Еве јас баш сега плачам, изнервирана сум во исто време тажна, собирав собирав денови недели, ама еве денес ми се прели чашката, неможам повеќе, навистина ми е тешко
Па како и сите луѓе и јас плачам. Не сум голема плачка ама знам да заплачам и за некои работи кои за другите се глупости(но мене навистина ме повредиле)Во последниов период не дозволувам да бидам повредена.Плачам сама во себе и тивко.Само онака солзи ми се тркалаат по лицето.И да,ни во сон -- некој да ме види како плачам (освен мајка ми )
Плачам многу често. Некогаш дури ми викаат и дека претерувам. Ама па многу полесно ми од кога ке се исплачам. Не ми е срам пред никој да плачам, зошо подобро да се исплачам и да ми биде полесно, одколку да си собирам внатре и да се истурам на некој кој не е ни крив ни должен. Плачам и од среќа. Сите ми викаат дека сум многу голема плачка ама ако, убаво ми е.После продолжувам напред. Последно плачев оти татко ми неќе да ми купе куче, а ветеринар е. И си се изнаплакав. И сама ќе си купам!
Плачам и тоа многу....голема плачка сум ич неможам да се воздржам и не гледаме дали има некој или не јас си плачам...некогаш знам и од среќа да заплачам абрее за све живо плачам
леле луге кога ми се оние денови во месецот без врска плачам незнам что ми е за глупости не ни ја знам вистинската причина..... така без веза еве сега пред малку со дечко ми правеве муабет на скајп и одеднаш така ми дојде да заплачам ми се помешаа некои емоции и он ме пита шо ти е ??? јас незнам шо да му одговорам и измислив бесврска нешто којзнае што ке си помисли за мене сега.... ц ц цц викам така бе злато оти те гледам тебе многу се разнежнив леле ама сум будала ке рече оваа луда
Јас како многу емоционална личност... солзите ги прифаќам како најдобар пријател, додека нема никој до тебе .. Гоолема плачка сум, плачам на тажни филмовии, песни и сл.. сепак.. некогаш онака почнам да плачам без причина, и тоа ми ја прочистува и олеснува душата
Многу голема плачка сум.Кога не ми е по ќеиф,си плачам.И многу си ја мразам оваа особина.Можам да се разлигавам пред секого.
Емоционална личност сум и со тоа многу често знам да пуштам созли кога сум повредена физички и психички па дури и на некој филм знам да заплакам Инаку најмногу плачам кога сум во период на ПМС знам дека тогаш на се и сешто можам да заплакам
јас сум едно многу емоционално суштество,што плаче за секоја ситница.И подобро што е така отклку да држам во себе..вака барем ми е полесно и преку солзите излегува сиот бес кој го имам
Луѓето не плачат затоа што се слаби, туку затоа што биле силни предолго време... Коа ми се плаче си плачам и многу полесно ми е после тоа.
И јас сум плачка! Си плачам кога се чувствувам повредено, изиграно, излажано, несакано, осамено... Не се штедам и не се воздржувам зашто чувството по тоа е олеснувачки. Проблемот не го снемува, само некако се намалува тензијата што знам... Веднаш потоа се фрлам на пиење течности, за да надокнадам И секако, мора да бидам сама за да се исплачам онака филмски.
Плачка сум..ама не пред сите..срам ми е..ќе си седнам во ќош ко малите деца и почнувам да плачам.. највише плачам од навреда..и од кавга.. Кога ти е тешко..заплачи си..ќе ти олесни
Не ми е срам да плачам кога навистина ми се плаче тоа не го гледам како слабост туку како крајна граница на неиздржливоста на тагата,бар така јас го гледам тоа кај мене.Кога гледам насолзени очи навистина многу ме болат.Јас ретко плачам но често се случува да се расплачам пред да ми дојде тогаш сум превише чуствутелна недај боже малку повреди ме цело море од солзи ќе ти направам ....
Плачам кога чувствувам тежина во градите и навистина и немам друг начин како да се ослобдам од истата па излезот го барам во солзите.Знаете она гадно чувство кога мислите дека сите проблеми на целиот ни свет се натрупани на ваш грб како папки?Е тогаш плачам и плачам ко мало дете.Седнувам и липам додека папките не ми паднат од грбот.Во глобала плачам и кога сум изнервирана или пред ПМС.
До пред некое време плачев само кога ќе беше нешто многу озбилно..за разлика од тогаш сега плачам повеќе...кога и да чувствувам тежина на градите јас плачам и не си држам ништо повеќе во себе...ако има потреба и викам не само што плачам...во солзите се собрани сите мои нерви,гнев,болка,тага
плачка сум плачам за мн работи и мн често:кога гледам некој филм емотивен,кога сум тажна,кавги,од срека секако..вчера гледав тв и кажаа на тв за еден слеп коњ и јас се расплачав и дечко ми ми се смее ..ама јас сум таква мн брзо се расплакувам,мн сум чуствителна личност
Солзите се знак за слабост. Долоклку некој ги види ќе те смета за лабилна и чувствителна личност,и ќе проба да го искористи тоа у своја полза. Затоа,чувај си ги за најблиските.
Леле многу голема плачка сум дури понекогаш се нервирам што е така.Многу брзо знам да се растажам и затоа брзо ми протекуваат солзи. Но, знам дека никогаш не ми биле лажни...