Здраво, не можев да најдам ваква тема, а сакам да слушнам искуства и совети. Уште пред да бидеме официјализирани со дечко ми (но исто како да бевме) тој ме изневери. Самиот ми кажа дека ме изневерил, дека му е жал и сака да ги поправи работите. Океј е се, заедно сме и убаво ни е. Но, јас постојано се сомневам. Некогаш си давам за право и да го проверувам, а тоа порано никогаш не го правев. Нешто што ме загрижува многу е тоа што другарка ми постојано ме задева во врска со него, а и очигледно е дека има симпатии кон него. Постојано кажува шеги како во стил таа да е со него и сл. Тој го знае тоа, знае дека ме нервира и ја додал на инстаграм. Таа беше со еден негов другар пред неколку месеци, но не мислам дека тоа е некаков проблем. Што да направам, како да ја решам ситуацијата? Се плашам. Ве молам за совет и извинете на долгиот пост. Ве гушкам.
Јас би те советувала најпрво да се тргнеш од “другарка ти“, која очигледно нема ни Д од другарка. Потоа, разговарај со него. Дали планира нешто да преземе или не. Ако гледаш дека нема ефект, подобро е да не се мачиш. Ако ја додал на инстаграм и те задева во врска со неа, значи му прија што она прави така. И мене една таква “другарка“ ми правеше. Демек, као случајно го спомнуваше. Јас ја игнорирав и престана. А, дечко ми фала богу нигде ја нема, нит па сака да чуе за неа. Одвратна му е самата помисла што се дрзнала да направи такво нешто. А, и гледам зошто другар му ја оставил... Сигурно не е прв пат вака да прави!
Или помири се со фактот дека те изневерил - ако воопшто се смета за изневерување пред да стапите во врска и продолжете да си работите на врската како и до сега, или раскини му и тргни се од сè. Друго решение и сама знаеш дека нема. Мислам дека дечко ти е свесен за таа твоја параноја и најверојатно намерно го направил тоа за да види како ќе реагираш. Што секако, не е баш најзрелиот чекор по мое мислење. А и каква е таа другарка што сака да се пика кај зафатени дечковци. Ај што е зафатен, па дечко на другарка, мислам...оперирани од осет луѓево. Бог да чува. Јас би разговарала со другарката и навистина би се запрашала дали треба да ми биде другарка.
Таа е љубоморна, отсекогаш зборува како не може да најде добар дечко и сл. И сеа како супер ти е типов чувај го и бла бла... тој ми вика те пецка прај и го и ти истото ама јас се нервирам... Би ја баралила скроз, ама не знам како да го решам ова со него. И покрај тоа што сме во врска тој не сака слики по интернет и сл што ми создава плус сомнеж.
Заедно сме од февруари 2016 со месец ипол прекин. Мислам дека го знам, ама се плашам бидејќи не верувам во машките ич.
Тоа е нешто друго. Чим претходно те изневерил и ти признал сигурно има и сега некоја друга чим не сака да клавате заеднички слики по социјалните мрежи. Побарај му го телефонот изненадно и види со кој пишува и слично.. Види и на инстаграм во пораки. И ако те изневерил и си му дала шанса тој пак истото ќе го повтори. Те мисли за ѓубре на кое после секоја може да се враќа..
Мислам дека имаше пишувано и по други теми дека се двоумел дали да биде со тебе или не, т.е. нејќел да ти биде посветен само тебе? Што си го трошиш времето на него?
Да, имав. Но кога реков дека е во ред да прекинеме тој рече дека сака да бидеме заедно и дека сака да е само со мене итн...
@Senorita A Искрено јас не би чекала година дена да си ја официјализирам врската. Мислам хелоу... Не сте деца, нема што тука да се чека. Или сте или не. Извини ама ми личи на тип што не знае да си го задржи ... во гаќи. Ама тоа си е твое...
Животот со сомнеж не е живот. Сомнежот разболува, боли, те мачи, полека те убива... Само безрезервна доверба кога имаш тогаш Тоа е Тоа! И дефинитивно, да е взаемна. Среќни се оние кои го имаат ова,
Таа не ти е другарка. Такви токсични луѓе што ќе ти ствараат нервози ко неа, не ти требаат во животот. Денес за тоа, утре ден за друго. Најдобронамерен совет, пробај да се оддалечиш од неа прво.
А што се замараш уште со него?? Ова мислење ти е напишано и јас сум ти одговорила неколку пати.Очигледно е дека тој сака слобода за да мрда со ... настрана.Откачи го и спаси се,млада си за да се нервираш за ваков глупак
@Senorita A според мене врската се смета за сериозна после 6 месеци. Ова твоето е и предолго. Тој не е стабилен, а со тебе е зашто знае дека ќе може да ти се врати. Штом имаш сомнежи подобро раскини, вистинскиот нема да ти внесува ниту еден сомнеж.
Пρво дефинитивно оддалечисе од дρугаρκа ти. Не знам κаκо поκρај сите овие ρаботи сеуште си поκρај неа и се дρужиш со неа. Во вρсκа со дечκото аκо него му си најбитна нема два посто да ја ρецκа дρугаρκата и ќе те поддρжи тебе, очигледно му годи тоа што таа е обземена со него. Во една вρсκа поκρај љубовта најбитна е довеρбата κоја е стожеρ и база на една вρсκа. Аκо ја нема џабе си го губиш вρемето. Не може ти со години да чеκаш вρсκата да стане ноρмална и официјална. Тоа што не саκа да ставите слиκа заедно е знаκ деκа од нешто се κρие. Немој да дозволиш да те тρетиρа на овај начин. Тој знае деκа κај тебе може да се вρати и да те има κога саκа и пρави што саκа без да ρазмисли дали ќе те повρеди или не. Не си ти на заκачалκа. Споρед ова што пρочитав и не си мала аκо си навистина 25г. не се замаρај со детсκи ρаботи тебе ти тρеба стабилен маж до тебе а не неκој со детсκи памет.
Да не те изневерил тој со другарка ти?Можеби ти признал да не дознаеш од блиска личност,а сомнително е и тоа што таа така ти зборува.Еднаш кога ќе те изневери тешко да му веруваш.