1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соочување со сопствената секусална ориентација_Coming Out

Дискусија во 'Психологија' започната од LGBT, 20 јули 2011.

  1. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Се споредуваат затоа што и двете групи нудат секс за пари или за некоја друга материјална работа.
    Што ако спонзорушите се културни кога пак нивните дејствија се исти со оние на курвите кога преку секс доаѓаат до посакуваната облека, мобилен, работно место итн.
    Муабетот ми е дека и двете групи се исти, со таа разлика што курвите не се прифатени од општеството како целина,а вториве се.

    И нормално е нешто што се нарекува кодекс за да може едно општество да функционира нормално.
    Епа не сакам бе мое дете еден ден да гледа чичко со гол газ да се шета на улица, само затоа што тој мисли дека тоа е сосема нормално,се чувстува ослободен од предрасуди и настапува со тоа дека облеката не го прави човекот.
    Затоа треба да се внимава што ќе се одбере за да се влијае врз некој друг,ако сакаме подобар свет за живеење.
    Ако се остави во светот секој да прави тоа што мисли дека за него е нормално,далеку ќе стигнеме.

    Исто е и со лгбт-популацијата. Ако сакаат да бидат прифатени како нормални, нека се понашаат како нормални. Како што јас можам,можат и тие. Штом сме сите исти нели.
    End of the story.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mrchatorka

    mrchatorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    55
    Е добро де они не шетаат секој ден со гол газ туку кога се тие паради што се дешаваат на неколку места во светот и кај што ваљда им е дозволено да се глупираат...како што ние се глупираме на 1 април или на струмички карневал.

    Курвите во некои општества се прифатени, таму каде што проституцијата е легална.
     
    На MajklMK му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Жити се, струмички карневал со геј-парада ми споредуваш?
    Enough!
    Само уште одговори ми која е целта на струмичкиот карневал,а која на геј-парадата?
    Знаеш?
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против хомосексуалците. Ако некој другар ми признај дека е хомосексуалец, редовно ќе си го земам на шопинг и ќе си одиме на кафенце и ќе ми биди најдобро пријателче, се дури не почни да му се пушта на дечко ми или маж ми во иднина. Што се однесува до женските со хомосексуална ориентација, хмм па ако му сум симпатична нека повели ќе му го напрам кефот на дечко ми за секс во 3ка и толку. Таа што сака нека ми прави, јас ќе ја погалам малце и толку , сепак не сум лезбејка и не можам да се правам со сила. А што се однесува до оддалечување, па што знам, ние од машко што ни е пријател кога ни признај дека не сака повеќе од пријателски некако инстинктвивно се оддалечуваме, ако ние не сме заитересирани за него додека не не заборави, па истото би било и со женско. Бисексуалците се многу интересни. Би рекла Авантуристи си сакаат и едно и друго , па добро нека си пробаат зошто да не, сепак тие се некако позаштитени ми делуваат од општеството во однос на хомосексуалците. Не за нешто друго , таа хомосексуалната страна можат да си ја чуваат за подома, за в кревет, а вака за во јавност со хетеросексуалниот партнер. Е сега , малку ми е непријатно со тие трансексуалци. Тоа беа оние мажи што се облекуваат како жени или и мажи и жени што си го сменале полот или се на потот на менување на полот? Ако е тоа, малку ми е чудно и поќе би го дефинирала како луѓе со самонеприфаќање. Малку необјасниви ми се, ама во секој случај никој нема право ниту нив , ниту било кој од останатите сексуалци што не се хетеросексуалци, нема право да ги дискриминира и повредува. Човековите права се еднакви за сите. Ма да најискрено во оваа економска криза, баш ми е гајле кој како си ги задоволува сексусалните потреби. И сметам дека сите овие луѓе треба да се сметаат за нормални и да имаат еднакви права е сега околу прифаќањето, па мислам дека ја претераа, јас како најнормално девојче и хетеросексуалец ,не сум била секаде прифатена , а камоли припадниците на ЛГБТ , па не можи секој , секогаш и секаде и од секого да е прифатен, мислам дека се претерува со таа сексуланата ориентација и дека секогаш главните причините за неприфаќањето е баш нивната сексуална ориентација. А за бракови ги подржувам, за да имаат деца не баш, не дека ги сметам за ненормални ,неприродни или ги потценувам дека нема да бидат добри родители јас најгрижливите родители што досега ги имам видено беа два мажи брачен пар и имаа посвоено две црнчиња од Етиопија и тие беа германци, па зошто да умираат и да гладуваат децава кога и овие иако гееви беа супер грижливи родители. Има многу хетеросексуални бракови и многу деца повеќе страдаат во нив отколку во хомосексуални бракови. Ама сепак , како ќе влијае тоа врз психата на посвоеното дете или ете ако се лезбејки ако сами си го родат или ако се гееви со сурогат мајка. Зарем тоа дете нема да биде збунето, изгубено, дискриминирано? Во Македонија децата се дискриминираат врз основа на кое колку богати родители има , кое носи боубава облека, кое попаметно кое не , пред некое време имаше едно видео девојчиња од Аеродром како се тепаат и една дебилка му се силеше на друго девојче имаше и насилство и закани ,пцовки. Ако ради некое глупаво неддоразбирање или подмукло однесување од страна на трето дете , ете тоа му се случи на едно девојче што игледаше дека нејзините родители се финансиски добростоечки и од хетеросексуален брак, замислете што би му се случило ако истото беше од хомосексуален брак? Некако сум индиферентна , како што гледате некако како и да си се контрам себе си со сопствените ставови. Ама ете таков е менталитетот во Македонија и многу долго ќе му треба да се смени. На крајот на краиштата сите припадници на ЛГБТ заедницата најдете си партнери, сакајте се , живејте си го животот како сакате , ако некој ве дискриминира или ви ги крши човековите права имате суд тужете го , а што се однесува до фамилијата кога тогаш ќе ве прифати. Какви дрогаши , багабонти, курви , не биле отфрлени од фамилијата, зошто вас здрави прави , паметни , со факултет или без, со работа или не , со сите ваши квалитети, што се ценат кај хетеросексуалците не би се ценеле кај вас. Сепак ви се фамилија и ве сакаат и секогаш , ако не сега, кога тогаш ќе ја добиете нивната заштита и поддршка. Сепак ве сакаат. Истото важи и за вистинските пријатели. :)
     
    На MajklMK му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Ашлинг јас те разбирам во врска со парадите, тој дел навистина не им треба, ама веројатно се чувствуваат потиснати па се обидуваат некако да се истакнат.
    иако и јас мислам дека доколку нема такви работи, туку си тераат нормално, да не се форсираат толку ќе бидат поприфатени.
     
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.995
    Допаѓања:
    279.294
    Приметив дека темава се разгледува од различни аспекти и се зафаќаат и други прашања.
    Ќе се самоцитирам со едно мислење кое го дадов во темата за посвојување на деца во Македонија.

    Идентифицирањето на припадниците на цела популација со еден тип на однесување кое е својствен само за дел од популација кажува многу за тој што ја врши проценката, но не и многу за популацијата за која станува збор.
    Секој веќе има изграден став па си бара аргументи, причини, изговори кои се вклопуваат во шемата која е веќе предходно изработена во неговите мисли.
    Сум била сведок на толку многу паради каде однесувањето на стрејт лица е подеднакво како и на оние во геј парадите.
    Сум видела голем број на бакнежи во ин лајв преку малите екрани од лица кои се стрејт.
    Секогаш кога ќе испаднам во град гледам една стрејт будала кој свири гитара, а е облечен само во кожена танга и телото му е премачкано со масло.
    Низ град приметувам толку многу стилови на облекување(не се разбирам готици ли се викаат едните, другине изгледаат како кинески кукли, третине како петар пан и робин худ).

    Така да однесувањето на едните или другите нема врска дали се стрејт или геј, и тие и тие се луѓе со ставови и замисли поразлични од мнозинството.

    Битерсвит посочи многу битни точки. Делот со пензиско и здраствено осигурување, какои поствојување на деца се работи на кои интензивно работи геј заедницата.
    Секако кога не е на парадите |(

    Геј парадата е за мене отсликување на начинот на кој стрејт заедницата прилично долго ги гледаше, т.с во делови од светот сеуште ги гледа геј луѓето.

    На тој начин геј луѓето ја ставаат таа маска врз себе за да прикажат дека се свесни за тоа и дека им е сеедно.
    Бидејќи они се имаат прифатено такви какви што се, а туѓото мислење или во случајов на хејтерите е неважно.
    Ничие постоење не е за мене или некој друг да направи среќен.

    Темава е интро не само за оние кои сакаат да се соочат со својата сексуалност, туку и за сите други кои сакаат да го проверат степенот на својата толеранција и хоризонтот на својот видик.
     
    На MajklMK, kjukli, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Eagleeye

    Eagleeye Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    58
    Искрено, не можам да поверувам дека постојат луѓе кои ги поддржуваат хомосексуалците. Тие се абоминации и треба да се обидат да ја излечат нивната ментална болест.
     
    На sweet-star и MerlinMonro8 им се допаѓа ова.
  8. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    А брат , сестра ако ти е хомосексуалец пак ќе речиш дека е ненормален или ненормална и ментално болна/болен?
     
  9. HangIng

    HangIng Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    23
    Толку?
    Се додека има луѓе со толку цврсти аргументи за било што што ни се случува околу нас... ништо нема да се случува. :clap:
     
    На MajklMK и kjukli им се допаѓа ова.
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ако живееш во МКД седи си инаку борбата ќе ти биде голема да ги излечиш сите!
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Eagleeye

    Eagleeye Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    58
    Јас само си го кажав своето мислење, а вие можете да ме судите колку сакате. Хомосексуалноста отсекогаш била сметана за ментална болест. Мислењето го менуваат во 1974, е сега, зашто, што, како, не знам....тука само може да влегуваме во некоја теорија на заговор.

    @HangIng Да, толку. Ако има нешто што се случува во твојот живот и ОКОЛУ ТЕБЕ, на кое не можеш да влијаеш, тоа е твој проблем. А мене не ми требаат цврсти аргументи, ниту некому да докажувам нешто за да ги променам нештата кои ме опкружуваат.
     
  12. HangIng

    HangIng Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    23
    Нас ни е мило за твоето издржано мислење. Продолжи да тапкаш и понатаму. Светот е твој.
     
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Значи ако некој те мисли за глупав, ти треба да се правиш уште повеќе глупав за мислат дека не си глупав.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    А зошто мислиш дека го смениле мислењето во 74та? И зошто одбираш да живееш по стари сфаќања, дека хомосексуалност е болест?
    Имало стручњаци кои заклучиле дека не спаѓа во болест, ги нема потребните критериуми, зошто мислиш дека ти како поединец си доволно компетентен да кажуваш дали е болест или не?

    И ако толку се водиш по старите мислења, Фројд има многу интересно мислење во врска со твојот аватар.
     
    На MajklMK, MaggieTatum и eagle.eye им се допаѓа ова.
  15. mrchatorka

    mrchatorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    55
    Ashling sporedbata e vo glupiranjeto, kako sto kaza nekoj ima hetero koi ponedolicno se odnesuvaat na vakvi nastani
    Jas nivniot izgled na paradite go razbiram kako iskazhuvanje na revolt.
    Izvinete sto pisuvam na latinica od mob. sum uklucena
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Поделена сум со мислењата во врска со темава. :tmi:
    Ова е една од оние деликатни теми на кои нема да можам да се одлучам, затоа што - колку имам аргументи за, толку имам и против.
    Апсолутно се согласувам дека секој има право на сопствен избор.
    На љубов, на поддршка и разбирање. На среќа.
    И стојам позади мислењето дека пар хомосексуалци сигурно би биле повредни, повнимателни и попожртвувани родители на едно детенце, од половина хетеросексуални парови.

    Но... (секогаш има но), :( не ни сакам да замислам што би било ако моето дете има хомосексуална ориентација. :( Знам, звучи грубо и лошо, ама за мене, водењето љубов првенствено подразбира интимен акт помеѓу маж и жена, и не верувам дека може да е посовршено од тоа.
    Нема да ми е сеедно ако ќерка ми донесе девојка дома, или син ми - дечко.
    Самата помисла на некој толку близок и свој, да има хомосексуална ориентација (барем во моментов така чувствувам) - ме поразува. :( И жал ми е што се чувствувам така.
    Не ме гнаси, едноставно - ме боли бре.
    Не сакате да видите внуци? Не сакате да им играте на свадба на вашите деца?
    Треба да бидат подготвени за вистински предизвик, знаејќи во какво затворено општество живееме, полни предрасуди и осуда.
    А како би се бореле за своите права, ако домашните не ги поддржуваат, онака искрено и од срце?
    Таквата битка според мене, е однапред загубена.
    Треба и јас да исстапам на геј парада да речеме, и да се борам за нивните права, а јас не верувам во таков тип заедница.

    Да сумирам, иако делува мошне расеано и неконцизно постов - не, не ми пречат, нека си се љубат, нека си живеат, имам и познаници хомосексуалци и се прекрасни луѓе... ама се додека не се дел од мојата потесна фамилија и луѓе што многу ми значат.
    Не е исто рандом колега од работа да ви рече - јас сум педер и синот да ви го каже истото.

    Бидете искрени и кажете - нема ли да ве здоболи барем малку?
    Нема ли?
     
    На Lella, Annath, Gea и 7 други им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Е па тоа е Трендафилке, веќе кога стануваш родител треба да си подготвен да доживееш главоболки од децата. А што можеш да направиш? Можеш ли да го промениш? Изборот ќе ти се сведе на тоа или да го прифатиш или да го отпишеш. А дека ќе боли... Ќе боли.
     
    На MajklMK му/ѝ се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.995
    Допаѓања:
    279.294
    Трендафилке мене ич не би ми пречело.

    НЕ гледам зошто себе си да се ставам во центарот на нештата.
    Мојата потреба да играм на свадба, мојата потреба да дочекам внуци, мојата мојата мојата.
    Зарем родителската љубов не треба да е чиста, искрена и безрезервна.

    Зарем во моментот кога дете ќе ти соопшти дека е хомосекцуалец освен поддршка, советување и љубов има простор да се мисли како ние уствари тоа го доживуваме.

    Ќе ме боли доколку он живее во болка, лага и окови наметнати од некој лажен морал во општетсвото.
    ЌЕ ме боли доколку е несреќен и легнува во кревет со лице кон кое нема сексуални нагони и љубов.
    Ќе ме боли да доколку пати поради туѓата ограниченост и неспособност да го прифатат таков како што е.

    Ќе ме болат многу нешта, но не и тоа што е .
     
    На MajklMK, kjukli, bombona23 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.924
    ај да ги убиеме ако не па |(
     
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.811
    Допаѓања:
    38.281
    Пол:
    Женски
    Јас лично немам ништо против луѓето со различна сексуална ориентација од мојата.Секој има право на љубов, подрашка, внимание безразлика дали тоа го добил од некој со ист или различен пол.Апсолутно сметам дека секој сам треба да одлучи како ќе го живее животот и останатите треба да ја почитуваат неговата одлука, немора да ја оправдуваат туку да ја почитуваат.

    Да кај нас ова е табу тема, ама впрочем што кај нас не е табу тема?Сите се прават светци, продаваат лажен морал и се крстат пред вакви појави, а притоа 60% од истите да можат би се замениле со тие личности.Мене воопшто не ме интересира со кого некој го дели креветот или животот, негов живот негови одлуки.

    Понекогаш и мене ми се случувало да се згрозам од некои сцени со двајца мажи пример, ама може и тие се згрозуваат од сцената на маж и жена во кревет, зошто ним другото им е нормално, така да.

    Да имам син или ќерка со ваков случај, не би ги осудувала, не би ги сакала помалку, не би ги отфрлила никогаш.Ќе ми биде болно зошто ќе знам дека во нашава средина ќе бидат осудувани, ќе бидат покажувани со прст и ќе ги боли тоа што неможат да ги гледаат со исти очи како останатите, ќе ме боли што ги боли и нив, ама тие ќе продолжат да бидат мои деца.

    На темава сепак уште неможам да се одлучам дали е добро тоа што им се дозволуват да имаат деца.
    Од една страна сметам дека тие можат да им пружат неизмерна љубов како и секој родител, ама од друга страна неможам да се замислам како дете на родители од ист пол.Едноставно ќе ми биде мака што не сум имала можност да избирам, дека може сакам фамилија со мајка и татко, а имам две мајки или двајца татковци.

    Немам познајници кои се хомо ама и да имам верувам дека не би ми пречело ни малку да ги сакам и почитувам поради тоа какви личности се, а не според тоа со кој си ги смируваат страстите и го делат креветот.