Најтешки се комбинациите за црна коса, јас некое време се мислам да ја направам ама овие кои се плави, смеѓи и кафени многу поубави комбинации можат да створат. На црна као меч со две острици или прекрасна или кич и лошо може да изгледа. Најдов некои слики иако од овие само Меган Фокс варијантата ми се допаѓа.
@Mimi123 Како што рекоа и другите имаш преубава коса,ама разбирам дека сакаш промена,сите сме такви За да го постигнеш тој сомбре ефект ти препорачувам прво цела коса да ја осветлиш за неколку нијанси со медова боја фарба,еве пример ваква: Па после тоа да отидеш кај фризерка да ти ги осветли врвовите.Само пошто твојата е црна коса,ќе ти бара многу работа
Не сум запознаена со терминов сомбре, знам дека има балајаж, што мене ми се свиѓа многу. Јас би ти рекла да си направиш и ич да не се мислиш Косата ќе порасне, а и твојата е нефарбана, така да нема многу да ти се оштети од еднаш. Ама да знаеш кога еднаш ќе почнеш нема после престанување со фарбање, заразно е Ако сакаш нешто потемно, како сликата со Меган Фокс што е, нема да ти треба ни бланш, така да со малку подобра грижа за косата ќе биде исто како да не си се ни фарбала
@Ginger^ Мислам дека е омбре Јас и ова го видов баш вчера, а и женскава има потемна коса црна и не е така лошо, а и тоа од Меган Фокс многу ми се допадна. Само не сакам онака како жолта како изгорена ќе изгледа
Јас не сум сигурна дали да си правам сомбре не знам како ќе ми испаден и дали ќе ми се допаѓа после а има и една друга техника babylight доаѓа како ептен мало осветлување на косата со некои прамени и не е баш толку интензивно како сомбрето и сега се мислам помеѓу оваа и сомбрето има некој тука нешто такво правено?