Солзи

Дискусија во 'Психологија' започната од yawn, 10 април 2011.

  1. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    435
    Допаѓања:
    371
    Пол:
    Женски
    многу сум емотивна и често плачам на тажни книги,песни и филмови
    често плачам кога сум изнервирана
    плачам и кога сум среќна
    всушност,јас сум една голема ПЛАЧКА! :D
     
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    3.901
    Допаѓања:
    12.691
    Пол:
    Женски
    Исто и јас, само без делот за книгите, дека не ги читам. :tmi:
    И јас сум голема плачка, ама се мрзам поради тоа што не сакам никој да ме види како плачам. Ако треба со сила ќе се смеам, ама нејќам никој да ме види како плачам. :doh:
    Во школо само еднаш сум се расплакала, и тоа за наставничка што не ми предава! Туку, толку ме изнервира, што ми идеше да ја :punch:. И тоа заплакав само пред 3 другарки, и уште ме зафркаваат за тоа. |(
     
  3. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    625
    Плачам кога се карам со некој,плачам кога некој близок ќе ме навреди ,плачам на филмови, плачам кога ќе видам дека на некој човек му е тешко (а немора да ми биде близок) , плачам кога со некој човек си игра судбината плачам на многу работи но не за да ме сожалуваат туку за да си олеснам на душичката
     
  4. Bloom

    Bloom Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    40
    Се воздржувам. Колку и да боли, никогаш не ми се случило во јавност, или пред други луѓе да се исплачам. Не сум голем емотивец, ама има работи кои и тоа како ме тераат да заплачам. Таков тип на човек сум што сама си се тешам, најубаво ми е да си се исплачам сама, без друштво од другарки или семејство. Плачам само кога стварно ми е преку глава, кога се ќе ми се насобере, кога немам друга утеха освен солзите. Знам дека е многу полесно кога ќе се исплачеш, ама не сакам да си дозволам да плачам за нешто или некој што не го заслужува тоа. Полесно ми е да продолжам да чекорам со крената глава, одколку да пуштам некоја солза.
    Си имам еден ритуал за пред плачење. Прво морам да си ги соберам сите перничиња на креветот, паломи, да си пуштам некоја музика што ме тера на плачење - дали од компјутер, дали од телефон сеедно, да си се облечам во пижами зошто ми е најудобно, па тек тогаш почнувам со лигавење. Е најинтересното е што додека да го направам сето ова ми поминал бесот, болката, тагата, стресот, па кога ќе си седнам и кога ќе си го вратам филмот што се сум направила за да ми биде удобно за плачење - ми доаѓа таков напад на смеа, што барем на некое време ми дозволува да се ослободам од сето тоа. :lol:
     
  5. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Во една мала солза се сите емоции на човекот. Секогаш во различна ситуација.
    Солзи за тага, солзи за среќа.. секакви може да бидат.
    Јас сум емотивна личност и се воздржувам да не плачам многу, дури си плачам и на филмови често :$
    За дечко сум плачела да, но никогаш пред неговите очи или пред очите на некој друг. Сама сум се соочувала со падовите поради тоа што од нив се учи за следен пат :)
    Така опстојувам и сум јака личност на овие години кои ги имам :)
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.739
    и кога сум во ПМС знам да се расплачам, ми олеснува на некој начин
     
  7. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.417
    Емотивна сум и имам плачено во јавност како помала. Сега плачам само кога сум сама. Се кријам и се срамам некој да не ме види таква. Многу ми олеснува од плачење.
     
  8. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    620
    Допаѓања:
    2.366
    Пол:
    Женски
    Во суштина сум премногу емотивна, понекогаш оставам солзите да ми се истркалаат а понекогаш се воздржувам. Иако не гледам ништо срамно во тоа да ја ослободиш душата од товар, знам да стиснам заби и да не дозволам да заплачам :)
     
  9. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    1.880
    Не да сум емотивна. Препрепремногу. За се можам да се расплачам. Од бес, од тага, радост.
    Плачка сум, ама ми олеснува.. :(
     
  10. WhiteButterFly5

    WhiteButterFly5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    67
    Не сум голема плачка, ама некогаш кога мнооогу сум растажена и разочарана се случува да пуштам солза.
     
  11. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    660
    плачам кога ке ме повреди некој близок кој го сакам и почитувам...плачам и потоа ми е полесно |(
    За други ситници и глупости не плачам,едноставно неможам да се расплачам толку лесно ;)
     
  12. BeautyQueen

    BeautyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    32
    Премногу сум емотивна и можам за се да се расплачам, само од еден збор со повисок тон од моите родители ме тера да плачам плачам кога ке се скарам со сестра ми и ЈАС ќе ја навредам, плачам и од среќа плачев на крајот на основно образование, дефинитивно се може да ме расплаче .. Е сега не секој може да ги види моите солзи (можеби моите насолзени ожи но не и како потекуваат) но пред моите другарки многу често се случува да заплачам плачам дури и додека некоја раскажува за нејзини проблеми наместо таа јас плачам :D
     
  13. vanna

    vanna Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    До пред некое време многу плачев, арно ама почнав да се загрижувам дека ако така продолжам сосема извесно беше дека во 2012 ќе има потоп, па затоа решив да поработам на себе.Ова за доброто на сите. :rofl:
     
  14. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    1.849
    Пол:
    Женски
    Плачка сум голема, ете. Се воздржувам во последно време. Порано и пред други многу плачев. Сега не толку, ама затоа, кога сум сама, ич не ми е гајле.
    Ах, какво е убаво чувството од кога ќе си се исплачеш.
     
  15. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    663
    Плачам кога ме боли нешто, духовно.
    Тоа е некако почесто во последно време.
    И да, дозволувам да плачам, зошто да сопирам инстинкт?
    На крај краева, тоа е и плачењето, природен вентил на телото при стрес и болка... или ја така мислам.

    Битно, еднаш месечно чистам тоа лакрималните канали, рекреативно.
     
  16. klinkata

    klinkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    83
    Не се расплакувам многу лесно,но кога ќе почнам да плачам треба време да престанам.Плачам кога ќе ме повреди некој кој навистина ми значи и кога ќе се потсетам на неубавите случки во мојот живот..
     
  17. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.021
    Тежок емотивец сум,најголема плачка,и плачам кога имам некаква болка физичка ама кога сум падната психички очите ми стануваат толку отечени од плачење што мора да ставам наочари :D Плачам за да си олеснам,да ми биде подобро.Едно време премногу плачев,потоа престанав и пак почнав :wasntme:
    Последен пат плачев пред две недели и од тогаш немам пуштено ни солза.Гледам да се воздржам.
     
  18. antica20

    antica20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    27
    хах Солзи,нај моќното женско оружје. Фала му на бога, кога ми се потребни секогаш доаѓаат :)
    Сепак и емотивка сум до даска,па така и многу е лесно да ме расплачат ;(
     
  19. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.562
    Плачам секогаш кога подувнува ветер (дури и најмалото ветре го осеќам) што значи цела зима плачам :D Лето плачам само ако се возам на мотор и тоа солзи крокодилски :D Инаку така поради душевна болка скоро ич не плачам,тежок инает сум и ако треба ќе пукнам ама солза не пушкам :) Што значи 2 до 3 пати годишно заплакувам, за многу месеци што сум си берела :D
     
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.883
    Најчест пријател во ноќите. Причина?
    И најмала ситиница е доволна да ме расплаче. Тага/радост, мене секогаш ми е пропратена со солзи.