Здр .. не сум сигурна дали да ја ставам темава тука или во правни проблеми .. и btw ситуацијава е толку ретардирана, ве молам за совет, не знам што да направам .. Мојот дечко пред неколку дена несакајки ја удри и направи штета на мојата кола, мајстор штетата ја процени на околу 600 евра .. колата е нова од салон пред неколку дена купена, уште не е регистрирана, дечко ми ја направи во дворот бељата .. он е невработен, како и јас .. иначе моите рекоа ок нема везе, али он запна да одиме кај неговите да си плати штетата, он имал принцип, ова она .. и отидовме, кажавме, мајка му беше спремна да даде пари, али татко му направи голем скандал, почна да збори дека сме лажеле, сме сакале да му изнудиме пари, стално нешто син му лажел итн, мене ми рече да си одам .. и мене ме повреди тоа понашање и реков е нема, сеа ќе платиш .. и почна да ме снима со телефон (подоцна ги избриша видеата пред наши очи), да ми збори да искочам од неговиот двор, па викна и полиција. Полицијата му рекла “замолете ја да излезе од дворот” и ништо, не дојдоа. Потоа он ја повлече пријавата телефонски. Моите се изнервираа многу кога слушнаа за ова, не сакаат да бидам со овој дечко повеќе (иначе дечко ми застана на моја страна, ама и плачеше, му беше тешко, а мајка му она како да има страв од мажот и) .. во дворот беа и негов чичко и стрина, они не се мешаа, изгледа им беше ретардирано понашањето на татко му, и чичко му ми рече као “ја ќе зборам со него” .. Потоа дечко ми си отиде од нивната куќа (иначе неговите родители живеат во странство и ќе си одат за неколку дена и нема да дојдат поише месеци) и дојде кај нас .. Сега дали постои некој начин да им зееме пари за штетата, и како после ваква ситуација да се продолжи заедно? Иначе дечково е многу добар, они психички и финансиски го малтретираат, му праќаат малце пари едвај за минимум живот, јаде леб и паштета, а они си уживаат во странство .. многу лоши луѓе. И иначе, пред да ескалира вака ситуацијава, они стално му збореа против мене и моите, ме разгалиле, ми давале поише пари од што треба, ми купувале .. па ако не дадеш на своето, на кој треба да дадеш??