1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соларна јога - лекување со помош на сончева светлина

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од maja39, 10 ноември 2011.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Јас не барам некој да ми верува, туку само кажувам.Има и такви факти, каде некои луѓе воопшто не ни гледале во сонце, па имале добар вид.Инаку децата се најкревки, затоа не е добро да се оставаат, бидејки лесно може да се разболат.Тоа што тешко човек може да настине, да фати грип, зависи од тоа дали има јак имунитет, не од гледање во сонце.Јак имунитет не се здобива од сонце.Инаку, кажав претходно зошто е потребна официјалната медицина.И она што прочитав,мислам тука, дека човек може да живее само од сонце, не му била потребна, храна, вода, веројатно секој знае што се случува со организмот ако човек не јаде, може анорексичен пример да стане, ете како може болест да добие, од која ден денес луѓе во светот страдаат.И кога веќе ја дадов анорексијата како пример, дали тука сонцето би помогнало? Како човек би функционирал од само гледање во сонце? Прво, губење апетит, второ губење меморија, трето болки, четврто, што ли е следно?Би сакала да го знам одговоров на прашањата.
     
  2. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Бидејки си сигурна и стручна повели на телевизиски дуел и докажи пред цела македонска јавност како децата најлесно се разболуваат,гледањето во сонце нема ама баш никаква врска со имунитетот и ред други работи со кои не се согласуваш.
     
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Да ви се вмешам во муабетот со три работи:

    прво, децата до 15 години, може да гледаат само до 5 минути дневно ! (Прво проучете ја техниката, не кажувајте напразно)

    второ, техникава го зголемува и јакни имунитетот и тоа неверојатно многу ! (Прво гледам по себе)

    трето, техникава помага и при анорексија, зошто го доведува организмот да препознава и бара здрава исхрана, во нормална количина и го прави телото да е здраво (ако некој има анорексија, ќе добие на килажа). Не значи дека гледам сонце, нема да јадам. Не бидете наивни, проучете ја техниката.
     
    На мишелџ. и Annath им се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Мене ми е јасна техниката на гледање сонце, имунитет не се зајакнува само од гледање во сонце.
    Велам за децата, бидејки се кревки, подложни на секакви влијанија и би требало да се внимава што ќе го зачува нивното здравје.Кога човек е повозрасен, нормално дека неговиот организам ќе има колку - толку јак имунитет, па во сооднос на тоа, истиот ќе може да се справи со одредена болест, секако во зависност од тоа колку се грижел за своето здравје, начин на исхрана и др.Инаку за анорексијата, мислев за доколку не се јаде, не мислев за ефектот на техниката.
     
  5. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    А бидејки децата се кревки со тие задолжителни десетина вакцини што ги примаат стануваат буквално како стакла и затоа се најмалку имуни на надворешни влијанија а како последица од тоа здравствените установи се секогаш полни.Една од мерките што ке се превземат во иднина бар јас се надевам е укинување на законот за задолжителна вакцинација со што би му се дало лично право на родителот сам да си избере што ке прави со своето дете за неговото здравје а не под силен притисок од институциите да му го нарушат здравјето за потоа да биде чест посетител кај лекарите.
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Незначи дека ако се вакцинираат, ќе бидат чест посетител кај лекарите.
     
  7. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Праксата го кажува спротивното од тоа што ти го кажуваш.Мислиш дека случајно идните родители се повеке и повеке одбиваат да се јавуваат на повикот од педијатарот за вакцинирање?Од што се тотално неинформирани?Луѓето се будат и тоа ме радува само е сеуште мал бројот за да се создаде критична маса која ке руши влади и менува закони како сегашнава во Бугарија.
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Веројатно има луѓе кои примиле вакцини, а не посетиле често лекар.Незначи дека се она што доаѓа од официјалната медицина е само за да наштети.И да се информирани, кога човек ќе си има проблем со здравје, ќе го бара лекот и во официјалната медицина.Ако се практикува јога, незначи дека човек треба да се откаже од некои работи, мислејки дека од истите нема ефект.Барем од онаа јога за која се знае воопшто.
     
  9. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Jога и соларна јога се тотално две различни работи.Со ниедна јога од класичните не се активира и зголемува пинеалната жлезда или епифиза која е најбитен фактор за имунитетот кај човекот туку само со гледање во сонце и тоа е веке медицински докажано кога го испитуваа Хира Ратан Манек.Што поголема е самата жлезда и векот на човекот е подолг.
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ако човек пратикува медитација, работи со чакри, тогаш би знаел, а и поверојатно е дека сите чакри, меѓу кои, чакрата сместена точно на епифизата, имаат влијание за здравјето кај човекот и се зголемуваат, се поактивни.Со јогата се активираат сите жезди, без разлика дали се работи за хата јога или било каква јога.Но за луѓе кои не практикуваат медитација или јога, не би требало да е сигурно дека гледањето во сонце, лечи потполно од болести.Макар и за деца станувало збор.Затоа би требало да се внимава.
     
  11. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Соларната јога е посебна засебна, и нема врска со обичната јога и медитација.
    Општо гледано, ако некој практикува соларна јога, не мора да бежба хата јога, раџа јога итн.
    Но, посуптилно гледано се многу заемни, зошто впрочем и самото гледање во сонце е медитација.
    Зошто си сконцентриран само на една работа, а тоа е медитација. :)

    За децата пак се фативте, до 15год. смеат да гледаат до 5 мин.
    Над 15 год. можат да ја почнат техниката целосно и без никаков проблем.
    И ќе израстат во уште поцврсти и посилни личности. ;)
     
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Има врска, бидејки она кое го вели јогата е здрав начин на живот, во сооднос на тоа има врска.
    Инаку за децата, моето мислење е тоа, мислам дека никој не би оставил дете само од сонцето да има корист во зајакнување на организмот, што значи преку исхрана и слично, ќе бидат поцврсти и посилни личности.Притоа не мислам дека ефектот е само од гледање сонце.А за медитацијата, доколку човек практикува јога, може истата да ја направи, бидејки ако не практикува јога, тешко може да ја реализира медитацијата, оти треба концентрација, но не е само концентрација во прашање, смиреност на организмот и др.Не секој може да медитира, инаку секако дека доколку човек има концентрација за нешто, ќе се нарече медитација.Но тоа не е нејзината првобитна суштина.Претходно кажав зошто и дали би имало ефект гледањето во сонце.
     
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Никој не рече дека децата ќе живеат само од сонце. Секако дека ќе се хранат!
    Но, самите родители ќе увидат колку децата им се појаки, посилни, имаат поголем имунитет и ќе заборават што е лекар. ;)

    А, после навршени 15год. ќе може да си ја прават техниката, доколку сакаат, и пак ќе се хранат.

    Многумина се многу наивни, си мислат гледам сонце, нема да јадам. Не е тоа така наеднаш.

    Медитација....секој може да ја прави, зошто да не може? Можеш да не вежбаш никаква јога, само да медитираш и ништо повеќе. (Иако јасно е дека со јогата полесно се влегува во медитација и се продлабочува).
    Денес ќе медитираш 2 минути, утре 3 минути. По неколку години можеби половина час, или 5 саати, ама секој може да почне да медитира. Една минута, една ! Секое патување започнува со еден чекор, нели. :)
     
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Јас не реков дека имунитетот зависи само од гледање во сонце.
    Медитација не може секој да прави од причина што за да се медитира, не треба да има мисли, тоа е покрај основната цел, игнорирање на се она што се случува од околу,тотално исклучување на умот, а и не може човек кој не практикува јога да медитира две, три минути, а не пак половина час или 5 часа.Бидејки може да има негативен ефект истата ако човек никогаш не практикувал било каква јога, затоа не може секој да медитира.Но, човек ако има концентрација за нешто, незначи дека медитира, медитација не е концентрација во нешто што се гледа, како пример гледањето во сонце.Тоа не е медитација.
    Инаку, за да се медитира, без разлика на каква јога се практикува, треба години да вежба човек, за да почне со медитација.Инаку тешко дека човек кој не практикувал јога, ќе медитира, многу тешко.
     
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Не се сложувам. Секој може да медитира. Секој може да почне со барем 1 минута. И ќе има мисли во главата. И тоа ќе трае...ама мора и може да се почне од негде.

    Јас вежбам јога со години. И медитирам. Но, некогаш ми навлегуваат мисли, па не можам да медитирам. (А, ќе речам со години вежбам) Некогаш медитирам без проблем.

    И не, нема никаква штета, никаква опасност. Секој може да седне со вкрстени нозе, на мирно место, да затвори очи и да се потруди да ги смири мислите и умот. Колку - толку. Минута, две минути за почеток барем.

    Исто, не се сложувам дека концентрацијата не е медитација? Па, што е медитацијата освен не мислење на ништо или концентрирање на само една работа?
    Возењето кола е права медитација, ако не си насочен само кон возењето (ако не си тука со умот), ќе направиш прекршок или евентуална несреќа.
    Ако не си сконцентриран на крпењето со игла, можеш да се боцниш или да сошиеш накриво.
    А, сето тоа кое не тера да бидеме сконцентрирани и да мислиме и правиме само една работа е вид на медитација.
    Целиот наш живот е медитација. Ама, несвесна ! Работата е да ја освестиме, тоа е клучот. ;)
     
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Медитацијата не е концентрирање на она во кое се гледа, како пример сонцето.Инаку секако дека медитацијата е концентрација, но работата не е при медитација да се сконцентрира човек во она што гледа, туку концентирање на себе си.Додека за колата, тоа не е онаа медитација, уште таква медитација и загарантирана несреќа или прекршок.Другото се што имав да кажам во врска со ова кажав.
     
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Медитацијата не мора да е само на себе. Да, тоа е вистинската медитација, да се свртиш внатре во себе, ама исто така може да биде на предмет, на човек, на молитва.

    И да научиме да биде свесна медитација.
    Но, секојдневно користиме несвесна медитација. Иначе во многу работи не би успеале.

    Целиот живот е во медитација. Ама несвесна. Работата е да се освести.

    Гледањето сонце е исто огромна медитација. Те препородува. Те прави свесен, прониклив, правилно да согледуваш, правилни одлуки да донесуваш, те прави поинтелигентен.

    Ти препорачувам да прочиташ некоја книга од Ошо за медитацијата, се надевам така подобро ќе ме разбериш што сакам да кажам. ;)
     
  18. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
  19. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747
    Пред некое време една моја блиска личност ми го спомна ова и ми прати видео да го изгледам. И пошто ми беше долго не го изгледав :D . Денеска беше кај мене и ми запиша четири видеа да ги изгледам. Па во план сум едно по едно да ги изгледам.
    Она ми кажа дека забележала промени кај нејзе. Ми кажа дека повеќе не осеќала потреба да пие кафе и престанала, а иначе ги пиеше по 5-6 дневно. Исто така и се намалил и апетитот и се осеќала поенергично, посмирено... :?:

    http://www.youtube.com/watch?v=syLnXZy_W1c

    http://www.youtube.com/watch?v=xcJpaedfl10

    http://www.youtube.com/watch?v=wjl-ciP3Pek

    http://www.youtube.com/watch?v=VtfNKrvhuMY
     
  20. Violeta86

    Violeta86 Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    4
    Почнав да гледам сега сум на почеток стигната сум 1минута ама кога гледам ми солзат очите.Дали е тоа даека сум на почеток и не ми се навикнати очите тоа сакав да прашам.