1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Солзи

Дискусија во 'Психологија' започната од yawn, 10 април 2011.

  1. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    785
    Пол:
    Женски
    Ни како дете ни пак сега не сум била некоја цимла, не плачу од среќа, не плачу од лутина, не плачу од болка , мајка ми дури и не се секава некогаш дека видела солза на мој образ, но затоа на момчето сум му преку глава од цимолење, значи негове зборове како што ме дират никои други, многу сум осетлива на негове зборове, ме парат во душава, дури и негогаш во смешни ситуации јас знају да се расплачу, потребен е еден збор кој може да ме сруши, дури и не се препознавам никогаш не сум била ваква, а кога сум пред добивање да не праву муабет, во тој период дури сама си го барам за да ми рече нешто за да се изнаплачу ,,, :worried:
     
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.685
    Допаѓања:
    97.992
    Пол:
    Женски
    Често плачам,особено во последно време, се нервирам што сум плачка :?:
     
  3. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Плачка сум ;( ,особено кога сум гневна! Од нервоза плачам,од среќа никогаш :lol: ! Не паметам некогаш да сум се расплачала од среќа,бидејќи кога сум среќна скокам од радост 8) а кога сум лута,нервозна,бесна е тогаш плачам! ;(
    Избегнувам солзи пред непознати или помалце блиски личности! Не се отварам дотолку па да цимолам пред некој што недоволно го познавам! Но затоа пред блиски кои ме повредиле со нешто (особено во пмс :$ ) пред нив знам да си пуштам некоја солза! За среќа не правам драми и солзичките само ми олеснуваат на душичката па се’ кратко трае, се враќам брзо во нормала!
     
  4. bigfish

    bigfish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    исто и јас плачам кога сум тажна а кога сум срекна тогаш и очите ми се смеа :D т
     
  5. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Солзите се резутат на некое внатрешно емоционално чувство, јас плачам кога сум среќна, но и кога сум тажна. Почесто жените ги изразуваат чуствата преку солзи или плачат, но и мажите плачат само скришно никој да не ги види тоа сум го забележала кај мажми кога му е тешко се затвра во соба и знам дека тогаш плаче но бега несака да го видам, нивната суета не им дозволува да плачат пред нас.
     
  6. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Солзи толку често ги има на моето лице.Плачка сум многу лесно можам да се расплакам и на најмали ситници плачам.
     
  7. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Многу сум емоционална . Плачам на се..... ми олеснува :rofl: Плачка сум :lol:
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Ретко плачам,но кога го правам тоа,го правам квалитетно.

    Солзите се чистење на душата и бараат здрави причини за да ги извадиш од себе.Самиот процес на плачење симболизира повторно и повторно раѓање,треба да ни биде полесно потоа од бремето кое сме го носеле.Секако,ако го правиме тоа за непотребни работи,поентата се губи.

    Ни како мала не сум била плачлива,ниту сега,трпам додека ме држи душава,а не дека не ме допирало.Имав период,кога сите плачеа,а јас имав најсилна причина за тоа.Не си дозволив,иако морам да признаам дека изгубив надеж,а иако бев така доста помала од сега,знаев дека би било погрешно да го направам тоа,зошто подоцна,на некој друг ќе му остане празнина,ама тоа беше друга,тешка и болна приказна.Еве последно плачев пред малку,имам огромен притисок веќе некое време.Си наметнав обврски кои според годините не би требало да ги имам,ме дочека и една многу,многу тешка вест која не носи кон клише заклучок,дека среќата е во нешто сосема трето,а не работите по кои секојдневно патиме и бркаме,не сфаќајки дека ја губиме нејзината суштина.Се ставив во улога на личноста и едноставно си почнаа да течат без да сакам и да седнам да плачам о,над сопствената тешка судбина и на крајот само си реков,да сум јас жива и здрава и моите,се друго се може,а и да не може,се може без него кога ќе се замислам и само си велам,еве ја цела среќа таму каде што треба,нив нека им биде добро,ќе ја имам дупло повеќе потоа ако биде се во ред.
    Не можам да замислам да плачам затоа што немам пари или затоа што не можам да си купам нешто што не можам или зошто ми е лош денот,едноставно за глупости од разгаленост и немање што друго,па ајде да си кукам сега или па во пмс.Може да ме фати нервоза,наплив на некоја лоша емоција,ама ако се друго е во ред,не можам,едноставно не можам да ги потрошам на апсолутна глупост.И не ги разбирам таквите личности,едноставно емотивно незрели,а според годините треба да имаат докторирано веќе по таа тема,а бога ми животот од тој аспект не дава многу време,зошто ако не ја научиш лекцијата и вредностите,ондак животот ти е сведен на рикање и откажување.Не можам да верувам во такви луѓе,ниту еден ден да им се доверам јас како човек или да им доверам некоја работа,зошто едноставно знам дека лесно пукаат,точка.Тоа е тоа брате,животот е борба,а солзите се вентил и повторно раѓање,ако се навикнеш на нив,ништо не те спасува кога ќе натежнат вистински работи.

    Потребна ми е силна причина за да се исплачам.Плачам на континуирани неправди,лош живот,свој,туѓ,морам да признаам дека премногу сочувствувам и го доживувам она што го доживуваат и моите блиски,па дури и подалечни,се вознемирувам само кога ќе видам стар човек,некако...ме обзема тага и чувствувам грутка во грлото,но тоа е се,нема повеќе,фасцинацијата од кругот живот тука завршува,мора да заврши,сите не чека истото.Се расплакувам кога губам човек од светов,кога моите блиски губат некого,кога некој е болен.Се расплакувам и од убави работи исто како резултат на падната тежина.Кога ќе видам некого после толку време,кога ќе слушнам дека сум успеала,дека успеала некоја драга личност во нешто што многу го сакала и било проклето тешко за добивање.Едноставно кажано,тешки работи за преживување и добивање кои носат силни емоции до степен да липам и немам глас.

    Плачев и пред некое време кога со Офи правевме муабет за нешто,ќе и текне за што...

    Солзите не се срам,не се понижување,солзите се искреност.Не може човек да биде неискрен кога плаче...И да,плачам исклучиво сама,а после си правам кафе.Може звучи филмски,ама така е.

    Сега имам очи као лемур шо би рекла Пирамид,не ми е ни најмалку полесно,но сепак,доволно за да чувствувам празнина во стомакот,а не грутка.Не ми е толку тешко што нешто нема да испадне толку добро колку што очекував,тешко ми е што премногу се вложив и лишив и од сон и од време и од дружење и од слободно време и многу други важни работи,за што,заради некој друг и тоа подолг е периодов како се лишувам од работиве.Ќе го преживеев некако и ова на нога,ама апансас ме дочека една премногу немила вест,дури и не можам да си објаснам кога го почуствував тоа печење на скалпот својствено за ситуации кога губиш човек.Можеби мене не ме допира толку многу како личност,но човечкото и онаа наша природа на ставање на местото и целата таа ситуација,едноставно пресуди да прокапам 5-6 солзи.Кусо,ама така,силно.
     
    На NoellePage, Offspring, caroline.costa и 2 други им се допаѓа ова.
  9. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    плачка сум си, на многу работи плачам, на филмови, книги, песни, лоши оцени, кога ќе дознаам дека некој зборел лошо а мене и слично... па дури и кога се смеам плачам-.-
     
  10. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    "Едно момче ја прашало својата мајка : " Зошто плачеш ?" "Затоа што сум жена." - му одговорила таа. "Не разбирам." - рекло момчето. Мајката само го прегрнала и кажала : " Никогаш и нема да разбереш." Подоцна го прашало својот татко : "Зошто мама плаче без причина ?" "Сите жени плачат без причина" - било единственото што таткото можел да му каже. Момчето пораснало, станало маж и сеуште се прашувало зошто жените плачат. На крај го повикало Бог. Кога го добил, го прашал : "Боже зошто жените толку лесно се расплакуваат ?" Бог му одговорил : "Кога ја создавав жената мораше да биде посебна. И дадов раменици, доволно јаки за да ја носат сета тежина на овој свет, а сепак доволно нежна да може да пружа утеха. И дадов внатрешна сила, да го поднесе раѓањето и одбивањето кое често пати го добива од своите деца. И дадов цврстина која и овозможува да оди напред кога сите ќе се откажат, и да се грижи за своето семејство во период на болести и неволји без приговор. И дадов чувствителност за да ги сака своите деца без оглед на сè, дури и ако нејзиното дете многу ја повредило. И дадов сила да го носи својот маж низ неговите грешки и ја сочинив од неговото ребро за да го штити неговото срце. И дадов мудрост за да знае дека добриот маж никогаш не би ја повредил својата жена, ама дека повремено ја тестира нејзината сила и одлучност постојано да биде покрај него. И најпосле, и дадов солзи за да се исплаче. Тоа е само нејзино на користење кога и да и затреба. Гледаш сине мој, убавината не е во облеката која ја носи, во нејзиното тело, или во начинот на кој се чешла. Убавината на жената мора да се види во нејзините очи, бидејќи тоа е влезот во нејзиното срце - место каде што е љубовта."
     
    На foolinlove и crazyinlove19 им се допаѓа ова.
  11. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Некогаш ме фаќа криза кога сум ептен нервозна и едноставно морам да се исплачам онака убаво и што е најинтересно без причина :D
    Обично не сум плачка, не сакам да покажувам чувства во јавност, се си кријам за себе
    Реакциите се за во затворена соба
    Еве најсвежо, вчера
    Гледав филм и така ме погоди во срце,ми разбуди стари чувства и незнаев дали плачам заради филмот или заради свои лични работи.
    Не можев да се препознаам во огледало, си се чудев што ми стана
    Ама затоа сабајле си се разбудив насмеана и свежа, како да ми паднал камен од срце
     
  12. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Да си признаам сум голема плачка и сум голем емотивец. Мразам што сум претерано чувствителна зашто така си нанесувам штета само себеси. Една работа што одсекогаш ми се допаѓала кај мене е тоа што не си го дозволувам тој луксуз другите ама баш никој да ме види ,,ранета'' туку се држам машки. И претпоставувам дека тој ми е некој вид на одбранбен механизам. Тој ,,луксуз'' го гледаат само четирите ѕида на мојата соба, а за сите други сум Каменко Катич, :lol: се смеам и кога ми се плаче.

    Еден совет до сите плачете ако ви се плаче не ги слушајте оние што ви зборат не мој да плачеш. Не држете во себе туку олеснете си ја душата после тоа ќе ви олесни и ќе се чуствувате порелаксирано. Плачењето е здраво! Зошто да го задржуваш отровот кој те пече кога можеш да го исфрлиш?
     
  13. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    оффф јас сум некоја цудна комбинација ххахаххаха голем емотивец што речиси секогаш успева да биде да си ги остави солзите само за пред себе :$ :$ :x :x
     
  14. CocoSumner

    CocoSumner Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    11
    Исто.. пред луѓе никогаш не плачам.. едноставно не можам, го гледам тоа како на некој начин да се газам самата пред себе.. Никогаш не плачам на филмови (ми се чудат другарките :rofl: )
    Секогаш наоѓам простор да се исплачам "самата пред себе"..
     
  15. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Ретко плачам. Не дозволувам секој да ги види моите солзи. Ете таква сум си по природа, многу тешко се расплакувам. Ама ако некогаш заплачам, целиот тој гнев и болка и се останато насобрани во мене се исфрлаат. Добро е да се плаче, ама не да се биде плачка, ако некој го повиши тонот одма ;( ;( . Не сакам толку емотивни луѓе. Весела сум и секогаш со насмевка, само пред најблиските ми се случува да заплачам и тоа кога ми е најтешко. Иако сум повеќе по смеењето, сепак мислам дека плачењето е најдобриот начин за исфрлање на гневот од себе (секако во одредени количини) ;)
     
  16. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Ете баш ова ме опишува мене. Плачам само кога сум сама и исто така плачењето пред други го сметам како да се газам самата. А инаку со филмовиве, коа потонуваше титаник сите у солзи само ја со насмевка на лицето :D
     
  17. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    во последно не можам да пуштам ниту солза...навистина не можам да плачам, а знам дека ако се исплачеш ќе ти биде подобро...некаде кога имав 15год нон-стоп плачев и плачев за се и сешто....а сега зошто едноставно неможам да плачам ?
     
  18. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Очите произведуваат различни солзи. Постојат три вида:

    -Постојани или базални солзи. Се создаваат за да ја зачуваат влажноста на очите. Со секое трепкање, очните капаци разнесуваат солзи насекаде врз очите.
    -Рефлексни солзи. Се создаваат како реакција на иритација или поради присуството на туѓо тело.
    -Емоционални солзи. Се произведуваат како резултат на различни емоции – тага, болка, среќа, лутина, фрустрација и сл.

    Зошто плачењето е корисно?

    Откако ќе ги покажат своите емоции преку плачењето, најголем дел од луѓето се чувствуваат порелаксирани. Скоро 90% од „плачковците“ се чувствуваат подобро и се посреќни откако ќе ги пуштат солзите да потечат.
    После плачење дишењето и ритамот на срцето се забавуваат, потењето се намалува и настапува период на релаксација што трае подолго отколку самото плачење. Поради тоа, некои луѓе подобро се сеќаваат на релаксацијата, одошто на самото плачење.
    Истражувањата покажале дека луѓето што плачат како резултат на стрес, болка или друга силна емоција, генерално се поздрави од оние што не плачат.
    Општо познато е дека задржувањето на емоциите води до зголемување на нивото на стрес, а тоа може да придонесе за појава на главоболка, депресија, срцеви заболувања и многу други болести. Може да се каже дека плачењето е еден начин на телото да се бори против стресот.

    Па затоа, наредниот пат кога ќе почувствувате дека солзите навираат во вашите очи, не плашете се да ги пуштите да потечат.
     
    На milca му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Плачам.
    Плачам за банални и глупави работи. Не плачам за големи работи. За нив, плачот го задржувам за себе, длабоко во срцето. Го чувствувам во грлото како огромна тапа болка и помислувам дека ќе препукнам. Потоа го чувствувам во носот како ситните "POP" бомбончиња што пукаат кои ги јадевме како мали.. И да, плачам за се, но длабоко во душата. Плачот пред некој кој го предизвикал за мене е смртно понижување. А јас? Јас нема да бидам понизна пред некој. Не, додека ме држи храброста.
     
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    по природа сум тезок емотивец, но не сум голема плачка
    а понекогаш кога ми е преку глава од се , па знам и без причина да си плачам и ми олеснува