Некој во лп за една работа која што не сакам баш јавно да ја споделам, ако е некој расположен за разговор, мислење...
Во погрешна тема си го ставила мислењево, па те цитирам во оваа што е општа. Со оваа љубопитнава не мораш веднаш да прекинеш контакт доколку не сакаш. Прво пробај да ѝ објасниш како се чувствуваш ради тоа што не споделува доволно со тебе иако сте другарки. Можеби другарството од нејзина страна не е толку силно колку од твоја. Заслужуваш да знаеш на што си пред да донесеш одлука. Не е на одмет да поразговараш и со другата. Нека си имаат дечковци, но не е во ред да си ја запоставуваат другарката. Ако бар малку им значи другарството, треба да најдат баланс. Не е дека не можат да одвојат неколку часа за тебе. Да можеш да си процениш дали е само нешто до нив или до тебе, а не си свесна вака. За барање друштво, имаш тема на форумов Барам друштво за... Пиши си таму, можеби ќе ти врати некој/а. И ако можеш да си дозволиш, зачлени се некаде (спорт или танц) каде ќе можеш да запознаеш нови луѓе.