Љубов незнае кој каде ќе го погоди и кон кој пол. Тоа не одлучува човекот ајде сега овој ќе го сакам, тоа се чуства. Само кога гледам на наталитет на народ дефинитивно опаѓа, зошто само еден човек да се роди прави измена. За посвојување сум, зошто подобро да имаш двајца татковци или мајка отколку да растеш по домови и без никого. Нормално дека детето ќе биде исмејувано ако тоа почне да се случува тука но тоа само на почетокот после тоа ќе се средува постепено. Како и за лгбт луѓето овде порано што се лошо се зборуваше за разлика од сега што има подобрување. Кога сум читала пред години што се лошо се пишувало мислам дека и тие што беа ок не се дрзнуваа да кажат дека е ок за нив зошто ќе ги испонападнеа. Има напредок не е голем но има
Уу ова тема ме тресна во срце. Имам скоро 17 години и сум би. На никого немам кажано, признаено освен на најблискиот другар што го имам. Искрено, не знам дали сум би или тоа ми е само како етикета како што кажа Мајкл во претходните мислења. Уште од многу одамна сум свесна дека ме привлекуваат женски. Едноставно одсекогаш ме привлекувале девојчиња. Кога влегов во пубертетот знаев дека нешто 'ненормално' се случува со мене. Тогаш бев и преплашена и прилично несвесна за таквите работи (10-11 годишно девојче ), но подоцна и те како сфатив дека не ме интересираат машки. Не се воопшто срамам од тоа што сум, но многу ми е страв од околината а првенствено и најважното РОДИТЕЛИТЕ. Моите родители се неутрални на темата ЛГБТ но, сепак на самата помисла да им кажам дека сум би, ме полазуваат морници. Многу се пронајдов со Мајкл што напишал @MajklMK само што јас сум женско. Јас би можела да бидам во врска со дечко и сум била до сега. Но како да објаснам, таа врска е нешто друго.. И романтично може да биде и се, но сексуалното привлекување, хемијата е еднаква на една ОГРОМНА НУЛА. Не ме возбудуваат машки допири ниту ништо. До сега не сум имала ништо со особа од ист пол, и искрено баш би сакала. Се надевам дека некако ќе се изборам со ова некој си ден Сепак, мислам дека накрај ќе завршам како геј, ама нека остане за сега етикетата БИСЕКСУАЛКА.
Нема што да избрзуваш да им кажеш на родителите дека си БИ, сега гледај да се пронајдеш себеси, види, пробај, искачај си со кој сакаш. Твојата сексуална определба те засега само тебе, што моментално мислат твоите е небитно. Секако дека би било големо олеснување ако им кажеш на родителите, ама не мораш; барем не сега.
Бисексуалка сум... кога станува збор за сексуалност. Романтично, само со мажи се врзувам. Имам 42 години, на моите никогаш не сум им кажала. Татко ми почина и не дозна за ова. Да имав потреба од врски со жени, ќе кажев, вака, можам да си дозволам да не обзнанам. Иначе, пријатели и родини кои се на моја возраст и помали, знаат. Повозрасните не ги 'трауматизирам'... да, баш така... знам дека на мајка ми да и' кажам дека сексуално ме привлекуваат и жени, ќе и' се згади.. Оти ја знам каква е. А да, и маж ми и ќерка ми знаат.
Јас сум геј и за два месеци ќе се венчам со љубовта на мојот живот. Сакам да ви кажам дека на крајот на денот е најважно колку си среќен. А предрасуди и не прифаќања има, само треба да знаете дека вие сте најважни и животот е краток за да помине во страв и глума во нешто што сме, за да не разочараме. Во ниеден случај не треба да живееме несреќно за луѓето околу нас да ги направиме "среќни", верувајте ако не е за геј работава, секогаш ќе има за нешто друго да те осудуваат. Живеј и прави тоа што ве прави среќни.
Мило ми е за тебе што си успеала да се избориш за твојте права и што размислуваш вака дека не е важно што мислат другите. Мислам сосема е океј да си поразлична, еве јас не сум поразлична' но сосема ми е во ред некој кога е таков. Тоа е право на избор кое никој нема право да го оспори.
Тоа не е право на избор, тоа е како да кажам право на избор е да си стрејт. Не го гледам као ништо различно или посебно да си геј, би, трансџендер. Само сакам луѓето да живеат и да прават што ги прави среќни, зашто животот не се годините туку моментите. Направете ги моментите најсреќни за вас. Фала ти
Баш ми е жал за тие луѓе што ,,не смеат,, да ја сакаат личноста што ја сакаат,бидејќи имаат страв од јавноста или погрдни зборови.Па и тие се луѓе.Едноставно господ така ги направил,и такви ќе си бидат.Жал ми е...
Чекај овој што ги конвертирал испадна дека е геј?? Хаха изгледа тие што се највеќе против ЛГБТ се латентни хомосексуалци, посебно од машките, сум приметила жените немаат баш проблем да кажат ако се лезбејки или бисексуалки.