1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сообраќајни несреќи - Чума на денешницава

Дискусија во 'Политика и настани' започната од thegirld, 25 октомври 2015.

  1. thegirld

    thegirld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Се повеќе сме сведоци на ужасите што се насекаде околу нас, не знам дали свесно или не, мижиме со очите и се тешиме со тоа дека не ни се случило нам.
    Многу жртви, и премногу нерешени случаи. До кога вака?
    Дали не сум единствената која туѓо загинето дете, мајка, татко брат, сестра, баба, дедо, комшика, другарка ја боли како нејзиното да го има изгубено?


    Ужас влада бе луѓе. чума невидена... Кај ни е спасот? ..Утре јас можам да бидам, Вие, или некој наш близок...
    Зарем нема ништо да се направи, да се спречи ова?

    ДОСТА Е
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.112
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал за девојчето што беше прегазено завчера во Хром. Таман требало да му се радува на животот, истиот и заврши трагично. Жал ми е и за сите други загинати пешаци и останати учесници во сообраќајот. Под итно треба да се преземат мерки. Инаку,ништо не правиме. Треба и да се внимава. Да ти е страв да поминеш на пешачки. Уште сега ме фаќа страв за децава мои. Ќе дојде ден кога и тие ќе треба сами да ја поминуваат улицата.
     
    На thegirld и karak им се допаѓа ова.
  3. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    кога гледав ми беше многу жал и почнав да плачам
     
  4. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    На сите им е жал и сите сакаат да се смени нешто, а насекаде гледам несовесни возачи и родители што им даваат коли на деца без никакво искуство.
     
    На piksooki, cresa-jagoda, Daydream и 16 други им се допаѓа ова.
  5. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    На сите ни е жал, ама сите што споделуваат слики на фејсбук и глумат лудило, баш тие истите возат како забегани. Лесно е сите да се правиме светци, али дај луѓе почнете од себеси. Во случајов не ни е крива владата, самите сме си криви.
     
    На citiesinflames, Bojana.20, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.
  6. thegirld

    thegirld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Не е воопшто важно да се сподели слика, за било каков настан од хроничен тип.. девојчето од Хром е само едно во низата на загинати... Не ми е јасно само, како самите ние, луѓето не се освестуваме дека не бива вака...

    И да, секако дека владата не е виновна за тоа кога некој ќе згази некого на улица, туку виновна е кога на истиот нема да му ги „додели“ потребните санкции. Зарем убиец на нечие дете, нечија мајка,татко и што и да било треба да се извлече се одземање на пасош, без притвор и сл??

    Мене тоа ми е буквално како да му го подаруваат да го дише воздухот на загинатиот, жално...
     
    На Bojana.20 и Victorian им се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Сообраќајки има затоа што на патиштата има СЕКАКВИ возачи и на никој за ништо не му чуе.

    Моментално се бафтам со тие процедури и како прво, психолошкиот тест е жива зафрканција! Значи имаш три листа со фигури од десно, а од лево една изолирана, и ти треба да ја познаеш изолираната во тие другите.... И тоа е се'! Јас очекував некои секојдневни ситуации, да видат дали избувнуваш лесно, дали си понервозен и слично, ама ова тест како за деца од градинка.

    Да ви кажам право, во прво одделение кога ме запишуваа, посложен беше тестот, малце поинтерактивен. (facepalm)

    После тоа проверки, лекарско, слушаш, гледаш, ајт, вози. Ни крв, ни ЕКГ, ништо бре, ништо. Ми вика колку си тешка, колку си висока, а зад неа вага со метро, тешко и е да ме измери.... Разговор со психијатар - а испружи раците, мижи, толку. Мислам, мизерија. Јас да требаше, пола од тоа машкуданците би ги елиминирала, уште на тестот тоа мафијашко однесување, као, знаеш ли ти кој сум јас, јас сум НАД ВАС, јас се' знам, а сироти, да земеш да ги зашлапаш, по 16-17-18 години.

    Друга работа, дали сте знаеле колку возачи возат без возачки?! :o Јас не знаев дека некој е до толку арогантен и дрзок, затоа што стварно треба да си дрзок за да влезеш и учествуваш во сообраќај во кој не знаеш кое, што и како функционира. Не е само запали колата и тргни.

    И сега еве типот најлабаво си иде на часови и поим нема! Јас во живот немам седнато во кола да возам, ама пак знаеш бе некои општи правила мајка му стара. Па знаците се општа култура што се вика,

    Оти не можел да престигнува од десно, па имало место? Оти да го чекал тој од десно на раскрсница? А зошто да чека да поминат пешаци, па кога ќе се завлечеле, ехаааа, он си минел, не чекал. Црвено, жолто, зелено, а жолто трепкаво, он си мине, прв е во то случај.(facepalm) А каква линија, што е полна, ами иста си е линијата секаде.... А па зошто моторчето, тоа кај има место, си мине, и после оди запали го кога ќе ти испадне од десно во ретровизорот, ако не да најдам ПАЖ да седи од десно да ми гледа моторчиња дали ми испаѓаат. :@

    Ама ајде барем иде, слуша, се мачи сирот со новите правила, од мојава група 70% не идат, си знаеле они. Мислам, дебилизам...

    Е тука лежи проблемот, додека на секој му се дава возачка со критериуми нула и со мафијашко однесување, и со неможност да се симне нивното машко ЕГО на тоа дека не, не е секогаш со предност во сообраќајот, ќе слушаме вакви вести по телевизија. Додека не се дигне целата сообраќајна култура на едно десетпати повисоко ниво од моменталното, вака ќе биде. Додека не се научат дека пешаците немаат каросерија па ќе ги потчукнеме, дека на пешачки се кочи 4-5 метра пред пешачки, дека на прав пат не се лета најбрзо што може да оди колава само затоа што мислиме дека ете ЦАРОТ вози сам по патот....

    Уште пострашно, и сто пара очи отвори, е од вакви будали, ти ќе си ја чукаш главата цел живот.

    Иначе осеќам дека многу ќе пцујам во возењево, неписмењаци. :smoke:
     
    На citiesinflames, JuLleE, cresa-jagoda и 12 други им се допаѓа ова.
  8. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.857
    Допаѓања:
    18.985
    Пол:
    Женски
    Баш како чума се несреќиве. Секој ден гинат луѓе, бетер од чумата на времето :( Се дури нема сообраќајна етика, и построги санкции кои ќе се еднакви за сите (без оглед дали си Алачки, син на некој си итн.) ова ќе се случува. Човек испадна да треба да се моли пред помине улица на пешачки.
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Луѓето треба да се свесни дека во моментот кога ќе седнат зад воланот, колата веќе не е само возило, туку и оружје. Мислам дека многумина возењето го сфаќаат како играчка, небаре сме во Луна Парк, па и да се чукнеме - ништо нема да ни биде.

    Јас еден куп пати имам сретнато слики на фејсбук каде дечишта возат со 200 и ја сликаат километражата. Да напоменам дека не возат по автопат, се гледа на сликите дека се во населено место. И уште се јачаат. Како воопшто да не размислуваат за тоа што може да се случи и колку таа брзина прави сè да биде поопасно, па макар да било и едно камче на патот. Ај они што можат да се утепаат, некој друг невин Бог да чува ќе го соберат.
     
    На cresa-jagoda, Waka-waka, Mishela и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.102
    Поминете ова време или нешто подоцна кај кулите во Кисела Вода, да видите што се случува.
    Група на ученици, си одат после часови од Борис и преминуваат улица бидејќи одма од пролазот од каде што доаѓаат, од спротива е автобуската станица.
    Иронијата е поголема што буквално од нивните две страни на помалку од десетина метри има пешачки.
    И да напоменам - обавезно се во големи групи и стојат на коловозот и чекаат да преминат улица.

    И после нема да има трагедии?
    Па воспитувањето за однесување во сообраќај доаѓа од дома!

    Да, се повеќе се случуваат на зелено на пешачки, но исто така видете што се случува?!
    И после некој ќе рече - сеедно, убил човек, треба да лежи.

    Па на онаа улица две коли ако се разминат, 10 деца ќе кренат на хауба, а тие храбро стојат на коловоз и чекаат да поминат коли. Или доволно е да се збуткаат и некое да заврши под тркала...

    Ако имате дете кое учи во Борис и се качува или симнува од автобус на таа автобуска врзете му два три шамари секое утро, ќе знае самото зошто.

    Се потресувам од глетката често. Пет банки отворени очите да не прегазиш некое...
     
    На JuLleE, cresa-jagoda, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    А што е со проклетиот закон дека може да се полага со полни 16 години. 16??? За утре тие деца да се пијанчат и да седат зад волан?? Меѓутоа жално е што не се во прашање само годините,затоа што и тие што се дупло повозрасни го прават истото.Не треба секому да му се даде кола и да го пуштиш во сообраќај.Нека биде построго,нека се прават повеќе тестови,шо знам.Некако да се потрудиме да го спречиме ова.Премногу е жално.А тој што го удри девојчето на пешачки,нека оди и доживотно затвор нека ја истрпи казната,но девојчето нема да се врати.Што и да се каже тоа е.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Ќе се случуваат такви работи се додека нема страв од последиците. Еј мене татко, чичко, тетка, ќе ме извадат, ќе ја решат работата, ќе ја скинат казната, никој не ми може ништо и ќе правам што сакам. Треба за сите подеднакво да важат сите закони, а не некој да се мисли Господ е по улиците.
    Јас вчера поминав на пешачки, на кривина и не е баш прегледно, погледнав нема кола, само што стапнав еден улетан џип кога пресече, за малку што не ме собра. Тој не ме ни погледна, мислам да ме удреше ќе си поминеше ко ништо да не било. Ама нема страв и нема памет, најлошата комбинација.

    На прометна улица стојам на пешачки пола саат, сите улетани никој не ни застанува, џабе чека човек, може мислиш некој ќе подзастане, а тој не мисли така и ете ти ја бељата. Или едниот застанува, а тој до него не ни гледа дека овој застанал. Посигурно ми е да си поминам подолу од пешачкиот, немам лажна сигурност дека некој ќе застане, ќе си чекам жива кола додека нема, да има простор и тогаш да си поминам.

    Ама и луѓево што трчаат на црвеное и тие се за подбирање. Прво никогаш не се трча на улица, може ќе се сопнеш, што ќе ти се тие 20 секунди повеќе тогаш?
    Генерално ни фали сообраќајна култура, и на едните и на другите. Џабе е само што се качуваат казните кога не важат за сите исто, пак на крај сиромашкиот ќе го изеде.
     
    На JuLleE, cresa-jagoda, Daydream и 7 други им се допаѓа ова.
  13. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Прво, крајно сум изреволтирана од велосипедистите!!! Не е работата да седнеш на велосипедот и да возиш, си треба сообраќајна култура. Сеуште немам видено некој велосипедист да носи кацига, а ниту пак имаат некакви светла- во ноќ се тотално невидливи.
    Абе НЕ МОЖЕШ да си велосипедист и по потреба да возиш како автомобил, а кога ќе треба да поминеш на крстосница- да се замислуваш дека си пешак!!!


    Второ, жолтото светло значи ти како возач да се ПОДГОТВИШ дека следи менување на светлото во црвено или зелено. На жолто НЕ СЕ "ФАЌА" ЗЕЛЕНОТО за некоја секунда, ниту пак поаѓаш додека не видиш дека светлото е сменето во зелено.
    Ниту 18- годишни фраери на кои им беснеат хормоните се способни да управуваат со јаки (во кубикажа) коли, а ниту возрасни луѓе, кои имаат повеќе од 60 години, ослабен вид, рефлекси и со главата во шофершајбната се способни да управуваат со застарени коли (на кои работата на кочниците е под знак прашалник).
    За брзината е излишно да се зборува.


    Трето, пешаците поминуваат на пешачки. Премините за пешаци не се тоооолку далеку едни- од други, нема повеќе од 5 минути одење.
    Кој поминува низ Автокоманда, знае како пешаците претрчуваат цели 3 ленти, наместо да користат подвожњак; кај Бит пазар веќе ставија огради, не се во барок- стил, ами високи, едноставни железни шипки кои не може да се прескокнат; на Партизанска ако си пешак, не гледаш која е бојата на семафорот, туку лево/ десно и трк!!!


    Не се едните повеќе или помалку виновни од другите. Секој учесник во сообраќајот може да направи грешка кобна по животот, а факт е дека културата низ улиците и авопатиштата е на многу ниско ниво.
     
    На MilaP, cresa-jagoda, Daydream и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.102
    Имав интересно случување претходната недела.
    Стоиме тој, другарка и јас на пешачки.
    Една девојка претрча на црвено, почнавме да и довикуваме.
    Ич не ни беше срам.
    И од сега ова ќе го правам секогаш.
    Испадни будала, ама спаси живот.
     
    На cresa-jagoda, Daydream, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.864
    Допаѓања:
    217.870
    Пол:
    Женски
    Крив е народот што сака .. не знам ни баш што сака да постигне навистина, мислам фраер ќе се прави или каков филм тераат по улициве?! Акции и трки или? Ехх денешнава младост премногу гледа филмови бе!
    Не ми е јасно само како немаат човечност во себе? Како немаат осет и обзирност дали за сопствениот или за туѓиот живот .. небитно е!
    Ќе се трскам одземја за да утре се треснам самиот себе си или другиот да го треснам.
    И после животот ни бил крив, светот, универзумот, не бе луѓе народот е крив и злобен, од главата си патиме.
     
    На Valerin, anel и Ketchup им се допаѓа ова.
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Сообраќајќи се случувале и ќе се случуваат... И да бидеш внимателен, џабе кога некој друг вози како луд и заради него ќе си настрадаш. И не знам кој дозволи возачка на 16. И јас сама имам веќе 17 години, но не верувам дека уште сега сум доволно психички спремна зад волан да седнам. Колку пати за малку ќе ме прегазеле и тоа на пешачки. Јас преминувам на зелено на пешачки, тој залетан не застанува на црвено, ме гледа мене и му зачкрипуваат гумите на асфалт.
    Ама додека не почнат строго да се казнуваат ваквите случаи, ќе ни умираат луѓе. Човекот што ја прегази девојката на партизанска беше ослободен.
    Веќе слободно можеш да си убиваш луѓе на улица и никој ништо не ти може.
    Оваа наша чудесна земја....
     
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    Си чекам на пешачки прееска, и од спротивната страна претрчува детиште на црвено, десетина години отприлика, па уште и ми коментира мене: нема коли, зашто чекаш.
    Затоа што многу време ќе заштедиш во тие 30 секунди на тротоар...

    Не можам да се помирам дека така се воспитани уште од мала возраст, па нормално дека ќе пораснат во возрасни луѓе без култура во сообраќајот.
     
    На sjdgo, cresa-jagoda, galapce и 8 други им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.112
    Пол:
    Женски
    Секогаш поминувам на пешачки кога е зелено. Дури и тогаш погледнувам лево-десно пред да поминам. Можеби во тој момент ќе и текне на некоја будала да помине на црвено. Пред 6 години моја роднина беше удрена на пешачки премин (тогаш немаше семафори), а жената што ја возела колата не ни закочила. Роднинава се спаси, ама беше скоро месец во кома и откако се разбуди, одреден период имаше амнезија. Додека траеше тоа, семејството ја тужеше жената што ја возеше колата. Земаа добра отштета и дел од парите ги искористија за лекување на повредената. Таа сега има проблеми со главата и со едното око и заради тоа зема инвалидска пензија. Многу ми е криво за тоа што и се случи на роднинава, особено затоа што 4 месеци пред случката нејзиниот сопруг трагично загина на работното место. Братучед ми остана без татко, а малку фалеше да остане и без мајка.
     
  19. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Само овде се случува да дремеш пред пешачки без семафор зашто ниедна кола не ти застанува, значи само овде! Надвор на километар од тебе кога ќе видат ќе почнат да намалуваат брзина. Мислам, да клекнеш да ги молиш, што друго. Една онака дури и се налути што мораше да закочи за нас, ништото од шестина луѓе зашто само таа има пат пред себе, ние не.

    Друга што ја знам пак, нервозна оти сега не смеела брзо да вози и не стигала на работа на време. Ајде згази три-четири дечиња, само те молам искористи си ги твоите десет минути од утрото за да да си ги нацрташ усните. А, возачката едвај пред пола година ја зеде. Не, она никогаш не била пешак.
     
    На Daydream, AnaKarenina и crimson им се допаѓа ова.
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    А најјако ми е кога конечно ќе ти застане некој па ти мавта со рака да побрзаш, како негова одлука да било, а не сообраќајно правило или барем општа култура.
     
    На cresa-jagoda и Magnolija им се допаѓа ова.