вака јас сум од Македонија ама зивеам во Америка веке подолго време. Јас и мојот дечко сме заедно веке скоро година дена и решивме да се стапиме во брак. Моите во МК се пресрекни ама неговите не знаат денес конечно собравме храброст да им каземе ама некако немаме некој посебен план ако не дозволат. Ве молам дајте некои идеи како да постапиме. да соопштиме а да не биде многу болно. јас сум 20 а тој има 21. ве молам помош
брак леле колку мали!!!! Абе зошто вака? А план некој посебен нема, не се грижи ако сте одлучиле свети Падапија да слегне не ве запира. Само мислам дека не требало одма на твоите да му кажуваш, да не испадне некои глупости а тие да се израдуваат. Позз
брак Моите знаат дека неговите не знаат а инаку мора ова да го направиме многу брзо зошто не мозам да се вратам во МК ако не се омазам, а ако се вратам нема никогаш повеке да го видам (ке имам забранет влез во америка!
брак Некако премногу сте ми млади за брак А и мислам дека нема некаков план за да ги убедите родителите на дечкото
брак Со среќа, кажи ако бидне да ти честитаме официјално. батали годините ако се сакате ако сте сигурни, неговите и да се бунат што можат? Тоа е тоа само храбро, немој да си се вратила тука!!
брак Фала ти fearless ме охрабри многу го сакам и тој ме сака па нека пукнат душманите ке ве известам што ке се случи
брак Со среќа!!! Ако постои љубов, постои се и се ќе биде добро....(само....немој да се залетуваш по Америки-Чемерики, по документи и не знам што ли уште не.... не за друго, ако е само заради тоа е од старт утната работа, мила) А доколку е вистинска љубов јас се извинувам!!! А за соопштувањето на неговите родители, па нема простор за паника и нема што тука многу, многу да се објаснува. одете кај нив на гости, седнете на масата (читај асталот) кажете и на мајка му домакинке дури троа од ракијата да го утепаме малерот (се зезам нормално ) и едноставно кажете им дека ќе се венчате и тоа е тоа. Уште еднаш со среќа нека Ви е!
Стварно храбар чекор, ама нек се угоде со вика Цацко Ако се сакате нека ви е со срека и се најнајубаво ви посакувам! Се надевам ке пишеш што се случило
Љубовта незнае за години штом така решиле нека стапат во брак, секако и помали деца влетуваат на ваков чекор. А што се однесува до родителите на дечкото нема убедување, едноставно им кажувате и ако прифатат добро ако не нивен избор нема што да се замараш. Едноставно викнете ги негде на ручек и кажете им дека имате да им соопштите нешто важно, дека со нив сакате да ја споделите среќата. Ќе им речете ние се сакаме и едноставно решивме да стапиме во брак па се надеваме дека ќе го добиеме вашиот благослов и тоа. Ако прифатат супер, ако не нема да бидеш ни прва ни последна снаа што не ја сакаат свекорот и свекрвата така да не се нервирај. Љубовта нека ви биде посилна од се. Па пиши што ќе бидне
Прво да ти честитам. А друго прочитав од ана-банана напишала дека нема да бидеш ни прва ни последна што неговите не ја сакале и така е точно а и кога се сакале е моето прашање? Никогаш. Ич да не тие гајле за неговите кога имаш подршка од твоите. А за годините е и несте млади затоа што сега во пубертет многу порано се влага. Моите исто на толку години се земале и многу убав брак имаат еве уште малку 40 како се заедно. Мој совет е да седнете двајцата сами прво и да поразговарате ако во случај не прифатат дека тоа најнормално ке го сватите и дека тоа што сте решени дека ке го направите еве ти еден пример само Незнам во кој град во МК се сакале двјца млади тој само бил вработен. Ни двете страни не се согласувале да бидат они заедно уште додека биле во врска но еден ден си ги викнале кумот и старосватот и отишле пред матично и црква и се венчале а на нивните им кажале после тоа, а сега не само они двајца што преубаво живеат туку и родителите им помагаат, се дружат меѓу себе. Со среќе па пиши како е.
Здраво женски, Јас и дечко ми живееме заедно веќе две години и преубаво ни е.. Сакаме да се венчаме, само не знаеме како да им соопштиме на родителите Ве молам споделете искуства...
А зошто е проблем соопштувањето? не разбирам Ќе ги поканите на гости и во исто време ќе им кажете. Па вие и онака живеете заедно
Jas sama I'm soopstiv. Decko mi me pobara za zena I mi dade prsten. Utredenta na dvajcata dodeka si pievme kafe I'm kazav deka imam nesto da I'm pokazam, go donesov prstenot I I'm kazav da se spremaat za veridba I svadba. Vednash mi rekoa da go pokanam decko mi na rucek, ne deka prvpat doagja kaj nas,, ama sega sakaat I oficijalno od nego da slusnat. Dojde I kako sto e red ja pobara mojata raka od tatko mi. Ni dadoa blagoslov I pocnavme so podgotovkite za veridba.
Дајте некоја идеја..стварно незнам дома како да соопштам.дечко ми за некој ден кр ме бара за жена.незнае да сокрие ни он ни свекрва ми хаха а и му прочитав еден разговор па така се осигурав.а и нормално дека ке се земеме правиме бебенце. На мајка ми дома и кажав ама стварно незнам како на татко ми ...имав долга врска мн долга и раскинавме со овој дечко татко ми не се знае а можда не ни знае дека имам дечко .јас ке бидам надвор од мк кога ке ме побара лелеее незнам како да соопштам помагајте мн ми е страв...
Зошто да ти биде страв? Ти веќе се спремаш да станеш родител, возрасна жена си (се надевам ) и нема потреба од страв. Едноставно ќе им кажеш и сигурно ќе бидат среќни за тебе.