Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соочување со сопствената секусална ориентација_Coming Out

Дискусија во 'Психологија' започната од LGBT, 20 јули 2011.

  1. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.462
    Пол:
    Женски
    Барем Господ не го мешајте овде. Си пишува добро во светите книги што е нормално а што не. Почит имајте има верници на форумов. Како што имата кој транс и гејови имајте кој сите.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.941
    Допаѓања:
    48.129
    Пол:
    Женски
    Како тоа? Маж трансформиран во жена да се заљуби во маж?
     
  3. exaggerating

    exaggerating Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2022
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Па транс нели е да се чувствува како машко во женско тело или обратно,
    на пример маж кој се чувствува како жена а сексуално го привлекуваат жени.
     
    На felisitas и elimkd им се допаѓа ова.
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.941
    Допаѓања:
    48.129
    Пол:
    Женски
    Хаха интересно и збунувачко, ама мислам дека тоа се два сосема различни поими, сексуална ориентација да го привлекува некој од ист или различен пол и од друга страна транс е нешто друго да не се чувствува добро во своја кожа и го менува полот без разлика дали го привлекуваат мажи или жени, што значи не го менува полот затоа што го привлекуваат личности од ист/различен пол туку едноставно не се чувствува добро во своја кожа. Така да можно е
     
    На Arjanit2021 и exaggerating им се допаѓа ова.
  5. thebeauty.

    thebeauty. Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Здравооо, ако може некој да ми пише, ми треба совет?:$
     
  6. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Не ги направил Господ такви, самите бираат на што ќе се определат. За Господ хомосексуалноста претставува одвратност.

    You shall not lie with a male as with a woman; it is an abomination. - Leviticus 18:22 - Не легнувај со маж, како со жена: тоа е одвратност.
     
    На quattro и Anah им се допаѓа ова.
  7. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    2.430
    Пол:
    Женски
    Сексуална ориентација не можеш да одбереш. Знам луѓе кои многу сакаат да сакаат спротивен пол ама не можат, не ги привлекува. Значи не е нивен избор.
    Инаку господ кажува и за прифаќање на едни со други, какви и да се. Тоа што подоцна излегуваат секакви верзии и толкувања е друга работа.
     
    На Евроазија му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.381
    Пол:
    Женски
    Ова важи токму за твојот обид да оправдаш нешто што е одвратно во Божји очи.
     
    На quattro и OmilenataZaNego им се допаѓа ова.
  9. Jane Doe.

    Jane Doe. Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2023
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    927
    Од кај знаеш он што мисли? Го праша? Или читаше книга што не е ни напишана од него..
     
    На Евроазија и Mikha4 им се допаѓа ова.
  10. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.381
    Пол:
    Женски
    А тебе Баба Ванга ти кажа дека не е Негова Книга?
     
    На OmilenataZaNego му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Jane Doe.

    Jane Doe. Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2023
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    927
    Барем за неа се знае дека постоеше.
    Не знам како може да кажувате гнасни ствари за луѓе напразно, без никаква основа.
     
    На Евроазија му/ѝ се допаѓа ова.
  12. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Има многу верзии, ама толкувањето и поентата се исти.
     
  13. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    8.948
    Пол:
    Машки
    Во истата библија имаш инцести меѓу браќа и сестри, инцести меѓу родители и деца, педофилија, тешка мизогенија.

    Ама затоа Хомосексуалноста - одвратноооо.

    Никој не ве суди коа си верувате. Ваша работа е.
    Ама прекинете да судите други.

    Еве ти стих ако сакаш стихови.
    Матеј 7:1 - Не судете, за да не бидете судени! Зашто со каков суд судите, со таков ќе ви се суди;

    Покажете вистинска вера во Господ и остајте го тој да си суди.

    Башка темава е во психологија а не во религија.
     
    Последна измена: 12 јануари 2023
    На Cosmic Girl, KateKane, Евроазија и 2 други им се допаѓа ова.
  14. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Никој не ве суди. Ама не може да се пише дека Господ така ги направил. Едноставно е.
     
    На quattro и Feminka22 им се допаѓа ова.
  15. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    2.430
    Пол:
    Женски
    А кој ако не тој? Не е избор. Значи тој така ги направил. Не знам зошто е толку тешко да се разбере дека некој може да сака некој од ист пол.
    Ќе се послужам со:
     
    На Евроазија му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.374
    Пол:
    Женски
    самите луѓе со текот на годините сфаќаат кој ги привлекува
    кајнд оф и @NoirSerpentine е у право, од аспект (пустата не знам кај да го најдам тој артикл), иам читано дека секој од нас е потенцијален би/геј, само кај тие шо се, мислам шо веќе сфатиле шо ги привлеквуа, е поизразено.
    така да, кајнд оф, да напраени сме такви
    ама ја сите примери шо ги знам, на геј (и машки и женски мислам) и транс, сите у текот на животот го имаат установено тоа.
    Другарка пример сфати дека е би уше на 16 години.
    Тој што го знам што е геј, имаше и женска порано, му се сфиѓаа девојчиња. Ама сега има дечко и е ориентиран кон машки
    Тој што го знам што е транс, на 20 и кусур смени пол.

    ја сум стрејт, не можам да гарантирам сеа, ама ова е од искуства кои сум ги чула/видела
    и ја пример се иам мислено, абе да не сум би, пошто сум се лапала и со женски, ама не сум
    коа се лапам со девојче неам нис траст, ни либидо ми рипа, ништо ништо
    го праам тоа од забава пример
    знам да искоментирам ,,еј ама е убава'' ,,еј ама е јака'' коа е физички изглед у прашање, ама не сум добила воља да праам нешо поише. Или ко шо викам за машки (ова на шала де) ,,би го силувала лепотанов'' ,,каков мачор''
    згодно машко коа ќе видам, поготово на плажа, и сценарија си праам ко манијак, а за жени ништо

    а нешо шо иам приметено е дека ние жените сме more likely да станеме би/геј пошо не ни е проблем е вака да експериментираме, и можеби кај некоја ќе се јави нешо обратно него кај мене. На заебанција лапање со другарки, и да сфати дека тоа ѝ е поубаво него со машко.
    а машките се као ,,омг не со другар ми да се лапам иу шо ти е''
     
    На Cosmic Girl и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  17. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Не, Господ не ги направил така. Имаш доказ ти пратив, донесе заклучок врз основа на доказ во твојата глава за само да се оправдаш.

    Се надевам дека некој кога ќе го прочита мојот дел ќе размисли дали навистина сака да биде тоа што е.

    Светото писмо учи дека хомосексуалноста е неморална и забранета сексуална ориентација. Тоа е оцртано како погрешно, грешно и деструктивно. Тоа е кршење на она што Бог го одредил во создадениот поредок. Затоа, тоа не е само алтернативен начин на живот, туку грешен, деструктивен начин на живот кој носи болка, прерана смрт и расипување во односите.

    Библијата учи дека сите сме родени во свет болен од грев. Не само што сме родени во паднат свет поради гревот, туку сме родени со гревовна природа.
    Господ не нè создал така. Влезот на гревот во светот и нашата грешна природа се она што ни влијае да се приклониме кон одреден грев. Значи, некои можеби имаат наклонетост кон хомосексуалноста поради грешната природа и нејзините посебни наклонетости што се пренесени кон нив.
    Други можеби имале трауматично искуство, како сексуална злоупотреба, кое вклучувало и грев што ги натерало да се наклонат кон хомосексуалноста.

    Исус дојде да ја скрши моќта на гревот во нашиот живот, без разлика каков и да е тој грев. Исус дојде да донесе решение за проблемот со гревот, без оглед на гревот.

    Хомосексуалните склоности или желби се резултат на грев на некој начин, директно или индиректно, но Бог никого не направил геј.

    Исус дојде да ја скрши моќта на гревот во нашите животи, каква и да е таа.

    Она што те буни тебе е дека не е избор. Избор е. Точно е дека луѓето не ги избираат чувствата, но избираат да дејствуваат според тие чувства.

    Алкохоличарот може да има одредени склоности, но не мора да дејствува според оние наклонетости кои всушност се деструктивни за него и за другите. Со Христова помош, тој може да ги надмине тие склоности и да живее живот што му е угоден на Бога. Истото важи и за хомосексуалецот.
     
    На quattro и Anah им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.374
    Пол:
    Женски
    се слагам со тебе за некои работи од мислењево
    ама за еден дел не се слагам тоа е последниот
    тие шо се хомо, имаат чувства, забораваме некад дека е љубов тоа уствари. Сите го збориме како состојба или не знам шо, ама на крајот на денот чувства се у прашање. До негде можеме да спречиме да развиеме чувства за некој, мислам зборам за себеси, ако видам дека некој е женкар или клошар, подитно фаќам магла, или ако ептен м иго праи меракот, си зборам муабетчиња за да не развијам чувства за него. Е сеа, луѓето ко луѓе, паѓаат во искушенија, не се буквално искушенија, ама не ми текнува друг збор.
    Некое девојче може нема за друго девојче да си става ѕидови и да си брани чувства, него ќе ,,потклекне''
    За алкохоличарот, тоа е веќе болест чоек. Завист е
    И ја сум верник, ама верувај ми само со молење и викање ,,Господе помогни ми'“ нишо нема да се смени
    ја сум пример страствен пушач, знаеш колку пати сум рекла ,,ај сабајле нема да запалам цигара“?
    и гес ват, секое сабајле прво мијам лице па палам цигара како лудак. Телото ми е навикнато на никотинот веќе и си го бара, ја можам да му се молам на Господ колку сакам, ако е семоќен, мојот организам нема магично да се испере од никотинот, ја дур сама не речам ,,доста е, ќе кризирам месец-два ако треба ама нема да пушам'' џабе е сѐ. Мислам ме сфати
     
    На OmilenataZaNego му/ѝ се допаѓа ова.
  19. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Те сфатив, затоа и пишав сите имаме грешна природа. И јас пушам цигари по една кутија на ден и не планирам никогаш да ги откажам, освен за време на бременост. Сама одбрав така да живеам.

    Инаку тоа за развивање на чувства кон некоја личност и избирање да се биде со неа е буквално искушение предизвикано од сатаната. Се што не е добро е од сатаната. Не е од Исус, Исус е добар и секогаш е тука за нас кога ќе посакаме да излеземе од тие искушенија. Хомосексуалноста не е од него како Бог и не е создадена од него.
     
    На quattro и Feminka22 им се допаѓа ова.
  20. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    2.430
    Пол:
    Женски
    Во погрешна тема разговараш за религија.
    Ми „прати доказ“ е доволно за да не продолжам да читам. Горе ти цитираа и јас и други за другата страна ама ти одбра да не го испроцесираш па затоа и јас ќе го направам истото.
    Едит: прочитав, не додржав и со прочитаното уште повеќе убедуваш дека сум во право. Како може да е избор кого ме привлекува? Пример, јас сакам да ме привлекуваат одредени луѓе ама не ме привлекуваат и не можам да развивам ниту пријателство ниту ништо со нив. Избирам да ми се допаѓаат? Не, затоа што јас избрав да ми се допаднат ама „нешто“ не ми дозволува да ми се допаднат.
    Дали тебе нешто ќе ти промени ако некој чувствува нешто кон истиот пол? Што е она што толку те повредува? Ако е грев, грев е за нив, не е за тебе.
    Дали ти би останала во врска со некој кој не те привлекува на никаков начин? Верувам дека одговорот е „не“. Тогаш со
    зошто повикуваш други да го направат тоа?
    Не го прави она што не сакаат другите да ти го прават тебе.

    Не донесов никаков заклучок во мојата глава, јас ги гледам луѓето кои се измачуваат да ги имаат истите чувства кон спротивниот пол како што ги имаат кон истиот. Гледам како страдаат и колку и да ги убедуваме дека ги прифаќаме онакви какви што се, тие повторно преку неколку дена ќе прашаат „сигурно ли мислите дека не сме чудовишта“. Мене ми е мака кога некој се смета за чудовиште само заради оваа причина и да сака да посегне по животот заради тоа. Немам што да правдам или пак уште помалку самата да се правдам од нешто, не ми е јасно како го донесе тој заклучок дека сакам „да се оправдам“ за било што.

    „Проблемот“ е што тие НЕ избираат и „не сакаат да бидат“ туку се. По трети пат: не е избор.
    И се надевам дека нема да го прочита зошто нивните нерви се и така доволно измешани за некој лик на форум да тврди дека религијата не ги прифаќа како такви. Ако е така, зошто постојат цркви со ЛГБТ знаме пред нив и велат дека ги прифаќаат сите онакви какви што се?

    Ова е веќе избор (како пример за „ориентација“ дека не е, иако уште ја пишуваме така).
    Иако споредбата не е соодветна затоа што се работи за многу различни нешта.
     
    Последна измена: 13 јануари 2023
    На MarijaMi90 и Feminka22 им се допаѓа ова.