Mиме јас лично кога праќам CV најсигурно ми е преку меил, а евентуално лично би го однела до канцелариите на фирмата. Не знам зашто јас не им верувам на нашиве пошти, сведоци сме на погрешно пратени писма, на изгубени писма, а меилот ако не го пратиш точно ти се враќа дека не е пратен Денес сите фирми комуницираат преку електронска пошта. И запиши си ги сите детали, исфилувај го посебно биди добра на збор, но без лажни податоци. И да убаво Сањаева внимавајте со ФБ, зашто еве и кај мене на работа сите прво на Фб ги проверуваат. Секако дека си млад човек се очекува луди статуси, слики, но без претерувања се си има граница. Порано многу се нервирав кога одев на интервју и кога ќе ме праша се од цвто а тоа веќе и го има прочитано, така да на прв поглед се гледа интервју ради реда
Основната цел на CV-то е ненаметливо да се наметнете. Продадете се себеси, замислете се како продукт и вие сега треба на пазарче или кај дистрибутерот да си направите реклама. Сам себеси се рекламирал, ви текнува? Пофалете се, но немојте да претерувате. Внимавајте што ќе напишете, затоа што не е тешко, а може да се случи тоа да го направат оние од фирмата каде што конкурирате за некое работно место, да ве проверат во фирмите кои сте ги вовеле како претходно искуство. За CV-то е познато дека не смеете да лажете, сепак мал совет од мене, можете да изберете поубави синоними за да опишете што сте работеле во таа и таа фирма. Значи на пример, ако сте работеле асистенска работа, нема да пишете - куцање машина, турпијање нокти, правење кафе нели? Туку ќе пишете електронска обработка на податоци и документи, комплетна професионална асистенција на претпоставениот во областа на... итн. Веќе вие знаете како. Исто така многу лошо делува кога некој ќе воведе буквално СЕ во своето CV. Никого не го интересира дека вие сте работеле 3 месеци на рингишил во Америка или дека богу иза леџа сте работеле како студенти ко шанкер, пошто сте сакале да заработите некој денар вишок за искачање. Таа информација можете да ја оставите сосема за крај и да наведете во една реченица, дека како студенти сте патувале и работеле преку лето, евентуално дека имате искуство со повремени летни студентски пракси. Значи, читко, стручно, привлечно и вистинито - токму такво треба да е CVто кое привлекува внимание. И во зависност од фирмата и од работата која сакате да ја добиете, можете да изоставите или да вметнете некое работно искуство кое сте го имале а мислите дека ќе ви помогне при изборот на кандидати. Формата веќе ви ја постираше Ливинг, таа се употребува денес најчесто, и е најпрегледна. Фејсбук? Ако сте еден од оние корисници кои се и сешто си ставаат на профил, плус не ви е заштитен - сторете го тоа уште денес. Никој не сака да прими вработена која на профил фотка ги истакнува своите атрибути со срценца, со бројчиња и со не знам што уште. Епа толку од мене вака советче троа плус, што ми текнува
девојки све тоа ми е јасно само незнам дали го пуштам по е-маил или по пошта оти наведени се двете места за пуштање јас мислев по пошта по е-маил да не го отвори некоја злобница хахаха све бидва а за фотографија па имам една со бела кошула црни пантолони формално облечена сум кајде што имам аплицирано на др.места за работа што велите?
Миме, па ако е наведено дека сакаат и по пошта и по мејл, прати и - и, не е на одмет два пати. Поарно два пати отколку ниеднаш Туку за каде си бараш работа? Мој совет, научи да употребуваш и големи букви како и интерпункциски знаци, многу лошо те следи човек што сакаш да прашаш кога не ставаш ни запирки, ни прашалници, ни точки, ни големи букви, ниту пак ентер. Во ред, знам дека е форум, и сите се изразуваме како што сакаме и како што сме навикнати, ама ако пишуваш вака секаде верувај еден ден ќе треба официјален мејл да пратиш и ќе ти излета ваков стил на пишување кој воопшто нема да делува убаво. Совет од мене За слика да - формална облека, наједноставно и да делуваш сериозно, без многу шминка.
пираминче знам но не од незнаење знаци не ставам од брзање но мотивационото писмо го скоцкав внимавав на све сепак фала ви на советите,ќе пуштам на 2те места...
ама сигурно мејлот е на тој што ке ја прави селекцијата така да сеедно е- ништо не ти е 100% сигурно ако требало да не биде нема да биде ,...немој да мислиш така , мисли позитивно
Имам одено на обука за Cv и се она што го кажа Пирамидка е точно. Нешто плус што знам е дека во Cv ....ако имаш повеќе титули т.е ако си магистер или доктор не задолжително да се пишува средното училиште затоа што логично е да имаш завршено средно. И да употребуваш исклучиво вистинити податоци . Ако се сетам на уште нешто ќе ви пишам .
девојки не знам што да пишам во СV-то на местото образование, затоа што сеуште не сум дипломирана, т.ест уште дипломскиот испит ми остана, аплицирам за во еден супермаркет па не знам дали да пишам ССС или да пишам Апсолвент на тех.фак. ... ај жити се совет пишете ми побрзо. Благодарјаааа
Можеш слободно да си напишеш дека си апсолвент.Дечко ми со такво цв го примија на работа-апсолвент беше и така си пиша НО -оти за супермаркет бараат со ссс, можеш и да го изоставиш апсолвент.Бидејќи мене ми се деси пред да се вработам,прво аплицирав за продавачка во бутик-и ми рече демек бараме со ссс,а ти оти со факултет дали си сигурна дека во иднина нема да посакаш да се вработиш на струка?Ова ми се деси 2 пати,така да пиши ссс
Vidov deka nekoi ja pravat greskata: srpski,hrvatski,bugarski i slicno NE se naveduvaat vo CV kako stranski jazici (ako si Makedonec,normalno), tie ni se srodni jazici i rabotodavcite vednas gi selektiraat takvite CV-a kako neseriozni i ne ni gi zemaat predvid.Kratkata biografija i motivacionoto pismo se presudni za dobivanje na rabotno mesto, mora da se pisuvaat mnogu vnimatelno i da se vnimava na sekoj detal (osven ako ne si so vrski,neli) so srekja vo potragata na site! [mod-kirilica:1uab62kr][/mod-kirilica:1uab62kr]
девојки ајде ве молам уште малку помош за мене вака во емаилот каде што треба да го испратам моето цв во attachments ќе го ставам цв то и сликата од мене а во прилог долу мотивационото писмо во ред е или?
јас секогаш цв и мотивациното писмо ги ставам со attachment, а сликата нормално мие ставена во цв-то, а во прилог пишувам за што аплицирам ( сори за офтопик, миме87 да не си од бт)
ај јас пак во attachment ги ставив цв-то и сликата а во пролог понатаму мотивационото писмо аман сега што сака нека биде немам големи надежи инаку да од бт сум
Треба да напишам си-ви ама за пракса. И не знам дали треба да е исто како и она за работа. Енибади? Како би требало да изгледа?
Jaс имам изработувано за на пракса, не треба да е исто со она за работа само основните податоци да ги има и доволно е на 1,5 страна, не обрнуваат многу внимание на него Пиши ми л.п. за детално да ти објаснам
Зoшто да не е исто? Зошто да се кратат одредени информации? Нема никаде правило дека цв за пракса треба да е со помалку информации. Може праксата е првиот дел од идното нејзино вработување што би следело за некој месец. Ирена напиши си класично CV со сите потребни информации, имаш одлични апликации на првите страни од темава и со среќа.
Девојќи дали можете да ме упатите како треба да изгледа мотивациско писмо? До сега имам праќано само CV за неколку работни места но не успешно... Веројатно она што го пропуштам, а е исклучително важно е мотивациското писмо... Ве молам за пример како треба да изгледа и за некој совет што треба да содржи.
baranje-rabota/motivacisko-pismo-t1774/ Еве тема за мотивациско писмо, меѓутоа мислам дека се испраќа само доколку е наведено во огласот.
Доколку во огласот за работа е нагласено дека треба да се испрати мотивационо писмо тогаш се испраќа, а доколку не е тогаш само CV.
Девојки, пишувам CV на англиски, ми треба за на факултет, па имам неколку прашања: 1. Што треба да се напише во оbjective што стои на почетокот на CV-то и дали овој дел мора да го има? 2. Дали мора да има дел references и што треба да се напише во него? 3. Во делот Personal profile пишува да се напише кратко summary за тоа што си направил (некое звање/титула, вештини што ги поседуваш соодветни за работата за која што аплицираш и што планираш да правиш. Нели овие податоци ги има во CV-то, во деловите за образование и работно искуство? Дали мора да го содржи овој дел? 4. Во skills, дали освен јазици, компјутери треба да се наведе уште нешто и отприлика што? За јазиците, треба да се наведе нивото само - proficiency, intermediate или и reading, writing, comprehension, speaking? Не ни е наведено дека CV-то треба да е за аплицирање за работа или за нешто друго, ни рекоа само да го напишеме. Досега опфатив Personal Information, Education, Work experience, Skills ( IT skills and languages). Се извинувам што ми е малку подолг постов ама не ми се јасни овие работи. Ве молам за помош .