1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соочување со сопствената секусална ориентација_Coming Out

Дискусија во 'Психологија' започната од LGBT, 20 јули 2011.

  1. Morti27

    Morti27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    11
    Јас прифаќам и педери и лезбејки. Апсолутно ги подржувам. Јас и нити било кој не е некој за да може да ги осудува. Нивен живот нивен избор. И подржувам да си ги бараат правата затоа што и тие се човечки суштества и ги заслужуваат како и останатите ''нормални''. Единствено нешто во врска со нив што не подржувам е тоа да посвојуваат деца затоа што сметам дека нема да биде баш добро за детето да расне во таква средина со 2 мајки или 2 татковци.
     
  2. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Темата е иста. Моментот на тоа е како се чувстуваат тие од внaтре е заради тоа како направиле таквите како нив да ги чувстува општеството.
    Најтипичен пример ми се геј-парадите.
    Ако се сосема нормални луѓе како што сакаат да ги мислиме, зошто парадираат со секс-реквизити и ти ги нишаат таквите пред очи?
    Долунаведената слика навистина не мора да се отвори
    [​IMG]
    Значи од старт си создаваат сами предрасуди и после општеството е криво.
    Па, ти дали сакаш детето твое да гледа вакви луѓе на улица.
    А,за прифаќање како што кажав.. ќе бидат прифатени кога нема да постојат ваквите лудории нивни.
    Сигурно сме сретнале можеби 100тици хомосексуалци што не сме ги препознале и нема потреба да бидат обележани,ако самите не сакаат.
     
    На Lella, mimiiiii, E...V...I...L и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Еве слушајте. Многу деца немаат родители и се сирачиња и пре би прифатила да бидат од хомосексуален пар, отколку цел живот по домови.

    http://www.youtube.com/watch?v=1VnEexIhBTU
     
    На MajklMK, ku4ence, Hipster и 2 други им се допаѓа ова.
  4. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Абе во врска со насловот :lol: пошо забегавме ..
    Верувам дека е тешко да се признае самата таа појава, првин ко чуства на несигурност, а друго поради тоа што е табу тема.
    Ама искрено нз како размислуваат овие луѓе, ја сепак мислам дека длабоко во психата има нешто делче кое не се поклопува за да дојде до ова, верувам дека све е до психата. АЛи шо знам, напразно да зборам може зашо немам осетено на своја кожа.
    У секој случај, ако се осеќаат среќни нека продолжат, ама некако си треба длабоко размислување и продирање во самиот себе си и да се запрашаат дали некад у старост би дошле до заклучокот дека можеби погрешиле , и ако дојдат. Што тогаш ? Цел живот прокоцкан ? За едно прифаќање ? За прифаќање на чуства кои мислам дека може да се поработи на нив и да се вратат у нормала ...
     
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Прочитајте ги мислењата на девојката која ја отвори темата, може бар малку да допре до вас, и да ја сфатите, колку ништо не е како што треба зошто не е прифатено како што таа би била најсреќна. Се сомневам дека некој кој бил геј до 60 години, а потоа ќе седне и размислува и ќе се покае, за што зошто бил среќен предходните 60 години живеел живот како што сакал?

    Убаво викаат другите, додека не си во нечија кожа, не можеш да знаеш како им е..
     
    На MajklMK, alice.92 и mimiiiii им се допаѓа ова.
  6. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Токму ова беше првата реченица од мојот пост. Не може да те сфати никој кој не е во твоја кожа.
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.749
    Допаѓања:
    65.200
    Пол:
    Женски
    И јас сум правела муабет со маж ми на темава. И он не ги одобрува гејовите. Ама ни лезбејките не ги сака баш. Сепак, ако детето е таков он би си го сакал, некако би нашол сила да се помири со тоа, крвта не е вода. и мило ми е што го слушнав тоа, јас не би имала проблем ако детето е такво, нити би сакала да му го загорчам животот дополнително. Па што да кажат родителите што децата им се наркомани, дури и убијци?
     
  8. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Заклучокот е дека треба да направат поразличен пристап за да бидат прифатени.
    Зошто можат и сакаат.
    А, убијците или наркоманите не сакаат,а и да сакаат не можат.
    Во Македонија дури не дојди генерацијата од доцни 80ти, нема промена.
     
    На MajklMK му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Случајов на видеото е дете со вештачко оплодување ,и не велам дека се ненормални и не знаат да одгледуваат дете . Ама еве 2 пара(под претпоставка и двата пара се добри луѓе) го сакаат детето едниот хомосексуален другиот хетеросексуален , секако дека ќе биде доделено на хетеросексуалниот .
    Затоа што детето ќе расне во здрава средина . Ние колку и да се правиме модерни детето треба да има и мајка и татко .

    И сега не ми е јасно што е толку наметнување дека е природно не е , го знаат и самите . Не се воопшто виновни како што кажа ашлинг личен избор кој не би требало да се осудува .
    И кажав јас најголемата осуда е од најблиските , па и да е од средината кој ти значи најблиските или комшиката што ќе кажала . Не верувам дека некој родител ќе прифати со насмевка на лицето
    може не е фер ама It is what it is
     
    На Miss.Ricci и Ashling им се допаѓа ова.
  10. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    2.078
    Денешно време секој прави тоа што ќе му текне, некој сака мажи, некој жени некој деца, животни... Значи според мене тоа е до психата(болест) и никој не може сам против неа. Некои треба да се лекуваат, други да се затворат...
    Би се сложила дека воопшто не е во ред дете да порасне во хомосексуална средина, што ќе рече детето тато ми рече ова ама другиот тато ми рече она... мислам како сакате речете воопшто не звучи добро.
     
  11. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^Геј паровите всушност и немаат законски право да усвојуваат деца, тоа е уште едно право со кое сакаат да се стекнат.
    Настрана тоа што ги гледаме богатите геј парови (машки) кои имаат пари да платат сурогат мајка оние кои не се супер богати ја немаат таа опција, нормално кај женските геј парови тоа не е ни прашање ним им е потребен само донор и решен проблем си имаат семејство.

    Затоа верувам дека на родителите им е полесно да прифатат дека ќерката е геј отколку синот, ќерката ако сака може да има сопствено семејство, да им подари внуци а синот ептен тешко.
     
    На MajklMK и mimiiiii им се допаѓа ова.
  12. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    ^ Ќерката ако е хомо ќе им роди деца од татко донор, исто и кај машките, машкото ќе даде сперма да се оплоди некоја друга жена па детето ќе биде негово. Ако сакаат двајцата, две деца ќе си направат (и тоа без директен контакт со жената) и така. Нема врска тоа дека жените можеле мажите не, подеднакво можат и двете страни да им подарат внуци на своите родители само што не е законски дозволено.

    Е сега тоа што ова со сурогат мајките си е скапо, друго е. Па и за донори плаќаат нели :)
     
    На HangIng му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Само што дали детето од мало ќе биде ослободено од предрасуди или ќе го прифати тоа нормално и ќе се приврзе кон истото.
    (Слично како кај религијата што ни е наследна)
     
  14. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    ^ Ваквите деца, сакале или не ќе бидат предмет за потсмев, ма колку сака нека е напреден светов.
    И после тоа нели следуваат самоубиства и се со ред. Цел живот ремет да јаде некој само заради тоа што се родил во такво "семејство".
    За предрасуди, според тоа што родителите нели им се хомо, сигурно ќе бидат на поинаков начин воспитани односно дека сето тоа е нормална работа, па најверојатно предрасуди не би имале.

    Сепак нема логика, кој што сака нека збори, не функционира светов на тој начин. И сите права да им ги остварат, самата помисла на целата ситуација е надвор од просек и граница на нормала. т.е. воопшто не е нормално.
     
  15. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^Не е исто, кај женските геј парови кога жената ќе роди тоа бебе е нејзино, нема законски заврзлами, нема оспорување на родителското право, а инсеминацијата е не повеќе од $200-$300, додека машките геј парови прво сеуште не е регулирано целата постапка со сурогат мајка, потоа има оспорување на родителското право, дилемите чије е всушност е бебето а чини најмалку $100.000.

    За предрасудите цврсто верувам дека зависи од средината во која што живееш, внук ми во класот има 2 деца кои се од вакви врски, не му е чудно, не мисли дека не се нормални, всушност него му се баш нормални исто како што му се нормални тие деца што се од разведени бракови, тие што се црни, жолти за него сите се другарчиња.
     
    На MajklMK и imelda им се допаѓа ова.
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Еден мој пријател убаво напишал мисла: начинот на кој ги третираш луѓето те прави човек. или ѕвер.

    За себе лично зборам, не можам да ги судам, не ми сметаат, социјализирана сум меѓу нив. Немам проблем со мојата лична определеност, и факт е дека маж е тој што може да ме направи среќна, ама го гледам тоа како за мене што маж може да ме направи среќна, нив некој од иситот пол, и не можеш некого да го тераш да биде нешто што не е. И добро еве во МКД не ги прифааќат многу, сето тоа води кон депресија, болести, или ќе те натера кон миграција кон друга држава кај што знаеш дека ќе бидеш прифатен. Еве овде можеш да бараш азил врз основа на полова дискриминација. А искрено па ни во МКД реално немало нит некоја вулгарна парада, нит нешто екстремно, по светот да, мене искрено ми се комични парадите и не гледам од нивна потреба, ама нема потреба од дискриминација.

    Убаво споредба направи битерсвит, зависи од околината, како што кај нас беа порано судени луѓето што се разведуваа. Треба време, сето ова кај нас да се прифати, ама јас мислам колку побрзо го прифатиш фактот дека тоа е реалност, толку подобро за самите нас.
     
    На MajklMK му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mrchatorka

    mrchatorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    55
    Порано и децата на разведени родители биле за потсмев, да се разбереме децата секогаш ќе најдат причина да се закачаат и потсмеваат.

    Хомосексуалноста не е психичка болест, во 1970 е постигната согласност меѓу писхијатриската фела дека хомосескуалноста е нормална варијација на човечката сексуалност, а дефиницијата дека хомосексуланоста е болест е избришана од психијатриските учебници.
     
    На MajklMK му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    23.641
    Сите хомосексуалци кои сум ги запознала (а се поголем број) имаат неверојатно чиста душа, чесни се, вредни, искрени... Тоа се луѓе кои сигурна сум дека многу подобро би ги воспитале своите деца отколку половина хетеросексуални парови.
    Можеби е чудно да се расте во средина со двајца мажи или две жени, но порано и за децата со самохрани родители викале дека растат во нездрава средина, па ете излегле здрави, прави, успешни деца.
    И кога ќе споредам растење на дете во средина полна со љубов, разбирање, топлина, средина на двајца истополови родители, и средина во која се употребува сила, се менуваат партнери, никој не се грижи за децата, а родителите се од различен пол, тогаш без двоумење го избирам првото како понормално.
     
    На BigRush-MM, MajklMK, JessicaJJ96 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Jaс сум немала геј пријатели,ама познавам двајца-тројца од онака.
    Моментот е што сите знаат дека не се хетеро,ама нивниот пристап, начинот на кој што се однесуваат со останатиот свет, не ни дава нас(тие што сме хетеро) да ги гледаме поинаку.
    Зад грб можеби и им се зборува, впрочем како и за нас што се зборува за некои недостатоци што практично не постојат,но пред нив никој не сум видела на улица да ги види и јавно да ги срами или пцуе.
    Неможеш ти да бараш права,а да шеташ со латекс по улица и да се правиш нормален.
    Ова е слично со разликата помеѓу оние позади МТВ и спонзорушите.
    И двете групи нудат секс за пари, разликата е очигледна.
    Едите ги знаат сите поради начинот на кој се облекуваат кој е тотално недоличен и неприфатлив, начинот на кој се однесуваат, а другите ги знае помала група на луѓе затоа што тие сепак не се експонираат во мера дека се различни и ослободени oд табу-теми, туку се однесуваат како сите нас.
    А, стереотипите кои постојат за нив е само поради тоа што тие самите си создале слика таква глобално низ целиот свет.
    Се додека ми се однесуваш нормално,се облекуваш нормално, зборуваш и размислуваш нормално ти си човек.
     
  20. mrchatorka

    mrchatorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    55
    Вака сега не може да ги споредуваш курвите од позади МТВ и спонзорушите. Најпрвво тие доаѓаат од сосема различни социјално економски средини, од дисфункционални семејства, необразовани се и единствениот начин за кој што тие сметаат дека можат да заработат е проституирањето, додека спонзорушите потекнуваат од нормални средини, образовани се, некои и вработени и не се сексаат со секого за пари туку императив им е еден спонзор кој ќе ги спонзорира нивните потреби, и со можност за брак со таа особа.

    Е сега ако зборуваме за нормално се постаувува прашњето што е нормално?! Она што за мене е нормално, за останатите може не е. Што на пример ако една личност е ексцентрична и се облекува сосема различно и невообичаено од останатите? Зарем треба да се етикетира како ненормалена? Жив пример е проф. Татјана Петрушевска која е сосем ексцентична и совршено нормална.