1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соочување со сопствената секусална ориентација_Coming Out

Дискусија во 'Психологија' започната од LGBT, 20 јули 2011.

  1. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Сори другарче, не сум го видел одговоров, па малце покасно одговарам.

    Рим, Грција, Египет... се мало парче од историјата на човештвото, кое преживеало благодарение на стрејт браковите. ;) Плус, не ни напишав дека не треба да ви бидат дозволени, туку дека човештвото секогаш бракот го разбирало како заедница меѓу маж и жена. А ако сакаш да се расфрламе со факти, тогаш те молам изгуглај, колку векови геј бракот во модерните општества бил научна фантастика и хомосексуалците биле палени на клада и исто така, обиди се да изгуглаш колку племиња и архаични општества практикувале геј бракови на исто ниво или барем приближно колку и стрејт браковите.

    Исто така, не сте дискриминирани по некоја основа по која и други не страдаат, како не разбираш? Работодавецот може да те избрка од работа ако си геј, ама исто така ќе те избрка и ако дознае дека имаш наркоманско минато или сегашност надвор од работното време, ако си бил во затвор, ако си тетовиран, ако си претерано религиозен и уште еден куп глупости кои според одреден стереотип, ќе те направат неподобен. Тоа е нешто кое останатиот свет го научил додека бил дете, па во маало јадел ќутек кога не е на исто рамниште со останатите. Помал си? Го јадеш. Превисок си? Надимак ти е стап. Предебел си? Цел живот си Буцо. Те облакаат од дома убаво? У школо си педерче. Увек имаш нова облека? У школо си разгалено копиле. Тоа е светот, таков, немилосрден. ;(

    Сакате да го смените, oh that`be lovely. Ама ако го мењате, мењајте го за сите, бидете тимски играчи, а не себични „педерчиња“ кои си ги бараат само своите права. :!:
     
    На faye, Lella, anina и 8 други им се допаѓа ова.
  2. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Ама баш ич не ми сметаат. Ете имам ќерка и ако еден ден ми каже дека е лезбејка ќе ја прифатам со цело срце. Се додека е таа среќна, и јас сум среќна. Секако дека сакам внуци и се со ред, ама што ќе ми се внуци ако се родени во лага и ако таа живее лажен живот. Сите имаме еден живот и право на љубов, кој каде си ја наоѓа е негова работа. Се додека не повредуваш некој, никој нема право да ти суди, дали легнуваш до маж или жена. За склопување на заедница ги подржувам макисимално од причини дека делат имоти,права и сл. Се случува ако едниот партнер е во болница, другиот да неможе да го види од причини дека не се во никаков однос, а тие живееле заедно 20 години. (прост пример). Исто и со имотот кој го стекнале заедно, а едниот ќе почине. Дај бре луге пуштето тоа срце и тие предрасуди. Животот е премногу краток да мразиме нешто само затоа што не го разбираме или е поразлично од нашето. ;)
     
    На MajklMK, kjukli, Valerin и 9 други им се допаѓа ова.
  3. unamiedelabc

    unamiedelabc Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Не знајте јас колку се плашев порано за тоа што се имам бакнато со девојки и ми се допаѓаат(а исто така и машки), ама откако прочитав тука дека има и луѓе што ги подржуваат геј, би и транс луѓето, не сум повеќе толку уплашена. Се надевам дека ако се заљубам во девојка ќе бидам прифатена(знам дека во МК тоа е како барање утопија али ај..). И мене искрено не ми пречи. А и зошто би ми пречеле геј луѓето, едноставно си сакаат припадници од својот пол(или би луѓето како мене што ги сакаат и двата) и никој не повредуваат со тоа.
     
    На MajklMK и eagle.eye им се допаѓа ова.
  4. eagle.eye

    eagle.eye Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    89
    НЕ мисли дека не ги знам историските факти, и што се се случувало за време на инквизиција особено, па и понатаму во историјата на човештвотопа се до 28 Јуни 1969 година кога огромна група на геј мажи и жени се побуниле на апсење од страна на полицијата во STONEWALL Inn (геј бар во Њујорк), да не зборувам за протестите понатаму. Инаку да имам доволна моќ и можност јас би се борел за правата на сите без разлика на која и да се припадност..
     
    На MajklMK му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Многу ствари би требало да се мењаат од корен во оваа наша Вукоје*ина. Се прашувам, каде ли би бил крајот на списокот ако се почне. Дека се маргинализирани лгбт луѓето е очигледно, чим без асполутно никаков разлог сe физички напаѓани од луѓе кои не ја знаат причината за нападот, ниту која е целта заради која го сториле тоа. Дефакто менталитетот ни е сје*ан до срж, и да, голем дел од вас имате уддел во тоа колку год негирате. Искрено, она што мене ми пречи е типизирањето, пресликувањето на старите нефункционални модели кои демек би требало да ги претставуваат моралните принципи градени со години под ова наше традиционално поднебје, без истите да бидат сфатени. Ми пречи што тој истиот збир - шут од лицемери, кои проповедаат лекции за етика и морал не вагаат вредности, или у најлош случај тие самите си лечат комплекси зошто зад себе имаат гомило прљав веш кој не знаат каде да го напикаат. Во овој состав најчесто влагаат класичните алапачи кои при првата прилика у некој локален кафич со сласт би изоговарале некоја просечна девојка ради изглед, ама затоа гласот ќе го изгубат на трибините кога треба да се зборува против абортусот, дисфункционалните семејства или како геј бракот е неприфатлива солуција, и придонесува за стагнација на наталитетот. Така да, мое мислење е се` додека ние имаме склоност да бараме фалинка во теглата ајвар на комшијата Тасе, наместо да се снабдиме со продукти за да направиме сопствена зимница, секоја пора во нас ќе се гуши во квази - реалноста на која сами сме сопствени креатори.
    Колку ли само предрасуди од типот ''Облекувај се плаво пошто розе боја може да го пробуди педерлукот у тебе'' имам чуено на прсти не се брои. Ова до некој степен значи и дека обидите за промена се сведени на апсурд. Доказ за тоа мислам дека се овие десет години уназад, низ кои колку и да се зборува јавно, ништо не се презима за да се едуцираат младите, за ова и брдо други сериозни проблеми кои сега не би ги наведувала. Едино ме радува што геј луѓето кои беа closet case (а ги има поприлично многу), пред некој извесен период, конечно почнаа јавно да говорат за потребата на слобода и интеграција во општеството.
     
    Последна измена: 27 ноември 2014
    На MajklMK и jovanovska94 им се допаѓа ова.
  6. eagle.eye

    eagle.eye Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    89
    Еј со каква ЛОГИКА ставаш ЛГБТ - луѓе со педофили и зоофили. Да ти разјаснам неколку работи, а ке почнеме со корени на зборови ХомоСексуалност што значи хомо - ист , сексуалност - секс, привченост, од тука доаѓа и привлечен од ист пол, така? Сега ЗооФилија - зоо од животни и филиа болет, што значи дека лице зоофил е сексуални привлечено од животни и ПедоФилија - Педо - од дете /помал од некој/ и филија болест, што значи дека лице педофил има сексуална привлечност кон деца.
    Хомосексуалците не се БОЛНИ, не одат против МАЈКА ПРИРОДА ( и не ми е јасно како се повикуваш на неа, оти сум 100000000% сигурен дека подобро ја разбирам од тебе) само затоа што хомосексуалност е докажана кај многу животински видови и за твоја инф. најраширена е кај Штрковите (можеби си прочитала за пар штркови у хрватска, ако не си побарај по нет ке најдеш).
    Велиш дека не си против, ТОГАШ ЗОШТО ПАРАДИРАЊЕТО ТИ Е СМЕСШНО, и дали знаеш зошто ПЕДЕРИТЕ ПАРАДИРААТ??
    Курот и пичката не те прават да си машко или женско, тоа е полова карактеристика, Да си машко или женско е родово прашање, Трансексуалците немаат полова и родова совпаднатост.
    И зошто јас како геј (ПЕДЕР, да ме разбереш не за друго), кој како и секој човек на оваа планета да не ги уживам сите права,??
     
    На MajklMK, toogood, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Бесполезно е да објаснуваш на луѓе кои само лупетаат ствари онака безвезе без притоа да земат и прочитаат нешто како за промена. Бидејќи кога би прочитале и макар погледнале последните студии спроведени во повеќе институти низ светов не би изглегле со вакви заклучоци. И не, не треба да очекуваш разбирање од човек кој става зоофилија и хомосексуалност во ист кош.
     
    На toogood и eagle.eye им се допаѓа ова.
  8. eagle.eye

    eagle.eye Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    89
    Ама Валерин знаеш најитересната работа кај ХОМОФОБИЦИТЕ е тоа што тие се латентни хомосексуалци кој себе си поради милион глупи причини не-можат да си се прифатат. И со тек на време поради себе не-прифаќање им се јавува љубомора и мржња кон оние кој си го живеат животот како што сакаат.
     
    На Lolo5, MajklMK и Valerin им се допаѓа ова.
  9. teateevska

    teateevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2014
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Оххх...се изначитав ,изначитав глупости..Како некој да се изјасни дека е геј кога вие пред да го запознаете човекок му сутиде- НЕПРАВДА.
    ЈАс лично не сум лезбејка ама ги подржувам сите геј луѓе и секогаш кога ке почнам да зборувам во друшѓтво на таа тема секогаш сите ме напаѓаат ама тоа е. И некогаш кога би имала можност радо би си започнала врска со девојка. Сите сме луѓе од крв,месо и коски не ја гледам разликата.
     
    На MajklMK, toogood и eagle.eye им се допаѓа ова.
  10. eagle.eye

    eagle.eye Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    89
    Не плаши се биди си тоа што си, застани гордо и речи си ДА БИСЕКСУАЛКА СУМ.в Знам дека бисекс мажите и жените се нај дискриминирани и не сватени, знам дека е тешко, но со тек на време ке запознаеш луѓе кој ке се со тебе без разлика на твојата сексуална припадност.
    Дечко ми е би-секс, и знам како ти е ( секако од негова перспектива ги знам проблемите)...
     
    На Lolo5 и MajklMK им се допаѓа ова.
  11. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Сеуште Македонското општество, како дел од Балканските - е далеку од прифаќање на особите со поинакви сексуални склоности. Прерано е за тоа, можеби во иднина ќе биде и тоа. Но денес е илузорно да се очекува такво нешто имајќи во предвид дека се работи за малограѓанска средина која не може да научи да толерира различност, средината сеуште бара тотално вклопување во наметнатите стереотипи за да се добие почит од истата.

    Од друга страна пак и самите лица со поинакви сексуални склоности си прават мечкина услуга со своите егзибиционистички настапи во јавност со што само ја иритираат јавноста од која што очекуваат толеранција.
    Можеби и се идентификуваат со својата сексуалност, како што некои се идентификуваат себеси преку националност, раса или религија и им се чини дека со тоа добиваат на значење.

    Ако некогаш се донесат закони за бракови, бисексуалните особи би биле привилегирани во однос на другите бидејќи истовремено ќе можат да бидат во брак и со маж и со жена :)
     
  12. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Кој сака нека се соочува, јас ниту прифаќам обратно орјентирани ниту имам намера да ги сметам за некои “посебни луѓе кои си ги бараат своите права“
    Јас па божем немам некои барања па што.
    Што сакат нека си прават по дома ич не ми е гајле ама по улици и јавно баш не ми е пријатно за гледање двајца фраери или две девојки да се лапаат и све по ред.
    И не е тоа дека живееме на Балканот па сме заостанати што не ги прифаќаме овие посебните. Едноставно не е во ред да се прифатени каде било, мислам за двајца да си бркаат работа во ред е, само она што сакаат да посвојуваат деца е најстрашното.
     
    На be.positive и Dvolicen им се допаѓа ова.
  13. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    13.421
    Како тоа?
     
  14. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Па нели бисексуалец = лице кое има сексуална склоност кон обата пола. Тоа би значело дека би имале право да се во брак и со маж и со жена, бидејќи во спротивно би биле дискриминирани?
     
  15. be.positive

    be.positive Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    ПРОТИВ! Не судам на никој, но сум целосно против! Што сакаат нека прават зад затворени врати, но во јавност никако не сакам ненормалното да станува нормално! Како децата кои се пораснати во ненормални заедници можат да бидат нормални? Да, кажувам ненормални од прво и основно правило - ако сите мислат дека тоа е нормално би престанало човештвото! Не сум огорчена, ниту љубоморна, ниту филозофиите што ги прочитав погоре, само сум против. Сепак секој си има право и избор да си го живее животот како сака. Поздрав.
     
    На Bokchee му/ѝ се допаѓа ова.
  16. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    13.421
    Не можеш да стапиш во брак ако претходниот не ти е разведен - без разлика дали со маж или жена па дури ако препоставиме дека тоа би било дозволено.
     
    На Night Rider му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Може ќе мислиш дека те малтретирам, па однапред се извинувам за тоа, ама...

    Филозофски ако го разгледаш сето тоа, нема никаква разлика меѓу хомосексуалци, зоофили, некрофили, педофили, карнофили, дендрофили, геронтофили, негрофили, нудофили, парафили, порнофили, урофили... освен името.
    Знаеш зошто велам нема разлика, зашто хомосексуалците имаат желба и потреба да имаат секс со лица од ист пол, но тоа не е во никоја точка различно од еден обичен зоофил, кој има желба и потреба да има секс со животно.

    Еве, на пример, да речеме дека јас сум зоофил. Да имам секс со животни, никако не се совпаѓа со првото и основно правило на сè што е живо на планетата и во универзумот, да се размножува и да ја продолжи низата на својот животински вид. Но, ако човек сака да има секс со истиот пол, таа потреба исто така не доаѓа од првото правило, туку е желба и потреба на поединецот.
    Сега ти кажи ми, зошто едното е во ред, а другото е болест? Не велам дека хомосексуалноста е болест, но зошто зоофилијата да се смета за болест? :^)

    Според мене, секоја желба и потреба на поединецот е исправна, доколку таа желба и потреба не ги ограничува желбите и потребите на останатите. Така, ако колењето свињи за јадење е легално, не знам зошто сексот со свињи би бил нелегален и неисправен. Но, во простор каде никој нема да те види, бидејќи може да ги ограничи желбите и потребите на другите. :!:
    Секако, педофилијата од старт не смее да биде дозволена, зашто е практично силување, односно ограничување на желбата и потребата на детето кое не може да носи разумни одлуки со своја глава.

    Инаку, за оние кои не знаат, според законот не е дозволено љубакање, фаќање, за секс муабет да не праиме на јавни места. Ова важи за хетеросексуални парови. Истото, секако важи и за хомосексуални. Според тоа, парада на која луѓе се лижат со јазици и тоа минувачите можат да го видат, е незаконско, simple as that.

    И, Валерин, сериозно им веруваш на „последните студии“ и работи напишани на интернет на темава? 8-| Зашто геј лобито во светот во моментов е тоооолку големо, што пари за „научни студии“ има колку сакаш и луѓе пишуваат сешто на темата само да одговара со каузата. Веќе видено за мал милион теми во последниот век.
     
    На anina и Joi им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.595
    Добро Игл, јас не ги сфаќам хомосексуалците и сметам дека не треба да имаат закон поради кој ке легачат на работа само заради тоа што имаат секс со некој од ист пол, и нема да можат да бидат избркани од работа. Ептен педерски. Не може заради сексот да биде привилигиран на работно место.

    И според тебе, јас сум лезбејка која не може да се прифати, поради моево мислење? Не другар, мене ми треба маж за да ме возбуди, не цицка. И оваа ваша реченица дека сите што ги мразат педерите се педери, ви е наметната од Американ бјути, и сите сте убедни во тоа. Јас не сум лезбејка, мене може само маж да ме возбуди, и во никој случај не прифаќам дека заради тоа што не ги сфаќам хомоескуслаците, да бидам наречена лезбејка со омраза во душата и страв да се открие.

    Јас сум само против привилегии заради начинот на сексање. Со кој и како се дупи секој, не треба да биде во закон и да добива проволегии на работно место.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eagle.eye

    eagle.eye Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    89
    „1. Знаеш зошто велам нема разлика, зашто хомосексуалците имаат желба и потреба да имаат секс со лица од ист пол, но тоа не е во никоја точка различно од еден обичен зоофил, кој има желба и потреба да има секс со животно. 2. Според мене, секоја желба и потреба на поединецот е исправна, доколку таа желба и потреба не ги ограничува желбите и потребите на останатите. Така, ако колењето свињи за јадење е легално, не знам зошто сексот со свињи би бил нелегален и неисправен. “ - Има разлика и тоа огромна, оти зоофилот ја ограничува вољата на животното, кое е не-свесно битие, кое реагира врз база на својте инстинкти. Хомосексуалците се свесни за својте потреби и желби и ги исполнуваат со друго лице кое исто така свесно влегува во тој акт, така да не можеш да ми правиш компарација, и колку подлабоко филозовски да гледам, од етичка страна геј сексот е етички акт на една индивидуа, а зоофилијата не е етички акт.
    Колењето животни за мене не е легално, оти никој не заслужува да умре, кој сум јас да решавам дали свињата треба да се заколе, таа е живо битие исто како мене. Да имавме ние луѓето природни карактеристики на предатори, ке имавме огромни канџи, остри заби, немаше да имаме потни жлезди, дигестивниот тракт не би ни бил 3 пати поголем од телото (таков е на хербиворите).
    „3. Секако, педофилијата од старт не смее да биде дозволена, зашто е практично силување, односно ограничување на желбата и потребата на детето кое не може да носи разумни одлуки со своја глава“ - па ако актот на педофилија е силување каков е актот на зоофилија?? НОРМАЛЕН СЕКС??
    Една од понови студии..
    http://www.idividi.com.mk/futurama/nauka/778315/


    Не е прашање заради сексот, ЛГБТ лицата бараат закон за анти-дискриминација, познавам геј мажи кој ја изгубиле својата работа поради тоа што се геј, имам на своја кожа осетено дискриминација у школо од професори поради тоа што сум геј и не само заради тоа. Теоријата за хомофобија не е поставена од страна на Американ Бјути туку од еден психоаналитичар не ми текнува сеа, ке побарам и ке пишам во нов коментар. Ти велиш дека „НЕ ГИ СВАЌАШ“ геј луѓето, ја убаво реков ХОМОФОБИЈАТА /збориме за екстремна/ се јавува кај оние кој СЕБЕ НЕ СИ СЕ ПРИФАЌААТ КАКО ГЕЈ, итн. да не се повторувам..
     
    На Lolo5 и Valerin им се допаѓа ова.
  20. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Во тој случај бисексуалците би биле дискриминирани од аспект да не можат да бидат истовремено во брак и со маж и со жена бидејќи се едновремено привлечени и од двата пола, но би биле и привилегирани да можат да се разведат од маж и да се венчаат со жена and vice versa :)