1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соочување со сопствената секусална ориентација_Coming Out

Дискусија во 'Психологија' започната од LGBT, 20 јули 2011.

  1. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Не знаев каде да ја сместам темата, може ке му помогне на некој од форумов (или барем ако чита само на форумот).Ако треба администраторите нека ја преместат.

    Соочување со сопствената секусална ориентација_Coming Out - кон себе си


    Незнам дали е во ред да го наречам Inner ComingOut . . . Муабетот ми е да размение искуства и мислења на луѓе кои минале низ фазава, или минуваат. Мислам дека муабетот ќе им се најде на сите, посебно на младите луѓе кои минуваат или се на прагот од таа фаза . . .
    *** и како вообичаено, да објаснам малку за темава . .
    coming out е израз за себе-прифаќање и доживување И јавното декларирање/изјаснување и живеење како геј, лезгејка, бисексуалец или трансекусалец, трансродна личност, асексуалец, пансекуалец или било која друга сексуалност-различна од хетеросексуалноста . .
    Comin Out-от почнува со себе доживување и прифаќање како таков и откивање на својата определба на некого - по своја желба. Ова е можеби груба дефиниција, ако некој има да дополни, слободно . . .
    *Е сега, Јас сакам да се сконцентрираме на онај процес/т.е. процеси и фази на себе соочување, доживување и прифаќање . . .Секој од овие процеси е приказна за себе . . . но, воглавно се минува низ стресни и неудобни периоди . . . на само прифаќање . . . Искреното само-прифаќање секому би му дошло тешко - зашто најчесто сите луѓе ( независно до ориентација и сл поделби) во својата слика за себе си - имаат по некоја лага која им годи и си ја гаат, и кога ќе треба да се соочат со неа - не им е удобно . . . Па, така и луѓето кои се соочуваат со сопствените сексуални оринетации во нашава околина се соочени со голем притисок кој си го создаваат и сами, но голем дел од заслугата за тој притисок сноси целото општество - бидејќи е прилично конзервативно по тоа прашање . . . Ете го моментот . . . - кога многу луѓе на форумов велат дека претеруваат лгбт луѓето во бараањето на своите основни права, не се свесни што значи да си различен и осуден поради тоа- од другите (а при тоа не си наштетил ама баш никому) . . .

    Само осудувањето е првото нешто во овај процес - бидејќи се запрашуваме што не е во ред со мене, зошто јас, зашто не сум како другите? . . . . а при тоа се работи со најубави емоции, желби, копнежи . . . знаете како е да си тинејџер, нивото на хормони расте, желбата за истражувае на сексот расте, па емоции кон некого, вљубувае, посакување . . . И над сето тоа чувството на вина! Некои луѓе поуспешно се носат со тој товар, некои потешко - а јас мислам дека е бисмислено во оваа доба на нашава цивилизација - кога нивото на свеста е на повисоко ниво од било кога - луѓето да се соочуваат со работи и тоа најмногу поради недоловна едуцираност, не имформираност, стереотипите и предрасудите(кои пак настануваат поради не едуцираноста и не имофрмираноста - магиќен круг) . . .
     
    На ecka.da.wiz, MajklMK, Janina и 4 други им се допаѓа ова.
  2. LuckyStar

    LuckyStar Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    23
    Браво за темата ... сигурно на многумина ќе помогне
    се е убаво објаснето ..јас ќе си кажам за мене,како поминав низ дел од овој период.Од секогаш сум ги подржувала ЛГБТ луѓето во остваруванјето на нивните права,и на многумина им било чудно и ме прашувале зошто ги пoдржувам толку многу.. во многу наврати ми идело да им кажaм дека сум една од нив,но тогаш ја немав таа храброст.Од секогаш сум знаела дека ме привлекуваат женски и во глобала сум немала никакви проблеми да се прифатам себеси таква каква сум .. знаев дека не е ништо лошо и погрешно тоа што го чуствувам ,на крајот од денот сите сакаме да сме сакани и да сакаме,во љубовта нема граници. Ми беше тешко и имаше некој страв во мене како да им кажам на мои најблиски,не бев сигурна дека ќе ме прифатат, сепак еден ден собрав сили и им кажав на другарките..ме прифатија и се чудеа зошто не сум им кажала порано...поставуваа многу прашања се додека не им се разјасниа одредени прашања .. на моите дома сеуште не сум кажала,а не ни планирам да им кажам во скоро време ... кога ќе почнам да си водам сама свој живот,кога ќе се осамосталам дури тогаш ке им кажам ..бидејќи моите се големи хомофобичари и од нив слушам само навреди за геј популацијата ...а ни самите не се свесни дека имаат еден дома.Знам дека ќе им биде тешко да го прифатат тоа ..но со тек на времето сигурна сум дека ќе се навикнат на идеата дека сум таква каква сум и дека неможам да се сменам.На крај сакам да кажам дека никој не треба да се плаши од тоа што е,пред се да се прифати самиот ако сака и другите да го прифатат :)
     
    На Евроазија, Oksa, ecka.da.wiz и 4 други им се допаѓа ова.
  3. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    во македонија правиме дискриминација..
    но според мене ако некој е срекен со тоа нека биде така
    нема потреба некој друг да го осудува и слично..
    во другите земји тоа веке не е табу тема и е по прифатено..

    сепак.. ние уште сме недоразвиена земја и друт менталитет имаме .
     
    На Oksa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Темава е многу добра и жал ми е што не е активна, кај нас мислам дека самото општество не дозволува да се однесува секој слободно, поради самиот менталитет и ограничено мислење. Еве денес баш зборам со другарка овде, треба да се видам ми вика се верив со девојка ми, живеат заедно, се прават заедно, нормлано на улица, или не знам што, ама општеството ги има прифатено, и не ги дискриминира на никое поле, а овде, или ќе те исптепаат, ќе те посочуваат со прст, понижуваат, иако мислам дека можеби почна малку да се менува полека, знам дека ќе конзумира време, додека се стигне до некој ок. стадиум, ама не можеш на некој да му кажуваш како да си ја бара среќата, и да биде среќен со нешто што не е, за да него му одговара. Имам многу пријатели, и пријателки и лично не ми смета.
     
    На Oksa, BigRush-MM, DeMelo и 2 други им се допаѓа ова.
  5. HangIng

    HangIng Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    23
    Отсекогаш велев: Среќа што не сум хомосексуалец, оти доста така ова општество (МК) не прифаќа ништо од моите ставови и погледи на светот... па уште да треба да се соочувам и да ја бранам мојата интимност. Еееејјј... она што би го правела во сопствениот кревет, најискрено.. со некој што би го сакала... да се изразам сега, она што би го правела без или под гаќи :)

    Да бидеме реални. Ова е Балкан. Ова е Медитеран, ако сакате “поголобално“ да ви го опишам. Хомосексуланост, еднаквост на маж и жена, па посебно сега кога цел овај регион (Шпанија, Италија, Грција.. па и ние вечно сиромашните) е паднат во економска криза и пак голем број семејства се потпираат на еден, пак најчесто маж за егзистенција - никогаш нема да бидат прифатени.

    Според мене само треба да се има храброст за да се исправи пред ова труло општество. Колку повеќе храброст - толку повеќе промени. ...или толку повеќе чекори кон создавање на некој приближно нормален свет.

    Најголемата иронија е што токму тие хомофобични семејства се најголемиот извор на несреќата. Токму тој хомофобичен татко кој никако не може и не сака да го прифати синот како хомосексуалец или ќерка сеедно, предизвикува друга болка на друго семејство. Што ако тој син, како тоа што го прават гоооолем број од хомосексуалците, немоќен да се соочи со притисокот, наоѓа девојка... се жени.. имаат деца... за еден ден тој да биде фатен или не мора фатен едноставно да биде тотално незаинтересиран за сопственото семејство и да остави жена и деца сосема невини да страдаат. Зошто? Заради уназадените и горделиви ставови на дедо и баба?

    Ова го кажувам и за мене. Лично, и јас се плашам дека можеби еден ден ќе завршам со прикриен хомосексуалец. Не велам дека нема да ме сака и нема да ме почитува, но до кога ќе ја крие својата потреба? До кога ќе ја крие можеби и врската со некој друг... другар или колега?
    Ова не е прашање што треба да ги засега само хомосексуалците. Овие проблеми треба да ги засегаат сите што не ги поддржуваат... ама тешко кој толку длабоко навлегува во проблемот.
     
    На Oksa, MajklMK, eagle.eye и 2 други им се допаѓа ова.
  6. mrchatorka

    mrchatorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    55
    Затуцани сме за се друго па така и за ова прашање, најсмешно од се ми е што сите тие хомофоби се супер другарки со лезбејките Миа и Маја, единствено за нив не сум слушнала некој да ги осудува...лицемерие невидено.
    Мојот став за ова прашање е третиран од сите мои другари, другарки, колеги и познаници како ненормален. Имено, мене не ми е гајле кој со кого спие и во кого е заљубен..нека си прави секој што сака. Кога ќе бидам мајка ќе ги воспитувам моите деца да бидат толерантни и да бидат секогаш искрени со мене..односно да не се кријат доколку се хомосексуалци, мене како мајка ќе ми биде битна нивнаа среќа и ништо друго.
     
    На Oksa, MajklMK, Ekstaza и 2 други им се допаѓа ова.
  7. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Абе не ми е мене ради менталитетот. Ама некако се држам за мојот став дека ова не е Природно ендоставно дури и не ми е нормално. Незнам , може ке повредам некој овдека, не ми е тоа намера, ама некако не ми е својствено да се привлекуваат двајца од ист пол. Не еприродно. Создадени сме/испрограмирани сме така да функционираме со другиот пол, да не привлкува тој пол, плус создадени сме за да создаваме , некако ми е ова против природата . Потребно е поврзување со спротивниот пол, така само можеме да функционираме, да создаваме .

    И не дека сум против, не дека ке ги хејтам или нз што. Ама ставот ми е тој.
    По можам некако да прифатам за у некоја сексуална игра пр две девојки и едно машко... Ама тоа се дешава еднаш и толку, никому ништо . Ама да се има хемија со некој од ист пол, да се сака да се помине живот со личност од ист пол некако неможам тоа да си го вметнам, неможам тука да се сочуствувам со нив.
     
    На Иван404 и Anja98 им се допаѓа ова.
  8. HangIng

    HangIng Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    23
    Зошто да не е природно? Започни од банални работи. Сите ние сакаме различни работи. Имаме различни омилени градови, различни пријатели со различни карактери кои сепак си ги сакаме, различен вкус за домашно уредување, различен вкус за накит... атомобили... Разликата е природна и здрава. Сметам дека исто е и со сексуалноста. Сите сакаме различни пози, различни места... различно не палат различни потези...
    Сега да, и јас незнам што би и правела на жена и што би ми правела таа мене :) Дури го изгледав и the L word сите 6 (мислам беа) сезони и иако ми беше убаво додека го гледав... пак незнам како би ме задоволила или би задоволила жена. Изгледа и тоа е уметност ;)... ама можеби кога си искрен со себе и искрено сакаш некој... можно е да доживееш некој сексуален нагон и кога ќе кивне ;)
     
    На Oksa и Ekstaza им се допаѓа ова.
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Затоа што во нашата ДНК е запишано да се размножуваме.
     
    На Harisaaa, Иван404 и sweet-star им се допаѓа ова.
  10. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Љубам, Македонскиот менталитет боли,ама ова не боли.
    И Фреди Мекјури бил хомосексуалец, па пак бил прифатен.
    Или Елтон Џон, назад низ времето, па никому ништо.
    А, денешниве нехетероси со нивните паради каде што голи ти се слекуваат и ти бараат некакви права и ти кажуваат дека се дискриминирани, па нека не очекуваат нешто друго.
    Педер си ? Океј биди. Крај точка. И ти дишиш и јас дишам.
    Ама не се прави све и сешто пред мали деца, кога уште мозочињата им се како сунѓерчиња. Не е нормално тоа.
    А, ќе стане нормално кога мажите ќе можат да родат дете.
    За да бидеш прифатен, треба да ги прифатиш другите.
    А, не да потенцираш упорно како си различен и како си бараш права.
    Мене тоа ме нервира. Што се прават повеќето уникатни, бараат права, креваат бунтови како оние со цицкиштата од Фемен,а со самото тоа негативно влијаат врз општеството.
    Што и да си, ќути си. Едноставно не ме интересира, исто како што не ме интересира за некој што прави секој ден во кревет со некоја или какви порничи најмногу го привлекуваат.
     
    На tel-ef, blackwave, SV1911 и 12 други им се допаѓа ова.
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Дека е природно не можам да речам дека е . И колку и да дебатираме тука сите знаеме каква е анатомијата и системот на репродукција кај човекот.


    Но што да прави некој кого не го привлекува другиот пол :?: Веројатно ќе дејствува соодветно со своите желби ... Јас се водам по филозофија дека ако не штети не некој друг човек може да си прави што му е мило и драго и ич не ме занима нити осудувам ..

    Хомосексуалноста датира уште од антички времиња но ретко е евидентирана како ексклузивна туку како експериментирање или ритуали а за први податоци на љубов кон истиот пол како се сметаат дека потекнуваат токму од Балканот (античка Грција ) а ние најмногу осудуваме :D

    Не можам да осудам бидејки секој си знае што е најдобро за себе . Па и гледам дека има напредок , сега и реакциите на средината не се толку страшни , нормално ќе има шушукања но тоа секогаш си има .Но осудата доаѓа најчесто од родителите но и нив ги сваќам искрено бидејки го сакаат најдоброто за своето дете и не можат да се помират , но само ја влошуваат ситуацијата несвесно

    А единствено сум против посвојување дете во хомосексуален брак ама друга тема е тоа
     
    На Oksa и ljubam им се допаѓа ова.
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Тука со тебе се согласувам скроз, ама најверојатано сака да се влијае на поголема маса на народ, затоа и се прават.
    Знаеш еве кај нас е веќе претставено како, неморално, ненормлано, неприродно што и е до негде е, ама тоа постоело секогаш, само не било во јавноста толку истаканато, а знаеме дека го има и во нашата историја.
    Секоја земја различно, некои не го го гледат ко осуда, каде со одржуваат огромни геј паради без инциденти, ама еве Србија се сеќавам, беше лом.
    И затоа го подржувам она што го кажа, ако знаеш дека го провоцираш народот, бити тоа што си кај што нема да бидеш суден и се.
    Ама како и да е, немам проблем со тоа, еве веќе три од моите поблсики пријателки овде се лезбејки, со девојките заедно се, и што можам јас со тоа, имам зборено со нив отоврено и тоа е тоа, не се замислуваат со маж, не можат да се замислат, не се среќни така, затоа и си го водат животот што го водат.
    Еве јас имав прилика да прошетам неколку држави и верувај дека никаде не беше табу. или леле види ги, сосема нормално се однесуваше околината со нив.
    Конкретно зборам за Германија, Шпанија, Шведска, Португалија, па и во Индија гледав по тројца мажи како се држат за рака и одат, или пак, еден седи во скут на првиот, третиот го гали по стомак вториов, иако ми беше смешно малку, ама го има верувај, ако тоа општество таму го прифатило зошто не и ние?
     
    На 1209 и mimiiiii им се допаѓа ова.
  13. Tantica

    Tantica Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    24
    многу ми е смешно кога како причина зошто се осудуваат геј лугето се наведува "не е природно" или "Господ ги создал Адам и Ева, не Адам и Стив". Прво хомосексуални нагони се развиваат и кај животните (на пример кај пингвините, жирафите и т.н.), исто така не е природно машко да раѓа, но природата го прави невозможнното, како второ ако се водевме според она што го кажува Библијата, традицијата и правилата, жените денес ќе немаа никакви права, а црнците сеуште ќе беа сопственост.
    Јас не познавам ниту еден припадник од оваа популација, барем ниту еден кој отворено се декларира, немам никаково мислење околу нивната сексуална ориентација исто како што немам мислење за црвенокосите или лугето со кафени очи, значи ако било избор не верувам дека некој би одбрал да биде геј и да мине низ цел овој притисок и психичка тортура наметната од општеството.
     
    На Emili12321 и MajklMK им се допаѓа ова.
  14. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Не осуда кога се каже дека не е природно , да не одиме против здрав разум и логика . А библијата да не ја мешаме таму и секс пред брак е грев а и љубов кон истиот пол .
    Кој како сака така нека прави , еве и јас не познавам припадници а се сомневам во некои :geek: ама не сум почуствувала потреба да ги прашам , што мене ќе ми смени тоа -ништо.
    Не ја сваќам потребата за декларација на чело ли да си пишеме ја сум стрејт или ја сум геј . Ќе си правиш тоа што сакаш .
    Многу сум против тоа да се репресира и зорле да оди со спротивниот пол , и да се мачи и себе а и партнерот па кој поим си нема .

    :lol: :lol: Па смешно е , мене ми сметаат и драпања во јавност од хетеросексуални парови , некултурно ми е тоа . Во ист кош ги ставам . Али шта чеш ќе си свртам глава ако нејќам да гледам
     
  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    @ljubam и @Tantica
    И Хитлер е минато, па не е нормално да се направи геноцид(ако одиме во екстремни случаи)
    Последицата денес има причина од минатото без разлика дали се работи за негативна или позитивна.
    А,за споредбата со прифаќање на истите во другите земји и кај нас е немогуча. Исто како што не е возможно да го споредиш Кичево со Скопје.
    Разликата е што оние во Кичево се замараат,а оние од Скопје не.
    Nobody cares ако ташната не ти одговарала со штиклите или штиклите ти биле старомодни, што не е случај во Кичево (добро де пример само ми падна)
    Значи секаде каде што постои помала маса на луѓе, логично е да постои поголема универзалност на мислења и секое отстапување од истите ќе биде негодувано. Зошто не виделе поинакво нешто.
    И кај нас постои мислење дека металците се наркомани,па не креваат бунт како не се прифатени од општеството, туку си седат и си пијат смедеревка во некој парк и ич не им чуе.

    За мене едноставно не ми е логично само заради тоа што нешто се случувало во минатото, автоматски дека влече корени од денес.
    Се знае една е мајка природа, а све настрана од тоа е личен избор.
    И личниот избор треба да си остане личен, за да нема неприфатени, отсечени од општеството.
     
    На SV1911, Ariel, thinkerbell и 2 други им се допаѓа ова.
  16. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Патем, немора да значи дека тоа што се правело у Античко време дека е нормално, право и она вистинското .
    Јесда се тие умови и столбови на цивилизацијата, ама никаде не пишува дека тоа они што го правеле тогаш било океј .

    И не мешајте работи. Др е да сакаш нешто др од предмети нз ти што , а др е да сакаш интимно личност од твој пол. Џабе.
    Ова за неприфаќање работава се согласувам со Ashling секој за себе нека си биде. Мене не ми бодат очи, не планирам ни да ги тепам ни јавно да ги хејтам, Нивен живот нивен избор. Ама не и да пифатам дека е нормално и природно, зашто не е .
     
  17. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум можела да ги сфатам. Нормално бидејќи не сум во нивна кожа.

    Отсекогаш ме нервирале протестите, барањата ау бау као демек се протестира за нај битната работа на земјината топка. А и плус тоа лапањето пред камери и триста чуда, па мали деца го гледаат тоа бре.
    Значи сум критички настроена, ма колку сака нека е грешно. Бог не створил вакви, се знае машко си е машко, женско си е женско, различни полови кои треба да се спојат. Да не требаше да е така (по законот на природата) немаше да постојат мажи и жени туку само мажи или само жени.

    Ама сето тоа е нарушување во хормоните или што знам јас, нормално и тие самите можеби не се среќни што баш нив им се случува. Но толку опуштање? Што знам. Јас не би им дозволила толку слобода. Јес да се луѓе ама не е нормално бе.

    Не сум со ограничен памет, баш напротив хоризонтите на мозоков ми се далеку пошироки. Но ете чувствувам одбивност. Не дека ако другарка ми е лез не би ја примила во друштво, или па ако другар ми е пе*ер би го оставила на цедило и би го отфрлила. Тоа никако. :shake:

    Ама, врти сучи, од која страна да го гледаш, не е нормално бе луѓе.. Не 21, и 121 век да сме не ми оди математиката на таа тема ама ич.
     
    На Иван404 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Малку сте забегале од темава, насловот кажува нешто сосема поинакво, а верувам и авторот за друга дискусија ја поставил.
    Јас верувам дека им е тешко, најпрво да се соочат со самите себеси, а потоа и со светот. Сигурно не е лесно да живееш под маска, да не можеш да бидеш тоа што си во јавност, да се плашиш како твоите ќе реагираат, како околината ќе реагира на тоа. Знаеме во каква средина живееме.
    Не ги осудувам ваквите луѓе, мене тоа ми е како да осудувам некој што е пренизок, едноставно така е создаден, можеби е некаква грешка со хормоните, ама секако не може ништо да направи против тоа.
    А и ние луѓето секогаш сме пребрзи кога станува збор за осудување.
    Можеби зошто имам такви пријатели, ми кажале како се чувствуваат, како им е кога некои ги гледаат како да се монструми(да, постојат и такви.)
    Едноставно се такви и што се однесува до мене си е во ред.
     
    На Oksa, Emili12321, MajklMK и 2 други им се допаѓа ова.
  19. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Пред некој ден, пиевме вино со дечко ми, и се отворија многу теми, и едната од нив беше хомосексуалноста општо.
    Видете вака, интересно и бескрајно глупаво е што многу, многу, премногу размислуваат како дечко ми, скоро сите ми го имаат истот кажано, а тоа е следново - Прво, како машките биле многу погнасни, како тоа на ништо не личело, кој ќе бидел мајката ако посвоеле дете, а како од друга страна женските - лезбејките, биле посекси, и јас му викам молам, чинот е исти, и кај мажи и жени, геј е геј, немој да делеш така, и му викам, да имаш син и да е геј, што ќе направиш, реално гледано, пошто има шанси фала богу за тоа?! Дотичниот ми вика, ако не дај Боже е геј, кога ќе наполни 18 години, куферите и надвор од дома, не го сакам за син :| Ај си викам, чекај малку, а ако ќерка ти е геј? И ми вика - Нека биде бе... :|
    Искрено бев нервозна кога ми го кажа ова, посакував да не го прашав воопшто, само му реков, мислев дека можеш повеќе од ова, и очекував повеќе, бескрајно ме разочара, и ми се нафрли веднаш како тоа смееле тие да бараат права дете да посвојат, како на него не му сметало да се геј, нека си биле, ама во јавност да не се лапале, фаќале, како сите нормални парови или возрасни, фактички, не му сметаат, нека постојат, нека се сакаат, само да не си ги барале правата, пошто не ги заслужувале....

    Факт е дека, не е само дечко ми, многу размислуваат вака, јас искрено се разочарав, и муабетот за ќерката, после ми рече, се шалам, и тоа не го одобрувам во никој случај, само сепак кај женските е поинаку отколку кај машките геј, не е еднаква тежината на самата слика...

    Не можам да кажам дали е природно, не можам да кажам дека дека мораат да имаат права, само можам да кажам дека животот е прекрасен, еден ни е, сите ние сме жедни и трагаме по задоволство секој ден, сите ние се стремиме кон една иста работа - среќата.
    Ако таму лежи среќата на моето идно чедо, или брат, братучеда, другар/другарка, мене нема што тоа да ми смета, се додека тоа го прави среќен... И верувам дека и самите тие се свесни за суровото оштество и осудувањата, но исто знаеме дека и тие се луѓе, како нас, кои го сакаат најдоброто за нив, без разлика што тоа, е далеку ненормално нешто за нашите родители, и воопшто постарите, барем поголемата маса од нив и голем дел од младината.
    Само се надевам дека нема да е, свесна сум низ што ќе мора да помине, па и помислата дека ќе биде со личност од спротивниот пол, само за да си го прикрие тоа, и водењето на двоен живот, ми се повраќа...
    Моите родители се крајно против тоа, татко ми ги пцуе, вика на нив кога ќе виде нешто во врска со нив на тв, сеедно, негов избор, само се надевам дека како идат годините, Македончето ќе почне да го шири хоризонтот подалеку од своето смрдливо носе :)
    И не само Македонците, ошто низ светот.
    И незнам дали е болест, незнам дали е личен избор и само тоа, само знам дека мене не ми сметаат.

    И патем, да споделам, пред некоја година, средна школа, имаше девојка која цел месец ме прогонуваше буквално да сме се бакнеле само, сум и била симпатија долго време.
    - Значи таа геј од кога знае за себе, и ја прашав, кажи ми, си била со машко за да знаиш како е? Да ми рече, сум била со многу машки, и сега чат пат одам, ама не е тоа тоа, знаиш што сакам јас, и еве денес, после неколку години, уште тоа сака..
    Дали некогаш ќе се смени и дали дома ќе застане да каже која е, не верувам, но знам дека таа ќе биде од тие, што ќе водат двоен живот.
    Можеби не е доболно силна и храбра да се избори со тоа, и да се изјасни, пошто имам друга, пријателка, која дома кажа, на свои 18 години, пред да дојде во Скопје да студира, значи нејзините родители се со далеку отворен ум, и знаете што доби?
    Прво, шамар и бркање од дома, а за некој месец, кога топката се смири, стан во Скопје, прифаќање од нејзините и подршка.
     
    На MajklMK, kjukli, HangIng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Правата што ги бараат геј популацијата нема никаква врска со прифаќање, тоа што го прават на погрешен начин е друга работа.
    Правата што ги бараат е да се изедначи заедницата на геј паровите со тие на т.н нормални парови.
    Геј паровите немаат право да наследуваат имот ако во случај едниот почине затоа што нивната заедница не е признаена од државата или поделба на имот кој е заеднички стекнат после пропадната врска итн.

    Истото се случува во државите со медицинското осигурување, во повеќето земји само едниот партнер треба да е осигуран а неговиот/неговата брачен другар се води на истото, кај геј паровите тоа е оневозможено.

    Такви права бараат а дека се веќе досадни, досадни се, во секоја тв серија мора да има геј пар, како порано што беше со црнците итн, се запознаваш со некого и ти кажува I`m gay.....who cares |( , некако превише ја тупат.

    Мене не ми пречат, уште сум онака неодлучна околу посвојувањето ама кога ќе се размислиш колку деца се физички и психички малтретирани ако се сакани што е битно дали има детето двајца татковци, две мајки.

    А како мајка нема да лажам и да кажам дека ќе бидам среќна ако е син ми геј, нема да престанам да го сакам или да го отфрлам ама среќна никако нема да бидам.
     
    На MajklMK, kjukli, Lella и 8 други им се допаѓа ова.