Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соочување со сопствената секусална ориентација_Coming Out

Дискусија во 'Психологија' започната од LGBT, 20 јули 2011.

  1. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    @presiosaP не сум видела некој геј да прави проблеми, да врши терористички напади, да се заканува на тебе и твоето семејство. Тие единствено се залагаат за љубов. Дозвола за љубов не треба, ама признавање на истита.

    Зло е хомофобијата, како и расизмот и национализмот.

    Ќе се сметаш ли за добар родител ако го воспиташ твоето дете да биде хомофоб и да малтретира еден ден други луѓе ради твојата површност?
     
    На MajklMK, kjukli и anel им се допаѓа ова.
  2. A.n.g.e.l.a.V

    A.n.g.e.l.a.V Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    Подобро би било децата да си ѓи учиш да ѓи почитуваат луѓето без разлика каква им е сексуалната орентација, верата, колтурата.. Сигурно нема да успееш да го поправиш светот ако ги учиш своите деца да ѓи презираат различните од себе. А и што не сакаш тоа ти дава бог, можеби твоето ќе биде геј, само поради таквото твое учење за правилниот пат нема да може да се пронајде самото, и да добие подршка каква секое дете заслужува од родителите..
     
  3. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    еве сите ке си најдеме по некој од нашиот пол и готово др немам што да кажам....реков да спречиме вакви работи да не дојде до полошо.....па сигурно може да стане и моеото дете ако е опкружено со вакви личности нели? мојот став е да ен се подржуваат вакви работи ......како сакате сватете ме...
     
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    @presiosaP посвојувањето е долг и мачен процес и не секој може да посвои дете, не знам зошто на сите им се чини дека посвојувањето е плукни залепи работа.

    Не може сите да почнеме да се заљубуваме во истиот пол, тоа како што напишав и предходно не е одлука, никој не станал наутро и си помислил денес е добар ден да бидам геј. Тие се родени така исто како што јас сум родена со предизпозиција да бидам привлечена кон спротивниот пол, ни моето ни нивното е наметнато, одлука или свесен избор, тоа е едноставно така и ништо не може да ги смени, превоспита итн.

    А како предлагаш да се спречи ова појава, да се правиме како да не постојат, да почнеме да ги затвараме, да ги праќаме во геј кампови за превоспитување........како?????
     
    На MajklMK, Valerin, Marossa и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.002
    Допаѓања:
    10.329
    Да не одиме во друга пак крајност, не значи ако некој е геј дека е безгрешен. Дали некој е злобен или не, терорист или пацифист не зависи од сексуална ориентација.

    За се друго се сложувам во целост.
     
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    @Giovanna целта ми беше да докажам дека тие не се залагаат за ништо лошо, нешто кое би било сериозна закана на светот туку за легален брак, па затоа не треба да ги хејтаме.

    За личноста на геј човек воопшто и не зборувам, нема потреба.
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Оу мај гад колку неинформираност! Геј не се станува ако ти тртне, геј да бидеш е генетско нарушување, едноставно таква е природата на единката. Ова по биологија во 9то се учи, жално е со вакви како тебе, реално кажано. Грев е да вршиш притисок врз некој и да го убедуваш да не биде себе.
     
    На crimson и P.S.love им се допаѓа ова.
  8. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Сакаш да кажеш дека ако твоето е опкружено со вакви личности дека и тоа ќе стане таково?Сериозно? :o
     
  9. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    ..лелелел бреее колку грешка свакате ...епа ако се наогате во околина каде мнозинството е пример такво сигурно ке сакаш и ти да пробаш....
     
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.418
    Допаѓања:
    287.260
    Хомосексуалците не лижат лижалчиња па онака од радозналост и ние да пробаме :tmi:
     
    На P.S.love и Marossa им се допаѓа ова.
  11. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Да бе,ќе сакам.Мислиш сладолед работава.
    Јас имам другар хомосексуалец,како другарите му се стрејт,хм? Или мислиш и они „пробале“,па не им се допаднало,па си рекле ај стрејт ќе бидам?
    Само да се кажело нешто.
     
  12. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Ако ти сакаш машки и 250 другарки кои се лезбејки да имаш нема да го сменат тоа...
     
    На MajklMK, littleflower и P.S.love им се допаѓа ова.
  13. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    немам намера да се расправам ид а убедувам никој ,,,си кажав што мислам а вие напнавте како што некои од вас ги подржува јас не подржувам ,,толку ај чаоо
     
  14. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Ама тоа е добар аргумент. :) Јас имам потреба работите да ги гледам двострано и многу длабоко и да ги извлечам сите аргументи кои двете страни имаат да ги понудат, а овој аргумент кој вели дека за репродукција на човекот се потребни два полови и патот на природата од почетокот бил таков, е непобитен факт и не може никој да рече дека поклониците на антигеј размислувањето со тоа не се во право.

    Од другата страна, геј friendly популацијата вели, сите имаме различности и тие треба да се прифатат и тоа исто така е непобитен факт, зашто сме 2015 година и би требало да сме еволуирале до одреден стадиум за да сфатиме дека не треба да се убиваме меѓусебно. И тука е крајот на дискусијата, ако реално глеаме.

    Но не, луѓето имаат потреба да ги зацементираат своите ставови и да одат во крајности, па едните ќе се повикуваат на Бог и на Дарвин истовремено, а другите на Далај Лама и што ти ја знам кој и ќе се етикетираат едни со други за неинтелигентни, снобови, некултурни, луди, глупави и слично... сето тоа е резултат на ниското ниво на интелигенција, зашто само неинтелигентните луѓе заземаат цврсти ставови за вакви битни општествени теми и гледаат со омраза кон соговорникот. Во светот не, но кај нас политиката е одличен пример за увидување на оваа состојба, па имаме два табори на „затуцани“ и „просветелни“ и кога ќе седнат на маса, овие два типа на луѓе не можат меѓу себе да комуницираат. На Фејсбук имам десетици такви кои напишаа „ако сте од таа партија, избришете ме од пријатели“, но таа идеја сигурно не ја добиле откако добро размислиле зошто треба да бидат избришани од пријатели, туку ја добиле од брзата, блицкриг медиумска кампања на оние ним блиските.

    Овие два цитати ги ставам заедно бидејќи имаат заедничи „именител“. :)
    Вистина е дека обичниот човек тешко се носи со она кое вообичаено не го гледа во склоп на своето „племе“. Но, мора да се разбере дека тоа е нормално однесување и размислување, зашто луѓето се плашат и се одбивни кон она кое не им е блиско.

    Луѓето се социјални суштества и имаат потреба да се идентификуваат со околината и општеството. Дури, родителите да се „Konchita-like“ ако сакаат нивното дете да биде прифатено од другите деца во градинка и училиште, мораат да се потрудат тоа да ги задоволи основните стандарди. Не може да го воспитаат како наркоманче, како металче, како убијче, како жена со брада, мораат да го воспитаат во духот на тој мини универзум во кој тоа дете расте доколку сакаат да има убаво детство.

    Затоа, никој не може да им спори на оние родители кои бараат од околината да не ги изразува отворено своите лични емоции и желби бидејќи во ред е Кончита како возрасна личност да биде сè она што сака во своето слободно време, но кога тоа е јавно и на телевизија, тогаш дали е исто така во ред кога Мајли Сајрус се појавува гола, кога момците од Џекес си ги лижат анусите во живо и кога Снуп Дог пуши трава во терминот за цртани? Можеби ќе речете дека е сето тоа во ред, но за барем едно од овие ќе помислите „уф, па и не баш“, и јас ќе ве прашам, зошто Кончита со својот мерак е океј, а другите не се океј?
    Граница мора да има, каде ќе ја поставиме таа граница, тоа е на нас како општество да се договориме. :handshake:

    Поентата на сето ова кое го изнапишав е дека само зашто сме контра стереотипите на оние кои ги сметаме за прости, не нè прави нас многу паметни, туку нè прави само приврзаници на една друга, модерна струја на размислување, на моден тек во сфаќањата на нештата. Првите биле некогаш научени „така“, вторите сега се учат „вака“. По смена на некоја генерација, некои трети тогаш, ќе учат „онака“. :!:
     
    Последна измена: 27 мај 2015
    На MajklMK, SexiLy и Adina им се допаѓа ова.
  15. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Папи, и ти имаш мала грешка. Се надевам нема да се налутиш, но мора да те корегирам.
    Да се биде геј воопшто не е генетско нарушување како што ве учат по учебниците по биологија. Туку е генетска предиспозиција со која личноста во текот на својот живот постепено се спознава. Најчесто, за истата станува свесна во периодот додека не стане сосем свесна за својот полов идентитет. Таа примедба е најистакната во раната адолесцентна фаза.
     
    На MajklMK, crimson, Papillon.Papi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.002
    Допаѓања:
    10.329
    @Captain-Omni извини, малку те подзаборавив дека си ми реплицирал.

    Мене тоа не ми е релевантен аргумент искрено. Не верувам дека човечката раса би стигнала до таму да нема кој да го продолжи родот. А и во случај да биде така, тогаш и тоа би било природен процес.
    На крај краева и геј паровите не се луѓе без родителски инстикт, туку само имаат поинаква желба за љубов и животен сопатник. Човештвото е премногу далеку стигнато за да ова преставува закана за опстанок. Пре многу други работи би не убиле од алчноста за моќ и превласт, него ли што би стигнале до тоа ниво да нема кој да раѓа деца.

    И не ми е во ред што ги споредуваш тука хомосексуалците со лижењето шупаци на Џекес и пушењето трева на Снуп Дог. Мислам човече јас овде зборувам за љубов како најчистата емоција што постои на светов, ти зборуваш за нечие правење хир и постапки што се најчесто изведени тенденциозно за да создадат медиумска прашина и да привлечат гледачи,а со тоа многу спонзори и материјални придобивки. Па ако толку светот се идентификуваше само со оние работи што се слични на нему немаше да имаат овие работи толкава гледаност, ќе беа игнорирани и по извесно време немаше ни да постојат.
    Мене тие работи не ме восхитуваат и не им придавам многу значење. Кога ќе ги видам на тв или некаде низ нетов, само превртувам малку очи и си продолжувам понатаму. Но јас се сметам себе си за изградена личност и мене никако не може да ми влијаат на моите понатамошни размислувања. И не ми пречи да си постојат, го сметам и тоа за нормално и го сфаќам само како желба за внимание од околината, само одбирам да не ги хранам и со тоа да го поддржувам тоа внимание што им се дава.
    Децата навистина се како сунѓери, но со труд и посветеност од родителите сепак можат да станат луѓе на место. Никој од нас не растел во совршено општество каде што цветале рози и само убавини сме сведочеле. Можеби немало толку голем медиумски замав, но постојано сме биле на улици меѓу народ и сме гледале како е In real life. Сме гледале и пијаници и педофили и тепачи и секакви видови на насилници, се пушело трева на метро од нас, па не сме се претопиле во нив и не сме ги гледале како идоли. Јас барем имам растено во населба каде што сум видела ама буквало баш се. Каде што најголемите фраери и фраерки во генерација се ебаваа уште во 5-то одделение со дечковците, каде што хорсаши слободно си шетаа и седеа по маалските клупи со одврзани раце да перат мозок на млади луѓе.
    Не можеш вечно да бидеш во стаклено ѕвоно и да го гледаш светот со розеви наочари и шарени цвеќенца. Но ако има кој да ти стави столбови и да те крене на нозе ќе почнеш eventually и да си бидеш креатор на сопственото мислење. А за да го имаш тоа и за да биде издржано треба да бидеш свесен за работите околу тебе, а не еднострано да ги перерцепираш.

    Кончита кога веќе ја/го спомнуваш искрено ќе речам дека засега не го разбирам тоа однесување. Разбирам дека има луѓе што се заробени во сопственото тело и дека длабоко во себе се идентификуваат со другиот пол наместо тој што го гледаат меѓу нозе и во лице, но не разбирам зошто треба да се остане на сред пат и да се биде женско со тенко струкче и високи потпетици, а од друга страна да се има таква силна машка брада. Можеби во иднина некој ќе ми даде и доволно аргументи и тоа да го сфатам, за сега мислам вака. Но и покрај се, Кончита не наштетува некому со своето однесување и не мислам дека треба да се банира од светот и медиумскиот простор, а јас на моето дете имам што да му кажам и како да му го објаснам тоа.

    За крај само уште и ќе додадам кога сме кај идентификувањето со ококлината дека јас не се идентификувам со луѓето по физички изглед. Ако беше така тогаш ќе требаше и мажи со жени да не се прифаќаме. Тоа во најмала рака ми е толку површно и толку безвезно кога ќе се земе во предвид дека човекот е многу повеќе. Јас се идентификувам со оние што ги гледам дека се слични на мене и со оние кај кои гледам некоја карактеристика што јас сакам да ја поседувам, но не физички, затоа што немам апсолутно никаква корист од тоа, туку емоционално и како човек кој дели сличен светоглед и емоција.

    Можеби сега повторно ќе ме сместиш во некоја група на пацифисти, пропагатори за мир во светот, но јас и повторно и покрај тоа ќе продолжам да го поддржувам тоа и да го прифаќам онака несовршено како што е. И се уште ќе стојам на одлуката дека хомосексуалноста си е нечива лична определба за бирање поинаква љубов која никому не штети и не може да се пренесе и да зарази некој кој нема такви предиспозиции па макар и под нос му биле цело време.
    Не може бре да ми пречи љубов на две особи што свесно решиле да бидат дел од тоа, не ми е поимливо, немам доволно јака причина зошто. Не разбирам како мене тоа ме загрозува и зошто из чиста мира треба да им го оспорувам тоа. Зошто ми се може, зошто сум мнозинство, з‘ш така требиТ?
     
    Последна измена: 30 мај 2015
    На MajklMK, crimson, Abrakadabra и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Драга @Giovanna сосема е во ред твоето размислување да го задржиш како твое и да сметаш дека е исправно. Всушност и е исправно ако се подели на парчиња и се анализира став по став, но во целина и поврзано со темата Кончита/деца/медиумски простор, имаш многу неусогласености и контрадикторности.

    Нема да те цитирам поединечно зашто многу голем пост ќе излезе, само на кратко ќе се обидам да ти укажам на моето „стојалиште“, на моето размислување.

    Секој човек е ѕвезда, вели една секташка религија. Без разлика на тоа што е секта, во право е. Секој човек има свест, разум, желби и потреби и сосема е во ред да ги чувствува, колку и freaked out тие да се за обичниот просечен човек. И до тука сигурен сум дека ќе се сложиме, но...
    Ако обичниот човек за наши услови е просечен тип што се вика Никола, православен христијанин е, кој плаче на погреби и се опива на свадби, тогаш и неговите деца ќе одат по истите стапки и тоа се вика продолжување на традицијата. Секако, многу ограничувам, но да не се расплинувам за доброто на поентата. Еден просечен Никола, длабоко во себе, неискажано пред општеството ќе има потиснато геј чувства. Можеби нема да бидат геј чувства, ќе биде садизам. Или мазохизам. Можеби ќе има жестока потреба од безобразие, пцуење, колнење... Ќе биде фашист или расист, ќе биде зоофил или некрофил. Недајбоже педофил. Ќе го чувствува тоа внатре и ќе знае дека не чини, ама не може да го каже на еден просечен Македонец, зашто не е во ред според општествените норми и правила. Како што не е во ред да се облекува во алиштата на мајка му и да не се бричи истовремено.

    И сега, во една ваква ситуација, каде имаме толку многу луѓе со по некој хир внатре во нив, како Кончита што го има... замисли на МТВ1 да се обезбеди простор за секој еден од нив да си го прикаже она кое му е мерак. На пример јас, лично, имам голема потреба од нудизам. Многу често сонувам како одам на работа без облека и сонувам за општество во кое нудистите се прифатени и никој нема да нè апси кога одиме по улица скроз голи. На телевизија сепак, не ме пуштаат гол, ми велат дека местото ми е во порно индустријата, но јас никому не мислам ниту правам лошо со мојата желба и потреба, само сакам да бидам гол секаде каде што одам, душава ми бара, не можам во облека луѓе, разберете ме.

    Мнозинството одлучува што е исправно, а што не е. А она што не е исправно според мнозинството е еден таков голем фолдер, што е незамисливо голем, па ако Кончита добива право својот хир да го прикажува во живо пред милиони, тогаш ајде да ги извадиме сите буквално милиони хирови од фолдерот and see what happens? That`be lovely. :dance:
     
    На Sky-butterfly и mimiiiii им се допаѓа ова.
  18. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.445
    Пол:
    Женски
    Дефинитивни хомосексуалноста или поконкретно лезбејството не е заразна болест па ако другати е лезбејка ќе те зарази а уште помалку е ѓенетско нарушување.
    Не би рекла ниту дека се раѓаш како лезбејка туку тоа кон што ќе бидеш наклонета се открива во времето на пубертетот и оние први симпатии. Исто така не се сложувам дека околината и друштвото имаат некаква улога во тоа дали ќе бидете геј или не, впрочем што има врска нашата сексуалност со другарките ние со нив не општиме сексуално за да има тоа влијание. Според мене влијанието на околината може да биде во смисла на сузбивање т.е поради страв од околината таа своја склоност да ја потиснеш во себе и да се држиш до оној традиционален шаблон еден маж и една жена.

    Да се вратам на темата соочување со сопствената сексуалност. Најмал проблем е самата да се соочиш со сопствената секауалност, многу поголем проблем е да ја соочиш околината а посебно родителите.
    Мислам дека постарата генерација поради неинформираност хомосексуалноста ја сфаќаат многу трагично, малтене како да се работи за сида.

    Пред да некој тргне по тој пат треба добро да размисли дали е спремен/на да се соочи со сите предизвици кои следат на тој пат, од отфрлање на околината, шушкање позади грб како да имаш рогови, избегнување и од најблиските другарки, пото кавги во семејството, отпор и желба да те променат....

    Јас сум БИ и не се срамам тоа да го признам, но исто така не сум спремна да одам порадикално во смисла на формирање на некаква заедница со друга жена.
    Свесна сум во кое општество живеам и се обидувам да балансирам помеѓу она што мене ми прави задоволство и она што е општествено прифатливо.
     
    На MajklMK и Abrakadabra им се допаѓа ова.
  19. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.044
    Пол:
    Женски
    А јас колку што гледам, повеќето тука ги прифаќаат и не им пречат тие од ЛГБТ . Дали е тоа добар знак дека се руши полека хомофобичноста :nod: ? Јас мислам помладите генерации се прогресивни и тие ќе ги разбијат во скора иднина предрасудите кон ЛГБТ припадниците.
     
    На P.S.love и crimson им се допаѓа ова.
  20. be.positive

    be.positive Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе значи свашта ќе се изначитам на оваа тема.
    @A.n.g.e.l.a.V , на празно не се изговара името на Бог. Како можеш да кажеш дека Бог ќе подари на некој дете - геј??? Знаеш ли воопшто што зборуваш? Се работи за сексуална определеност, никој не се раѓа геј, тоа се бабини деветини.
    Децата кои се растени во христијански семејства, семејства со верба, љубов, слога и разбирање не можат да бидат геј, ниту да ги поддржуваат таквите, бидејќи умеат да ги резонираат работите. Е сега, сите кои сакаат да се "модерни" и да се носат со "современиот" начин на живот велат дека тие се така родени и дека треба да ги прифатиме како различни но, реалноста е сосема поинаква. Никој не се раѓа геј, ниту се тие поразлични и доства веќе се вадевте со тоа дека сте поразлични. Сите ненормални стануваат нормални под мотото дека се различни. Прифатете ја реалноста и вистината. И да кажам дека не судам на никој, само не сакам јас и моите деца да живееме во средина каде не постои граница помеѓу нормалното и ненормалното.
    Ова не се однесуваше само за @A.n.g.e.l.a.V туку општо за сите.
    Поздрав.
     
    На presiosaP му/ѝ се допаѓа ова.