1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соочување со сопствената секусална ориентација_Coming Out

Дискусија во 'Психологија' започната од LGBT, 20 јули 2011.

  1. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Моите мислења се 50-50
    Ја подржувам Трендафилка за тоа што го пиша дека нема да е сеедно.
    Секако дека нема да е сеедно, едноставно колку и да глумиш дека ти е пријатно, признајте дека нема да е идилично да го гледаш син ти како се лапа со дечко му пред тебе.
    Едноставно не. За мене не е пријатно. Секој си има право на свое мислење
    Од друга страна пак, хомосексуалноста не е нешто што настанува преку ноќ. Постојат луѓе кои од самото раѓање се чувствуваат поинакви и едноставно не можат против тоа. Живееме во едно уназадено општество и ќе треба да помине многу време пред да ни биде сеедно кога пред нас ќе поминат мажи или жени држејќи се за рака и кои се милуваат во јавност.

    Лично до сега немам запознаено ниту еден геј, без разлика дали е машко или женско. Можеби ги имам во близина, но до сега никој ништо не кажал.

    И уште нешто. Многу мразам мажи кои се однесуваат како жени, во стилот на Боки 13.
    Што е поентата со тоа не можам да разберам?
    Машко со шмизличко однесување? И ајде после помисли дека не е обратен?
     
    На Night Rider му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Трендафилка не сакаше да каже дека помалку ќе си го сакаш детето или па дека нај битно е да играш на неговата свадба. Да, зборувате дека не би ви пречело, вака од далеку, но како што сме кажале во многу наврати, додека не почувствуваш не можеш да зборуваш.

    И јас пред да земам број на претплата тврдев дека сметката ќе ми биде минимална, ама еве минимум 1500-2000 плаќам. Проста (глупава) компарација дека додека не искусиш нема да знаеш како ќе реагираш.

    И да, тврдам дека ако недај Боже дојде синот, ти донесе маж со него нема да го тапнете по рамо и да му речете со среќа сине, ќе се подзамислите малку. (повеќе)
     
  3. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Jaс само кажав дека на таков начин нема никаде да го променат мислењето за нив, туку уште повеќе ќе го поттикнат и испровоцираат да биде поголемо.
    Пример со организирање јавни дебати,мирни протести без многу голотии и недолични активности ќе се постигне многу поголем ефект во смисла докажување дека сме сите исти и дека треба сите да се прифатиме на исти начин.
    Исто како што не ги поддржавам активистките на Фемен, така не ги поддржавам и геј-парадите.
    Овие од Фемен го срамат целиот женски род, овие другиве си ја срамат нивната популација.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.317
    Хипотетичноста на ситуацијата е обострана.

    Дискутираме за фиктивни ситуации што би кога би.

    Контрадикторноста на изјавиве ми падна веднаш во очи.

    И покрај постојаното повторување дека додека не те снајде нема да знаеш како би било, оваа изјава не ми делува како отворена врата за евентуаални нови видици и размислувања.
    Не ми делува како да се две понудени опции во игра.
    Напротив, туку само како тврдење преку кое на некој начин се пропагира идејата дека и тие што сега се изјаснуваат како либерте со таков вид на одлука од своети дете, доколку се најдат во таа ситуација гарант ќе биде инаку.

    И доколку мое дете се лапа со својот партнер пред мои очи, ќе реагирам на ист начин без разлика дали е неговиот партнер од ист или спротивен пол.
    А во однос на постот од трендафилка, верувам дека барем јас го доловив тоа што она сакаше да го каже ,и го дадов моето размисување како одговор на некои од споменатите примери без извртување на зборови.
     
    На MajklMK и mrchatorka им се допаѓа ова.
  5. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Од точката од која што јас гледам не се контрадикторни овие две реченици знаеш ли зошто? Бидејќи јас велам дека додека не искусиш нема да знаеш како ќе изреагираш што се однесува на тоа дека не можеш да тврдиш дека нема да ти смета, односно сакам да посочам дека сигурно ќе ти смета. :) Сплеткав сега ама нема врска :)
    Даничап, искрено, мене не би ми сметало како што многу пати кажав да се работи за другар, за познаник, ама да се работи за моето дете навистина не би останала рамнодушна. Не дека има што да се направи, не дека можеш да го оттргнеш, но во ова сурово општество во кое те осудуваат за тоа што два дена со ред носиш исти фармерки, зарем би биле среќни да се истакнат како геј?
     
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.317
    Како што предходно пишав, ќе ме боли оти него го боли а не поради тоа што он е геј. Но тоа нема да ја намали љубовта или поддршката.

    Признавам дека од други гледишта го гледаме ова прашање, не планирам да живеам или да одгледувам дете во Македонија па можам да си го дозволам ''луксузот'' да не се грижам за рекла казала и злобните коментари и погледи од околината.
    Но знам дека и да не беше така мојот став немаше да биде поинаков. Среќата на моето дете би била многу поважна од неостварени соништа кои ЈАС сум ги имала за него или трачарењата на луѓето.
    Се што спомена за тоа колку е сурово општеството е вистина, но да ги прочитаме уште еднаш постовите тука и да се запрашаме дали тие што осудуваат се само таму надвор.
     
    На MajklMK, kjukli, MaggieTatum и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Добро, јас уште првиот пат се изјаснав дека сум критички настроена, односно дека сето тоа не ми е нормално, но напоменав дека не можам да ги сфатам бидејќи не сум во нивна кожа, можеби и тие не се среќни што се такви, а можеби и се, којзнае.
    Мене сета таа "појава" не ми се допаѓа, но кажав, доколку мој другар/ка би бил таков, не би го оставила или понижувала и покрај тоа што цела таа работа ми е едноставно многу необична.
    И филм коа гледам, само коментирам, Леле како можат, но не види ги педеришта или некои навредливи зборови. И јас сум ете со предрасуди до некаде и тоа не заради општеството или па како што кажав поради ограничен хоризонт, туку ете едноставно од малечка ми било одбивно (уште ехее кога бев мала во еден спот од Агилера ги затварав очите) :)
    Како и да е, со самиов коментар ги осудувам на некој начин, но повторно ќе кажам, не сум во нив за да знам како се чувствуваат и како сето тоа изгледа од нивна гледна точка. Најдобро би било кога сето тоа не би постоело..
     
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Се зависи од ставот на родителот , за мене лично создавањето потомство е ултимативна цел на нашето постоење.
    Затоа би ме погодило ако моето дете е хомосексуалец , бидејки нема да ја доживее радоста да создаде свое семејство и да одгледува деца, во никој случај не мислам дека причините поради кои родителот го боли се од себични побуди , туку едноставно сакаат нивните деца да не бидат лишени од радоста која тие ја доживеале ...

    А ми падна во очи како едни тврдат дека хомосекцуалците биде добри, искрени, чесни а пак други дека се лоши и психопати ?
    Никој не е во право со оваа генерализација хомосексуалецот е само човек кој го привлекуваат луѓе од истиот пол ништо друго , значи може да биде и лош и добар неговата сексуална орентација воопшто не одредува каков човек е .
    И овие кои сакат да ги подржат со таквите придавања на особини(добри чесни ) само поради тоа што се хомосексуалци веднаш ги дискриминираат.
    Ценете ги луѓето според нивниот карактер и душа а не според тоа со кој легнуваат во кревет.
     
    На MajklMK и Lella им се допаѓа ова.
  9. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Ете точно заради вакви (одредени) коментари, луѓето имаат проблем како што гласи насловот на темата.

    Никогаш, ама никогаш не сум имала проблем со луѓе со поинаква сексуална ориентација. Значи дали ми е другарка и имала 10 мажи во кревет, или ми е другар кој уште немал односи со девојката или ми е братучед кој сака машки, или другарка која сака девојки, тоа бре НЕ МЕ ЗА-НИ-МА мене! Кој што сака нека прави, се додека е ок како човек спрема мене и спрема луѓето.

    И да ми е дете бе луѓе, аман! Па поише сакам да ми е среќно детето отколку да се крие и живее во страв од осуда или да живее со жена/маж што не го сака и животот да му помине во фарса дека е стреит, а во суштина да не е.

    Јас темава не сфатив дека е отворена за да си кажуваме мислења за нив, туку човек доколку е лично во таква ситуација како да се соочи.

    А соочувањето е тешко заради таквите кои осудуваат и душкаат под туѓиот килим!!!
     
    На MajklMK, kjukli и MaggieTatum им се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Во оваа средина, тоа соочување оди малку потешко.
    Немам ништо против, но имам против некои детали кои сум ги забележала на некои геј паради.

    1) Ако е некој геј, не мора да биде облечен како стрипер или порно ѕвезда од С&М филм. Ова не ми се допаѓа. Пред се`, затоа што не правиме муабет за некој настан во некој кафич, туку парада која се одвива надвор и може да ги видат сите.

    2) Пострашна работа. Ај геј бакнежи сфаќам, не ми пречат. Ама скоро голи да се драпаат, па дури и на една слика од таква парада тука некаде мислам дека на форумов ја видов, буквално имаше и орален секс надвор, на улица.

    Значи ги оправдувам, не ги дискриминирам, се` додека не станат дел од вакви невкусни провокации. Како ние другите да немаме секс, Бог да чува.

    И како тоа е парада на гордоста, ич не сфаќам.
    А и нема никаков ефект. Како сакаш по таков настан, некој да те гледа со исти очи како и сите луѓе.
    За да сите почнат да ги гледаат како еднакви и нормални, парадите треба да им бидат со таква тематика. Да покажат дека се исти како и сите луѓе.

    Сум имала професори, пријатели, соработмици, колеги со таква ориентација. Си се бореа за правата со тоа што покажуваа дека поседуваат исти потенцијали и способности како останатите, преку нивното однесување и преку нивната работа.
     
    На MajklMK и Valerin им се допаѓа ова.
  11. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    СЕ сложувам со мислењето над моето. Ете мене не ми смета кој што сака нека биде ама зошто бе мора да се драпаат на улица пред сите?

    Тука не, ама во странство забележав... Гледаш дечко и девојка си одат сред бел ден најнормално фатени за рака а лезбејките и педерите се драпаат ли се драпаат пред каса. Некој ке каже бараат права... Како? Со драпање насекаде во јавност ли? Па за некој да те чуе и да ги почитува твоите права треба прво да размилсиш дали е во ред да се лапаш пред каса во Кинг бургер пред 10 мали деца.

    Не ми смета да си педер ми смета твоето расфрлање со сексуалната ориентација насекаде. И како да не го гледам различно кога тој сам прави за така да го гледам. Личи бе брат на нормален човек, дома под јорган ти пак биди си педер кој ти брани.

    За посвојување деца, сум против од 1000 причини. Најголема е таа што прочитав негде дека многу голем дел од децата жртви на педофилија се од геј бракови .

    Мое дете да биде геј??? не знам не сум размислувала, ама мислам дека ако од мало го учам како и што треба нема да стигне до тоа.
     
    На Lella, Glasna, makedonkamak и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    96
    Одлична тема на која случајно налетав т.е намерно барав тема поврзана со оваа тематика конкретно со менување на полот а повод ми беше девојката т.е дечкото што беше вчера на канал 5. За да го направиш тоа навистина треба да имаш храброст и огромна желба затоа што тоа не е нималку лесен процес и бара мноу напор истрајнос и оромни маки додека дојдеш до посакуваната цел. И сето тоа би било ок но не ми е јасно колку тие луге понатаму ќе жиеат вистински во полот кој што го одбрале, или тоа ќе биде само фасада однадвор. Имено за што станува збор: Станува збор за тоа што незнам колку тој пенис и таа ваѓина што дополнително ќе им бидат оформени колу ќе функционираат, колку е можно тоа да биде барем приближно како вистински пенис/ваѓина. Знам дека ниту едниот ниту другиот неможат да бидат плодни но би сакала да знам дали уживањето е приближно како со вистински п.... и к..
    Е сега што се однесува до хомосексуалците и лезбејќите апсолутно немам ништо против дури и самата имам такво искуство во годините кога сите ние младите сакаме се да пробаме и на некој начин се бараме себеси,сакаме да експериментираме.Е сега некој спомна зошто се организираат тие паради. Да можеби се непотребни но едноставно тие луѓе сакаат да покажат дека се нормални луѓе како и сите и дека нема потреба останатите да се плашат од нив. Замислете колку случаи има на бркање од работа ако дознаат дека си хомосексуалец и да не идат избркани има отфрлање и вреѓање од колегите како да имаат шуга или недај боже сида, додека кај лезбејќите толеранцијата е поголема. Јас незнам зошто луѓето се плашат од овие луѓе, дали тоа значи дека сега мојот колега кој е хетеросексуалец ќе земе да ме е*е на сред канцеларија? Не, нормално дека нема да го направи тоа иако можеби сексуално го привлекувам.
    Значи исто е и со оваа категорија на луѓе тие можат да бидат и другари, и колеѓи и било што тие нема да ве силуваат ниту да ве нападнат. Честопати се наидува на осуда од околината и на луѓе кои не се ѓеј а се ете со по феминизирани движења или затоа што некој од злоба им залепил таква етиќета.
    Постарите и можам да ѓи разберам зошто се хомофобични но помладиве воопшто не ѓи разбирам. Да бидеш подготвен и недај боже да убиеш некого само затоа што е ѓеј т.е поразличен од тебе е во најмала рака лудост. Па дури еве и да речема да ти се удварал. Па мене ми се удвараат по неколку машки месечно и кој не ми се допаѓа го одбивам кој ми се допаѓа прифаќам да излезам со него и сега ако ми се пушти некоја девојка значи ли тоа дека треба да станам и да ја згазам? Нормално не, едноставно на културен начин ќе и кажеш дека не те привлекува истиот пол и готово.Мислам навистина им е тешко на овие луѓе и да си најдат партнер и притисокот да не ѓи дознае околината семејствот е огромен и трауматичен а да се сменат неверувам дека можат. Замислете некој сега вас да ви рече од денес ќи водите љубов со истиот пол, нормално дека нема да можете бидејќи не сте родени со таков код. Истото е и со нив тие неможат да доживеат возбуда со спротивен пол бидејќи тоа не ѓи привлекува односно возбудува.За крај да, ѓи разбирам овие луѓе треба да ѓи прифатиме такви какви што се и немора да парадираат можат и на поинаков начин да се изборат за своите права. П.С ова го пишувам подоцна од претходното а поводот е постот на трендафилка која вели дека сака внуци, сака да игра на свадба.... И сето тоа е така но како може да го смени човек своето дете? Да го ожени со сила само заради комшиите и родителите без разлика што тој нема да е среќен? Или да го лечи?
    Знам дека е тоа борба со ветрови кои дуваат во спротивна насока од вашето движење и знам дека е невозможно да тие луѓе живеат како пар, знам дека се осудени на самотија и криење целиот живот но нашите деца се наши деца без оглед даи околината ѓи нарекува хомосексуалци педери или можеби се инвалиди кои ете од здравствени причини нема да можат да се мажат и женат и да имаат деца, па зарем тие деца треба помалку да ѓи сакаме само затоа што не се исти како на комшијата? Секој човек има свои вредности и нетреба да гледаме што има комшијата туку нашето да го прифатиме такво какво што е. Можеби сакаме нашиот син да биде доктор но ако него тоа не го привлекува сето тоа е залудно, истото е и со лјубовта можеби ние сакаме нашиот син да сака девојќи и обратно но нашите и неговите интереси, желби и потреби не секогаш се на иста бранова должина.
     
    На MajklMK, MaggieTatum, Valerin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Знам дека темава не е соодветна, и малку ќе отидам оф-топик, но би била многу благодарна ако некоја од вас ми одговори на моето прашање.

    Значи, потребно ми е да знам дали постои стручен израз за луѓето кои се хетеросексуално ориентирани, а истовремено се привлечени и со лица кои имаат поинаква сексуална ориентација од нив.
    На пр. маж кој воглавно е сексуално привлечен од жени, воедно сака и лезбејки, а не само обични девојки.
    Како се нарекува тој? :?:


    Инаку, да се навратам на темата.
    Не сум воопшто конзервативна, и мразам луѓе кои имаат сфаќања од таков тип.
    Дискриминацијата и предрасудите кон овие луѓе страшно ми пречи. И иако немам поинаква сексуална ориентација, ако слушнам дека некој ѓи навредува тоа и мене лично ќе ме засегне.
    Значи либерална сум, ѓи почитувам човековите права, а во најмала рака и би се борела за нив кога би имала прилика.

    Конкретно, околу ЛГБТ центарот...Среќна сум што станува се поактуелен во последно време, а во него се зачленуваат тинејџери, што е показател дека младата популација напредува, сака да биде информирана, и врз основа на тие информации утре да стане двигател на промените кои треба да се случат во нашето општество.
    Сепак, мора од некаде да се почне, зарем не?
    Патем, еве сега во последно време се преземаат и поголеми иницијативи по тоа прашање.
    Се надевам дека поддржувачите ќе ѓи има во поголем број, па ќе нема консенквенции.
    Бидејки забележав препокувања по социјалните мрежи. Нешто од типот на формирање анти - геј парада со цел да се спречи движењето на lgbt луѓето.
     
    На MajklMK, MaggieTatum и eagle.eye им се допаѓа ова.
  14. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Кои се тие основни права на ЛГБТ заедницата? Сите права ги имате што ги имаат стрејт луѓето.

    Обично се жалите дека не ви даваат да склучувате бракови. Епа извини што луѓето на планетава само последниве неколку илјади години склучуваат брак меѓу различни полови со цел да имаат деца и формираат своите семејства. Вие не барате основни права, туку барате да биде сменет законот по ваше, а тоа не може, бидејќи сте малцинство, законот се носи врз база на потребите на мнозинството во општествата.

    Исто така, зошто ниските луѓе не парадираат да им бидат дадени специјални места во сите јавни простори, да бидат најнапред за да можат да гледаат? Или да бараат специјален дел за ниски луѓе во дискотека за да не се угушат. Ја ќе ти кажам зашто. Зашто можеби се ниски, ама не се снобови.

    Зошто пак високите луѓе не бараат сите автобуси да се направат повисоки или сите згради да имаат стандард, вратите да бидат минимум 2 и 30 високи, за да не се удираат?! Или да бараат сите театри, кино сали и амфитеатри да имаат поголеми столчиња за да може да седнат. Ја ќе ти кажам зашто не бараат. Зашто не се снобови.

    Зошто грдите луѓе не бараат 50% од нив да ги има во секоја реклама на ТВ? Или дебелите, исто така. Зашто не се снобови. Зошто јас како машко не барам на формуов да ми пишува на профилот „феминец“, а не „феминка“? Зашто ова е женски форум, не може ја да дојдам да барам нешто кое мене ми е мерак.

    ЛГБТ заедницата се однесува како терористи. Гледајќи какви одвратни буч-лезбејки има и какви набилдани геј момци има, само чекам кога ќе се организираат и да фатат да тепаат или не дај Боже да пукаат, ко 2001 терористите, кои дојдоа како гости во Македонија и бараа земјата да ја прилагодиме како нив им одговара. И еве сега гледаш кај живвеме. Западен Прекукурстан. :swear:
     
    На Lella, Cka, Sanjichka007 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    кој како си се осеќа во своја кожа така...и треба да го прифатиме каков што е :)

    не ми пречат воопшто па и тие се луѓе..не јадат ,не касаат ...само си го живеат животот како што им одговара и се доста храбри во нашава земја посебно доколку ги има а претпоставувам дека ги има (лезбејки,геј..би/асексуалци ..итн.....)...
     
    На eagle.eye му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eagle.eye

    eagle.eye Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    89
    ЛГБТ заедницата , во која и ја сум дел како геј маж првенствено не бара закон со кој ке се овозможи склучување на брак, во Македонија се бара само закон за анди-дискриминација, кој ке овозможи да неможе никој да те истера од работа поради тоа што си хомосексуалец, оваа го зборам оти знам такви случаи (работата ја земав за како пример ). Инаку законот за склучување на истополови бракови е многу голем чекор за волку конзервативно општество, а да истополови бракови се склучувале во антички Рим, Грција, Египет - само како мала информација ;)
     
    На MajklMK, Valerin и MaggieTatum им се допаѓа ова.
  17. BV87

    BV87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    81
    Само едно прашње две, чисто ако сака некој да ми разјасни или размена на мислења како сакате.
    Кога велите дека треба да ги прифатиме луѓето какви што се мислите само на ЛГБТ или и на педофилите, зоофилите,итн бидејќи и тие не го бираат тоа свесно, не го прават вољно него јбг ваљда некоја генетска грешка или па што ако и тие во блиска иднина ке им текне да бараат права и да парадираат, како на пример https://grid.mk/news/505284178/seksot-s ... rdi-zoofil (па кад је бал нек је маскембал).
    Уште едно нешто во врска со транссексуалците па нели ги охрабруваме луѓето да се прифатат какви што се епа ако си се родил како машко тогаш прифати го својот пол ( а не се прави женско со сила кога не си), а можеби на некој ќе му текне да биде пигвин па ке треба нова категорија да измилиме хуманозоотранс нешто :rofl: али се во контекс да се прифатиме какво што сме.
    А за ЛГБТ можеби е нормална појава ама едно сигурно не е, не е природно, не е биолошки, одиме против мајката природа, таа се мачела да створи двополови суштества сега ние ке менуваме епа стварно не ми е јасно
    Сега да не ме сфатите погрешно не велам да ги палиме ЛГБТ луѓето, ниту сум против ниту за едноставно не ги разбирам ама доколку не нанесуваат зло некому нека си ја тераат работата ама парадирањето е смешно. А во врска со истополовите бракови : danas se bre niko vise ne vencava osven pederi i lezbejke :D :D :D што ќе бараат право на брак, кога бракот е институција во изумирање!?
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    ^ има разлика помеѓу хомосексуалност и педофилија. И педофилите и хомосексуалците го прават тоа бидејќи така осеќаат, ама пази сега - заради тој педофил страда некое дете, кое што ќе има трауми цел живот ни криво ни должно. А хомосексуалците не прават лошо на никој, не присилуваат некој стрејт на секс. Така да ваквите споредби ми се апсурдни! А во врска со трансексуалците - еве пример ќе ја земам Фифи :) значи да, можеби е родена како машко, но таа не се осеќа така. И уствари она се ПРИФАТИЛА себе си, бидејќи би било чисто фолирање да изиграва машко ;) ете мои одговори и мислења на постот над мене
     
    На MajklMK, GreenEyedGirl и MaggieTatum им се допаѓа ова.
  19. Velvet

    Velvet Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    Се прифаќам освен посвојување на дете. Колку трауми ќе има низ животот кога сите негови другарчиња ќе имаат мајка и татко само тој со два истополни родитела, ќе има притисок од околината, ќе си создаде некое мислење дека тоа е нормално а сето друго не е. Да, прифаќам брак, прифаќам врска и дури јавно да се забележат бидејќи ниту на некому пречи, ниту тие може да се променат исто како што не можат тие што се стрејт одеднаш со сила да се би или хомо.
     
  20. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Одење со некој од љубов да,но од чепост не мое мислење.