1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Солзи

Дискусија во 'Психологија' започната од yawn, 10 април 2011.

  1. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    699
    Солзите се зборовите што срцето незнае да ги каже.Дали вие во вашиот плач го имате сочувано цел гнев,болка и вашето страдање ? Teшко е човек да ве види со насолзени очи или тоа ви е честа појава со која се чувствувате полесно? За што најчесто плачете и кои се границите...
     
    На awee му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ladymilion

    ladymilion Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    27
    многу е тешко да се расплачам ама кога ке почнам нема крај
    сентиментална сум ама не дозволувам секој да ги види моите солзи ;(
     
    На Jowe му/ѝ се допаѓа ова.
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Емоционална сум.
    Многу!

    Малку ми фали некој (од поблиската фамилија) да ми се обрати со повисок тон и веднаш да се расплакам.
    Плачам и кога сум среќна.
    Плачка голема сум.

    А сега во бременоста :tmi: од појак прдеж може да се расплакам :D
     
    На Maya.Di, Cancer-4, MonnaSi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Многу години ги криев солзите ги потиснував мислев дека сум силна но таа сила ме унисти,имав период во кој солзите ми беа неизбезни незнам како е кај другите но кај мене секоја капка во себе има толку многу емоции кога казам многу и мислам многу ја по4нувам да се гусам немозам да дисам голем налив на емоции и затоа по4нав да ги потиснувам пак или едноставно да пла4ам поретко и сама,а искрено највеке се воздрзувам само затоа сто после солзите три дена како бумбар во лицето изгледам...
    Мене солзите ме прават слаба во права смисла,веднас се разнезнувам и на секоја друга при4ина морам да пла4ам затоа поарно ке скрсам некоја вазна :wasntme: 4исто така бесот да излезе од мене
     
    На Jowe му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Знам да си ја исплачам цела моја тага манифестирана како меланхолија,немоќ,малодушност,страв,разочарување,неуспех,беспомошност и сл.
    Само тоа ми е резервирано во осаменоста на мојот дом и единствен сведок ќе е моето перниче,не им го давам на луѓето тоа задоволство да ги видат солзите во моите очи и да ги бараат причините за нив.
    И нормално е да се плаче.Тоа е првото нешто што го правиме доаѓајќи на свет.И интересно е што човечкото бебе не е способно самостојно да јаде,зборува,оди или работи било што но умее самостојно да плаче.
    Плачот е потребен за да си ги измијам очите од внатрешната страна и да си го одмалам теретот на душата.
    Дури би сакала да плачам и почесто,како тинејџерка неделата ми беше резервирана за плачење,не дека имав некои навистина големи проблеми тогаш,ама ете знаев да си се исплачам.
    Сметам дека плачењето е најкорисниот бесплатен лек и најефективната рилекс терапија и дека е потребно,ако не и неопходно.
    И не го чувам гневот и болката во моите солзи,напротив мислам дека ги исфрлам од себе и им ја одземам моќта која ја имале врз мене.Така да сакам да сум плачка кога имам вистинска потреба од тоа,но не и преголема која ќе се изгуби во мрежата на својата драматизација.
    А ете солзи-радосници не ми дошле никогаш,а баш сум љубопитна за оваа појава, :?: ...
     
    На Brave.Girl, monkey-girl, inlovergirl и 4 други им се допаѓа ова.
  6. claudi00

    claudi00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    Јас сум многу емоционална особа и секогаш плачам и кога сум среќна и кога не сум.. може да кажам и дека си плачам секој ден... за што и да се случи и за најмала ситница може да се забележат солзите на моето лице... мислам дека кога би се исплачила би мио било полесно.. тоа е тоа многу голема плачка сумм... :)
     
  7. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Плачам кога сум изнервирана или тажна, а се случувало и подолго време да се правам силна, дека се ми е супер и да се воздржувам од плачење и жалење и во еден момент да ми пукне се и да се расплачам како мало дете а да незнам ни сама некоја конкретна причина за тоа, само да плачам и после ми е полесно, барем сум го исплакала тој период кога сум се правела силна. Како и да е, плачам само кога сум сама, пред сите други колку и да ми е тешко се правам дека се ми е совршено и никој неможе да познае дека нешто не е во ред со мене. Овен сум.. можеби поради тоа нешто не ми дозволува пред другите да покажам дека има моменти кога и јас не сум баш толку силна да преминам преку се, но сепак кога сум сама ќе си се исплачам убаво и после од почеток се :)
     
    На zuzuu му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Солзите се според мене зборови на душата, наши чувства кои не би можеле да ги опишеме со зборови. Некои болат, а некои пак се од среќа.
    Плачам често бидејќи ме повредуваат мали работи, а доколку се работи за голема болка, ги чувствувам како се корнат од мене и се тркалаат, посилни се од нас.
    Можеби треба почесто да плачеме... само така можеме да го гледаме животот почисто.
     
    На L-enna, bejbi.91 и Philosopher им се допаѓа ова.
  9. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Јас сум некој чуден тип на човек, плачам само на среќни моменти. Значи кога ми е претешко, кога нешто сум изгубила, сум излегла повредена, толку знам да стегнам заби, да не пуштам никаква емоција, да направам се што е во моја моќ за другиот пат да излезе подобро... Но кога ќе слушнам некоја среќна вест, посебно за личности што ми значат, како по инерција одма се расплакувам. Некни една другарка ми кажа дека се смирила со дечкото, се изнаплакав, еден добар пола час солзи без престан ми течеа. За успеси на личности кои ми се мили, за пребродени нешта, за среќни новитети, плачам и тоа многу. За тажни работи сум секогаш цврста, во тие моменти ми треба само да се отворам на некој што му верувам и веќе полесно ми е.
     
  10. Elina

    Elina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    63
    Солзите-мојот најверен пријател.Многу сум емоционална и за жал незнам како да ги покажам емоциите но со солзите умеам многу добро.Голема плачка сум,плачам од среќа,од тага,нервоза и бес :doh:.Не дозволувам да бидат видени моите солзи(често :!: ) затоа што најчесто плачам кога ми е премногу тешко,кога многу ме повредиле или немам решение за некој проблем :sweat:
    Солзите го кажуваат се она што немам сила да го кажам а кога плачам сум најгласна!
     
    На LolyPoP191 и Stoimenovska им се допаѓа ова.
  11. emma-chan

    emma-chan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    9
    Често ги пуштам моите солзи и без некоја особена причина, и искрено ми олеснува и после сум како нова, многу сум блиска со солзите и многу ги сакам
     
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Многу често плачам-од болка, од тага, од осаменост, од нервоза, од бес... Или ако едноставно ми е преку глава од се, ги пуштам солзите да потечат. И после тоа ми е многу полесно и подобро се чувствувам. Кога сум тажна или повредена, пред другите се правам силна и ги стегам забите колку што можам, како ништо да не допира до мене. Не ми е пријатно другите да ме гледаат како плачам. А кога ќе останам сама веќе не е така. Откако ќе се исплачам веќе снемува дел од мојата болка, не сум нервозна и можам поубаво да размислувам.
     
  13. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Многу сум емоционална но тоа не го покажувам пред останатите освен кога сакам да докажам за нешто дека ми е многу жал или ако сакам да изманипулирам со некој. Инаку за ситници се расплачувам и најчесто одам настрана. Во месецот најмалку 1-2 пати плачам без причина тоа едноставно ми помага да се чувствувам многу подобро.
     
  14. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Cи плачам понекогаш,најчесто кога ми е тешко со целата кукна работа,со керка ми,зашто сум сама,и немам никаква помош,ама по 2-3 солзи си пуштам на нервоза и после како ништо да не било :tmi: понекогаш солзи ми доагаат кога се секавам на некои работи,кога сум била мала,кога сме се тепале со сестрите,кога сум била срекна и безгрижна,а сега толку сум далеку од моите,ама пак не плачам секој ден за тоа,поретко :$ ете сега за велигден ми дојдоја малку солзи и толку,мислам дека повеке душата и срцето ме болат :?: :doh:
     
  15. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Кога сум многу нервозна,сами ми доагаат солзи,мора да се исплачам..и за ред многу други работи.Голема плачка сум :$ :lol:
     
  16. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Јас плачам од среќа и тоа доста често, не знам како ама сами се полнат очиве
    ќе ми текне на нешто убаво што ми се случило пред ден два пет, месец, година и оп ете ја плачката
    Е сега плачам и на не толку убави работи, болка, тага или кога ми недостига некој близок кој нема да се врати никогаш
     
  17. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Често плачам, од болка, од бес, од лутина, од разочараност, од среќа. Но кога ќе се исплачам ми е многу полесно
     
  18. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Солзите за мене се нешто свето, тие се зборови со кои можеш да ја опишеш болката во срцето што не можеш поинаку. Многу често плачам тажна сум,но секогаш се воздржувам да плачам сама, не сакам другите да ме видат кога ќе ми дојде некоја солза пред другите стискам заби ама сепак е тешко. Јас мислам дека е добро луѓето да плачат да ја исплачат сета болка,нервоза и гнев,а потоа да си ги решат проблемите силно и храбро.
     
  19. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    многу се воздржувам, понекогаш немам време ни да плачам, а понекогаш плачам и си бркам работа по дома, знаат они дека ке ми помине...
    Најмногу плачам кога сум нервозна, а и ретко сум нервозна, само кога се ке ми дојде преку глава!
    Плачам ретко, ама многу... и кога плачам нејкам никој да ме види, ни да ми зборува...
    Кога сум тажна нешто, ќе чекам додека да одам да спијам, па ако сеуште сум тажна, ке плачам додека не заспивам, инаку повеќето пати ми поминува до тогаш :P
     
  20. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Плачењето е толку добро празнење на фрустрациите низ кои поминуваме. Јас лично повеќе плачам кога сум нервозна, отколку кога сум тажна. Дури се мразам сама себе кога нешто на некој му објаснувам, а гласот ми е плачлив :@ и така добивам статус плачка ... и тоа ме нервира ....
    Затоа што кога сум вистински тажна, чувствувам некоја блокада која не ми дозволува да пуштам ни една солза и тогаш ми е најтешко. Во тие моменти, едно добро лигавење на перницата добро би ми дошло и се би било подобро, али неможам :(
    И затоа се чувствувам толку многу несфатена, и стварно незнам дали има некоја ваква личност како мене на планетава, или јас сум изрод, шо неможе да се исплаче, кога стварно за плачење е работата ;( ;(