1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соларна јога - лекување со помош на сончева светлина

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од maja39, 10 ноември 2011.

  1. my.name.is-love

    my.name.is-love Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    20
    Медитирање

    Паузирав повеке од два месеца бидејки немав време за гледање, знам дека звучи смешно, ама баш во тие периоди од денот бев зафатена.
    Сега имам време и сакам повторно да почнам и уште утре би почнала од почеток.
    Сум слушнала за докторката Слаѓана Велков и многу сакам да присуствувам на собирот, ама за жал нема да можам, да знаев порано, ке испланирав. Инаку... кажи ми дали често се одржуваат тие собири?
     
  2. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Медитирање

    Не бидејки докторката патува низ целиот свет секаде каде ке ја повикаат.Ако не можеш да дојдеш денес дојди во среда на 29 Август во 19:00 се собираме во кафичот Интро на стара железничка карши Рамстор на малиот паркинг
    .http://www.funkymem.com/?fm-zona%2F3%2F ... ncu%2F1468
     
  3. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Медитирање

    Може подетално да ми објаснеш зошто навистина незнам како оди тоа,можеби е смешно ама не сум другарка со јогиве и соларни и обични и какви и да постојат,не сум доволно запознаено со тоа,ако сакаш подетално објасни ми..?Благодарам однапред. :inlove:
     
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Медитирање

    Kade i koga se sobirate? Solarnata energija pomaga li za nervoza?
     
  5. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Медитирање

    Koj saka da nauci neka me pobara na skype pod imeto discofilman i se do detali ke mu objasnam.
     
  6. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
  7. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Не. Продолжи од каде застана.
    СЕКОГАШ ПРОДОЛЖУВАТЕ. Не почнувате од почеток. :!:
    Да, штом си само на 5-6 минути, гледај во сигурните часови, немој на јако сонце. И да сакаш, нема да издржиш.

    Не е збир од сите јоги заедно. Јогата е универзален поим. Има само посебни техники и горе-долу секоја си е засебна. Сепак, има само позитивности. Никакви негативности!
    За се останатото се согласувам со тебе. ;)
     
    На Nixe му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nixe

    Nixe Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    7


    Како тоа некоја одредена техника може да биде збир од сите видови јога заедно?
    Јогата е едно единство, а нејзини составни делови се класичните форми на јога.
    А Соларна Јога не постои меѓу нив, и не сум сигурна дека разбирам зошто воопшто е наречена јога, ама нема врска. Секако во последниве 30 години Западот измисли уште 532467485 нови јога етикети.

    Инаку...тоа кога некој тврди дека има морална обврска да шири некое учење меѓу луѓето за мене лично е многу сомнителна работа. Како да не треба да звучи како изјавите на верските фанатици, во смисла ќе те убијам ако не станеш христијанин, али пак е со тој муабет *Ние го пронајдовме единствениот вистински пат*.
    Јас поаѓам од ставот дека секому ќе му биде дадено она што треба, и тоа во време кога треба, и ако постои вид на јога кој вели ова е единствената вистина - тоа едноставно не е во ред.

    Па така, иако ми звучи добро да се гледа на безбеден начин во сонцето, начинот на кој пристапи ти на темава сериозно ме тера да се запрашам дали ти воопшто знаеш што зборуваш или си имал некое интензивно мозокоперачко искуство, а ако е второто, значи оној што го учи народот на техникава не е у ред.

    Moe мислење. :*
     
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Не сакам да се распишувам надолго, ама гледањето во сонце со право се нарекува соларна јога, има и зошто е тоа така.
    А, дечкото што зборуваше, си кажува по знаење и слушање, но оваа техника нема никаква врска со перење мозок.
    Зото се што е здраво е перење на мозок? А, сите постапки од многу млади луѓе кои се за срамење се нормални постапки од мозокот?
    Забегав од темава малку.

    Ајде луѓе гледајте сонце, супер е што го имаме и во овие зимски денови. :)
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Да, нема соларна јога меѓу класичните форми на јога.Техниката не е збир од неколку видови на јога, туку може да е дел како техника од јогата општо, но како посебно Соларна јога, не постои.Барем така е мислам според правата јога од исток.Има техники кои можат да бидат дел од јога.Мислам дека и се прават ко нови техники, па како збир од сите, се создава еден вид јога, а да се всушност на јогата општо.Гледање во сонцето, не е и нешто неприродно за човек, а нити ново, ниту пак има определено време за како техника да се реализира, но техниките се нешто ново за човекот, за кои треба прво да ги научи, а потоа да ги практикува.Плус, мислам дека и дополнително е тоа како техника гледање во сонце, покрај други техники кои имаат влијание големо кај човекот, доколку практикува.Плус секако и докторите ќе го речат истото, летен период да се избегнува сонцето преку ден, па нема тука некоја разлика за да се рече дека постои посебно како соларна јога, која суштински ја нема во јогата.
     
  11. Nixe

    Nixe Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    7

    Слободно можеш да се распишеш, мене не ми смета, а имено и прилично добро знам што е јога.


    Исто така, не кажав ни дека самата постапка е перење мозок бе девојко, скраја било, читај повнимателно. :) Не се трудиш да ме сфатиш, веднаш заклучуваш дека пишувам за да ви ја омаловажувам практиката. ?!

    Настапот на дечкото мене ми личи на настап на некој со перен мозок, и тоа е мое мислење - низ какви искуства сум го стекнала, моја работа.
    Се што е здраво е фино, да, а се што е натрупано безвеза во еден човечки мозок - не баш, зашто во времиња ко денешните кога луѓето се мртви гладни за ронка спиритуалност и враќање кон природниот тек на функционирање на нештата - сешто можеш да им продадеш.

    И мене повторно не ми е јасно зашто е јога, кога во техниката (што читав на различни места што спаѓа во неа) нема ништо што би ја одразило суштината на јогата, освен медитативниот тон на самата постапка. А тоа не е еднакво на јога.
    Јас помислувам највеќе на маркетинг.


    Јогата има едно потекло - да, тоа е од исток, но луѓето можат многу да се караат околу тоа која е 'правата' јога. Јас лично претпочитам што поизворно во разумни граници.

    А инаку немам ништо против гледање во сонце, кажав веќе.

    Но, имам против фанатизам (па дури и кога се работи за new age практики, па дури и кога се работи за јога) и погрешно претставување информации во своја корист, затоа и коментирав на темава.
    Исто така, ужасно ми се гади кога токму луѓето кои би требало да бидат попозитивни, поотворени, со подлабоко разбирање на универзумот од просечниот човек - токму тие мислат дека баш нивната практика е единствена и најјака на свет.
    Исто ко школски пример за просечен фанатичен припадник на монотеистичка религија.
    Ич неубо :?:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
  13. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Имам многу читано за ова, нема некоја голема штета, освен што можеби изложувањето на очите на сонце подолго време може да предизвика негативни ефекти на очите.
    Уште еден начин за опуштање, ако се собираат во групи како на сликите, начин за социјализација, ако одат на Водно да гледаат во сонцето, начин за рекреација.
    Наутро ќе станувате порано, навечер ќе легнувате порано, ќе си направите подобар ритам, и тоа е океј.
    И толку, да се зборува за гледањето во сонце како начин за лечење на болести па дури и рак е несериозно.
    Мислам дека е пореметено да се верува во ова. Од 1995 не јадел ништо!!! :lol:
    Ете таа е таа за која зборуваме во другата тема. Сметам дека не е доволно стручна за да дава вакви совети.
    Па се знае дека светлината влијае на нас, денски сме будни, ноќе спиеме. Нема потреба да гледаме во сонцето па да има некое поголемо дејство. Всушност тој биолошки часовник е токму тоа, спиење и будење, ама го спомнале тука како да има нешто врска со гледањето во сонце. А тоа со мрежницата е всушност начинот на кој гледаме, и тоа нема врска со сончевата јога.
    Преку очите, сончевата енергија, односно нејзините фотони навлегуваат во телото. Гледањето во сонцето ја зголемува ефикасноста на мозокот, а со овој процес се активираат повеќе негови делови. Со самото тоа мозокот извршува повеќе функции и ја подобрува состојбата на целиот организам, а телото има можност самото да се лекува и да се обновува.
    Фотоните не навлегуваат во телото, тие се одбиваат на мрежницата и така гледаме. Тоа другото нема врска, на мозокот не му треба гледање во сонце за да работи.
     
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Не знаев дека имало ваква тема. Баш се израдував. :) :inlove:

    Поздрав до сите кои гледаат сонце, и јас ја практикувам техникава и уште некој месец, зависно од сонцево, ќе ја завршам.
    Имам само позитивности да кажам, ме препороди на секое поле и сум премногу задоволна.
    Ја препорачувам секому. :)

    И жал ми е што налетав погоре над мене пак над Експерт, девојко, дојдена си да ги уништиш сите теми со одење контра и исмејување?

    Ниту гледаш сонце, не си ни пробала, а експерт си станала. |(
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Се согласувам со тебе,верувам во тоа дека гледањето сонце е здраво и има низа на позитивни реакции,пробав едно време,есента,крајот на летото и пак престанав,нека се затопли ќе почнам посериозно.
     
  16. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    ^А Силвер.С ме интересира само зошто велиш да претанеш наскоро, јас колку што знам се стигнува до минутажа од 45 па се врака на назат до 15 минути и потоа по волја секако, се практикува кога се може по 15 минути или пак се оди бос да се прими сончевата преку земја.

    Од санрајзингот нема никакви негативности по очите експерт, пргуглај, на сите други форуми ја имаш темава, кажи дали си прочитала барем едно негативно искуство, на тие што почнале да ја практикуваат.
    Негативно зборуваат само лаици како тебе кои не ја истражиле доволно темата.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Затоа што јас веќе сум слезена на 15мин. и ми останува уште малку да го заокружам целиот циклус.
    Техниката ја работам со години (можеби околу 4 се направија) и сега ја завршувам според упатството. ;)

    А, потоа ќе гледам сонце по желба. Иако, мислам дека пак ќе гледам секој ден, зошто сонцето многу ме исполнува. Па, барем било тоа и само 1 мин. :)
     
  18. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Не само лаици туку сите офталмолози ке ти кажат дека сонцето е многу штетно и никој нема да ти признае во спротивното затоа што не се луди да одат со свој камен по глава.Се работи за егзистенција и бизнис.Од каде ке земаат плата ако сите гледаат во сонце?Бројот на болни луѓе воопшто ке се сведе на минимум. Уште ако почнат малите деца од 5 години да гледаат кој ке ги полни амбулантите во иднина? Пациентите по офталмолошките клиники ке се бројат на прсти годишно а тоа не е доволно да се обезбеди месечна плата и како второ драстично ке се намали производството на оптички стакла и рамки бидејки ретко кој ке ги купува.Со еден збор се руши сегашново здравство какво што сите го знаеме а фармацевтите ке нема на кого да продаваат лекарства.
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Уште мали деца да почнат да гледат во сонцето и да си го оштетат видот од прва.Од каде тоа дека болниците постоеле само поради профит од болни луѓе? Зарем не мислиш дека постојат за да помогнат некому? Не дај боже, некој ќе добие инфаркт или мозочен удар, и што нема да има потреба од болница само од гледање во сонце? Не се руши сегашново здравство, ниту пак се срушило порано.Ама еве пример, некој да треба заб да извади, расипан, што ќе направи, ќе гледа во сонцето за да оздрави забот и со тоа ќе се остави и другите заби да ги расипе? А нели да речеме забот мора да се извади, оти се знае што ќе се случи.Јогата ја поддржува и официјалната медицина, не ја негира и отфрла во потполност, според јогата, телото може да се спаси, по пат на официјална медицина, кога веќе за нешто нема излез, а и општо, и природна медицина за зајакнување на имунитетот, но во случај кога телото е здраво, но не се отфрла и дека природната медицина е исто неопходна, што значи би требало да се знае дека јогата не ја отфрла било која можност за зачувување на телото во здрава состојба.
    Што значи, би требало да се знае,доколку се практикува јога, тоа дека официјалната и природната медицина треба да бидат во комбинација кога станува збор за борба против одредена болест.Но не негира дека не постои можност од лош, а и не дај боже фатален крај на болеста.Бидејки не постои можност да се избегне болеста, па макар и човек здраво се хранел, водел здрав начин на живот.И доколку се практикува јога, би требало да се знае, што всушност значи болеста.Така што поради тоа, не може да се рече дека не постои можност за болест да се појави.Оние што практиткуваат јога, го знаат ова.
     
    На expert и baby-star им се допаѓа ова.
  20. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Деца ке си го оштетат видот?Тешко дека повеќето од неутралните ке ти поверува во ова бидејки фактите го говорат спротивното.Не само што ке имаат целосно здрав вид туку и понатаму додека растат тешко дека ке бидат подложни на настинки и грипови какви што се моменталните деца.Затоа и детска клиника е преполна но во иднина ова ке се менува.За твоја информација и сестра ми и зет ми гледаат благодарение на мене,сестра ми гледа до 5 минути бидејки треба да се породи со второ дете во мај месец а внук ми кога ке наполни 5 години исто во мај го спремам да почне да гледа затоа што и самото дете е нестрпливо гледајки што прават мајка му и татко му.Уште посериозен удар кон официјалната медицина спремаме после Јуни месец кога ке пристигне Слаѓана бидејки ке се интензивираат предавањата и едукациите во албанската заедница што значи преку албанските жени ќе се влијае соларната јога и вегетаријанската исхрана да се прошири помеѓу албанците.А како што сите знаеме албанците се најголеми потрошувачи на лекови и најголеми посетители во здравствените установи.Ние ке дадеме се од себе да оваа состојба се смени.