Jas placam mnogu nabrzo i toa najmnogu poradi nervi.Ne se nekoi kiznaj kakvi nervi ama sepak.Najmnogu mi olesnuva koga ke se rasplacam.Najcesto placam navecer koga site ke zaspijat za nikoj da ne me vidi deka placev [mod-kirilica:22yvhtxn][/mod-kirilica:22yvhtxn]
Баш нецел саат пред да го пишувам ова овде, плачев, зошто се расправавме со дечко ми (а што е најлошо тоа беше преку интернет...уффф колку ги мразам комуникациите при кои не ти се гледа изразот на лицето ниту тонот на гласот и се погрешно се перцепира). Кога станува збор за почнување на плачење, прво е нервозата, па тагата, па плачењето. Ако имало причина тогаш сигурно некој ке ми се извини или јас ќе ја согледам грешката па ке се извинам, а ако немало некоја причина и на некој воопшто не му е грижа што ме изнервирал, па растажил, тогаш после плачењето се соземувам и со ладна глава многу подобро ги согледувам работите. На тие кои ми значат им давам на знаење дека сум проплакала, за да знаат дека ми значат во животот и дека преминале некоја линија. На филм да заплачам....не...ептен реееетко ако е некоја Бог зна каква романтика-трагедија и да е реализирана по вистински настан, па така. ПС: убаво е да се исплаче човек, му олеснува душата малку, но нетреба пред секој да се плаче, не заслужува секој да знае
Порано плачев ептен често, за се буквално. Но, со тек на време единствено нешто што ме расплачува е сопствената немоќ да влијаам на некои работи. Односно кога не можам да сменам нешто што ме засега, а не зависи од мене. Тогаш ми се чини душава ја истурам. А онака солза-две пуштам и за неправди и при нервоза, ама не е тоа вистинско плачење. И никогаш не плачам пред други. Не се олеснувам тогаш како што треба. Се знае, сама со себе, плачеш и .. се поминува..
Солзите се најдобар пријател на човекот, кога зборовите исчезнуваат, тогаш доаѓаат тие, солзите, кои ни помагаме да ги покажеме нашите емоции, нашите чуства, ......... Се што можеме да покажеме е преку солзите .
премногу сум чувствителна.. многу често плачам солзата ми е отвор на душата само така можам да се искажам и да се олеснам себеси ..
Плачам премногу,неконтролирано. Сакам да ставам крај на оваа „навика“. Барем пред други да се контролирам некако да не плачам, за секоја ситница очите преполни ми се... И за арно,и за лошо, апсолутно за најмалата ситница си плачам,и после сум како нова, но... другите што ме гледаат ми кажуваат дека не е убаво,и свесна сум,ама незнам како да се контролирам...Дајте ми совет-сакам да се променам!!
Поголема плачка од мене не знам дали има,многу сум чувствителна,плачам буквално и ако некој само повиши тон на мене,години сум со моите блиски и пак не ме имаат ушште научено дека сум плачка,ај што сум плачка али не знам и да сапрам можам многу долго да плачам, не сакам што сум таква, не чини тоа да си толку сентиментален,сакам да се сменам барем да знам да престанам да плачам али не можам,се имам трудено али не бива
јас не попуштам толку лесно солзи јас сум таква 'жилава' единствено ако не се наспијам убаво и гледам некој тажен филм и тек тогаш да се расплачам
Плачам од среќа, плачам од тага, плачам и од бес. Емотивна сум и често не можам да ги зачувам за себе емоциите, безразлика дали се позитивни или не. И можеби подобро е така, отколку да ги поттиснувам во себе. Плачам и кога сум сама и пред други, едноставно тоа е нешто кое не можам да го контролирам.
Понекогаш нема начин како да ги сопрам. Плачам, емотивна сум, солзите дозволувам да ги види секој. Посилно е од мене, не можам да објаснам.. Најчесто се јавуваат како резултат на тага и немоќ. На разочараност. Понекогаш ми се верни пријателки, посебно кога нема никој друг околу мене. Болат и горчиливи се, но истовремено и помагаат. Барем откако ќе се исплачам, чувствувам олеснување. Единствено што не паметам е, солзи предзвикани од преголема доза на среќа. Најверојатно сеуште не ми се случило нешто што ќе ме размрда до тој степен. Но, ќе биде.. солзи се солзи и покрај се`..
Кога ја видов темата прво што ми дојде на памет е песната од Тоше, Солзи прават златен прстен. http://www.youtube.com/watch?v=0OpUYd62 ... re=related
Дома сум голема емотивка. Плачам за секоја ситница, затоа што се ми е блиску до срце, па се ме погодува. Во училиште ниту еднаш не сум пуштила солза. Имало моменти, да, кога ми се плачело, но само ќе се насмеам. Јеп, најјака сум у цел клас.
Голема плачка сум Емотивна сум и често плачам кога ми е тешко или кога сум премногу нервозна. А во ПМС кога сум пак да не правиме муабет, знам да си заплачам на секакви глупости, и за убаво нешто да е ќе си пуштам по некоја солза Мразам што не можам секогаш да се контролирам, но откако ќе се исплачам секогаш ми е полесно.
Солзите ни ги искажуваат нашите најсилни емоции кои ги држиме длабоко скриени.Не е добро да се преправаме дека сме силни ако навистина не сме.Не треба да ни биде срам да заплачеме и поради тага и поради среќа .Јас се срамам да заплачам,знам дека тоа не е добро,но потоа секогаш доаѓа еден момент кога се ќе ми се насобере и кога ќе пукнам. Најчесто плачам од НЕМОЌ
Да ми објасни некоја..Вујко ми ми има кажано за една жена на негови години 50+ ,дека за да се извади во ситуација,се расплакала од чиста мира.КАКО е тоа можно?