1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Современ Декамерон

Дискусија во 'Форумски игри' започната од SeaMermaid, 16 март 2020.

  1. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Со оглед на ситуацијата, се сетив на Декамерон и како тие се справуваа со карантинот. Па добив слична идеја со цел подобро да се запознаеме, да си ја одржуваме креативноста и полесно да го поминеме периодов.
    Правилата се следни: Секој член ќе треба да раскаже приказна; анегдота; творештво (поезија или проза); искуство кое ви оставило впечаток; итн, и да остави тема за што да пишува членот под него.
    Се надевам дека ќе пробуди интерес и ќе има интеракција на форумов.
    Еве јас ќе почнам прва:
    Летово бев на еден семинар каде што последниот ден вклучуваше планинарење. Бидејќи беше непрооден терен ми претставуваше предизвик да ја изодам рутата. Тргнавме утрината, беше пеколно жешко. Со ранци, неколку литри вода кај секого во ранецот и добра енергија. Се движевме во групи. Но во секоја група имаше луѓе кои се искусни планинари и такви кои прв пат се искачуваат. Во мојата група имаше девојче кое не можеше да го одржи темпото па се понудив да останам со нејзе и полека да се искачуваме. Останавме ние две и уште еден постар човек. Одевме бавно, ама сепак ми беше убаво бидејќи живописот можев да го доживеам многу поинтензивно. Во еден момент кога правевме пауза, видов дека дланката ми е отечена и модра. Нешто ме каснало. Нормално, бидејќи планинарев од одамна, искуството си го направи своето и не паничев. Сепак, заради безбедност го прифатив предлогот на останатите да слегуваме. И тогаш пристигна другата група каде што имаше доктор. Докторот, сосема смирен, интервенираше, не сакаше да ми каже со што и како. Ми предложи да продолжам да се искачувам и да го известувам доколку почувствувам нешто необично. Нагоре се искачуваме уште 2 часа, целиот пат ми даваше електролити. Иако теренот стануваше се понепрооден и ситуацијата беше таква, уживав во искачувањето. На крај уживав во глетката горе, дури и се симнав пеш. Денот беше прекрасен, стекнав нови пријатели, меѓу кои и докторот. Ова е посебна благодарност до докторот, универзитетски професор, му посакувам многу успеси. До ден денес не знам што ме каснало, ама свесна сум дека штом не ми кажа било посериозно. Тој ден, тој беше мој херој. Убаво е што имаме вакви луѓе, кои не само што си ја вршат професијата, туку и мотивираат и инспирираат.

    Наредна тема нека биде: Искуство кое никогаш нема да го заборавите.