Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Mozebi da se javish na kinika za psihijatrija; ili bardovci da im objasnish se toa, pa moze oni prisillno bi ja hospitalizirale za nejzino dobro. Odnosno kako opasnost za okolinata?
     
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Машки
    Опасност од околина може да биде ако некој е нападен физички кон други луѓе или кон самиот себе ако си штети. За што би се јавувал?

    Девојката ниту е нападна кон друг, ниту кон себе. Физички никому не штети, и не гледам како е тоа етички да се направи, посебно од некој што не и е ништо.
    Ако веќе има проблеми, одлуката секако е нејзина да побара помош, а не некој да ја присилува.

    А, и не верувам дека таква служба би реагирала за тоалетна хартија... Смешно е.

    Јас повеќе го ставив акцентот во постот на тоа како може да се реши проблемот, т.е. да се разговара за да не прави вакви глупости, а и од друга страна дали е етички коректно да се избрка од станот кога мине низ тежок период во животот.

    Тоа што сите се сложувате дека го поминува секој праг на толеранција не ме изненадува. Никој не сака да трпи такво нешто.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.308
    Допаѓања:
    13.238
    Пол:
    Женски
    Па пробајте со разговор ама не ми делува дека би вродило со плод. Како што кажа, разговарано било неколку пати и ништо. Посебно што личи како да не е свесна дека има проблем и мисли нормално е однесувањето. Ако стварно има некое психичко растројство како мајка и, тогаш не може да се очекува дека би прифатила оти и треба помош, они негираат обично па и знаат бурно да реагираат.

    А етички или не, не можевме, а да не се сложиме дека ја има претерано. Ако не, нека си продужи, а останатите нека се нервираат, не иде.

    @Hisha на Бардовци и на психијатрија им е гајле, ко да не знаеш како функционираат кај нас установите.
    Тие и при потврдена дијагноза и потреба од хоспитализација, ќе ги задржат некое време да полежат и ги пуштаат.. И тешко на пациентите, на нивните фамилии и луѓето со кои истите живеат.

    А за оваа ситуација не верувам да реагираат, ќе се оградат одма и нема да сакаат да преземат одговорност или па само можеби би ја упатиле на проценка.
    И треба и те како стручна помош ама чекор по чекор, не одма хоспитализација, не знаеме дали има и за каква дијагноза се работи. А пак со сила не можат да ја одвлечкаат чим не била опасна.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.010
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Нека си закачат табла со неделни обврски. Ако веќе бркањето од станот не е опција. Да си ги поделат обврските. И ако не се исполнуваат понатака, самата треба да биде свесна кои и се опциите. Многу е тешко да се разговара тоа што ти лежи на срце, верувам, ама и уште потешко е туѓ измет да го наоѓаш во тоалетот. Нека и кажат во лице дека е гадно, одвратно, нехигиенски и некултурно. На крајот на денот, не им е сестра, не се должни да толерираат. Жива сила нема да ме натера да живеам со таков неуреден човек.

    Таа од друга страна се запрашала за туѓите нервози или баш и е гајле? Не можеш толку да си во брзање, тоалетот лом да го направиш и оставиш. Лист на врата нека закачат, ако заборава со нејзино име, пр. Весна одржувај хигиена во тоалетот.

    Последно нека и биде, веќе нема да ја толерираат. Првата грешка или они се селат или таа си оди. Па нека зависи од неа.

    Ти што би направил ако живееш со неа? Ќе ја толерираш или ќе и покажеш врата? Не секогаш добрина е за секој. Они треба да пресечат, или ќе замижат да живеат во штала или ќе живеат нормално. А никој за ништо не му е должен на некого.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Машки
    Баш и тоа го имаат направено, распоредени неделни обврски кога кој и како да чисти кујна, тоалет, балкон...

    На почетокот беше океј и се придржуваше редовно, а после почнаа проблемите.
    Почна кога е нејзин ред да чисти, да не го прави тоа. Па толерираа еден период, после почнаа индиректно да опоменуваат, па и директно да пишуваат. Ќе среди, и пак по старо.

    После почна да се лути зошто директно ја опоменуваат, со се, да изиграва жртва како се нејзе не ја сакаат и немаат разбирање за неа, дека одма сакаат да биде средено се. А не се работи за некоја ситница, како што може да се види...

    Еве и сега се лути и не зборува со никој затоа што јавно и го кажаа тоа со тоалетот, и тоа пред сопственикот, плус и слика и покажаа затоа што секогаш негира.
    Сопственикот секако не сака да се меша, не е негова работа. Плус мислам дека има договор до Август. Изгледа ќе мора до тогаш да се трпи.

    Јас, отпочеток лично мислев дека се работи за ситници. Се случува секому да не му е денот, да не исчисти тогаш, или да направи некој неред во кујна или тоалет. На крај памет не ми доаѓаше дека некој може да е толку неуреден и тоа да го прави вака, скоро па како намерно да го прави. Ама стварно е хаос ситуацијата.

    Јас лично кога имав таков проблем со цимери ги строив сите и им ги поделив обврските секој што да прави и чисти. Се воведе ред кој секој го почитуваше, и секогаш станот беше горе - долу на место. Бар немаше овакви испади.
     
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    2.856
    Пол:
    Женски
    Здрав човек тоа шо го опиша не го прај и да не биле нападнати од неа не значи дека во иднина не можи нешто да напрај и дека не е опасна, уствари можеби прај некој гнасотии а никој за тоа да нема појма, јас не би живеела под ист покрив со ваква особа,нека се испратат и нека му кажат дека нашле друга цимерка.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  7. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    2.376
    Пол:
    Женски
    Бидејќи пиша дека се работи за помлада личност, ова личи дека личноста уште не е созреана, а со оглед на минатото и на условите, јасно е зошто е така. Дури и да има знаци на некое нетипично однесување, повеќето од ова е тинејџерско однесување. Таа била приморана многу од работите да ги прави сама и да порасне пред време ама умствено уште се наоѓа таму некаде во минатото и треба време додека да стигне. Имала баба ама тоа не е доволно. Ѝ фалат навики и воспитување и постапки кои не треба да се толерираат. Да, се случуваат секакви работи (кој не живеел со цимери нема да знае). Луѓе како луѓе, нормално е. Ама мора да има граница.

    Со такви личности треба многу трпение. Прво може некој (ама еден) да разговара и многу полека и мирно да ѝ каже дека тоа се обрвските и дека тие ја сакаат како цимерка ама мора заедно да поработат на одредени работи и ако не може сама може да праша за помош ама тој џокер може да го искористи само еднаш па нека внимава кога ќе има најмногу работа и нека си го чува за тогаш инаку после нема веќе џокер и ако заостане тоа ќе биде последно. После некое време друг (повторно само еден) нека каже дека ја сакаат за цимерка и дека не сакаат да менуваат стан заради нејзе и сака да помогне ако треба помош. Нека каже дека веќе ги побарале на друго место ама дека сакаат да останато со нејзе ама само под услов ова да се смени, а ако не се смени тие веднаш си одат. Ова ќе биде многу тешко бидејќи таа знае дека веќе ѝ се прогледувало низ прсти за големи работи па не знам дали ќе функционира.
    Или евентуално да кажат дека ѝ нашле друго место ама таму нема да толерираат неодговорност и дека исфрлуваат после прв инцидент па ако не сака да заврши на улица, да почне да помага и повторно да се нагласи дека ова ќе биде последна шанса.
    Важно е да не бидат сите заедно бидејќи така таа ќе се почувствува загрозено и нападнато и сите зборови кои ќе ѝ бидат кажани ќе прелетаат зад нејзе без воопшто и да помисли на нив (и веќе се случило ова после тоа што пред сите ја кажале, а се лути токму заради тоа што уште се чувствува како тинејџер и не може (и нема) да признае грешка бидејќи мисли дека сите се против нејзе). Еден по еден, со смирен тон.
    Постепено интегрирање и многу важно да не се однесуваат како авторитет бидејќи тоа ќе го гледа како проблем, ќе се постави одбрамбено и ќе дојде повторно до лутење. Само другарски и со многу трпение.

    За промена, може да ја прашаат ако сака, после секоја завршена обврска да се наоѓаат сите заедно и како награда да играат некоја игра и пијат..не знам..пример какао или испробување на заедничко приготвување на безалкохолен коктел. Или да предложат нешто што нејзе ќе ѝ се допадне. Positive reinforcement може ќе даде многу подобар резултат отколку заканите со казна и селење кои очигледно не функционираат. Може да го гледа како рутина и одвај ќе чека да дојде тој момент - нешта што во нејзиното растење ги немало, ниту рутина ниту радост кон нешто едноставно и рутинско.

    Знам дека не е нивно да ја превоспитуваат ама со самото тоа што ја толерирале личи дека би сакале да ѝ помогнат па веќе кога поминале толку време, барем енергијата од гнев нека ја преформираат во вакво нешто кое надежно ќе помогне.
     
    Последна измена: 31 мај 2024
  8. Jova201

    Jova201 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Grda sum nikoj me neki toe.
     
  9. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски
    Имам лице од блиска фамилија што во последно време не е како вообичаено.
    Премногу е вознемирен, оптеретен е со мисли, однесувањето му е променето, како да нема мир и сталоженот , зборува не поврзани работи… Личноста беше претходно мирна и е целосна спротивност од сега, многу е возмемирена и за одреден тип на теми има опседнатост. Ми треба совет како да помогнам бидејќи оди во погрешна насока… Помислив на се и сешто дури и дека некој нешто му направил, од др страна мислам дека е океј и нема да бидам сфатена погрешно да предложам да посети психијатар, не реков психолог затоа што според мене се многу по стручни психијатрите. Не знам дали ума такив некој проблем ама гледам фека не е како претходно со разѓислувањето и постапките..
    Ќе ве молам да ми предложите како да постапам бо врска со сиусцијава или некој психијатар што ако не си за терапија не ти дава по секоја цена.
     
  10. Dilajla123

    Dilajla123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2022
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    1.320
    Пол:
    Женски
    Штом ти како блиска личност си воочил промена во однесување,нема сомнеж дека е така.Што побрзо посета на психијатар ,толку подобро,зошто покасно лучноста може да престане правилно да расудува и да смета дека не и е потребно стручна помош.
    Ако нема потреба од терспија не дава психијатар.
     
    На Mia-K му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    8.692
    Пол:
    Женски
    Според ова што го прочитав, за тоа што прави девојчево и како реагира на тоа можам да ти гарантирам дека не се работи ниту за лош ден, ниту за карактерни особини, ниту за немање воспитување и основни хигиенски навики, ниту финансиски причини. Најверојатно има некој вид психичко растројство. Тоа што е час во ред, час не е, значи дека има епизоди кога ментално не е во добра состојба кои се повторуваат.
    Многу често се сретнува кај лица со психози, со шизофренија, кај лица со деменција, со зависност од алкохол или депресија. Родител хоспитализиран за некое психичко растројство (што значи таа е во прво колено од неа) носи ризик за хередитарно условено психичко растројство кај неа.
    Заради лошата ментална состојба во која се наоѓаат овие лица, тие не се во можност да ги извршуваат најосновните дневни задачи како грижа за себе и за домот.
    Не се во состојба да се тушираат, да се исперат, да извршуваат секојдневни хигиенски навики ниту па да одржуваат хигиена во домот и редовно да чистат. Колку потешка е психичката состојба, толку позапуштени се во тој поглед. Исхраната исто може да е занемарена. Дури може да дојде до степен и да се доведе во прашање нивната егзистенција. Тогаш веќе мора да се под туѓа грижа и надзор, бидејќи не можат да преживеат сами.
    Тоа што не ви дава одговор зошто го прави тоа или го негира, не значи дека лаже или дека е неодговорна. Може да биде и зошто нема сеќавање дека го направила нередот зад себе. Некогаш се тотално несвесни за направеното. Кога ќе ги соочат другите со нивниот неред, со нивниот запуштен изглед и лошата хигиена, ќе почуствуваат срам, но не значи дека и ќе се сетат како да се испрат, како да исчистат и дека тоа ќе го направат. Некогаш се како вкочанети ментално, па и физички.
    Ако се работи за ПТСД на пример, може да има страв од тоалети ако се асоцирани со траумата.
    Значи причина може да бидат повеќе психички растројства за ова однесување. Треба стручно лице да процени.
    Мое мислење е дека џабе се сите табели и распореди, сите обиди да се „превоспита“ зошто без соодветна медикаментозна и психотерапија сето тоа ќе биде џабе труд. Тука се работи за возрасна особа со веќе формирани навики, но со ментален, психички проблем, а не за дете кое е во развој.

    Само таа може на своја иницијатива да побара помош од психијатар/психолог и незаконски е да се хоспитализира човек присилно. Можеби е свесна дека има проблем но е уплашена и/или негира дека има (секако би и било тешко да прифати ако веќе видела како тоа изгледало со мајка и). Можеби се плаши од истата судбина.

    Мора некој на кој таа му верува да поразговара со неа во доверба. Можеби ако знае дека има поддршка ќе се осмели да побара стручна помош.

    Во секој случај, животот со вакви личности е особено тежок и дури ни најблиското семејство некогаш не може да се носи со нив. Цимерите, кои имаат и уште полабава емотивна врска со неа, уште помалку ќе ја чуствуваат како нивна обврска и ќе гледаат да не живеат со неа.
    Жал ми е за девојката, навистина и треба и помош а нема блиски да и помогнат.

    Пиши каква е состојбата со неа кога ќе имаш инфо.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Машки
    Фала ти многу на опширниот пост.

    Апдејт на ситуацијата: Не е ништо променето. Цел труд и вложувања даваат краткотрајни резултати, потоа пак се враќа на старо.

    Сега е летен период со одмори, па не е hot topic.

    Крајното решение е да не се продолжи цимерувањето со неа кога ќе заврши договорот, а не е преостанато уште многу.
    Тоа е.
     
    На eliesaab и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  13. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    910
    Пол:
    Женски
    Moze nekoj lp hitno mi e
     
    На LoneWolfGuy и anuska_dzuli им се допаѓа ова.
  14. anuska_dzuli

    anuska_dzuli Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Ajde mila
     
  15. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    281
    Пред неколку години (3-4) моето женско друштво се запозна со едно машко друштво и полека се спријателивме, почнавме често да излегуваме, да славиме празници, одиме заедно на одмори итн.. едноставно станавме блиски.
    Претходната година во друштвото влезе едно девојче кое што со една друга другарка која што веќе беше во друштвото се знаат од деца.
    “Новото” девојче и јас лично го знам од детството ама никогаш не сме биле во контакт. Сфатив дека “новото” девојче баш и немала некои пријатели во тоа време, односно се разделила со некоја другарка и така останала сама. Јас кога го тоа дознав форсирав да оди секаде со нас за да не се чувствува осамена и да не седи дома во овие убави години.
    Евентуално таа се сплетка со едно машко од друштвото, јас знаев дека тоа не е добра идеа.
    Сега пред неколку месеци раскинаа,а друштвото практички не постои. На сите ни е непријатно кога тие двајца се во близина затоа што не се доволно мудри за да останат колку-толку во пријателски односи.
    На сите ни недостасува старото друштво но, другарка ни се лути кога се и се спомне бившиот и е отсечна дека никаде не сака да оди со него. Има изјавено дека слободно ние можеме да се дружиме со него и со целото друштво само ние да не ја планираме неа затоа што тас не сака да е во негова близина.
    Еднаш дури, кога застана нејзиниот бишв, нашиот другар со нас во град на 5 минути муабет таа не престана да прави коментари од типот “ Што сега овој застанува со нас”, “Од каде сега он”, “ Ајде не му правете муабет”… Коментарите беа од кога муабетот заврши и веќе се разминавме со него.
    Два пати излеговме цело друштво и беше ужасно непријатна ситуација.
    На машкото не му смета кога сме дите заедно затос што знае колку толку да се контролира и да не прави никакви коментари.

    Сега не знаеме што да правиме. Ако се дружиме пак старото друштво а другарка ни не доаѓа, ќе се осекаме лошо, вака се исто осекаме лошо кога не се дружиме затоа што си бевме премногу погодени и имаме еден куп мемории заедно.

    П.С. ДА НАПОМЕНАМ ДЕКА НЕ СЕ РАЗДЕЛЕНИ РАДИ НЕВЕРСТВА, ТЕПАЊЕ, КАРАЊЕ, разделени се затоа што тој ги изгубил чувствата спрема неа и тој тоа и го признал затоа што не сакал понатака да ја вплеткува во нешто што нема да постои.
    Раскинати се 5 месеца, тој нема нова девојка.
     
    Последна измена: 18 август 2024
  16. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    2.952
    Пол:
    Женски
    Ако девојката не е фер спрема вас, нема потреба ни вие да и нагодувате. Каква другарка е тоа да ви вика не зборувајте со него, не застанувајте со него.
     
  17. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    281
    Знам, ама многу е тешко кога ти е најдобра другарка и сакаш да испаднеш фер спрема неа, пошто нели когс двајца ќе раскинат не е коректно да останам во контакт со бившиот.. но, јас нејзиниот бивш го знам 3-4 години.. дури и пред неа.
     
  18. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    2.952
    Пол:
    Женски
    Па и она на тебе треба да ти е најдобра другарка. И да не ти поставува граници во дружбата. Она е таа која треба да најде баланс помеѓу вашите дружења. Разговарај со неа кажи и тебе како ти е.
     
  19. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    281
    Разговарано е многу пати. Она кажува како не и смета и кога ќе се видуваме со нив неа да не ја планираме затоа што не сакала да се гледа никако со него, кога дојде момент за договарање се гледа дека и е сеедно и дека се лути.
    Јас ја потполно разбирам ама не може некој да ми е близок другар 3-4 години и да прекинам некој контакт поради раскинување а и двајцата беа свесни што може да се случи.
    Да избиеше некој скандал како превара, карање или некои сериозни проблеми од негова страна тогаш немаше да го погледнам ама вака не ми е јасно.
    Тој каков таков испадна чист и и кажа се како што е , друг да беше можеби ќе криеше од неа, ќе беа ден денес заедно и само ќе ја завлечуваше.
     
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.679
    Допаѓања:
    79.758
    Пол:
    Женски
    Дружете си се вие, само не мора кога сте истовремено со него, да биде и таа тука. Знам како е да се има бивш во друштво. Не е добро. :)