што не видела, иако е тешко тоа да не се види, туку нејќе и да чисти, па мора другите да чистат.

    На моменти се губи, како да зборува неповрзано, а и забележана е со црвени очи. Дали може девојчево конзумира некоја дрога?
    Или, дали може и таа да ја има состојбата на мајка и толку млада? Се работи за генетски наследна болест.

    Не знам дали е океј повторно да и се прогледа низ прсти?
    Едноставно жално е низ што мине во животот, а од друга страна, кои се крајните граници кои може да се толерираат?
     
  9. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.522
    Допаѓања:
    5.425
    Пол:
    Женски
    Карактер е во прашање, а не ненамерни грешки. Непедантноста отсекогаш ми била огромен минус кај луѓето. Поготово пак во ваква ситуација кога дотичната не живее сама, а нејзината неодговорност и непедантност ја трпат и други околу неа. Нема да се смени, единствено цимерите ќе си ги изгубат нервите толерирајќи ја. Јас би се отселила искрено или ако сме повеќе луѓе во станот би и рекла таа да си оди.

    Па марихуана најверојатно ама ова не би рекла дека има врска со педантноста, повеќе со неодговорноста.

    А за каква болест станува збор? Можно е секако ама во тој случај и треба стручна помош.

    За крај, нека не очекуваат да се промени некој кому не му е срам другите да му чистат негови го*на. :x
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.342
    Допаѓања:
    13.457
    Пол:
    Женски
    НЕ! Никако. Како и го толерираат ова до сега? Нека ја исфрлат најубаво. До кога ќе се трпи лудилово?
    Сурово звучам ама па што должни се другите да трпат.

    И секако дека има големи шанси дрога да конзумира, исто и болеста да ја има наследено, чим е наследна што има везе колку е млада, не бира години болеста.

    Жално секако за неа, но стварно со ништо не се должни другите да живеат во цел тој хаос со неа.

    Она очигледно е дека не е свесна ни што праи, не може ради невнимателност само ова да се случува па колку и да е непретпазлива и непедантна, вакви работи нормална особа не би си дозволила во никој случај.
    Не бе, не ми е прифатливо, па колку и да е мрза, до толку зарем без осет е. Нешто не е у ред со неа сигурно.

    Да не собира и носи ѓубре во станот?

    Да стапат во контакт со бабата или таткото ама колку би помогнало тоа.. Нели, не е па ни човечки да се исфрли само на улица, мора со стручно лице да се види, да и се напраи проценка, и да е под надзор, вака сама ете до каде стигнала. Полнолетна е?

    А другите да толерираат нема смисла, не се должни ама воопшто. Со неа не ни може да се разберат, ќе си продолжи по старо.

    Еве коа ќе и кажат дека не е у ред ова шо го праи, што вика на тоа? Претпоставувам не прифаќа дека понашањево и е ненормално штом никако не се поправа.
     
    На NoirSerpentine, SummerGirl и Billy Idol им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.896
    Допаѓања:
    171.490
    Пол:
    Женски
    @Billy Idol гледај, колку и да сме емпатични за другата страна, има момент каде веќе не можи да се толерира. Лично границата на толерирање многу рано во текстот твој ми ја надмина мене. Дали има наследено болест, дали зема дрога или е само особа која е во лоша ситуација и како резултат е slob - не можиме да знајме. Ваквото однесување ќе влијае на тебе зошто делите простор. And you should protect your peace. Ако ти е само цимерка или ти или таа се сели, а пред то точно му кажваш зошто. Ако ти е поблиска особа пак му кажваш зошто ама ако сакаш обиди се да ја однесиш на стручно лице пред да прајте план за слење. Но, имај на ум, ако не сака да ѝ е помогнато - не можиш ништо тука.
     
    На SummerGirl, Billy Idol и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.268
    Допаѓања:
    40.204
    Пол:
    Машки
    Не знам точно за каква болест се работи. Немам податоци. Освен, дека може да се работи за наследна болест бидејќи мајка и е институцијализирана долго време.

    Не. Бар во станот не. Иако има кажано дека ѓубрето од тоалетот го чува во својата соба, па потоа го изнесува. :|

    Да. Полнолетна, но млада.

    Се буни и расправа, но потоа ќе си среди. Ќе биде океј недела, две, и потоа нов проблем.

    Не е нешто што се случува секојдневно, туку периодично.

    За тоа дека има фамилијарни проблеми кои лошо ја афектираат во периодот, не го крие. Но, од друга страна пак, иако се има емпатичност, ги поминува сите граници.

    За контакт со таткото и не може да се има. Прашање е дали и таа има. А со баба и, не знам дали може да се добие контакт. Девојчето е на некој начин оставено само на себе да се снаоѓа во животот, и освен што има финансиска помош, нема никаква поддршка.
     
    На Istata od vcera и Mrs. right им се допаѓа ова.
  13. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.342
    Допаѓања:
    13.457
    Пол:
    Женски
    Не е тоа поентата, тогаш џабе, не извлекува никаква поука значи, ниту ја допира тоа што и се кажува. Не знам инат ли води или што е работата ама знам дека не се криви ни дужни да ја трпат.
    Ок тоа све, ама ич не е нормална таквата нејзина реакција и однос, свесна ли е? Никакво оправдување не е.
    Лошо. Претпоставувам таткото и помага финансиски? Си мислат, еве ти пари и тргај ми се да не те глеам и баш ги брига. Колку има вакви семејства со нарушени односи..

    Како и да е, тие што живеат со неа мора да најдат решение и да се спасат од неа. Емпатија и разбирање ама до одредена граница, а она сите граници ги има поминато. Сопствениот мир и ред да ти го ремети некој, па не знам кој би можел да толерира.
     
    На SummerGirl и Billy Idol им се допаѓа ова.
  14. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    12.368
    Пол:
    Женски
    Жално е што пораснала во неодговорно и лошо семејство, ама тоа не е изговор за ваква страшна нехигиена. Очигледно повеќе ја мрзи да го расчисти нередот отколку што не приметува.
    Сметам дека доволно сте и прогледале низ прсти, сепак се работи за возрасна особа, не е дете за вакви испади.
    На крај краева никој не е должен да собира нечиј измет и крвави улошки.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  15. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.841
    Допаѓања:
    5.588
    Јас мислам дека ова психички здрава особа не може да го прави. Или зема некаква супстанца па во комбинација со евентуална психичка нестабилност почнува да се губи, али дефинитивно има нешто што не е окау со неа.
    Јас не би живеела во ист стан, таквото однесување е е потенцијален извор на заразна болест во најмала рака. Жално е за девојчето ама секако ако она не гледа проблем во нејзиното однесување никој не може да и помогне. Лично јас не би имала срце да и речам да си оди, или да кажам на газдата на станот, ама би се отишла јас.
     
    На Bitter-Sweet, Billy Idol и BlackNight им се допаѓа ова.
  16. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.479
    Допаѓања:
    5.313
    Пол:
    Женски
    Sednete ja i kazete i ako ne se sobere deka tolku ke e.
    Ova e premnogu do kolku ke se tolerira nekoj?
     
    На SummerGirl и Billy Idol им се допаѓа ова.
  17. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    Ако ви е жал да пресечете, може да и предложите да посети психијатар.
     
    На SummerGirl и Billy Idol им се допаѓа ова.
  18. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.844
    Допаѓања:
    39.599
    Како и другите, мислам дека има психички проблеми,, тоа верувам и цимерките го сфатија.
    Тешко е да се живее со човек кој не признава дека му треба помош.
    Нека ја предупредат дека на следен инцидент ќе си заминат тие...
    ( ах да, колку и грозно да звучи, нека си тргнат секаков прибор од тоалет)
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.268
    Допаѓања:
    40.204
    Пол:
    Машки
    Не гледам како ова може да вроди со плод. Не може некој да го земиш за рака и однесеш. Дури и член на фамилија да ти е.
    А да му речиш некому дека треба да оди на психијатар, тешко дека ќе те послуша, само кавга може да се направи. :)
     
  20. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    Епа без стручна помош тешко дека такво однесување ќе се смени.
    Или цимерките или она мора да напушти.