Можеби не е за тука, зашто не сум некој емотивец, не е проблемот од таа природа ама морав некаде.. Пролетно време, исто и есен, а излезам надвор и очите ненормално ми солзат Некои денови како денес затоа останувам и дома Нешто алергија ќе да е..
Плачам само кога никој не ме гледа... Али 2-3 пати ми се има случено да не можам да се воздржам па почнувам да плачам пред некој друг ( најчесто во периодот кога треба да добијам, тогаш никако неможам да ги сокријам емоциите).
плачам да ама само кога сум сама, сметам дека плачењето е знак на слабост и дека ако плачам во друштво го убивам расположението ако мене не ми е ок нема зашто да правам и на друите да не им е ок.
Голема плачка сум..И за добро и за лошо мене очите ми светат од солзи Многу сум чувствителна, повеќето ме знаат како многу весела личност, но само луѓето што ги сметам за многу блиски, ја знаат оваа моја слаба страна
Умеам да заплачам,кога ќе ме трогне нечија приказна,кога е лично за мене ми протекуваат солзи па и некој да ме види не ми е грижа,а после солзите ми е многу подобро повторно чекорам со крената глава надевајки се за подобро утре
Си плачам често,голема сум плачка и голем емотивец.Се може да ме расплаче,плачам и од тага а и од среќа често знам да пуштам некоја солзичка. Најмногу плачам пред дечкото, односно само него му плачам и пред него можам да се исплачам,а тој кутриот ме теши,ама не ми е страм и пред други да плачам,не ги кријам моите емоции од никој и не се страмам од нив.
многу сум емоционална ама солзите ги кријам од сите но лесно се расплакувам дури и една сцена од филм мози да ме натера цел ден да плачам
Порано плачев, сега еднаш до два пати во месецот. А кога ми се плаче одам во веце и си ставам римел и си се шминкам за да имам причина да не ги покажам солзите
Ретко плачам во вистинска смисла на зборот. Но да ми се насолзат очи, да ми се стегнат гради, да липам во себе-многу често. И од радост и од тага. На свадби, на крштевски, на сите радосни моменти кои ги делам со најблиските. Од родителска си одам секогаш со насолзени очи - од гордост. На нечија тага, болка, мака- плачам во себе, затоа што тие нејќат сожалување. Е, кога сум бесна, кога се карам со некого, гласот ми добива плачлив тон, и тоа е нешто што најмногу го мразам кај себе. Се обидувам да се исконтролирам, но залудно, од оваа кожа не се бега.
Секако дека плачам најмногу плачам кога ќе почуствувам дека сум дозволила да ми се случи некоја случка за која сум можела да ја решам а некако сум дозволила да бидам изиграна,како и да е ќе се исплачам да ми се олесни а потоа стапувам на сцена,никој ама баш никому не дозволувам да ме повреди ако знам дека не сум заслужила
Многу години ги криев солзите ги потиснував мислев дека сум силна но таа сила ме унисти,имав период во кој солзите ми беа неизбезни незнам како е кај другите но кај мене секоја капка во себе има толку многу емоции кога казам многу и мислам многу ја по4нувам да се гусам немозам да дисам голем налив на емоции и затоа по4нав да ги потиснувам пак или едноставно да пла4ам поретко и сама,а искрено највеке се воздрзувам...
Па вака јас штом плачам тогаш после тоа ке ми е полесно.....Тоа не ми е честа појава но се чуствивам полесно...за некоја прости причини најчесто а некогаш а и така знам да си заплачам....
Никогаш не манипулирам со нив ... Си ги ценам многу и не ги пуштам за попусто . Ако не од нешто друго од инает.Треба навистина да сум длабоко повредена да сум доведена до работ . Не сум од оние што ќе ги користат солзите ќе приплачат само да добијат нешто .Никогаш не сум играла на картата невина и повредена само да си ја постигнам целта . Тоа ми е мизерно и тоа многу ! Релативно ретко плачам , не е дека немам причина и дека рози ми цветаат секогаш во животов , туку ако заплачам , а во минато ми се случило за личности за кои не вреди ни да ги плукнеш после се лутам сама на себе и се осеќам двојно полошо и понервозно . Знам да заплачам ако осетам потреба онака ми дојде како издувен вентил но солза две не сум ни сигурна дека тоа се нарекува плачење. И кога плачам тоа е далеку од сите.Може да се случи само пред очите на мајка ми ( се случи неодамна да плачам како мало дете поради предавство на една личност која некогаш многу ми значеше ) . Фала му на Бога што досега не ми дал причина да заплачам пред сите што нели не е невозможно .Знам да заплачам од немоќ , од беспомошност кога чуствувам дека ништо не можам да сторам . Сe на се ако плачам зад тоа мора да има доообра причина
Порано плачев многу често. Скоро секој ден. За најмали ситници, речиси и без причина. Сега, не. Не се ни сеќавам кога последен пат заплакав изминатава година.
Плачам најчесто кога сум сама.Не се сеќавам кога последен пат сум плачела пред некој. И сакав да прашам дали кога плачете ве штипат очите.Мене многу,а никогаш кога плачам не ги тријам,па не знам што е проблемот.Порано не ме штипеле,мислам дека од пред 1 година или таке нешто почнаа.Некогаш токлу многу ме штипат,дури како да ми горат осеќам.Им кажав на моите на лекар да ме однесат,ми викаат ништо не ти е,сигурно бактерија некоја... Ве молам некој ако има совет,или истото му се случува нека ми пише