плачам моментално... иначе не сум голем емотивец ама мислам дека се ослободувам од целиот бес и од болката.. одамна требаше да се исплачам убаво ама ете ми се погоди денот
Зашто мислите дека Вардар е волкав? Затоа што чував маче цееела недела и после го дадов. Ја бре ке се земам и од земја ке се акнам. Плачам за глупости, ситници, а за по битни работи си чувам, си чувам и после ја перам перницата
Огрома плачка сум. Страшен емотивец! Се мразам поради тоа. Камен однадвор, памук внатре е тоа сум јас! Плачам за се и сешто, кога сум нервозна, осамена, тажна... Не плачам пред народ успавам да се се воздражам горда сум поради тоа, но кога сум сама се мразам себе си!
Последен пат плачев во саботата од забот. Не, пардон урлав. Буквални се дерев, вриштев мавав...... Искрено да ви кажам ми се смачи од солзи. Свртев нова страна, да видиме како ќе ја испишам.
Многу емоционална личност сум и дури некогаш за банални работи плачам и јас како некои. Премногу имам и плачено и се не знам да бев извор ќе пресушев :L
Се пронаоѓам во се’,особено во болдираниот текст. Каква само тага ме обзема кога ќе видам постари луѓе..Си велам, ќе доживеам ли јас така длабока старост со љубениот до мене? Ќе ги видам ли моите деца среќно да растат,да напредуваат, да се оженат-омажат, внуци, правнуци? Како без нив,како тие без мене,без најголемата љубов? Напати е посилно од мене. И плачам тешко, ама кога ќе ме фати носталгија, која е најјака за брат ми...Имаме некоја неопишливо силна врска и страшно ми фали. На мн тажни моменти знам да заплачам ако мн ме трогнале, а на потресни тажни моменти како смрт не дај Боже, не плачам веднаш, затоа што не сакам да верувам, на го процесирам. Е после неколку дена кога ќе сфатам дека веќе враќање нема, излагам сама на тераса или шетам сама и емоциите ме обземаат... Толку за она вистинско плачење. На ред е она изглуменото. Научив мн лесно да го распознавам. И го презирам. Колку само ми е долно. Сум се расплакала кога јас сум погрешила во ошите на некој близок, и кога почна да ме теши реков не плачам за да допрам до вас и да се заборави се, не одам до таму, плачам затоа што јас сум крива. Не можам уцени од типот солзи. Не пали кај мене. Ама секоја ’чест’ на родените глумци. Ке им дојде и нив некој кој ќе им го покаже местото.
Не плачам за ситници,но знам да се расплачам кога ќе ме навреди некоја блиска личност (не плачам од сечија навреда,затоа што не очекувам многу добрина од луѓето,освен од најбликите),знам да се расплачам ако видам или слушнам некоја тажна случка и понекогаш знам да се разплачам и на некој филм (но многу ретко тоа) Во јавност никогаш не сум плачела,колку и да сум тажна дури и солзите да ми се на врвот од очите,знам да ги задржам и потоа убаво да си отплачам дома,сама
Плачам за се и сешто..почнувајќи за небитни и секојдневни дешавки, навреди и сл. па се до плачење за некои емоционално тешки моменти, плачам за убави настани, плачам на филмови и на ,,Sve za ljubav''... и на што ли уште не. Можам да речам дека сум голема плачка, а колку само не сакам да е така ама што да се прави не можам против солзите
мнооогу мнооогу сум емотивна за обична расправија се расплакувам.. секогаш ми е полесно кога ќе се исплачам ама и самата сум свесна дека ова моево е претерано
Мајка ми неодамна ми кажа дека - секоја солза е тешка , не заслужува секој.Од тогаш не плачам, можеби е и лошо што гневот го чувам во себеси, но ова ми е некоја утеха, гордост !
Никогаш не сум се расплакала пред друга личност ,тоа ми е најпонижувачки. Плачам сама,скршена од суровоста и бескрупулозноста на светов ,плачам гласно ко бебе за се што поминало и што нема да се врати ,плачам од бес што не сум запрела до границите ,плачам за се што сум оставила да пројде покрај мене и не сум го допрела и покрај огромната желба....
Се имам расплачено пред друг, не затоа што сум преемоционална и нежна, туку затоа што повеќе не сум можела да издржам да ја чувам болката внатрешно. Значи било премногу. Сега... помина многу време за да заплачам на што и да било. Ваква внатрешна стабилност ми требаше. Ама се борев за да ја имам.
Баш сега се замислив дека одамна не сум се исплакала онака убаво. Порано си имав ритуал понекогаш кога ќе ми се собере да си пуштам некоја срцешарајуча музика и да си се исплачам за цел месец. Најчесто си плачам во ПМС. Порано плачев многу често најмногу од нервоза и навреди. Пред дечко и за дечко не сум плачела од проста причина што не сум осетила потреба, некако не ми се тие работи за плачење, многу ме подогуваат тажни судбини на луѓе иако и не ги сакам мн мн луѓето. А за животинчиња... Мислам дека денес ќе си ја пуштам музиката за плачење.
плаЧам многу ептен емоционална сум најмногу плаЧам кога ке се скарам со деЧко ми, или кога ке навредам некој како на пример мајка ми, прво ке и се изнавикам едно убаво а потоа ми е многу жал...
Многу сум чувствителна и емоционална, но тоа не значи дека плачам пред секој... многу често плачам понекогаш дури и јас незнам зошто плачам ми иде одвнатре и мислам дека морам да се исплачам па да ми олесне.
Плачев многу кога бившиот дечко замина за Грција и се разделивме плачев два месеци и бев полна со гнев, бес и лутина. Човекот полесно се чувстува ако се иплаче.... барем јас така мислам
Плачам, и кога сум среќна и кога сум тажна.. Во последно време се обидувам да не плачам, добро ми оди