А зошто имаш страв да им кажеш? Не правиш ништо лошо, напротив веста е среќна и непроценлива за родителот. Ќе седнеш на маса и ќе му кажеш, дека си нашла нов дечко, си се заљубила и имате сериозни намери. Крај краева може о мајка ти од околу да ја започне темава а ти да довршиш. Ништо страшно и срамно.
Работата е што не сме мн блиски па од него секогаш сум имала некоја доза срам а и страф како ке изреагира што ке каже.па некако мислам порака да му пишам хихи
Ако веќе се чуствуваш зрела за брак и фамилија треба да почнеш да созреваш и кон овој поглед. Никаква порака, вакви муабети и соопштување вести се кажуваат в лице. Може тебе "напишаната порака" ти изгледа нормална ствар, но на татко ти сигурно нема да му е нормално. Седни и кажи му, ако веќе се чуствуваш зрела за да продолжиш кон животот како една жена за брак и фамилија.
Е, како ќе изреагира де ама татко ти да не знае ништо е малку веројатно, мајка ти сигурно му кажала до сега го скршил некој мразот веќе полесно е. Како себе си да се читам аххаха а нашите и се познава и се, не беше па, кој е, па што е ПОмеко малку со татко ти, мајка е др татковците некако за ќерките се посебна приказна. И со среќа да ви е да биде бебчето побрзо
Фалаа ти многуу не е скршен мразот бидејки моите не се заедно за жал па нема кој да ми помогне ке го мавне шлог знам ама шо да праам нема бегање од тоа.ке му пишам порака па што биде биде
Уште едно во низата невобичаени и несекојдневни запросувања се случи денес во Центарот за обука на нови полицајци на Министерството за внатрешни работи во Идризово. По девет месеци учество на курсот младиот полициски службеник го искористи моментот и на завршната церемонија ја круниса својата дологогодишна љубов со Александра. Сведоци и поддржувачи на овој настан беа останатите 430 колеги кои денес присуствуваа на оваа церемонија. Навистина интересно: