Уфф па нема нешто што не би можело да ме расплачи хаха многу сум емотивна,и да си дозволвам да се исплачам и да ми помини и да почнам наредниот ден пак од ново како ништо и да не било.. подобро ми иди секогаш кога ќе се исплачам кога ми е тешко отколку да собирам се во мене и да чекам некој ден да прелее чашката..
Не сум голем емотивец но моментално плачам.. Посакувам да му се исплачам на некого ама сама сум ... сосема сама... Се чуствувам многу лошо... и сама сум си крива Не плачам само јас, срцето ми плаче... животот бил многу суров јас тоа го дознав на потешкиот начин..
Од мене поголема плачка не постои на планетава,плачам без некоја посебна причина сакам да се испразнам,преку солзите ја исфрлам горчината од душава...да не почнам да зборам кога сум во ПМС е тогаш остајте ме во соба да си се исплачам за се :'(
Чудо некое, најчесто плачам, не од тага или разочараност, туку од нервоза. Кога некој до толку ќе ме изнервира па да ми прекипе (тоа мајка ми најчесто, само таа знае така добро да ме изнервира), нервозата ја истурам преку солзи. И тоа солзи ехееееее...
Претежно кога ми фали таа, или кога сум премногу сама..ах да и у ПМС, еден ден обавезно плачам и правам драми..
Предтоа мислам дека бев по емотивна, а сега некако се осекам оладена, премногу си собирам во себе и чекам да дојде момент да се исплачам и после сум како нова.. Може да ме расплаче само ако видам некој друг да плаче и некоја од оние ептен жалните вести кои никој несака да ги слуша...
Голема плачка сум. Да им загине магарето на комшиите јас ќе се изнаплачам Секогаш се обидувам да ги сокријам солзите од светот и да си се олеснам кога сум сама, но тоа не ми успева пред моите, пред дечко ми и другарка ми со која сме заедно од мали нозе. Тие знаат како дишам и ме сеќаваат кога нешто не ми е како што треба и додека не им кажам не ме оставаат
Плачка сум. За глупости очите ми се полнат со солзи. Вчера на „кога лисјата паѓаат“ се изнаплакав. Често знам да плачам и од нервоза. И тоа многу често...
Го изгубив бебето кое го чекав цели 4 години. Нема ден, а да не плачам, со солзите легнувам, со солзите станувам. На работа не одам, на боловање сум, така да по цел ден сум сама, депресивна и само пушам и плачам, до кога вака не знам.
ја се мразам за таа појава за малку нешто може да ми дојдат солзите. уф се молам на господ да не бидам толку емоционална изгледам како слабачка да сум. сакам да сум поцврста да не ми доагат пред секој солзи.. на пример некој си раскажува негова тажна случка и јас сум готова да заплачам
Баш на феминава тука некаде во некоја тема имаше едно мислење од една феминка кое насвистина ми помогна..Не се сеќавам точно од збор до збор ама суштината беше „не ја крунисувајте вашата тага со солзи“ нешто во тој стил и баш се придржувам до ова,се воздржувам да не плачам(со исклучоци) и кога ќе се сетам за што се сум плачела ,да сум била разочарана тешко ми било и слично и секогаш си плачам си викам ај ќе се исплачам полсно ќе ми биде,па добро малку полесно ми доаѓа ама некогаш од навика дека ми е полесно сама си се терам да си се исплачам иако не е до толку..Во некои моменти треба да се стиснат заби и да си речеме идеме понатаму ! Само така можеме да напредуваме и да се потпреме сами на себе,со плачењето само си создаваме лоши спомени..
Јас сум голема плачка за се и сешто си плачам ама барем на тој начин си олеснувам многу подобро се чуствувам потоа
Како рак, солзите ми се најдобар пријател :/ Плачам за секакви глупости, ама буквално за глупости! Кога ќе и кажам на мајка ми да ми го купи шампонот што секогаш го користам, а ми купува друг зашо бил поголем за истите пари -.- или за оценки... на плачењето за оценки им нема крај Плачам кога сум тажна, кога сум среќна, кога ме боли нешто... А на болките на срцето им нема крај :'(
Плачам кога ми е дојдено од се преку глава,кога сум тажна и во некоја пубертетска депресија... А понекогаш на емотивни песни и филмови
Гледам многу емотивни Феминки има тука. Барем не сум сама И јас сум многу емотивна личност, ми се чини како солзите да ме демнат. Абе да видам некое куче како ме гледа натажено и ми солзат очите. Ова не ми се случуваше порано, но ете сега е така. Добро е да се исплачеш понекогаш Едно е здраво за очите, друго го туркаш стресот од себе. Но да плачеш на секоја ситница е тоа е веќе претеризам! Затоа се трудам да се воздржам, па секогаш кога ќе ми дојдат солзи на очите се насмевнувам. Знаете, болката кога ќе се намсевнам додека ми се плаче се зголемува и уште повеќе боли, но барем насмевката ми ги задржува солзите и не им дава да излезат!
не се праи така ко - ај досасадно ми е зеам плачам.. коа плачам значи стварно ми е криво за одредени работи... плачев кога блиска другарка после операција немоеше да оди , плачев кога саканата особа ме разочара со некои постапки , плачев кога почина бабами.. емоциите ми се на стаклени нозе морам да признаам..