Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соочување со сопствената секусална ориентација_Coming Out

Дискусија во 'Психологија' започната од LGBT, 20 јули 2011.

  1. A.n.g.e.l.a.V

    A.n.g.e.l.a.V Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    Секој со своето мислење, само воопшто не се согласувам со тоа дека не се родени такви или дека семејството може да спречи да бидат геј. Мислам дека многу имаат споменато дека е тоа хормонско нарушување, не станува збор за модерност и привлекување на внимание. Секако можат да изберат да се хетеро ама никогаш нема да се свои и ќе се чуствуваат заробено.. Повторно мое мислење.
     
    На Kameo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.368
    Пол:
    Женски
    John Lennon одамна рекол: "Не ги осудувај оние што не ги разбираш", a Sting мi го отвори широко срцето баш со стиховите: "Не осудувај ме ,затоа што ти можеш да бидеш јас во следниот живот....".
    Не тоа не е болест, не тоа не е свесен избор! Барем не на ова ниво на свеста, на она повисокото ниво , да,е.
    Изборот , да се проба да се живее таков живот и со такво искуство.... Тие луѓе живеат потешко на овој свет, и според мене се похрабри што се осудиле да го следат изборот личен. Многумина од нас тој "избор" не го направиле во овој живот што не значи и дека нема во следниот.
    Секогаш кога осудувате такви луѓе , запрашајте се со прашањето со кое и јас се запрашувам : "Како би се однесувала јас ако е тоа мое дете? каков живот би му посакувала? Како би можела да му го олеснам патот, животот....Oна што би го порачала на сите на кои овој статус им е наменет , е да не се борите против ништо. затоа што против она што се борите тоа и расте. Ве напаѓаат затоа што вие и очекувате напади...Бидете она што сте, али не наметнувајте им на другите дека мора да ве прифатат. Таквиот став има моќ на неприфаќање а за тоа вие сведочите и во реалноста.
    Гледајте на светот онака како што и посакувате ...слободни..Добра вест е дека многу брзо доаѓа време , време на потполно будење на свеста и луѓето наскоро во вас нема да гледаат геј пар, туку љубов ...
    а против љубов, е против љубов не се може.​
     
    На Lolo5, MajklMK, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  3. endlesslove

    endlesslove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Не осудувам никого за ништо.Според мене,сексуланата ориентација доаѓа одвнатре и всушност луѓето кои се ориентирани кон истот пол и не се виновни,затоа што во прашање се нивните чувства.
     
    На RainbowButterfly, theowndemon, ku4ence и 5 други им се допаѓа ова.
  4. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав првите неколку страни од темава и искрено многу ми е депресивна. Не знаев дали да коментирм или да си го зачувам мислењето... Значи толку сме затуцани на Балканов тоа е страшно нешто.

    Јас ги поддржувам сите од ЛГБТ+ заедница и самата сум дел од неа. Јас сум бисексуалка и имав период на соочување со сексуалната ориентација. Ми беше многу збунувачко затоа што ме привлекуваа и машки и женски.

    Многу пати сум посакала да сум геј или хетеро, затоа што вака чувствував дека не спаѓам во никоја група. Ама со тек на време сфатив дека тоа сум јас и дека не можам да се сменам. Во тој период многу ми помогна едно девојче кое го запознав на форумов и сега ми е најдбра другарка.

    Сакав да прокоментирам и за нешто друго.

    За тие што коментирате дека не е природно да си геј. Зарем е природно да ставаат силикони, зарем е природно да јадеме месо, комјутериве природна појава се?-Не. Тие се резултат на еволуција. Исто како и ЛГБТ+ заедницата.

    Веќе е познато дека е генетски и човекот е роден така. Никакви третмани и баења и глупости нема да го сменат тоа.

    Исто така, зошто не е здрава околина за детето ако има хомосексуални родители?

    Според ова автоматски и самохраните родители не се добри родители. Затоа што сепак нема еден родител. А постојано слушаме за случаи како мајка е сама со дете затоа што таткото е насилен или пијаница.
    И тогаш мајката го спасува детето од лоша средина, а ако хомосексуален пар посвои дете кое ќе го сака како свое, тогаш создава лоша средина за детето.


    Каде е логиката?
     
    На RainbowButterfly, Lolo5, MajklMK и 6 други им се допаѓа ова.
  5. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.484
    Никогаш не успеав да ги сфатам луѓето што се потресуваат што ќе се случело со деца растени од хомосекусуални родители. Ништо нема да им се случи. Кога ќе влезат во пубертет, според нивната предиспозиција, ќе почувствуваат која е нивната сексуална ориентација.
    Хомосексуалци имало уште пред 200, 500, 1000+ години, и сите тие биле родени и израснати од „стрејт“ родители. Ставив наводи, бидејќи во минатото многу геј луѓе поради осудувањата на општеството, се криеле зад хетеросексуални бракови и создавале семејства.
    Животот е краток. Не треба да осудуваме никого, нека си го живеат сите онака како што чувстуваат дека ќе бидат среќни. Ако некому му пречи, нека ја игнорира целата ситуација.
    И уште нешто, оние кои што сметаат дека ако ги воспитуваат своите деца строго, религиозно и правилно (според нив) и да имаат ставови против геј заедницата, никој, ама баш никој нема да им гарантира дека ќе бидат хетеро и среќни и „најнормални“. Туку може за жал да се случи ако некое од нив е геј, да живее потиснато со години, да угодува на другите и семејството, и тек кога ќе му остарат многу родителите или ќе ги нема на овој свет, на свои 50-60 години конечно да се почувствуваат слободно и да мора одново да почнат за да живеат во целост како личноста која се. Тоа е навистина тажно...

    П.С. Не сум геј, но сум ally.
     
    На MajklMK, Jordanovska-K и theowndemon им се допаѓа ова.
  6. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Дали... хомосексуалноста... ја изедначи... со еволуција?!? :o (facepalm) Царица. Изгледа полека се руши митот дека просечно геј популацијата има повисоко IQ од хетеро популацијата.

    Патем, не е здраво детето да расте со еден родител. Никој никогаш не форсирал самохрани родители, но тие постојат на планетава. Како што постојат многу сиромашни семејства, необразовани семејства, ментално заостанати семејства, семејства кои си ги носат децата на Ѕвезде Гранда, сето тоа се средини во кои детето не е здраво да расте, но не може никој да им го забрани правото на овие луѓе да воспитуваат деца.
    Сепак, и покрај правото, за децата, тоа не е здрава средина за растење.

    @littleflower вели „Не сум геј, но сум ally“. И јас сум ally, и јас се борам за нивното право да не ги тепаат по улици зашто се различни, но исто така сум застапник и на вистината и здраворазумското размислување од типот „геј популација не е природен тек на универзумот и особено не резултат на еволуција“.

    Не е здраво деца да растат со геј родители. Јас не викам дека е здрав хамбургерот од Седмица. Ниту ракијата. Ниту одењето пешки низ центарот на Скопје во два поручек. Фактите се факти, а кој како си го живее животот, си е негова работа.
     
    На najjacha, Yipman2 и crazylady им се допаѓа ова.
  7. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Ако ги пратиме во геј камп маломорген превоспитување. Пре би рекла дека таму ќе си најдат нов партнер. :lol:

    No hard feelings, да се нашалиме малку. :D
     
    На Lolo5, theowndemon и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  8. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.518
    Пол:
    Женски
    искрено мн ме нервира вакви глупави дискусии ,, како којзнае што е а во високи развиените земји тоа е нормално како овде што е пиењето кафе , секој нека си го живее својот живот како што сака и секој да си гледа во својот двор !
     
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    После све што прочитав во темава, можам да кажам дека воопшто не е чудно што хомосексуалците се кријат и се плашат да се произнесат јавно за својата сексуална ориентација.

    Познавајќи го нашево општество, не би знаел ни каков совет да им дадам на хомосексуалците. Од една страна, ако никогаш не го соопштат тоа барем на своите најблиски, соочени се со постојано криење, лажење и практично се осудени во животот да не си ја пронајдат среќата Некои од нив можеби и ќе се оженат/омажат против своја волја, за да им угодат на родителите и средината. Од друга страна, ако јавно проговорат за својата сексуалност, ризикуваат да бидат осудени и отфрлени од семејството, постојано осодувани од општеството, со намалена можност за вработување и нормален живот во државава. Дури може да бидат и жртви на физичко насилство.

    Мислењето на постарите генерации на темава не ме изненадува толку - тие се растени во едно друго време, кога за хомосексуалноста воопшто не се ни разговарало, па дури и била сметана за болест, а во некои земји и незаконска (додуша, последново за жал сеуште е вистина во некои земји). Но, ме изненадуваат ставовите на многу членови на форумов кои се претежно млади личности - особено ме изненадува осудата и омразата кон хомосексуалците. Зошто побогу таквите луѓе толку ви сметаат? И што воопшто ви згрешиле во животот? Нивната единствена „грешка“ е што се родиле поинакви од вас. Кога секој би си ја бркал својата работа, без да го пика носот во туѓите, мислам дека за сите би било многу подобро. Ама како и да е...

    За крај, можам само да ја искажам мојата поддршка за хомосексуалците кои решиле јавно да се произнесат како такви во нашава бајаги назадна средина. Дефинитивно, за тоа треба храброст. Но, нема ни да ги осудам оние кои сеуште се кријат (или тоа го споделиле само со мал број на луѓе).

    Најверојатно во некое идно време работите за хомосексуалците ќе бидат подобри и кај нас. Но, до тогаш останува да работиме малце повеќе на нашите ставови и погледи на светот и да се ослободиме од некои застарени и неосновани сфаќања.
     
    На Lolo5, MajklMK и theowndemon им се допаѓа ова.
  10. lonelyheartsclub

    lonelyheartsclub Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2015
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Ок, има друга тема за какво мислење имате за лгбт заедницата, мислам дека тоа не е поентата на темава. Сите знаеме дека поголемиот дел од луѓето во државава не не прифаќаат, thanks for pointing that out...?

    Anyway, пред една година почнав да го question my sexuality и сфатив дека ме привлекуваат девојчиња. И си мислев ок би сум. Инаку кога имам симпатии тие обично траат 2-3 дена lol секогаш било така. Но потоа почна да ми се допаѓа едно девојче и не траеше само 2-3 дена. Не се откажав поради тоа што едноставно не ја сакам, како од претходните, туку бидејќи е хетеро. I just had to get over it.
    И потоа пак исто и пак исто и сега веќе не сакам да сакам никого бидејќи почнаа девојчиња да ме привлекуваат а најголемиот дел не се како мене. Имав и симпатии што се машки но пак тоа 2-3 дена. Во меѓувреме прочитав дека би не значи дека те привлекуваат и женски и машки еднакво. И си мислев ок мене девојчиња ми се preference т.е. повеќе ги сакам нив. Но бројот на тие симпатии што беа машки со текот на времето се повеќе и се повеќе се намалуваше. И почнав да мислам дека сум лезбејка. Сеуште не сфаќам што е толку привлечно кај телата на машките, а имав симпатии само бидејќи се 'убави' во лицето. Никогаш не сум бакнала машко а сега не ни сакам. Се сеќавам во четврто одд. се бакнавме со едно девојче но не ни знаевме дека можеме да бидеме хомо/би/whatever. Исто така кога на една другарка и кажав дека сум bi-сurious таа ми кажа дека во второ одд. сме се бакнале а јас сум сакала, lol.
    Можам да изберам на пр. од двајца машки кој е поубав но не дека ги сакам.
    И сега немам симпатија но постојано мислам на едно замислено девојче и како сум со неа и го имам тоа чудно чувство во стомакот.
    Порано кога си замислував дека сум со некое момче си мислев убаво е се но никогаш не се чувствував така...

    Btw, воопшто не се навредувам од хомофобите тука и нивните тотално, со сигурност, со проверени и точни факти, 'логични мислења'. Мислам, ние не ја избираме нашата сексуална ориентација, но ни тие не ја избираат нивната заостанатост бидејќи не се од оние ретки open-minded people а живеат во нашава wonderful and amazing држава. I mean, guys, come on, have some mercy.

    Единствено сакам да се сфатам себеси. I'm still not entirely sure so, како да знам со сигурност дали сум би или лезбејка? И како да ги најдам нив? Не познавам никого како мене. :(
     
    На Lolo5, MajklMK, kim.k и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.919
    Допаѓања:
    171.813
    Пол:
    Женски
    @lonelyheartsclub
    Е шо е битно шо си злато? :D
    Ма не си ставај лепенки „би сум“, „лезбо сум“, „стрејт сум“ ова сум - она сум. Ти си тоа што си и толку. Не е битно тоа да се изнеси со зборови. Сакаш што сакаш и тоа е океј, не се обидувај да објаснуваш на другите. Само ти биди среќна. :l:
    Особено периодот на тинејџерството твоите интереси драстично ќе се променуваат. Остави се полека да си легни на брашното и еден ден ќе бидиш сигурна во она што го чувствуваш.

    пс колку год си?
     
    На Lolo5 и MajklMK им се допаѓа ова.
  12. lonelyheartsclub

    lonelyheartsclub Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2015
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Па да ама кога некој ќе ме праша што да кажам 'па незнам'
    Аnyway, that's so sweet. 13 год имам.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.270
    Допаѓања:
    40.682
    Искрено, не знам шо очекував повеќе од дискриминација и омраза на темава? Уствари, не знам шо уопште очекувам од луѓе кои 90 % идат на форумов да играат ,, На буква, на буква,, , ,, На трета буква ,, , ,, Колку пати какавте денес и колку пати си го бришете газот? ,, , ,, Да изброиме до катаљарда ,,...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.284
    Допаѓања:
    137.000
    На 13 години не можеш да знаеш ништо од сексуална ориентација. Човече, на 13 не знаев што значи „Бони со крилца“ и се смеев на рекламата, оти само што ми дојде менструација.

    Како некој се осмелува да те праша на твои 13 години која сексуална ориентација си? Секс си имала, знаеш што е? Симпатии во пубертет и рани тинејџерски години имаш према сите, сите се интересни, секоја промена на телото кај другите или различност од твојата ти е интересна, но тоа не значи дека си геј или стрејт. И јас гледав женски гради на твои години, ама сега сфаќам дека единствена причина е тоа што јас сум ги немала, па ми биле интересна појава, оти јас сум ги немала тогаш.

    И јас на 30 години не знам која сексуална ориентација ќе ја имам за 10 години, може ќе ми текне жени да сакам, ќе ми се смачи од мажи. На 13 сигурно ќе и кажев на мајка ми дека децата за секс зборуваат.
     
    На Valerin, Nausicaa и ninja35 им се допаѓа ова.
  15. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Ајдее сеа све кажа, не можело на 13 да знаеш што те привлекува...ја дечко имав на 13 а уште од прво одделение имав машки симпатии а не женски, геј се раѓаш, не се станува отпосле, машко стрејт уште од мало има симпатии кон женско, тебе ти боде очи тоа "сексуална" ориентација која што да, значи сексуална привлечност кон одреден пол но исто така се мисли на романтични чувства (симпатии) спрема одреден пол што ги имаш уште од мал само што некој осознава покасно или порано дали е стрејт или хомо или би.
     
    На Valerin, PogbaPol и lonelyheartsclub им се допаѓа ова.
  16. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    Не е воопшто мала на 13 години. Ете имала изгледа симпатии кон женско уште од второ одделение (значи 7-8 години имала)
    Сите сме го имале баш тие најмили и најчисти чувства во тие рани периоди :)

    @lonelyheartsclub за хомофоби за жал, не само во нашава држава. Секаде можеш да ги најдеш.
    И во средно на часови имавме дискутирано, и на факултет. Од некои мислења може да ти се преврти стомакот, ама верувај ми има многу луѓе кои што те разбираат и го поминуваат истото.
    Ех кога ќе ми текне јас па колку имам врескано на часови заради вакви теми :D
    За coming out, немој моментално да ти биде преокупација, кој треба да знае ќе дознае. Кој ќе те подржи е супер, кој не - пак супер. Не ти требаат :)
    Се во свое време ќе дојде. Највеќе се надевам дека имаш родители кои штo ќе покажат целосно разбирање :)
     
    На Lolo5, MajklMK и lonelyheartsclub им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.919
    Допаѓања:
    171.813
    Пол:
    Женски
    Како влегуваш во пубертет повеќе ќе ти се истакнува тоа што навистина си и немој да се плашиш од тоа. Можи одреден период да ти се засвиѓа момче,можи девојче, ќе сакаш да експериментираш и то е океј. Не сфаќам на твои 13г. зошто би те прашале за твојата сексуална орјентација. Вели им: "па од каде сега ова прашање", буни се и биди тоа што си. Оти мене никој не ме прашва за мојата сексуална орјентација на мои19г? Никогаш до сега. Значи сте џборувале за тоа. Не си малечка, полека добро ќе гледашштосакаш понатака ама од сега се истакнува тоа. И пак ќе речам, јас не гледам смисла во лепење лепенки, биди тоа што си и живеј како сакаш, шо е битно која лепенка ти стои на чело?
     
    На MajklMK, lonelyheartsclub и kim.k им се допаѓа ова.
  18. lonelyheartsclub

    lonelyheartsclub Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2015
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски

    Сите очекуваат да знам и ако кажам дека не знам почнуваат со она 'бисексуалци не постојат или женски или машки одлучи се, ти всушност или си лезбејка и не сакаш да признаеш или мислиш дека си нешто интересна ако кажеш дека не си како сите нас' -_- И многу пати ме имаат прашано. Знаете, ние (нашата генерација) сме многу големи и се знаеме никој не ни треба да не учи, па затоа.

    Всушност мене не ми се интересни тие појави, не ме привлекувало девојче затоа што има нешто што јас немам, да беше така ке бев љубоморна.
    Мора некогаш да почнеш да мислиш на тоа бидејќи има многу луѓе што се геј а не ни знаат затоа што секогаш ја отфрлале таа помисла. И затоа не може да ти текне да сакаш жени затоа што некој таму те разочарал. Прво и прво ако не си геј или би неможеш да ги сакаш. А да не ги сакаш и да ги лажеш е глупаво. Како втор избор да ти се и тоа само зашто си очајна а не дека нешто навистина сакаш да пробаш. Сама ќе си велиш 'мене од сега жени ме привлекуваат' и ниедна нормална лезбејка/бисексуалка нема да ти каже 'аwwww остави ги нив тие незнаат како треба тие се идиоти дојди со мене правилна одлука си донела вака на нас ни е најубаво' прво бидејќи знаат дека ти се втор избор а второ бидејќи не ги интересира што ти си одлучила, тие не сакаат сите да сме геј.
    :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lonelyheartsclub

    lonelyheartsclub Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2015
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Знам дека има насекаде, тоа бидејќи секаде има секакви луѓе, ама не ги познавам и затоа не ни можам да се навредам од нив. Во Македонија никој да не беше против, сите ке бевме out of the closet и немаше да ни биде гајле што мислат тие во други држави бидејќи барем нашата околина не прифаќа, мислам секогаш постои тој еден човек некаде во светот што нема да се согласува со тоа што го правиш без разлика што е тоа.

    И знам, некогаш претеруваат и сакам да кажам дека не е така ама не смеам. -_-

    Пред 1-2 недели не знам кога точно, бил ден на сида и доаѓаа во училиште да ни читаат за сида како се добива и се тоа.
    И потоа оваа ретардирана професорка почна нешто 'знаете деца сида има многу во местата каде што се легализирани браковите меѓу лица од ист пол....бидејќи педерите можат да созададат сида иако немаат...затоа јас не ги сфаќам, зошто го уништуваат светот??' и цело одделение 'дааа професорке точно' и после оваа пак 'не знам зошто тие стануваат геј, зошто мислат дека неможат да им се приближат на девојките, а и лезбејките тие пак обратно некој и раскинал и таа со другарка и ке почне нешто повеќе и тие стануваат геј'
    Тоа навистина ме погоди оваа професорка е многу паметна навистина колку убаво го кажа и се има смисла wow.
    И јас нормално ако се бунам ке ме праќаат кај психолог. -_-

    А за родителите мислам дека се хомофоби но не планирам да им кажам во блиска иднина а еден ден ќе мораат да прифатат. sorry not sorry.
     
    На Lolo5, MajklMK и Valerin им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.919
    Допаѓања:
    171.813
    Пол:
    Женски
    @lonelyheartsclub
    како бе професорката вака да збора?
    Океј, по граѓанско мојот сакан професор со кој се карав едно секој час, беше голем хомофоб. Ех колку за ваквите мислења и ставови му се спротиставував :lol: Ама стварно ми е чудна средината која ми ја упишуваш, ама шта чеш, на еден начин во различно време живееме.
    Ама послушај ме, ако те прашаат одбивај на „паметен“ начин да кажиш што си зошто тоа што си - си, твоја работа, што мора тоа да биди достапно јавно? И ти имаш право на приватност.
     
    На Lolo5 и lonelyheartsclub им се допаѓа ова.